Regulation on rules and procedures in plant organic production
颁布于 2010-11-26 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за правила и постапки во растителното органско производство.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- ecological production/organic production, processing/handling, plant production, plant variety, seeds/planting material, soil conservation/soil improvement, soil pollution/quality, fertilizers/nutrients, pesticides, plant protection
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Врз основа на член 14, став (2) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРАВИЛА И ПОСТАПКИ ЗА РАСТИТЕЛНО ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО Член 1 Со овој правилник се пропишуваат правилата и постапките за растително органско производство кои се однесуваат на обработка на почвата, избор на растенија и сорти, одржување на плодноста на почвата, употреба на ѓубриња и средства за подобрување на својствата на почвата, користење на техники за растително производство кои го спречуваат загадувањето на животната средина и употреба на производите за заштита на растенијата. Член 2 Растително органско производство се организира исклучиво на почва, без употреба на хидропоника. Член 3 Во растителното органско земјоделско производство плодноста на почвата се одржува и подобрува со примена на агротехнички мерки и средства за подобрување на плодноста на почвата и тоа: а) засејување на мешункасти растителни видови (легуминози), примена на зелено ѓубрење (сидерати) или одгледување коренести растителни видови во соодветен плодоред; б) употреба на органско ѓубре добиено од стопанство кое ги почитува правилата на органско земјоделско производство и ѓубриња одобрени за употреба во органското земјоделско производство, а наведени во Листата на ѓубриња и средства за подобрување на својствата на почвата; в) употреба на подготовки на база од микроорганизми или на растителна база за активирање на компостот; г) употреба на биодинамички препарати; д) заорување на жетвените остатоци и друг вид органска материја и ѓ) употреба на супстрат за производство на расад кој не надминува повеќе од 50% од тежината на смесата. (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. Член 4 (1) При системи на производство во затворен простор, дозволени се физички, хемиски и биолошки средства и техники на дезинфекција на почвата: соларизација, запарување, користење на хемиски средства дозволени во органското земјоделско производство наведени во Листата на производи за заштита на растенијата и Листата на средства за чистење и дезинфекција. (2) При производство на отворено, не се применува стерилизација на почвата. Член 5 Одржување на природните особености се врши со: а) обработка во оптимален временски рок; б) употреба на машини и приклучна механизација која нема да предизвика набивање на почвата; в) задолжителна примена на плодоред; г) подривање; д) мулчирање; ѓ) соодветно димензионирање на работните парцели и е) употреба на органски и минерални природни ѓубрива. Член 6 (1) Организирањето на органско растително производство се врши кај субјекти каде нема опасност од појава од индустриско загадување, или таа опасност е сведена на најмала можна мерка. (2) Имотот од субјектот каде се организира органско растително производство треба да биде оддалечен најмалку 50 m од сообраќајница на која просечната густина на сообраќајот изнесува не повеќе 100 возила на час. (3) По исклучок оддалеченоста може да изнесува и 20 m, доколку е подигната бариера од жива или друг вид ограда, чија висина не треба да биде пониска од 1,5 m. Член 7 (1) Водата која се употребува за наводнување на растенијата треба да биде во одлична или добра состојба на квалитетот на површинските води. (2) Полевната норма не треба да предизвика заплавување на теренот, односно истата да изнесува до 70% од утврдениот полски воден капацитет. (3) Количествата вода кои треба да бидат додадени, зависат од: полскиот воден капацитет, времето, релјефот на земјиштето, типот на културата и фенофазата во која се наоѓаат растенијата. (4) Првенствено треба да се употребаат системи за наводнување кои не трошат големи количества вода и вршат дистрибуција само на местата каде таа е неопходна. (5) При наводнувањето треба да се преземат мерки за спречување од појава на ерозија. Член 8 (1) Во органското растително производство треба да се користат растителни видови и сорти кои се прилагодени кон локалните педолошки и климатски услови. (2) При избор на сорти, треба да се води сметка за зачувување на биолошката разновидност и предност имаат локалните сорти. Член 9 (1) Заради одржување на плодноста на почвата, зачувување на биолошката разновидност, намалување на опасноста од ерозија, прекумерна појава на болести и штетници, создавање услови за опстанок и размножување на корисните инсекти и за одржување и подобрување на условите за микробиолошка активности на почвените микроорганизми треба да се применува плодоред. (2) Оптималниот распоред на растителните видови во шемата за плодоред се состои од: (а) мешункасти растенија (леугминози), тревни смески и растителни видови погодни за зелено ѓубрење на не помалку од 20% од површините; (б) житни и окопни култури на повеќе од 50% од површините. (3) Заради подолготрајна покриеност на почвата со вегетација, треба да се воспостават меѓупосеви, покривни култури и здружени посеви. (4) Изборот на сорти треба да е од растителни видови со различна потреба од хранливи материи, вода, време на сеидба, созревање, берба/жетва. Член 10 (1) Основата на ѓубрењето во органското земјоделско производство ја сочинуваат: арското ѓубре, осоката и урината од домашните животни, како и компостот од растителните отпадоци, заедно со природните органски биолошки додатоци и ѓубрињата наведени во Листата на ѓубриња и средства за подобрување на својствата на почвата. (2) Заради заштитата на водите од загадување предизвикано од нитратите од земјоделски извори, употребата на ѓубрето од домашните животни не треба да надмине 170 кг на азот годишно по хектар земјоделска површина. Ова ограничување се однесува само на употребата на арското ѓубриво, сушеното арско ѓубриво, и дехидрираното живинско ѓубриво, компостиран животински измет, вклучувајќи го и живинското ѓубриво, компостирано арско ѓубриво, и течниот животински измет. (3) Постапки кои се применуваат пред примена на одреден вид на ѓубре се: аеробно ферментирање на арското ѓубре, аеробно компостирање на органската материја во растителните отпадоци, додека осоката претходно треба да помине низ микробиолошки третман и да биде употребена во разредена форма. (4) Пред секоја употребата на ѓубрињата и на секои три години се врши агрохемиска анализа на почвата за содржина на достапни количини од N, P, К, содржина на органска материја и за вредностите на рН и ЕС. Врз база на наодот и препораката за ѓубрење од лабораторијата се контролира употребата на средства за одржување или подобрување на плодноста на почвата. Член 11 Заради заштита на растенијата од болести, се применуваат средства за заштита на растенијата кои се наведени во Листата на производи за заштита на растенијата. Член 12 (1) По употребата на средства за заштита на растенијата, механизацијата или опремата со која е вршено прскањето треба темелно да биде исчистена и без остатоци од средствата со кои е вршено прскањето. (2) Амабалажата од препаратите треба да биде чувана на соодветно место, а празната амбалажа треба да се отстрани. Член 13 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за органско растително производство („Службен весник на Република Македонија“, бр. 60/06). Член 14 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје