跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on restricted use of genetically modified organisms

颁布于 2010-12-29 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за ограничено користење на генетски модифицирани организми.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
biosafety, biotechnology, data collection/reporting, genetically modified organism (GMO), use restrictions

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Стр. 16 - Бр. 8 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јануари 2011 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 191. Врз основа на член 16 став (11) од Законот за ге нетски модифицирани организми („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/08), министерот за жи вотна средина и просторно планирање, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ОГРАНИЧЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ ОРГАНИЗМИ∗ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содр жината на нотификацијата за ограничено користење на генетски модифицирани организми (во натамошниот текст: ГМО), како и информациите што се потребни да ги достави корисникот при поднесувањето на нотифи кацијата за ограничено користење на ГМО кога ноти фикацијата се поднесува за простор во кој ќе се кори стат ГМО за првпат и одделно за секоја класа на огра ничено користење на ГМО. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Приемен организам е клетка или организам кој го прима генетскиот материјал од изворниот организам или животната средина, го удвојува и може да изрази информација и да ја пренесува на потомците, 2. Родителски организам е приемен организам пред спроведена генетска модификација, 3. Изворен организам е организам од кој се добива генетскиот материјал за пренос во приемниот органи зам, 4. Вектор е пренесувач на генетскиот материјал од изворниот организам во приемниот организам. 5. Вклучен материјал е генетски материјал кој се вклучува во векторот. Член 3 (1) Нотификацијата за простор за ограничено кори стење на ГМО содржи: Име и презиме на корисникот (ците) и лицето од говорно за надзор и безбедност; ∗ Со овој Правилник се врши усогласување со Директива 2009/41/EC на Европскиот парламент и на Советот од 6 мај 2009 година за ограничено користење на генетски модифицирани организми, CELEX 32009L0041 Назив, седиштето и адресата на нотификаторот или корисникот; Информации за обуката и квалфикациите на лица та одговорни за надзорот и безбедноста; Податоци за постоење на биолошки комитети или поткомитети, доколку има; Адреса, локација и општ опис на просториите; Опис на природата на работата во која ќе се изве дува работата со ГМО; Податоци за класата на ограничено користење на ГМО; и Образложение на определените податоци кои во постапката треба да се чуваат како доверливи, ако ко рисникот ги определил како такви во нотификацијата. (2) Формата и содржината на образецот на нотифи кацијата од став (1) на овој член е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој Правилник. (3) Кон нотификацијата од став (2) на овој член се доставуваат следните информации: Етажен нацрт на просториите на ограничено кори стење на ГМО, од кој може да се утврди локацијата на просториите во зградата и нивна внатрешна распореде ност; Доказ за регистрација на дејноста на корисникот кај надлежниот орган; и Други податоци кои се од значење за ограничено то користење на ГМО. (4) Кога со нотификацијата за ограничено користе ње на ГМО од став (1) од овој член се бара за изведува ње на ограниченото користење на ГМО од Класа 1 се доставуваат и информации за проценка на ризикот по здравјето на луѓето и животната средина од примената на ограниченото користење на ГМО. Член 4 (1) Нотификацијата за органичено користење на ГМО од Класа 2 содржи: Бројот на одобреното ограничено користење на ГМО за просторот заведен во регистарот на ГМО или датумот на поднесување на нотификацијата за простор за ограничено користење на ГМО; Назив, седиштето и адресата на нотификаторот или корисникот; Имиња на лицата одговорни за надзор и безбед ност; Информации за обука и квалификации на лицата одговорни за надзор и безбедност; Податоци за изворниот и приемниот родителски организам, вклучениот материјал и векторот; 24 јануари 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 8 - Стр. 17 Податоци за новонастанатиот ГМО и функцијата на вклучениот генетски материјал; Податоци за идентификацијата и карактеристики те на ГМО; Податоци за намената на ограниченото користење и очекуваните резултати; Количеството на културата што ќе се користи; Опис на мерките за ограничување и други безбед носни мерки, вклучувајќи ги постапките на надзор на нивната ефикасност; Податоци за постапување со отпадоците, вклучу вајќи и податоци за настанување на отпадоците, нивна та обработка, конечното отстранување и мерките за от странување на отпадните води; Информации за проценка на ризикот по здравјето на луѓето и животната средина од примената на огра ниченото користење на ГМО; Информации содржани во планот за итни случаи, вклучувајќи и копија од планот; и Образложение на определените податоци за рабо та со ГМО кои во постапката треба да се чуваат како доверливи, ако нотификаторот или корисникот ги определил како такви во нотификацијата. (2) Формата и содржината на образецот на нотифи кацијата од став (1) на овој член е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на овој Правилник. Член 5 (1) Нотификацијата за ограничено користење на ГМО од Класа 3 и Класа 4 содржи: Бројот на одобреното ограничено користење на ГМО за просторот заведен во регистарот на ГМО или датум на поднесувањето на нотификацијата за простор за ограничено користење на ГМО; Назив, седиштето и адресата на нотификаторот или корисникот; Имиња на лицата одговорни за надзор и безбед ност; Информации за обука и квалификации на лицата одговорни за надзор и безбедност; Податоци за изворниот и приемниот родителски организам, вклучениот материјал и векторот; Податоци за новонастанатиот ГМО и функцијата на вклучениот генетски материјал; Податоци за идентификацијата и карактеристики те на ГМО; Податоци за класата на ограничено користење на ГМО; Количеството на културата што ќе се користи; Опис на мерките за ограничување и други безбед носни мерки, вклучувајќи ги постапките на надзор на нивната ефикасност; Податоци за постапување со отпадоците, вклучу вајќи и податоци за настанување на отпадоците, нив ната обработка, конечното отстранување и мерките за отстранување на отпадните води; Податоци за намената на ограниченото користење и очекуваните резултати; Опис на деловите на инсталациите што се употре буваат, и Образложение на определените податоци за рабо та со ГМО кои во постапката треба да се чуваат како доверливи, ако нотификаторот односно корисникот ги определил како такви во нотификацијата. (2) Кон нотификацијата од став (1) на овој член се доставуваат и информации за мерките за спречување на несреќи и за интервенции, доколку постојат какви било опасности што произлегуваат од местоположбата на инсталацијата, применетите превентивни мерки, ка ко што се сигурносната опрема, алармните системи, методи за ограничување, постапките и плановите за проверување на непрекинатата делотворност на мерки те за ограничување, опис на информациите доставени до работниците, информации содржани во планот за итни случаи, вклучувајќи и копија од планот како и ин формации за проценка на ризикот по здравјето на луѓе то и животната средина од примената на ограниченото користење на ГМО. (3) Формата и содржината на образецот на нотифи кацијата од став (1) на овој член е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој Правилник. Член 6 Кон нотификациите од член 3, 4 и 5 од овој правил ник, нотификаторот и/или корисникот може да ги при ложи и сите дополнителни информации со кои распо лага и за кои оценува дека се важни за определување на нивото на ризик кој го предизвикува работата со ГМО за здравјето на луѓето и животната средина. Член 7 Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објаувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-7297/6 Министер за животна средина 29 декември 2010 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. Стр. 18 - Бр. 8 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јануари 2011 24 јануари 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 8 - Стр. 19 Стр. 20 - Бр. 8 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јануари 2011 24 јануари 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 8 - Стр. 21 Стр. 22 - Бр. 8 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јануари 2011 24 јануари 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 8 - Стр. 23 Стр. 24 - Бр. 8 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јануари 2011 24 јануари 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 8 - Стр. 25 Стр. 26 - Бр. 8 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јануари 2011 24 јануари 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 8 - Стр. 27

Regulation on restricted use of genetically modified organisms · Nelum