Regulation on requirements regarding the quality of spices, extracts of spices and mixtures of spices
颁布于 2013-02-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за барањата во однос на квалитетот на зачините, екстрактите од зачини и смесите на зачини.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- condiments/herbs/spices, food safety and quality
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 1 од 17 20130240764 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 117 став (3) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија" бр. 157/10, 53/11 и 1/12) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА БАРАЊАТА ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗАЧИНИТЕ, ЕКСТРАКТИТЕ ОД ЗАЧИНИ И СМЕСИТЕ НА ЗАЧИНИ Глава 1 Општи одредби Член 1 Со овој правилник се пропишуваат барањата во однос на квалитетот на зачините, екстрактите од зачини и смесите на зачини. Член 2 (1) Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „зачини“ се производи од растително потекло, со својствен мирис и вкус, кои се додаваат во храната заради постигнување на соодветен мирис и вкус или заради подобра сварливост на тие производи. 2) „екстракти на зачини“ се производи кои со различни постапки на екстракција на ароматичните материи и на други растворливи материи кои не се штетни по здравјето на луѓето, се добиени од природни зачини, од растенија од кои се добиваат зачини или нивни делови, од кои се испарени средствата за растварање. 3) „смеси на зачини“ се производи добиени со мешање на два или повеќе зачини или со мешање на два или повеќе екстракти на зачини или со мешање на зачини со екстракти на зачини од овој правилник. 4) „анасон“ е исушен, зрел плод на анасон (Pimpinella anisum L.). 5) „олеорезин од анасон“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од лисјата на анасон (Pimpinella anisum L.). 6) „бел пипер“ е исушен, посебно обработен зрел плод на пипер (Piper nigrum L.). 7) „црн пипер“ е исушен, недозреан цел плод на пипер (Piper nigrum L.). 8) „олеорезин од бел и црн пипер“ е концентрат на зачински екстракт кој содржи испарливи и неиспарливи екстракциони материи на пипер. 9) „босилек“ се исушени надземни делови на растението босилек (Ocimum basilicum L.). 10) „олеорезин од босилек“ е екстракт на ароматичните (испарливи и неиспарливи) материи на босилек. 11) „целер“ е исушен лист од целер (Apium graveolens L.). 12) „семе од целер“ е производ добиен со екстракција од лисјата и семето од целер. 13) „олеорезин од целер“ е производ добиен со екстракција од лисјата и семето од целер. 14) „цимет“ е исушена кора од циметово дрво (Cinnamomum zeylanicum Blume и Cinnamomum aromaticum C. G. Ness). 15) „олеорезин од цимет“ е екстракт од кората на растението цимет. 16) „чили“ е исушен зрел плод на тропски вид пиперка (Capsicum frutescenes L.). Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 2 од 17 17) „чубрица“ е исушениот надземен дел на растението чубрица (Satureja hortensis L.). 18) „деспик“ е исушен цвет и пупка од лавандула (Lavandula spica L.). 19) „ѓумбир“ е исушен фидан (ризом) од (Zingiber officinale Roscoe). 20) „олеорезин од ѓумбир“ е екстракт на испарливите и неиспарливите ароматични материи на ѓумбирот, со сладок и остар вкус, добиен со екстракција од ризомот на растението Zingiber officinale Roscoe. 21) „естрагон“ е исушено ливче и врв од гранче на растението естрагон (Artemisia dracunculus L.). 22) „игирот“ е исушен фидан (ризом) од игирот (Acorus calamus L.). 23) „исиот“ е исушен фидан (ризом) на растението исиот (Curcuma zedoariae Rosc.). 24) „каранфилче“ е исушена цветна пупка од растението каранфилче (Eugenia caryophyllus C. Sprengel). 25) „олеорезин од каранфилче“ е екстракт на испарливите и неиспарливите ароматични материи добиен со екстракција на растението (Eugenia caryophyllus C. Sprengel). 26) „ким“ е исушен плод од ким (Carum carvi L.). 27) „олеорезин од ким“ е екстракт на ароматичните материи на кимот добиен со екстракција на семето на растението Carum carvi L. 28) „кориандер“ е исушен зрел плод од кориандер (Coriandrum sativum L.). 29) „олеорезин од кориандер“ е екстракт на ароматичните материи добиен со екстракција на семето од растението Coriandrum sativum L. 30) „кардамом“ е исушен плод од кардамом (Elettaria cordamomum L., Maton var. miniscula Burkill). 31) „олеорезин од кардамом“ е екстракт на ароматичните материи на кардамом добиен со екстракција на плодовите од растението Elettaria cordamomum L., Maton var. miniscula Burkill. 32) „жалфија“ е исушен гребенен лист од жалфија (Salvia oficinalis L.). 33) „олеорезин од жалфија“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од жалфија (Salvia oficinalis L.). 34) „смрекови бобинки“ се зрели плодови од смрека (Juniperus communis L.). 35) „куркума“ е исушен фидан (ризом) од растението куркума (Curcuma longa L.). 36) „олеорезин од куркума“ е екстракт на ароматичните материи добиен со екстракција од кртелестиот ризом на растението Curcuma longa L. 37) „кумин“ е исушен плод од кумин (Cuminum cyminum L.). 38) „ловор“ е исушено лисје од ловор (Laurus nobilis L.). 39) „олеорезин од ловор“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од листот на ловор (Laurus nobilis L.). 40) „лук во прав“ се исчистени, исушени и до прашкаста структура сомелени главички на лук (Allium sativum L.). 41) „екстракт од лук“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од лукот (Allium sativum L.). 42) „кромид во прав“ се исчистени, исечени, исушени и до прашкаста структура сомелени главички на кромид (Allium cepa L.). 43) „екстракт од кромид“ е екстрактот на ароматичните материи добиен со екстракција на сушен или свеж кромид (Allium cepa L.). 44) „екстракт од пржен кромид“ е екстрактот на ароматичните материи добиен со екстракција на пржен кромид. 45) „мајоран“ е исушен лист од мајоран (Majorana hortensis Moench syn. Origanum Majorana L.). 46) „олеорезин од мајоран“ е екстракт на ароматичните материи добиен со екстракција на растението мајоран (Majorana hortensis Moench syn. Origanum Majorana L.). Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 3 од 17 47) „мирудија“ е исушен зрел плод на мирудија (Anethum gravoelens L.). 48) „олеорезин од мирудја“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од плодот на мирудијата (Anethum gravoelens L.). 49) „морач“ (коморач) е исушен зрел плод на морач (Foeniculum vulgare P. Miller). 50) „олеорезин од морач“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од плодот на морач (Foeniculum vulgare P. Miller). 51) „мускатен орев“ е јатката од семето на мускатното дрво (Myristica fragrans Houttuyn). 52) „папуански мускатен орев“ е јатката од семето на мускатен орев (Myristica argentea L.). 53) „мускатен цвет“ е исушена обвивка (arillus) на семето на сите видови мускатно дрво (Myristica fragrans Houtt, Myristica argentea L.). 54) „олеорезин од мускат“ е екстракт на ароматичните материи добиен со екстракција на мускатен орев (Myristica fragrans Houtt). 55) „нане“ е исушен лист од нане (Mentha pirerita L.). 56) „пимент“ е исушениот плод на пиментово дрво (Pimenta officinalis Berg L.). 57) „екстракт од пимент“ е екстракт на ароматичните материи добиен со екстракција од плодовите на растението пимент (Pimenta officinalis Berg L.). 58) „магдоносов лист“ е исушен лист од магдонос (Petroselinum crispum P. Miller, Nyman eh. A. W. Hill). 59) „семе од магдонос“ е исушено семе на магдонос. 60) „олеорезин од магдонос“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од плодот и од листот на магдонос (Petroselinum crispum P. Miller, Nyman eh. A. W. Hill). 61) „рузмарин“ е исушен лист и врвот на гранче од рузмарин (Rosmarinus officinalis L.). 62) „рогачка-триплат“ е исушено семе од растението рогачка (Trigonella foenum greacum L.). 63) „селен“ е исушен лист (а може да се користи и коренот) од растението селен (Levisticum officinela Koch). 64) „бел синап“ е исушено семе на бел синап (Sinapis alba L.). 65) „црн синап“ е исушено семе на црн синап (Brassica nigra L, W. D. J. Koch). 66) „шафран“ е исушен толчник на цветот на шафран (Crocus sativus L.). 67) „шафраника“ е исушен цветен лист на шафраника – див шафран (Carthamus tinctorius L.). 68) „темјан“ (мајчина душица) е исушен гребенен лист од темјан (Thymus vulgaris L.). 69) „олеорезин од темјан“ е екстракт на ароматичните материи добиен со екстракција на растението темјан (Thymus vulgaris L.). 70) „ванила“ (ванилија) е недозреан, ферментиран, делумно исушен плод на тропското растение ванила (Vanila fragrans – Salisburi Ames syn. Vanila planifolia Andrews) и нејзините хибриди. 71) „оригано“ (вранилова трева) е исушен лист на вранилова трева во цвет (Origanum vulgare L.). 72) „олеорезин од оригано“ е производ добиен со екстракција на ароматичните материи од листот на оригано (Origanum vulgare L.). 73) „ѕвездест анис“ е исушен плод од растението ѕвездест анасон (Illicium verum J.D. Hooker). Глава 2 Општи барања Член 3 (1) За зачините, екстрактите од зачини и смесите на зачини производителот изготвува производна спецификација. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 4 од 17 (2) Производната спецификација од став (1) на овој член треба да содржи краток опис на технолошката постапка на производството на односниот производ, вид и количество на употребените состојки во однос на нето-количеството на производи, како и извештај за извршеното органолептичко и хемиско испитување. Член 4 Oзначувањето на производите опфатени со овој правилник, треба да биде во согласност со Правилникот за означување на храната. Член 5 Ако со овој правилник не е пропишано поинаку, не треба да се врши бојадисување, засладување и ароматизирање на зачините, екстрактите од зачини и смесите на зачини со вештачки средства, како и конзервирање на истите со хемиски средства. Член 6 Зачините, екстрактите од зачини и смесите на зачини од овој правилник треба да се складираат, транспортираат и чуваат на начин кој обезбедува зачувување на нивниот квалитет до моментот на отворањето. Глава 3 Посебни барања за зачини и екстракти од зачини Член 7 Како зачини во промет се пуштаат ароматичните делови на растенија од кои се добиваат зачини (корен, лист, кора, цвет, толчник, цветна пупка, плод, семе и др.), а може да бидат во форма на парче, зрно, мешунка, поголеми и помали делчиња или прав. Член 8 При ставањето во промет, зачините треба да ги исполнуваат следните барања: 1) од нив да не се екстрахирани ароматичните материи и да не содржат примеси или отпадоци од зачини од кои се екстрахирани ароматичните материи; 2) да не им се додавани средства заради зголемување на масата и 3) да ги исполнуваат барањата пропишани со овој правилник за одделни видови зачини. Член 9 Екстракти од зачини може да се произведуваат само од растенијата од кои се добиваат зачини, а кои се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 10 (1) Екстрактите од зачини можат да се стават во промет како: 1) концентрати на зачински екстракти – олеорезини; 2) алкохолни или други раствори на зачински екстракти (во етанол, оцетна киселина, глицерол итн.); 3) зачински екстракти нанесени на соодветни носачи или помешани со соодветни носачи, како што се: натриум хлорид; природни растителни гуми (кароб гума, гвајак, алгинати на калиум, натриум и калциум и природен пектин) и шеќери и деривати на шеќери (декстрин). (2) На екстрактите од зачини не треба да им се додаваат засилувачи на аромата (глутаминска киселина и глутаминати, гванилати, инозинати и рибонуклеотиди). Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 5 од 17 Член 11 За екстракција на ароматичните материи од зачините може да се користат следните органски растворувачи: ацетон, изопропанол, метанол, хексан, метиленхлорид, етилендихлорид, трихлоретилен, етанол, глицерол, гликоли и масло за јадење. Член 12 (1) При ставање во промет на екстрактите од зачини, количеството на растворувачот останато во нив не треба да биде поголемо од: 1) за ацетон 30 mg/kg; 2) за изопропанол 50 mg/kg; 3) за метанол 50 mg/kg; 4) за хексан 30 mg/kg; 5) за метиленхлорид 30 mg/kg; 6) за етилендихлорид 30 mg/kg и 7) за трихлоретилен 30 mg/kg, со тоа што вкупното количество на резидуи од органскиот растворувач да не преминува 50 mg/kg. (2) За групата растворувачи како што се: етанол, глицерол, гликоли (диетилен-гликол, дипропилен-гликол и хексаметилгликол) и масло за јадење, дозволените количества на резидуи треба да бидат во согласност со технолошкиот процес на производство и со правилата на добра производна пракса. Член 13 (1) Заради спречување на оксидациони промени, на екстрактите од зачини можат да им се додаваат следните антиоксиданси: токоферол, бутил-хидроксианизол (ВНА), бутил хидрокситолуол (ВНТ) и аскорбинска киселина до 0.1%. (2) На екстрактите од зачини може да им се додаваат и шеќери или шеќерни деривати (декстрин) за да се постигне соодветна конзистенција. Глава 4 Посебни барања за смеси на зачини Член 14 (1) Смесите на зачини може да содржат шеќер или деривати на шеќер (декстрин), готварска сол или природни растителни гуми (кароб гума, гвајак, алгинати, природен пектин) и носач на арома, со тоа што количеството на носачот на аромата не треба да изнесува повеќе од 95% од нето масата на производот. (2) На смесите на зачини не треба да им се додаваат засилувачи на аромата (глутаминска киселина и глутаминати, гванилати, инозинати и рибонуклеотиди). Член 15 (1) На смесите на зачини може да им се додаваат средства за спречување на згрутчување, и тоа силициум-диоксид (SiO2), со тоа што да не изнесува повеќе од 2% од нето масата на производот. (2) На смесите на зачини може да им се додаваат природни бои и тоа каротиноиди и каротини, кроцетин, антоцијан и бетанин. Член 16 (1) Основни состојки кои треба да бидат наведени во означувањето на смесите на зачини се: видот и количеството на носачите на аромата изразени во мерни единици или во проценти, како и зачините и екстрактите на зачините според опаѓачки редослед на употребените количества. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 6 од 17 (2) Означувањето треба да содржи и упатство за начинот на употреба на смесите на зачини. Член 17 (1) Зачините, екстрактите на зачини и смесите на зачини може да се стават во промет само ако се спакувани во оригинални поединечни пакувања во соодветно нето количество (маса или зафатнина). (2) За пакување на растенија од кои се добиваат зачини треба да се користи амбалажа која обезбедува зачувување на квалитетот на производот до моментот на отварањето. Глава 5 Посебни барања за растенијата од кои се добиваат зачини Член 18 (1) Анасонот (Pimpinella anisum L.) (плод и лист) може да се стави во промет како анасон во зрно и како мелен анасон и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 9% вкупен пепел и не повеќе од 3% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) анасонот во зрно треба да содржи најмалку 2 ml испарливо етерско анасоново масло во 100g производ, а мелениот анасон најмалку 1,2 ml испарливо етерско анасоново масло во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2% туѓи примеси. (2) Олеорезинот од анасон кога се става во промет треба да содржи најмалку 2 ml испарливо етерско анасоново масло во 100g производ. Член 19 (1) Белиот пипер (Piper nigrum L.) може да се стави во промет како бел пипер во зрно и како мелен бел пипер и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 15% вода; 2) да не содржи повеќе од 4% вкупен пепел, а мелениот пипер повеќе од 6% сурови влакна; 3) да не содржи повеќе од 2% органски примеси ниту повеќе од 0,2% минерални примеси; 4) да содржи најмалку 4% пиперин и 5) белиот пипер во зрно треба да содржи најмалку 1 ml испарливо етерско пиперово масло во 100g производ, а мелениот бел пипер најмалку 0,7 ml испарливо етерско пиперово масло во 100g производ. (2) Црниот пипер (Piper nigrum L.) може да се стави во промет како црн пипер во зрно и како мелен црн пипер и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 14% вода; 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 17,5% сурови влакна; 3) да не содржи повеќе од 2% органски примеси ниту повеќе од 0,4% минерални примеси; 4) да содржи најмалку 4,5% пиперин и 5) црниот пипер во зрно треба да содржи најмалку 1,5 ml испарливо етерско пиперово масло во 100g производ, а мелениот црн пипер најмалку 0,7 ml испарливо етерско пиперово масло во 100g производ. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 7 од 17 (3) Олеорезинот од бел и црн пипер кога се става во промет треба да ги исполнува следните услови: 1) да содржи најмалку 8 ml испарливи етерски пиперови масла во 100g производ и 2) да содржи најмалку 25% пиперин (определен пo Kjedahl). Член 20 (1) Босилекот (Ocimum basilicum L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода; 2) да не содржи повеќе од 12% вкупен пепел и не повеќе од 0,2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да содржи најмалку 0,8 ml испарливо етерско масло на босилек во 100g производ. (2) Олеорезинот од босилек кога се става во промет треба да содржи најмалку 20 ml испарливи етерски масла на босилек во 100g производ. Член 21 (1) Целерот (Apium graveolens L.) (лист и семе) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1,2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 0,2 ml испарливо етерско масло од целер во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 0,5% примеси од растително потекло. (2) Семето од целер кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 10% вода и 2) да не содржи повеќе од 3% вкупни нечистотии. (3) Олеорезинот од целер кога се става во промет треба да содржи најмалку 4 ml испарливи етерски масла од целер во 100g производ. Член 22 (1) Циметот (Cinnamomum zeylanicum Blume и Cinnamomum aromaticum C. G. Ness), може да се стави во промет како цимет во кора и како мелен цимет и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 6% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) циметот во кората треба да содржи најмалку 1,3 ml испарливо етерско масло од цимет во 100g производ, а мелениот цимет најмалку 0,9 ml испарливо етерско масло од цимет во 100g производ. (2) Олеорезинот од цимет кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да содржи најмалку 30 ml испарливо етерско масло од целер во 100g производ и 2) да содржи најмалку 18% цимет-алдехид. Член 23 Чилито (Capsicum frutescenes L.) може да се стави во промет како чили – цел плод и како мелен чили и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 11% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да содржи најмалку 0,1% капсаицин. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 8 од 17 Член 24 Чубрицата (Satureja hortensis L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода и 2) да не содржи повеќе од 12% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина. Член 25 Деспикот (Lavandula spica L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 1,5% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 0,6 ml испарливо етерско масло од деспик во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2,5% други делови од растението и не повеќе од 2,5% други примеси. Член 26 (1) Ѓумбирот (Zingiber officinale Roscoe) (ингвер) може да се стави во промет како цел ѓумбир и како мелен ѓубмир и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 15% вода; 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 3% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) целиот ѓумбир треба да содржи најмалку 1,5 ml испарливо етерско масло од ѓумбир во 100g производ, а мелениот ѓумбир најмалку 0,7 ml испарливо етерско масло од ѓумбир во 100g производ. (2) Олеорезинот од ѓумбир кога се става во промет треба да содржи најмалку 12 ml испарливо етерско масло од ѓумбир во 100g производ. Член 27 Естрагонот (Artemisia dracunculus L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 10% вкупен пепел и не повеќе од 3% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 0,3 ml испарливо етерско масло од естрагон во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2% туѓи примеси. Член 28 Игиротот (Acorus calamus L.) може да се стави во промет како цел игирот и како мелен игирот и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 14% вода; 2) да не содржи повеќе од 10% пепел 3) да содржи најмалку 1,5 ml испарливо етерско масло од игирот во 100g производ и 4) фиданот од игирот да биде без корен и да не содржи повеќе од 1% туѓи примеси. Член 29 Исиотот (Curcuma zedoariae Rosc.) може да се стави во промет како цел исиот и како исиот исечен на резанки или тркалца и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 14% вода; Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 9 од 17 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 5% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да содржи најмалку 1 ml испарливо етерско масло од исиот во 100g производ. Член 30 (1) Каранфилчето (Eugenia caryophyllus C. Sprengel) може да се стави во промет како каранфилче во зрно и мелено каранфилче и треба да ги исполнува следните барања: 1) каранфилчето во зрно да не содржи повеќе од 12% вода, а меленото не повеќе од 10% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) каранфилчето во зрно треба да содржи најмалку 12,5 ml испарливо етерско масло од каранфилче во 100g производ, а меленото каранфилче најмалку 10 ml испарливо етерско масло од каранфилче во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 8% други делови од растението и не повеќе од 2% други примеси. (2) Олеорезинот од каранфилче кога се става во промет треба да содржи најмалку 40 ml испарливо етерско масло од каранфилче во 100g производ. Член 31 (1) Кимот (Carum carvi L.) може да се стави во промет како ким во зрно и мелен ким и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) кимот во зрно треба да содржи најмалку 2,5 ml испарливо етерско масло од ким во 100g производ, а мелениот ким најмалку 1,2 ml етерско масло од ким во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2% примеси. (2) Олеорезинот од ким кога се става во промет треба да содржи најмалку 20 ml испарливо етерско масло од ким во 100g производ. Член 32 Кориандерот (Coriandrum sativum L.) може да се стави во промет како кориандер во зрно и мелен кориандер и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) кориандерот во зрно треба да содржи најмалку 0,5 ml испарливо етерско масло од кориандер во 100g производ, а мелениот кориандер најмалку 0,3 ml етерско масло од кориандер во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2% примеси од растително потекло и не повеќе од 2% минерални примеси. Олеорезинот од кориандер кога се става во промет, треба да содржи најмалку 15 ml испарливо етерско масло од кориандер во 100g производ. Член 33 (1) Кардамомот (Elettaria cordamomum L., Maton var. miniscula Burkill) може да се стави во промет како цел плод од кардамом и како мелен кардамом и треба да ги исполнува следните барања: Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 10 од 17 1) да не содржи повеќе од 6% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 2) целиот плод треба да содржи најмалку 2 ml етерско масло од кардамом во 100g производ, а мелениот кардамом најмалку 1 ml етерско масло од кардамом во 100g производ. (2) Олеорезинот од кардамом кога се става во промет, треба да содржи најмалку 20 ml испарливо етерско масло од кориандер во 100g производ. Член 34 (1) Жалфијата (Salvia oficinalis L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 13% вода; 2) да не содржи повеќе од 12% вкупен пепел и не повеќе од 3% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 1 ml етерско масло од жалфија во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 4% од другите делови на растението и не повеќе од 2% други примеси. (2) Олеорезинот од жалфија кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: 1) да биде во форма на темнозелена слабо вискозна течност и 2) да содржи најмалку 6 ml испарливи етерски масла од жалфија. Член 35 Смрековите бобинки (Juniperus communis L.) може да се стават во промет како смрекови бобинки во зрно и како мелени смрекови бобинки и треба да ги исполнуваат следните барања: 1) да не содржат повеќе од 16% вода; 2) да содржат најмалку 0,9 ml испарливо етерско масло од смрека; 3) да не содржат повеќе од 2% исушени плодови и 4) да не содржат повеќе од 1% други примеси. Член 36 (1) Куркумата (Curcuma longa L.) може да се стави во промет како цела куркума и како мелена куркума и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 4% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) целата куркума треба да содржи најмалку 2,5 ml етерско масло од куркума во 100g производ, а мелената куркума најмалку 1 ml етерско масло од куркума во 100g производ. (2) Олеорезинот од куркума кога се става во промет, треба да содржи најмалку куркумин 500, изразено во единица на боја. Член 37 Куминот (Cuminum cyminum L.) може да се стави во промет како кумин во зрно и како мелен кумин и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 13% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) куминот во зрно треба да содржи најмалку 1,5 ml етерско масло од кумин во 100g производ, а мелениот кумин најмалку 1 ml етерско масло од кумин во 100g производ. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 11 од 17 Член 38 (1) Лoворот (Laurus nobilis L.) (лист) може да се стави во промет како цел лист од ловор и како мелен лист од ловор и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) целиот лист од ловор треба да содржи најмалку 1 ml етерско масло од листот на ловорот во 100g производ, а мелениот лист најмалку 0,6 ml етерско масло од листот на ловор во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 1% други делови од ловор и повеќе од 1% други примеси. (2) Олеорезинот од ловор кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: 1) да биде во форма на темнозелена течност која може да има и пастозна конзистенција и 2) да содржи најмалку 8% испарливи етерски масла од листот на ловор. Член 39 (1) Лукот во прав (Allium sativum L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 6% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да содржи најмалку 0,1 ml етерско масло од лук во 100g производ. (2) Екстрактот од лук кога се става во промет, треба да содржи најмалку 32 ml испарливи етерски масла од лук во 100g производ. Член 40 (1) Кромидот во прав (Allium cepa L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 8% вода и 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина. (2) Екстрактот од кромид кога се става во промет, треба да содржи најмалку 40% сува материја. (3) Екстрактот од пржен кромид кога се става во промет, треба да содржи најмалку 60% сува материја. Член 41 (1) Мајоранот (Majorana hortensis Moench syn. Origanum Majorana L.) може да се стави во промет како цел лист од мајоран и мелен лист од мајоран и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12.5% вода; 2) да не содржи повеќе од 16% вкупен пепел и не повеќе од 4,5% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) листот од мајоран треба да содржи најмалку 0,9 ml етерско масло од мајоран во 100g производ а мелениот лист од мајоран најмалку 0,5 ml етерско масло од мајоран во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 10% делови од стебленцата и петелките на мајоранот. (2) Олеорезинот од мајоран кога се става во промет, треба да содржи најмалку 5 ml етерско масло од мајоран во 100g производ. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 12 од 17 Член 42 (1) Мирудијата (Anethum gravoelens L.) може да се стави во промет како мирудија во зрно и мелена мирудија и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 1 ml етерско масло од плодот на мирудија во 100g производ и 4) да не содржи туѓи примеси повеќе од 2%. (2) Олеорезинот од мирудија кога се става во промет, треба да содржи најмалку 11 ml етерско масло од мирудија во 100g производ. Член 43 (1) Морачот (Foeniculum vulgare P. Miller) може да се стави во промет како морач во зрно и како мелен морач и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 9,5% вкупен пепел и не повеќе од 2,5% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) морачот во зрно треба да содржи најмалку 2 ml етерско масло од морач во 100g производ, а мелениот морач најмалку 1,6 ml етерско масло од морач во 100g производ и 4) да не содржи туѓи примеси повеќе од 2%. (2) Олеорезинот од морач кога се става во промет, треба да содржи најмалку 8 ml етерско масло од плодот на морач во 100g производ. Член 44 (1) Мускатниот орев (Myristica fragrans Houttuyn) може да се стави во промет како цел мускатен орев и како мелен мускатен орев и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 8% вода; 2) да не содржи повеќе од 5% вкупен пепел и не повеќе од 0,6% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) целиот мускатен орев треба да содржи најмалку 5 ml етерско масло од мускатен орев во 100g производ, а мелениот мускатен орев најмалку 3,6 ml етерско масло од мускатен орев во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 0,5% други делови од плодот на мускатниот орев. (2) Мускатниот орев може да биде белен со варно млеко. Член 45 (1) Папуански мускатен орев (Myristica argentea L.) може да се стави во промет како цел папуански мускатен орев и како мелен папуански мускатен орев и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 8% вода; 2) да не содржи повеќе од 5% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) целиот папуански мускатен орев треба да содржи најмалку 3 ml етерско масло од папуански мускатен орев во 100g производ, а мелениот најмалку 2 ml испарливо масло во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 0,5% други делови од плодот на папуанскиот мускатен орев. (2) Папуанскиот мускатен орев може да биде белен со варно млеко. Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 13 од 17 Член 46 (1) Мускатниот цвет (Myristica fragrans Houtt, Myristica argentea L.) може да се стави во промет како цел мускатен цвет и како мелен мускатен цвет и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 8% вода; 2) да не содржи повеќе од 5% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 2,3 ml етерско масло од мускатен цвет во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2,5% други делови од плодот на мускатот и не повеќе од 0,5% други примеси. (2) Олеорезинот од мускат кога се става во промет, треба да содржи најмалку 30 ml етерско масло од мускат во 100g производ. Член 47 Нането (Mentha pirerita L.) кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12.5% вода; 2) да не содржи повеќе од 12% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 0,9 ml етерско масло од нане во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 5% други делови од растението нане и не повеќе од 2% други примеси. Член 48 (1) Пиментот (Pimenta officinalis Berg L.) може да се стави во промет како пимент во зрно или мелен пимент и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 6% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 2) мелениот пимент и пиментот во зрно треба да содржат најмалку 1 ml етерско масло од пимент во 100g производ и 3) да не содржи повеќе од 2% примеси. (2) Екстрактот од пимент кога се става во промет, треба да содржи најмалку 30 ml етерско масло од пимент во 100g производ. Член 49 (1) Магдоносот (Petroselinum crispum P. Miller, Nyman eh. A. W. Hill) (лист и семе) кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1,8% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 0,2 ml етерско масло од магдонос во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 0,5% примеси од растително потекло. (2) Семето од магдонос кога се става во промет, треба да ги исполнува следните услови: 1) да не содржи повеќе од 10% вода и 2) да не содржи повеќе од 3% вкупни нечистотии. (3) Олеорезинот од магдонос кога се става во промет, треба да содржи најмалку 6 ml испарливо етерско масло од магдонос во 100g производ. Член 50 Рузмаринот (Rosmarinus officinalis L.) може да се стави во промет како цел рузмарин и како мелен рузмарин и треба да ги исполнува следните барања: Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 14 од 17 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода; 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 2,5% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) целиот рузмарин треба да содржи најмалку 1 ml етерско масло од рузмарин во 100g производ, а мелениот рузмарин најмалку 0,6 ml етерско масло од рузмарин во 100g и 4) да не содржи повеќе од 0,3% туѓи примеси. Член 51 Рогачка-триплат (Trigonella foenum-greacum L.) може да се стави во промет како рогачка во зрно и како мелена рогачка и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 6% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да не содржи повеќе од 1% туѓи примеси. Член 52 Селенот (Levisticum officinela Koch) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 10% вкупен пепел; 3) да содржи најмалку 0,1 ml испарливо етерско масло од селен во 100g производ; 4) да не содржи повеќе од 10% од деловите на стебленцето од селен и 5) да не содржи повеќе од 1% туѓи примеси. Член 53 Белиот синап (Sinapis alba L.) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 14% вода; 2) да не содржи повеќе од 6% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да не содржи повеќе од 2% туѓи примеси. Член 54 Црниот синап (Brassica nigra L, W. D. J. Koch) може да се стави во промет како црн синап во зрно и како мелен црн синап и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 14% вода; 2) да не содржи повеќе од 6% вкупен пепел и не повеќе од 1% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) да содржи најмалку 0,3 ml испарливо етерско масло од црн синап во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 2% туѓи примеси. Член 55 Шафранот (Crocus sativus L.) кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода и 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1,5% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина. Член 56 Шафраниката (Carthamus tinctorius L.) кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 15 од 17 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода и 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 1,5% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина. Член 57 (1) Темјанот (Thymus vulgaris L.) може да се стави во промет како цел лист темјан и како мелен лист темјан и треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина; 3) листот од темјан треба да содржи најмалку 1 ml испарливо етерско масло од темјан во 100g производ, а мелениот лист од темјан најмалку 0,5 ml етерско масло од темјан во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 10% делови од стебленцето на темјан и не повеќе од 2% туѓи примеси. (2) Олеорезинот од темјан кога се става во промет, треба да содржи најмалку 30 ml етерско масло од темјан во 100g производ. Член 58 (1) При ставање во промет, плодовите (мешунките) од ванила (Vanila fragrans – Salisburi Ames syn. Vanila planifolia Andrews) (ванилија) според квалитетот се распоредуваат во класа I и класа II. (2) Во класа I се распоредуваат плодовите од ванила (мешунки) што треба да ги исполнуваат следните барања: 1) да се цели и неоштетени; 2) да не содржат повеќе од 35% вода и 3) да содржат најмалку 2% ванилин. (3) Во класа II се распоредуваат плодовите од ванила (мешунки) што треба да ги исполнуваат следните барања: 1) да се цели и неоштетени, освен зараснати пукнатини што не треба да бидат поголеми од една половина на плодот; 2) да не содржат повеќе од 30% вода и 3) да содржат најмалку 1% ванилин. (4) Ванилата (ванилија) може да се стави во промет и како мелена (ванила во прав), и тоа само во оригинално пакување. (5) Како ванила-шеќер (ванилија-шеќер) во промет може да се стави смеса од шеќер и ванила (ванилија) во прав, со тоа што таа смеса треба да содржи најмалку 10% ванила во прав, односно 0,1% ванилин. (6) Како ванилин-шеќер може да се стави во промет смеса од шеќер со ванилин, со тоа што таа смеса треба да содржи најмалку 1% ванилин. Наместо ванилин може да се употреби соодветно количество (0,33%) на етил-ванилин. (7) Не треба да се става во промет смеса на ванила-шеќер со ванилин-шеќер, како и смеса на ванилин-шеќер добиена од ванилин и етил-ванилин. Член 59 (1) Ориганото (Origanum vulgare L.) (вранилова трева) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12,5% вода; 2) да не содржи повеќе од 8% вкупен пепел; Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 16 од 17 3) да содржи најмалку 1 ml испарливо етерско масло од вранилова трева во 100g производ и 4) да не содржи повеќе од 10% други делови на растението вранилова трева и не повеќе од 0,5% други примеси. (2) Олеорезинот од оригано кога се става во промет, треба да ги исполнува следните барања: 1) да е во форма на темна, костенливо зелена пастозна течност и 2) да содржи најмалку 10% испарливи етерски масла од оригано. Член 60 Ѕвездестиот анасон (Illicium verum J.D. Hooker) кога се става во промет треба да ги исполнува следните барања: 1) да не содржи повеќе од 12% вода; 2) да не содржи повеќе од 7% вкупен пепел и не повеќе од 2% пепел нерастворлив во хлороводородна киселина и 3) да содржи најмалку 5 ml испарливо етерско масло од ѕвездест анасон во 100g производ. Глава 6 Преодни и завршни одредби Член 61 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалитетот на зачините, екстрактите од зачини и смесите на зачини („Службен лист на СФРЈ“ бр. 4/85 и 84/87) и одредбите кои се однесуваат на зачини од Правилникот за квалитетот на кафето и сурогатите на кафе, чајот, зачините, концентратите за супа, пекарскиот квасец, прашокот за пециво, прашокот за пудинг, диететските производи и адитивите („Службен лист на СФРЈ“ бр. 13/78, 20/80, 41/80 и 45/81). Член 62 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-3791/4 Директор 7 февруари 2013 година на Агенција за храна Скопје и ветеринарство, Дејан Рунтевски, с.р. Прилог Растенија од кои се добиваат зачини 1) Анасон (Pimpinella anisum L.) 2) Бел пипер (Piper nigrum L.) 3) Црн пипер (Piper nigrum L.) 4) Босилек (Ocimum basilicum L.) 5) Целер (Apium graveolens L.) 6) Цимет (Cinnamomum zeylanicum Blume и Cinnamomum aromaticum C. G. Ness) Службен весник на РМ, бр. 24 од 15.02.2013 година 17 од 17 7) Чили (Capsicum frutescenes L.) 8) Чубрица (Satureja hortensis L.) 9) Деспик (Lavandula spica L.) 10) Ѓумбир (Zingiber officinale Roscoe) 11) Естрагон (Artemisia dracunculus L.) 12) Игирот (Acorus calamus L.) 13) Исиот (Curcuma zedoariae Rosc.) 14) Каранфилче (Eugenia caryophyllus C. Sprengel) 15) Ким (Carum carvi L.) 16) Кориандер (Coriandrum sativum L.) 17) Кардамом (Elettaria cordamomum L., Maton var. miniscula Burkill) 18) Жалфија (Salvia oficinalis L.) 19) Смрекови бобинки (Juniperus communis L.) 20) Куркума (Curcuma longa L.) 21) Кумин (Cuminum cyminum L.) 22) Лавор (Laurus nobilis L.) 23) Лук во прав (Allium sativum L.) 24) Кромид во прав (Allium cepa L.) 25) Мајоран (Majorana hortensis Moench syn. Origanum Majorana L.) 26) Мирудија (Anethum gravoelens L.) 27) Морач (Foeniculum vulgare P. Miller) 28) Мускатен орев (Myristica fragrans Houttuyn) 29) Папуански мускатен орев (Myristica argentea L.) 30) Мускатен цвет (Myristica fragrans Houtt, Myristica argentea L.) 31) Нане (Mentha pirerita L.) 32) Пиперка зачинска (Capsicum annum L.) 33) Пимент (Pimenta officinalis Berg L.) 34) Магдонос (Petroselinum crispum P. Miller, Nyman eh. A. W. Hill) 35) Рузмарин (Rosmarinus officinalis L.) 36) Рогачка-триплат (Trigonella foenum-greacum L.) 37) Селен (Levisticum officinela Koch) 38) Бел синап (Sinapis alba L.) 39) Црн синап (Brassica nigra L, W. D. J. Koch) 40) Шафран (Crocus sativus L.) 41) Шафраника (Carthamus tinctorius L.) 42) Темјан (Thymus vulgaris L.) 43) Ванила (Vanila fragrans – Salisburi Ames syn. Vanila planifolia Andrews) 44) Оригано (Origanum vulgare L.) 45) Ѕвездест анасон (Illicium verum J.D. Hooker)