Regulation on requirements in terms of quality for refreshing soft drinks
颁布于 2013-01-18 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за барањата во однос на квалитетот на освежителните безалкохолни пијалоци.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- food safety and quality, processing/handling, beverages
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 15 од 25.01.2013 година 1 од 5 20130150600 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 117 став (3) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр.157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА БАРАЊАТА ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ НА ОСВЕЖИТЕЛНИТЕ БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат барањата во однос на класификација, категоризација и називи на храната, физички, хемиски, физичко-хемиски и сензорни карактеристики и состав на храната од аспект на квалитет, физичко-хемиски и сензорни карактеристики и видот и количеството на суровини, адитиви и други материи кои се употребуваат во производството и преработаката на храна од аспект на квалитет како и методи на земање на мостри и аналитички методи на контрола на квалитетот на храната и посебните барања за пакување и означување на освежителните безалкохолни пијалоци. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење : 1) „Освежителните безалкохолни пијалоци“ се производи добиени со посебна технолошка постапка од вода за пиење или природна минерална вода или природна изворска вода, во кои може да се додаваат ароми, шеќери, засладувачи, хидролизати од скроб, овошен сок, концентриран овошен сок, сок од овошје, растителни екстракти, екстракти од овошје, екстракти од чај, жита и производи од жита, соја и производи од соја, хмељ и производи од хмељ, сурутка и други намирници, со или без додавање на јаглероден диоксид, минерални соли и витамини. 2) „Oсвежителен безалкохолен пијалок со овошен сок“ е производ кој во својот состав покрај состојките кои се дадени во точка 1) од овој став имаат одредена содржина на овошен сок. 3) „Вода со арома“ е производ добиен од природни минерални води, природни изворски води или пакувани води со додавање на соодветна арома. 4) „Сода вода“ е производ добиен со директна импрегнација на вода за пиење со јаглероден диоксид. 5) „Сируп“ е производ кој е наменет за производство или подготвување на освежителни безалкохолни пијалоци со вискозна структура добиен по пат на соодветна технолошка постапка од состојките дадени во точка 1) од овој став. 6) „Прашоци и пастили“ се производи кои се наменети за приготвување на освежителни безалкохолни пијалоци со чие растворање во вода со или без додаток на шеќер или засладувач, согласно упатството дадено од производителот на означувањето, при што се добиваат освежителни безалкохолни пијалоци кои ги исполнуваат барањата за квалитет кои се пропишани со овој правилник. 7) „Освежителен безалкохолен пијалок со минерални соли“ е производ кој се произведува од состојките дадени во точка 1) од овој став со додаток на минерални соли и треба да ги исполнува барањата од член 16 точките 1), 2) и 3) од овој правилник. 8) „Ладен чај“ е производ кој се произведува од состојките од точка 1) од овој став и треба да ги исполнува барањата од член 7 точките 1) и 3) од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 15 од 25.01.2013 година 2 од 5 Член 3 (1) За производите за кои со овој правилник не се пропишани барањата за квалитет, се применуваат барањата кои се однесуваат на групата сродни производи. (2) За производите од став ( 1 ) на овој член, како и за производите за кои тоа со овој правилник е изречно предвидено, производителот изготвува производствена спецификација. (3) Производствената спецификација треба да содржи краток опис на технолошкиот процес на производство за производот, основните барања за квалитет, извештај од извршеното хемиско испитување, како и податоци од означувањето кое треба да е во согласност со Правилникот за начинот на означувањето на храната. Член 4 Производите од овој правилник може да се пуштат во промет само во оригинално пакување. Член 5 (1) Производите кои се ставаат во промет во оригинално пакување треба да бидат означени согласно Правилникот за начинот на означувањето на храната. (2) Во производството и преработката на освежителните безалкохолни пијалоци може да се додаваат адитиви во количини согласно Правилникот за адитиви што може да се употребуваат за производство на храна. (3) При производството, операторот со храна треба да ги исполнува општите барања за хигиена на храната согласно Правилник за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна. Член 6 (1) Концентрирана мешавина од две или повеќе состојки од член 2 точка 1 од овој правилник може да се ставаат во промет како “базна суровина за производство на освежителни безалкохолни пијалоци“. (2) Базната суровина за производство на освежителните безалкохолни пијалоци може да содржи адитиви во одредено количество пропишано во Правилникот за адитиви што можат да се употребуваат за производство на храна. (3) Количеството на адитиви во базната суровина за производство на освежителни безалкохолни пијалоци по растворањето согласно упатствата на производителот не треба да биде поголемо од дозволеното количество пропишано во Правилникот за адитиви што можат да се употребуваат за производство на храна. (4) Базната суровина која што се пушта во промет треба да биде означена во согласност со член 5 став (1) од овој правилник и треба да биде пропратена со извештај од извршено лабораториско испитување на барања за квалитет. Член 7 (1) Освежителните безалкохолни пијалоци треба да ги исполнуваат следните физички и хемиски барања за квалитет: 1) органолептичките својства да одговараат на видот на означениот пијалок; 2) да содржат најмалку 7% сува материја (мерено со рефрактометар на 200С), освен за освежителни пијалоци без енергетска вредност, со ниска енергетска вредност или намалена енергетска вредност, вода со арома, сода вода и освежителни безалкохолни пијалоци со минерални соли; 3) да содржат најмногу 0,5% v/v етанол и 4) газираните освежителни безалкохолни пијалоци треба да содржат јаглероден диоксид, како карактеристична состојка, најмалку 2 g/L. Службен весник на РМ, бр. 15 од 25.01.2013 година 3 од 5 Член 8 (1) Освежителните безалкохолни пијалоци кои на декларацијата имаат ознака “без кофеин“ треба да содржат најмногу 0,5 mg/l кофеин. (2) Освежителните безалкохолни пијалоци кои на декларацијата имаат ознака “тоник“ треба да содржат најмалку 15 mg/L кинин. (3) Освежителните безалкохолни пијалоци кои на декларацијата имаат ознака “со сурутка“ треба да содржат 40-49% сурутка. Член 9 (1) Освежителните безалкохолни пијалоци можат да се произведуваат и ставаат во промет со следните имиња: 1) освежителни безалкохолни пијалоци; 2) освежителни безалкохолни пијалоци со овошен сок; 3) вода со арома; 4) сода вода; 5) сируп за освежителни безалкохолни пијалоци; 6) прашок за освежителни безалкохолни пијалоци; 7) пастели за освежителни безалкохолни пијалоци; 8) освежителен безалкохолен пијалок со минерални соли; 9) ладен чај. (2) Освежителните безалкохолни пијалоци од став (1) на овој член, точките 1, 2, 5, 6, 7, и 9 може да се произведуваат без енергетска вредност, со ниска енергетска или намалена енергетска вредност согласно член 29 од Правилникот за начинот на означување на храната. (3) Името на производот може да се дополни со зборовите: “со вкус на ....“ и да се наведе карактеристичниот вкус на производот (пр. “освежителен безалкохолен пијалок со вкус на портокал“). (4) Името на производот може да се дополни и со зборот “со“ за назначување на карактеристичното име на производот ( пр. “освежителен безалкохолен пијалок со соја, млеко, мед и слично“). Член 10 Доколку освежителните безалкохолни пијалоци се ставаат во промет без додавање на јаглероден диоксид, називот на производот треба да го содржи зборот “негазиран“ (пр. “негазиран освежителен безалкохолен пијалок“). Член 11 (1) Освежителните безалкохолни пијалоци кои во својот состав содржат овошен сок, при означувањето може да имаат слика од соодветното овошје. (2) Освежителните безалкохолни пијалоци од став (1) од овој член, кои се произведени од мешавина на повеќе видови сокови од овошја и зеленчук се означува така што во списокот на состојки се наведуваат сите видови на употребени сокови во опаѓачки редослед согласно член 13 од Правилникот за начинот на означувањето на храната. (3) Освежителните безалкохолни пијалоци кои во својот состав содржат овошен сок, во називот на производот задолжително треба да биде означена минималната содржина на овошен сок, овошно пире или мешавина од овие состојки и истата треба да стои во исто видно поле со името на производот (нпр.”освежителен безалкохолен пијалок со овошен сок од ............минимум ...%). Член 12 Во називот на водите со арома треба да е содржана информација за видот на водата (пр. “ минерална вода со арома од ......“). Службен весник на РМ, бр. 15 од 25.01.2013 година 4 од 5 Член 13 Јаглеродниот диоксид што се употребува за производство на сода вода треба да биде чист и без примеси при што содржината на јаглероден диоксид треба да изнесува најмалку 5 g/L. Член 14 (1) Сирупот за освежителени безалкохолни пијалоци, кој се става во промет, треба да ги исполни следните барања за квалитет: 1) да има воедначена сирупеста конзистенција без појава на раслојување; 2) количината на вкупната сува материја кај сирупот за освежителните безалкохолни пијалоци треба да биде најмалку 60% м/м (мерено со рефрактометар на 200С), освен за сирупите за освежителни безалкохолни пијалоци без енергетска вредност, со ниска енергетска вредност или намалена енергетска вредност и за сирупите кои се наменети за употреба во пост микс (post-mix) апарати во кои количеството на сува материја треба да биде најмалку 40% (мерено со рефрактометар на 200C), 3) количините на адитивите кои се додаваат во сирупите за освежителните безалкохолни пијалоци треба да бидат во согласност со Правилникот за адитиви што може да се употребуваат за производство на храна. Член 15 Прашоците и пастилите за освежителните безалкохолни пијалоци, треба по растворање во вода да ги содржат сите состојки, по видот и количината, согласно член 2 точка 6 од овој правилник. Член 16 (1) Вкупната содржина на минерални соли во освежителните безалкохолни пијалоци со минерални соли, не може да биде помала од 1000 mg/L, при што содржината на калиум не треба да ја надминува содржината на натриум. (2) Освежителните безалкохолни пијалоци со минерални соли може да содржат минерали во количина кои се дадени во Табела 2: Табела 2 Реден број Име на минерал Дозволено количество во mg/L 1 Натриум Најмногу 1500 2 Калиум Најмногу 500 3 Магнезиум Најмалку 5 4 Калциум Најмногу 100 5 Хлориди Најмногу 1500 (3) Кај пијалоците кои содржат натриум повеќе од 1000 mg/L, означувањето треба да содржи и предупредување со следната содржина: “Производот не треба да се употребува кај препорачана исхрана со редуцирана содржина на натриум“. (4) Предупредувањето од став 3 на овој член, треба да се наоѓа во исто видно поле со името на производот и треба да биде напишано со букви чија големина не треба да биде помала од големината на буквите со кои се означени состојките. Службен весник на РМ, бр. 15 од 25.01.2013 година 5 од 5 Член 17 Методите на земање на мостри и аналитички методи на контрола на квалитетот на храната треба да биде согласно Правилникот за начините на земањето мостри од храна. Член 18 Амбалажата на оригиналното пакување набавена пред денот на влегување во сила на овој правилник продолжува да се користи и по денот на влегување во сила на овој правилник и тоа: стаклена амбалажа со трајно втисната декларација – најмногу до пет години од денот на влегување во сила на овој правилник; метална, алуминиумска и композитна амбалажа со трајно втисната декларација – најмногу 18 месеци од денот на влегување во сила на овој правилник; етикети и останата амбалажа – најмногу 12 месеци од денот на влегување во сила на овој правилник. Член 19 Со денот на влегувањето на сила на овој правилник престанува да се применива Правилникот за квалитетот на освежителните безалкохолни пијачки („Службен лист на СФРЈ“ број 52/83 и 56/83). Член 20 Овој правилник влегува на сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 16 – 3986/7 18 јануари 2013 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р.