Regulation on protection and welfare of animals kept for farm purposes
颁布于 2017-01-05 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за заштита и благосостојба на животните кои се држат за фармски цели.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal welfare, family farming, education, animal production, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 1 од 19 2017003022 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 12 став (5), и член 13 став (5) од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/14, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ КОИ СЕ ДРЖАТ ЗА ФАРМСКИ ЦЕЛИ (*) Глава I Општи одредби Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат условите и минималните стандарди за заштита и благосостојба на фармските животни, персоналот, живеалиштата и опремата како и видот на животните за кои е потребно лицата ангажирани за чување на животните да имаат соодветна обука и тематските области од кои треба да имаат познавања. Член 2 Дефиниции (1) Поимите утврдени во Законот за ветеринарно здравство и Законот за заштита и благосостојба на животните¹ се применуваат и во овој правилник освен доколку со овој правилник не се поинаку дефинирани. (2) Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Теле“ е животно од видот говеда на возраст до шест месеци; 2. “Нерез” е свиња од машки пол, по достигнување на полова зрелост, наменет за размножување; 3. “Назимка” е свиња од женски пол, по достигнување на полова зрелост и пред прасење; 4. “Маторица” е свиња од женски пол по првото прасење; 5. “Опрасена маторица” е свиња од женски пол меѓу перинаталниот период до одбивање на прасињата; 6. “Спрасна маторица”е маторица во период меѓу одобрување на прасињата и перинеталниот период; 7. “Прасе”е животно од видот на свињи во период од раѓање до одбивање; 8. “Одбиено прасе”е животно од видот свињи во периодот од одбивање до возраст од десет недели; 9. “Свиња за одгледување” е свиња на возраст од десет недели до нејзиното колење или парење; () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот бр. 98/58 ЕЗ од 08 Август 1999 година за заштита на животните кои се држат за фармски цели, CELEX бр. 31998L0058; Директивата на Советот бр. 2008/119 ЕЗ од 05 Јануари 2008 година за минимал ните услови за заштита на телињата, CELEX бр. 32008L0119; Директивата на Советот бр. 2008/120 ЕЗ од 18 Февруари 2009 година за минималните услови за заштита на свињите, CELEX бр. 32008L0120; Директивата на Советот бр. 1999/74 ЕЗ од 03 Август 1999 година за минималните услови за заштита на кокошките несилки, CELEX бр. 31999L0074; и Директивата на Советот бр. 2007/43 ЕЗ од 12 Јули 2007 година за минималните услови за заштита на пилињата кои се држат за производство на месо-бројлери, CELEX бр. 32007L00043. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 2 од 19 10. “Кокошки несилки” се кокошки од видот Gallus gallus кои имаат достигнато зрелоста за несење и се чуваат за производство на јајца кои не се наменети за ведење; 11. “Гнездо” е одвоен простор за несење на јајцата наменет за една или група кокошки несилки (групни гнезда). Подот од гнездото не вклучува мрежа од жица која може да дојде во контакт со птиците; 12. “Простирка” е кој било дроблив/растресит материјал кој им овозможува на кокошките несилки да ги задоволат нивните етолошки потреби; 13. “Употреблива површина” е површина која е широка најмалку 30 см со пад на подот кој не надминува 14% и со висина од најмалку 45 см. Како употреблива површина не се смета просторот наменет за гнезда; 14. „Сопственик“ е физичко или правно лице кој го поседува одгледувалиштето за бројлери; 15. „Одгледувалиште за бројлери“ е објект во одгледувалиштето во која се држат бројлерите; 16. „Објект за бројлери“ е објект од цврста градба на одгледувалиште за бројлери во кој се држат бројлерите; 17. „Корисна површина за бројлерите“ е простор со простирка која им је достапна на бројлерите во секое време; 18. „Густина на населеност“ е вкупната телесна тежина на живи бројлерите кои се наоѓаат во објектот за бројлери сметајќи на површина од 1 м2 корисна површина; 19. „Јато“ е група на бројлери кои се наоѓаат во исто време во еден објект за бролери од одгледувалиштето за бролери; 20. „Дневна стапка на смртност на бројлерите“ е односот помеѓу вкупниот број на угинати бројлери во текот на еден ден вклучуваќи ги тие кои се убиени при контрола на болест или други причини поделени со вкупниот број на броjлери во објектот за бројлери во истиот ден помножено со 100 и 21. „Збирна стапка на дневна смртност на бројлерите“ е збирот од дневните стапки на смртност на бројлерите. Глaва II Општи одредби за заштита на животните Оддел I Услови и стандарди за заштита и благосотојба на животните кои се чуваат за фармски цели, персоналот, живеалиштата и опремата Член 3 Општи услови (1) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба, за животните кои се чуваат на начин кај кои нивната благосостојба зависи од честата посета на човекот, да обезбедат животните да бидат прегледани најмалку еднаш дневно. (2) Животните кои се чуваат во системи каде што не е можно да бидат прегледувани најмалку еднаш дневно, треба да се прегледуваат во интервали со цел да се избегне секое страдање на животните. (3) За преглед на животните треба да се обезбеди соодветен извор на светлина кој може да биде статичен или пренослив. (4) Секое повредено или болно животно треба веднаш да се згрижи и доколку неговата здравствена состојба не се подобри треба веднаш да се обезбеди ветеринарно медицинска грижа. Болните и повредените животни треба да се сместат во посебни суви и удобни простори или лежишта. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 3 од 19 (5) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да водат евиденција за секој укажан медицински третман на животните и бројот на најдени угинати единки на секој преглед. (6) Одгледувачите и /или сопствениците треба да водат евиденција во секој објект со бројлери за : 1. број на населени бројлери 2. употреблива површина 3. хибридот или расата на бројлери доколку се познати, 4. најдени угинати единки при секој преглед и доколку е позната причината за смртта како и причината и бројот на убиени бројлери и 5. бројот на бројлери кои остануваат во јатото по продажба или колење на одреден број на бројлери. (7) Евиденцијата од ставовите (5) и (6) на овој член треба да се чува најмалку три години и треба да биде достапна на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). (8) Слободата на движење на животните, имајќи го предвид видот и во согласност со утврденото искуство и научни сознанија за секој вид посебно, не треба да биде ограничена на начин кој предизвикува непотребно страдање или повреда. Доколку животното е постојано или редовно врзано или затворено, треба да му се обезбеди доволно простор за движење соодветно на неговите физиолошки и етолошки потреби во согласност со утврденото искуство и научните сознанија за секој вид посебно. (9) Материјалите, формата, конструкцијата и одржувањето на живеалиштата, објектите и опремата со кои животните доаѓаат во контакт треба лесно да се чистат и дезинфицираат и да не се штетни за животните. (10) Сместувањето и лежиштата за животните треба да бидат конструирани и оддржувани на начин кој обезбедува да нема оштри агли и проекции кои може да ги повредат животните. (11) Инсталациите, загревањето и вентилацијата на објектите треба да обезбедат циркулација на воздухот, ниво на прашина, температура, релативна влажност и концентрација на гасови во граници во кои тие не делуваат штетно на животните. (12) Животните кои се држат во затворени простории не треба да се држат непрекинато на темно или без соодветен период на одмор од вештачко осветлување. Доколку природното осветлување не е доволно за задоволување на физиолошките и етолошките потреби на животните потребно е да се обезбеди соодветно вештачко осветлување. (13) Животните кои не се чуваат во објекти треба да бидат соодветно заштитени од неповолните временски услови, грабливци и од ризик по нивното здравје. (14) Опремата која се користи и која може да има влијание на здравјето и благосостојбата на животните треба да се прегледува најмалку еднаш дневно. Доколку се откријат недостатоци, истите треба веднаш да бидат отстранети или доколку тоа е невозможно, да се превземат соодветни чекори за да се заштити здравјето и благосостојбата на животните. (15) Доколку здравјето и благосостојбата на животните зависат од вештачка вентилација, потребно е да се обезбеди резервен систем кој гарантира доволна вентилација на воздухот заради зачувување на здравјето и благосостојбата на животните во случај на откажување на вентилацискиот систем како и аларм кој ќе алармира во случај на дефект. Алармниот систем треба редовно да се тестира. (16) Животните треба да се хранат со здрава исхрана која е соодветни за видот и старосната категорија на животното и треба да се обезбедува во количества содветни за одржување на нивното здравје како и за нивните нутритивни потреби. На животните не Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 4 од 19 треба да им се дава храна или течност кои можат да предизвикаат непотребно страдање или повреди. Храната и течностите не треба да се даваат на начин кој може да предизвика непотребно страдање и повреди. (17) Одгледувачите и/или сопствениците на животните треба да обезбедат: 1. Сите животни да имаат пристап до храна за животни во интервали соодветни на нивните физиолошки потреби; 2. Сите животни да имаат пристап до соодветни поила за вода или да се во можност да ги задоволат нивните потреби за течности на друг начин; 3. Опремата за хранење и напојување да биде обликувана, конструирана и позиционирана на начин да се минимизира контаминацијата на храната и водата и да се избегнат штетните ефекти од натпреварување меѓу животните и 4. Животните да не бидат третирани со субстанции, освен со оние кои се дадени за терапевтски или профилактични цели или за цели на зоотехнички третман согласно член 2 став (1) точка 7) од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции² или доколку со научни студии за благосостојба на животните или со утврдено искуство е докажано дека ефектот од таа супстанција не е штетен по здравјето или благосостојбата на животните. (18) Не треба да се применуваат природни или вештачки постапки на одгледување на животните кои може да предизвикаат страдање или повреда на животните, со исклучок на примена на одредени постапки кои предизвикуваат минимална или моментална болка или повреда или доколку е потребно да се извршат интервенции кои нема да предизвикаат трајна повреда и се во согласност со прописите од областа на ветеринарното законодавство. (19) Животните не треба да се држат за фармски цели освен кога врз основа на нивниот генотип или фенотип со голема веројатност се очекува дека тие можат да се чуваат без штетни ефекти по нивното здравје и благосостојба. Оддел II Посебни одредби за заштита на животните кои се чуваат за фармски цели Пододдел I Посебни услови за заштита на говедата Член 4 Посебни услови за заштита на телињата (1) Телињата постари од осум недели не треба да бидат затворени во индивидуални лежишта/боксови, освен во случај кога доктор по ветеринарна медицина не утврди дека заради нивното здравје или однесување треба да биде изолирано, заради третман. Ширината на секој индивидуален бокс/лежиште за теле треба да биде најмалку еднаква на должината на телото на телето мерена од врвот на носот до каудалниот крај на tuber ischii помножен со 1.1. Индивидуалните боксови /лежишта за телиња (со исклучок на оние за изолирани болни животни) треба да имаат перфорирани ѕидови кои, треба да овозможат животните да имаат директен визуелен и тактилен контакт. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 5 од 19 (2) Телињата кои се држат во групи, треба да имаат доволно слободен простор за вртење и легнување, и тоа: 1. телињата со тежина до 150 kg жива маса треба да имаат најмалку 1.5 m² простор, 2. телињата со тежина од 150 kg до 220 kg жива маса треба да имаат најмалку 1.7 m² простори 3. телиња со тежина од 220 kg и повеќе жива маса треба да имаат најмалку 1.8 m² простор. (3) Материјалите кои се употребуваат за конструкција на објектот за сместување на телињата, посебно на боксовите и опремата со кои телињата може да дојдат во контакт не треба да бидат штетни за телињата и треба да можат да бидат темелно исчитени и дезинфицирани.Електричните кола и опремата треба да бидат инсталирани во согласност со прописите од областа на безбедноста на електричната опрема и на начин да не предизвикаат струјни удари. (4) Автоматската или механичката опрема која е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на телињата треба да се проверува најмалку еднаш дневно. Доколку се забележат недостатоци, истите веднаш треба да се отстранат, или во случај кога тоа е невозможно треба да се превземат мерки за заштита на здравјето и благосостојбата на телињата додека недостатокот не се отстрани, односно веднаш треба да се употребат алтернативни методи на хранење и напојување и овозможување на задоволителна животна средина за телињата. (5) Телињата не треба постојано да се чуваат во темнина. Треба да се обезбеди соодветно природно или вештачко осветлување при различни климатски услови заради задоволување на етолошките и физиолошките потреби на телињата. При користење на вештачко осветлување, тоа треба да функционира еквивалентно на периодот на природна светлина која во нормални услови е помеѓу 9 и 17 часот. Осветлувањето (статично или преносливо) треба да биде со доволно силен интензитет за да може да обезбеди вршење на преглед на телињата. (6) Телињата сместени во штали треба да се прегледуваат од сопственикот или од лицето кое е одговорно за животните најмалку двапати дневно, а телињата држени надвор треба да бидат прегледани најмалку еднаш дневно. (7) Сместувањето на телињата треба да биде конструирано на начин да овозможува без потешкотии нивно станување, легнување и соодветна грижа. (8) Телињата не треба да бидат врзани, со исклучок на групно сместени телиња кои можат да бидат врзани во период кој не е подолг од еден час за време на хранење со млеко или замена за млеко. Доколку телињата се врзуваат, тоа не треба да предизвикува повреди, треба да биде соодветно прилагодено и редовно надгледувано. Врзувањето треба да биде вршено на начин со кој се избегнува опасноста од гушење или нанесување повреди и кој овозможува движење на телето во согласност со ставот (7) на овој член. (9) Сместувањето, боксовите и целата опрема која се користи за телињата треба да биде соодветно чистена и дезинфицирана за да се избегнат вкрстени инфекции и развој на организми носители на болести. Изметот, урината и растурената храна треба редовно да се одстранува за да се избегне појава на непријатен мирис и да се избегне привлекување на муви и глодари. (10) Подот на кој се држат телињата треба да биде мазен но не лизгав за да се спречи повреда на телињата при стоење или лежење. Подовите треба да бидат прилагодени на големината и тежината на телињата и да формираат рамна, цврста и стабилна површина. Лежиштето треба да биде удобно, чисто и со соодветен начин на исцедување. За телиња до две недели старост, но и за постари телиња се препорачува просторот за лежење, да е покриен со соодветна простирка која треба да е чиста, сува и во доволно дебел слој. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 6 од 19 (11) Сите телиња треба да се хранат соодветно на нивната возраст, тежина, етолошки и физиолошки потреби за да се овозможи добра здравствена состојба и благосостојба. Храната на телињата треба да содржи доволно железо, за да се обезбеди просечна концентрациија на хемоглобин во крвта од најмалку 4,5 mmol/L. За телиња постари од две недели треба да се обезбеди и доволно сува кабаста храна богата со растителни влакна. Дневната количина на кабаста храна треба да се зголемува од 50-250 g дневно за телиња од 8 до 20 неделна старост. (12) Tелињата треба да се хранат најмалку два пати дневно. Доколку телињата се сместени во групи и не се хранат ad libitum или се хранат со помош на автоматски систем за хранење, секое теле треба да има пристап до храната во исто време со другите животни во групата. (13) На секое теле треба да му се даде колострум (или замена за колострум) што е можно побрзо по неговото раѓање, но не подоцна од првите шест часа од животот. (14) Телињата постари од две недели треба да имаат пристап до доволни количества на свежа вода за пиење или да можат да ги задоволат потребите за течности со консумација на други течности. (15) Опремата за хранење и напојување на телињата треба да е дизајнирана, конструирана, оддржувана и поставена на начин со кој се минимализирана контаминацијата на храната и водата. Член 5 Посебни услови за заштита на крави и јуници (1) При слободно сместување, бројот на животните кои се сместени не треба да го премине бројот на индивидуалните лежишта кои се на располагање, односно бројот на места за јадење доколку храна за животни не се дава ad libitum. Формата и димензиите на ходниците и на зоната за движење треба да бидат такви за да се избегне непотребно туркање меѓу животните. (2) Должината на лежиштата треба да овозможи стоење и лежење на цврст под. Индивидуалните лежишта и стојалишта треба да ги овозможат специфичните движења на животните при легнување и станување. (3) Животните не треба да се држат на целосно решеткаста површина. Лежиштето треба да биде покриено со слама или друга погодна простирка со цел да се обезбеди удобност и да се намали опасноста од повреди. (4) На животните треба да им се овозможи излегување од шталите кога за тоа постои можност, а препорачливо е во погодни временски услови секојдневно. Член 6 Посебни услови за заштита на бикови за разможување или тов (1) Доколку биковите се држат во групи, групата не треба да надминува повеќе од 20 животни. Биковите не треба да бидат приклучувани на групи кои се веќе формирани, ниту пак една група да се приклучува кон друга група. Групното држење на рогати бикови или ставање на рогати и обезрожени бикови заедно треба да се избегнува. (2) Доколку биковите се врзани, грбните каиши или ланци треба да бидат прилагодени на начин да се избегне секоја непотребна болка или истоштување на животното. (3) При држење на бикови за приплод треба: Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 7 од 19 1. биковите со просечна големина да имаат најмалку 16 m2 слободна подна површина од индивидуалниот бокс, а биковите потешки од 1000 kgда имаат најмалку 1m2 за секои 60 kg жива маса слободна подна површина од индивидуалниот бокс и 2. просторот за припуст да биде дизајниран, опремен и одржуван на начин со кој се спречуваат повреди на животните. (4) При држење на бикови за тов минималниот простор потребен за групно сместување на бикови со маса од околу 600 kg не треба да биде помал од 3m2 по животно. На биковите треба да им се обезбеди доволен простор за лежење. Пододдел III Посебни услови за заштита на свињите Член 7 Услови и стандарди за различни категории свињи (1) При држење на свињи објектите и просториите за сместување треба да ги исполнуваат следните услови: 1. Слободна подна површина која треба да е на располагање за секое одбиено прасе или прасиња за одгледување кои се држат во група, со исклучок на назимки по оплодување и маторици треба да биде во согласност со површините дадени во Табелата: 2. Во случај на групно држење вкупната расположива слободна подна површина треба да изнесува: a) 1,64 m2 за секоја назимка по оплодување; б) 2,25 m2 за секоја маторица. (2) Во случај кога животните од ставот (1) точка 2 потточки а) и б) од овој член се држат во групи помали од шест индивидуи, расположливата слободна подна површина треба да биде зголемена за 10% додека кога животните се чуваат во групи од 40 или повеќе индивидуи, расположливата слободна подна површина може да се намали за 10%; (3) Површината на подот треба да ги исполнува следниве услови: 1. За назимки по оплодување делот од површината пропишана во став (1) точка 2 потточка а) на овој член треба да биде еднаква или поголема од 0,95 m2, а за спрасни маторици делот од површината пропишана во став (1) точка 2, потточка б) од овој член, треба да биде еднаква или поголема од 1,3 m2. Оваа површина треба да биде изградена од цврст под од кој најмногу 15% да биде за отворите за дренажа. 2. Во случај кога свињите се држат групно на бетонски и решеткаст под истиот треба да биде со: Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 8 од 19 a) максималната ширина на отворите за дренажа: 11 mm за прасиња; 14 mm за одбиени прасиња; 18 mm за свињи за одгледување и 20 mm за назимки по оплодување и маторици. б) минималната ширина на решетките: 50 mm за прасиња и одбиени прасиња и 80 mm за свињи за одгледување, назимки по оплодување и маторици. (4) Свињите не треба да се држат врзани. (5) Маториците и назимките треба да се држат во групи во периодот кој започнува четири недели по оплодувањето до една недела пред очекуваното време на прасење. Страните на боксовите каде се држи групата треба да бидат подолги од 2,8 m. Доколку групата ја сочинуваат помалку од шест животни, страните на боксовите треба да бидат подолги од 2,4 m. (6) По исклучок од одредбите од став (5) на овој член, маториците и назимките држани на одгледувалишта со помалку од десет маторици можат да се држат индивидуално за време на периодот наведен во став (5) на овој член, доколку тие можат лесно да се свртат во нивните боксови. (7) Свињите треба да имаат постојан пристап до доволна количина на материјал со кој им се овозможува соодветно проучување и манипулација. Материјалот за манипулација не треба да им го загрозува здравјето на свињите и може да биде: слама, сено, дрво, струготини, компост од печурки, тресет или нивна мешавина. (8) Маториците и назимките кои се држат во групи треба да се хранат со користење на систем кој обезбедува секоја индивидуа да може да добие доволно храна дури и во присуство на конкуренција.За да го задоволат гладот и потребата за џвакање, на сите пресушени спрасни маторици и назимки треба да им се даде доволно квалитетна кабаста храна или храна со висока концентрација на сурово влакно, како и високо енергетска храна. (9) Свињите кои се држат во групи а се особено агресивни, биле нападнати од други свињи или се болни или повредени, можат привремено да се чуваат во индивидуални боксови. Во таков случај, доколку тоа не е спротивно со препораките на доктор по ветеринарна медицина на животното треба да му се овозможи во индивидуалниот бокс лесно да се врти. (10) Лицата ангажирани за чување на свињите треба да имаат сертификат кој е признат од Агенцијата со кој се потврдува дека лицето има поминато обука за условите за чување и одгледување на свињи наведени во ставовите (1), (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9) на овој член и членовите 8 и 9 на овој правилник. Член 8 Посебни одредби за условите на чување и одгледување на свињи (1) Во делот на објектот каде постојано се држат свињите, треба да се избегне степен на бучава со јачина појака од 85 dBA, како и да се избегнува постојана или ненадејна бучава. (2) Свињите треба да се држат на светлина со интензитет од најмалку 40 lux, во период не пократок од осум часа дневно. (3) Живеалиштата за свињите треба да бидат конструирани на начин кој им овозможуват на животните да: 1. Имаат пристап до лежишта кои се удобни, суви и чисти и се со површина доволна сите животни да може да лежат во исто време; Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 9 од 19 2. Се одмараат и стануваат нормално и 3. Ги гледаат другите свињи. (4) По исклучок од став (3) точка 3 од овој член во текот на неделата пред очекуваното прасење и за време на прасењето назимките и маториците може да се држат изолирано надвор од видокругот на другите животни. (5) Подовите треба да се мазни, но не лизгави за да се намали ризикот од повреди и да бидат конструирани и оддржувани на начин кој нема да предизвикува страдање и повреди кај свињите. Подовите треба да се соодветни на големината и тежината на свињите и тие треба формираат крута, рамна и стабилна површина. (6) Свињите треба да се хранат најмалку еднаш дневно. Кога свињите се хранат во групи и кога храната не се дава ad libitum секоја свиња треба да има пристап до храна во исто време со останатите свињи од групата. (7) Сите свињи постари од две недели треба да имаат пристап до доволна количина на свежа вода за пиење. Член 9 Посебни одредби за условите на чување и одгледување на одредени категории свињи (1) При одгледување и чување на нерези наменети за размножување треба да бидат исполнети следните услови: 1. Боксовите каде се држат нерезите треба да бидат конструирани на начин со кој можат лесно да се свртат и да можат да ги намирисаат и слушнат другите свињи. Минималната слободна подна површина треба да биде најмалку 6 m² и 2. Доколку боксот за нерези се користи и како бокс за оплодување, подната површина без никакви препреки треба да изнесува најмалку 10 m². (2) При одгледување и чување на назимки и маторици треба да бидат исполнети следниве услови: 1. Одгледувачот треба да им овозможи нормални социјални интеракции и да ја минимизира појавата на агресивност; 2. Доколку е потребно, спрасните маторици и назимки треба да бидат третирани против надворешни и внатрешни паразити. Доколку тие се сместени во боксови за породување, спрасните маторици и назимки треба да бидат темелно исчистени; 3. Во неделата пред очекуваното време на опрасување на маториците и назимките треба да им се обезбеди соодветен материјал во доволна количина за формирање легло доколку тоа не е во спротивност со начинот на изѓубрување во објектите каде се држат свињите; 4. При породување позади назимката или маторицата треба да има слободна површина за да се овозможи природно опрасување или да се пружи помош кога за тоа ќе има потреба и 5. Во прасилиштата, каде маториците се држат слободно, треба да има огради како средства за заштита на прасињата. (3) За одгледување и чување на прасиња треба да бидат исполнети следните услови: 1. Дел од подот, доволен да овозможи сите животни да се одмараат заедно, треба да е цврст или покриен со цврста простирка, односно покриен со слама или друг соодветен материјал; 2. Доколку се користи легло за прасињата потребно е тоа да биде доволно големо да овозможи прасињата да цицаат и 3. Прасињата не смеат да се одбијат од маторицата пред возраст од 28 дена, освен во случаи кога нивната или здравствена состојба и благосостојба на маторицата се загрозени. Прасињата можат да се одбијат од цицање и одвојат од маториците најмногу седум дена порано, доколку се преместат во специјализирани боксови кои се испразнети и потполно исчистени и дезинфицирани пред внесувањето на нова група. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 10 од 19 (4) При држењето на одбиени прасиња и прасиња за одгледување треба да се примени следново: 1. Доколку одбиените прасиња или прасињата за одгледување се држат во групи потребно е да се преземат мерки за да се спречат борбите кои го надминуваат нормалното однесување; 2. Доколку се јават знаци на јаки борби потребно е веднаш да се испита причината и да се преземат соодветни корективни мерки како што е обезбедување на доволна количина на слама доколку е тоа можно или друг тип на манипулативен материјал за животните. Загрозените животни или поединечните агресивни животни треба да се држат одвоено од групата; 3. Употребата на средства за смирување со цел да се овозможи мешање треба да се ограничи на исклучителни околности и само по совет од доктор по ветеринарна медицина; 4. Мешањето на прасињата треба да биде минимализирано колку што е можно повеќе и 5. Доколку има потреба да се мешаат прасиња кои се непознати едни на други, тоа треба да биде направено на порана возраст, најдобро пред или една недела по одбивањето. Треба да се мешаат групи со приближно еднаква големина. Кога прасињата се мешаат тие треба да имаат можност да побегнат и да се скријат од другите свињи. Секое мешање треба внимателно да се надгледува. Пододдел III Посебни услови за заштита на кокошки несилки Член 10 Услови за благосостојба на кокошки несилки (1) Во зависност од начинот на кој се држат кокошките несилки, сопственикот и/или одгледувачот покрај општите услови за благосостојба на животните од Законот за заштита и благосостојба на животните¹ и условите утврдени во членовите 3 и 14 на овој правилник, треба да ги исполнат и следните посебни услови: 1. за алтернативен систем, условите од член 11 на овој правилник; 2. за основен кафезен систем, условите од член 12 на овој правилник и 3. за подобрен кафезен систем, условите од член 13 на овој правилник. (2) Условите од став (1) на овој член, со исклучок на условите од Законот за заштита и благосостојба на животните¹ и членовите 3 и 14 на овој правилник, не се применуваат на: 1. објекти во кои се држат помалку од 350 несилки и 2. објекти за размножување и одгледување на родителски јата. Член 11 Одгледување кокошки несилки во алтернативни системи (1) Одгледувачот и/или сопственикот на кокошки несилки треба за алтернативните системи за држење на кокошки несилки да обезбеди: 1. Линеарнихранилки со кои се обезбедува најмалку 10 cm од хранилката по кокошка или циркуларни хранилки со кои се обезбедува најмалку 4 cm од хранилката по кокошка; 2. Континуирани поилки со кои се обезбедува најмалку 2,5 cm од поилката по кокошка или циркуларни поилки со кои се обезбедува најмалку 1 cm од поилката по кокошка. Доколку се користат поилки со нипли или чашки треба да има најмалку една нипла или чашка за секои десет кокошки. Доколку местата за напојување се поврзани линеарно, најмалку две чашки или две поилки со нипли треба да бидат достапни на секоја кокошка; Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 11 од 19 3. Секои седум кокошки треба да има на располагање барем едно гнездо. Доколку се користат групни гнезда, треба да има барем 1 m2 простор за гнездо за најмногу 120 кокошки; 4. Соодветни пречки за одмор на кокошките кои треба да бидат без остри агли и најмалку 15 cm по кокошка. Пречките за одмор на кокошките не треба да бидат поставени над просторот за претање каде се можни колвања и гребења, а хоризонталната оддалеченост помеѓупречките за одмор на кокошките треба да биде најмалку 30 cm. Хоризонталната оддалеченост помеѓу пречките за одмор на кокошките и ѕидот треба да биде најмалку 20 cm и 5. Секоја кокошка несилка треба да има на располагање најмалку 250 cm2 површина за претање каде се можни колвања и гребење која треба да зафаќа најмалку една третина од подната површина. (2) Подовите треба да бидат такви да обезбедат несилката да стои со сите три предни канџи потпрени на подлогата. (3) Покрај условите од ставовите (1) и (2) на овој член доколку се користат системи за одгледување каде кокошките несилки можат да се движат слободно помеѓу разни нивоа одгледувачите и/или сопствениците на кокошки несилки треба да ги исполнат и следните услови: 1. Не треба да има повеќе од четири нивоа; 2. Слободниот простор помеѓу нивоата треба да биде најмалку 45 cm; 3. Опремата за напојување и хранење треба да биде позиционирана на начин да обезбеди подеднаков пристап за сите кокошки и 4. Нивоата треба да бидат така поставени да спречат изметот да паѓа на нивоата подоле. (4) Доколку кокошките несилки имаат пристап до отворени испусти истите треба да имаат неколку отвори кои овозможуваат директен излез кон испустите. Отворите треба да бидат најмалку 35 cm високи и 40 cm широки и распространети долж целата должина на објектот. Вкупната површина на отворите треба да биде најмалку со должина од 2 m на 1000 кокошки. Отворените испусти треба да се со доволна површина согласно на густината на населеност на кокошките несилки и во зависност од типот на подлогата да се спречи било каква контаминација и да се опремени со засолниште од непогодни временски услови и предатори, и доколку е неопходно, да се постават соодветни поилки. (5) Густината на населеност на кокошките несилки не треба да надминува девет кокошки на m2 од расположивата подна површина. Член 12 Одгледување кокошки несилки во основен кафезен систем За кокошките несилки кои се одгледуваат во основен кафезен ситем треба да се обезбеди: 1. За секоја кокошка несилка да има најмалку 550 cm2 слободна подна површина, измерен во хоризонтална рамнина на кафезот, кој може да се користи без ограничување, не вклучувајќи ги плочите кои служат за заштита на јајцата од колвање или валкање доколку ја ограничуваат расположливата површина. 2. Хранилки кои можат да се користат без ограничување. На секоја кокошка несилка во кафезот треба да има расположливи најмалку по 10 cm должина од хранилката; 3. Доколку не се обезбедени поилки со нипли или поилки со чашки, секој кафез треба да има континуиран канал за напојување со иста должина како и хранилките наведени во точка 2 на овој член. Доколку поилките се поврзани линеарно најмалку две поилки со нипли или две чашки треба да се достапни во секој кафез; Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 12 од 19 4. Кафезите треба да бидат најмалку 40 cm високи во 65 % од просторот на кафезот, и не помалку од 35 cm високи во секоја точка од кафезот. 5. Подовите на кафезите треба да обезбедат несилката да стои со сите три предни канџи потпрени на подлогата. Нагибот на кафезот не треба да биде поголем од 14 % односно 8°. Може да се употребуваат и кафези со поголем нагиб доколку не се изградени од правоаголна жичана мрежа. 6. Во кафезите треба да има поставено соодветни направи за скратување на канџите. Член 13 Одгледување кокошки несилки во подобрен кафезен систем (1) За кокошките несилки кои се одгледуваат во подобрен кафезен систем треба да се обезбеди: 1. За секоја кокошка несилка најмалку 750 cm2 слободна подна површина, од кој 600 cm2 треба да биде употреблива површина. Висината на кафезот, освен над употребливата површина, треба да биде висока најмалку 20 cm во секоја точка на кафезот. Вкупната површина на кафезот не треба да е помала од 2000 cm2; 2. Гнездо; 3. Простор за претање каде се можни колвања и гребења и 4. Соодветни пречки за одмор на кокошките најмалку 15 cm по кокошка. (2) Во кафезот треба да има хранилки кои можат да се користат без ограничување. На секоја кокошка несилка во кафезот треба да и е на располагање најмалку по 12 cm должина од хранилката. (3) Секој кафез треба да има систем за напојување соодветен на бројот на животни во кафезот. Таму каде се обезбедени поилки со нипли, барем две поилки со нипли или две чашки треба да бидат на дофат на секоја кокошка. (4) За да се овозможи преглед на кокошките несилки, внесување и изнесување на кокошките, минималната ширина помеѓу редовите на кафезите треба да биде 90 cm и просторот сметан од дното на најдолниот кафез и подот треба да е најмалку 35 cm. (5) Во кафезите треба да има поставено соодветни направи за скратување на канџите. Член 14 Дополнителни стандарди за одгледување на кокошки несилки (1) Сите кокошки несилки треба да се прегледаат од страна на сопствениците или одговорните лица најмалку еднаш дневно. (2) Јачината на бучавата треба да се оддржува во минимални вредности. Кокошките не треба да се изложуваат на постојана или ненадејна бучава. Вентилаторите, опремата за хранење и другата опрема треба да бидат конструирани, да функционираат и да се одржуваат на начин кој ќе предизвикува најмала можна бучава. (3) Објектот треба да има доволно осветлување да овозможи несилките јасно меѓусебно да се гледаат, да ја гледаат нивната околина и да покажуваат нормално ниво на активност. Доколку објектот се осветлува со природна светлина таа треба да биде рамномерно дистрибуирана во објектот; (4) Во првите денови по сместување на несилките, режимот на осветлување треба да е таков да спречува здравствени и етолошки проблеми. Тој треба да функционира 24 часа и да вклучува доволен непрекинат период на темнина кој трае околу една третина од денот, за да им се овозможи на несилките да се одмараат и да се избегнат проблемите како што се имуносупресија и аномалии на очите. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 13 од 19 (5) Во објектите каде се држат животните осветлувањето не треба нагло да се прекинува. Кога треба да се изгасне светлото тоа треба да е на начин да постепено се затемнува, времето на затемнување треба да е доволно долго да кокошките можат да се смират без вознемирување или повреда. (6) Сите делови од објектите и опремата кои може да дојдат во контакт со кокошките треба да се чистат и дезинфицираат редовно и во секој случај кога се врши депопулација или пред внес на нова група кокошки несилки во објектите. Додека објектот е населен со кокошки опремата, кафезите просториите и останатите површини треба да бидат соодветно исчистени. (7) Изметот треба да се отстранува што е можно почесто, а угинатите кокошки мора да се отстрануваат секој ден. (8) Кафезите треба да бидат соодветно конструирани за да се спречи излегување на кокошките. (9) Доколку сместувањето на кокошките несилки е на повеќе спратови треба да се има на располагање опрема за непречено надгледување и отстранување на кокошките. (10) Формата и димензиите на вратите на кафезите треба да овозможат отстранување на возрасна кокошка без нанесување на непотребно страдање или повреда. Пододдел IV Посебни услови за заштита на бројлери Член 15 Услови за благосостојба на бројлерите (1) Условите утврдени во ставовите (3), (4) и (5) од овој член како и во членовите 16, 17, 18 и 19 на овој правилник не се однесуваат на: 1. Одгледувалишта во кои се држат помалку од 500 бројлери, 2. Одгледувалишта за размножување и одгледување на родителски јата, 3. Инкубаторски станици, 4. Бројлери кои се држат екстензивно во затворен објект (одгледано во затворено) и слободен начин на одгледување во согласност со член 6, 7, 8 и 9 од Правилникот за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на ладење и начинот на одгледување, ознаките и нивната употреба³ и 5. Бројлери кои се држат во систем на одгледување на органско производство во согласност со Законот за органско земјоделско производство⁴. (2) Oдредбите утврдени во ставовите (3), (4) и (5) од овој член како и одредбите на членовите 16, 17, 18 и 19 на овој правилник се применуваат на јатото за одгледување во случај кога на одгледувалиштето има и родителски јата и јата за одгледување. (3) Сопствениците и/или одгледувачите на бројлери треба да обезбедат објектите за бројлери да ги исполнуваат условите наведени во член 17 на овој правилник. (4) Максималната густина на населеност во објектите за бројлери во одгледувалиштето не треба да надминува 33 kg/m² жива маса . (5) По исклучок на ставот (4) на овој член бројлерите може да се држат во поголеми густини на населеност доколку сопствениците и/или одгледувачите на бројлери ги исполнуваат одредбите наведени во член 18 на овој правилник. Максималната густина на населеност, во тој случај не треба да надминува 39 kg/m² жива маса. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 14 од 19 Член 16 Обука Одговорното лице на одгледувалиштата за бројлери треба да има завршено обука и да поседува сертификат наведен во член 13 од Законот за заштита и благосостојба на животните¹ со кој се потврдува дека има поминато обука особено од следните области: 1. условите за одгледувалишта на бројлери и начин на постапување во услови на зголемена густина на населеност во објектит за бројлери, 2. физиологија на бројлерите особено физиолошките потреби за храна и вода, однесувањето на бројлерите како и физиологија на стресот, 3. практични аспекти за постапки со животните, заловување натовар, истовар и транспорт, 4. итна нега, хумано колење и колење од нужда и 5. превентивни и основни биосигурносни мерки. Член 17 Услови за одгледувалишта за бројлери (1) Поилките во објектите за бројлерите треба да бидат одржувани и поставени на начин со кој непотребното протекување на вода е минимизирано. (2) Бројлерите треба да имаат континуиран пристап на храна или храната да им се дава во оброци. Максимален период на ограничување на пристап до храна на бројлерите е 12 часа од предвиденото време на колење. (3) Бројлерите треба да имаат пристап до сува простирка која е ронлива и растресита на површината. (4) Вентилацијата во објектите треба да има доволно капацитет да може да превенира прекумерно загревање и во комбинација со системите за загревање да ја отстранува прекумерната влажност. (5) Нивото на бучава во објектите треба да е минимално. Вентилаторите, опремата за хранење, и другата опрема треба да бидат направени, поставени и работат на начин со кој продуцираат ниско ниво на бучава. (6) За време на периодите со светлина во објектите за бројлери, мерено во висина на окото на бројлерот интензитетот на светлината не треба да е понизок од 20 lux. Светлината треба да осветлува најмалку 80 % од корисната површина. Во согласност со дадена препорака од страна на доктор по ветеринарна медицина може привремено да се намали интензитетот на светлина во објектите за бројлери. (7) За време сметано по првите седум дена од населување на бројлерите во објектите до три дена пред предвиденото време за колење, во објектите треба да има воспоставен 24 часовен светлосен режим од кои најмалку вкупно шест часа треба да се темнина и тоа најмалку четири часа треба да се континуирана темнина. Како период на темнина не се смета периодот на постепено затемнување на светлината во објектите. (8) Сите бројлери во објектите треба да се прегледаат од страна на сопствениците и/или одгледувачите најмалку два пати дневно и за тоа треба да се води уредна евиденција. При прегледот треба особено да се внимава на знаци кои индицираат на лоша здравствена состојба на бројлерите. Бројлерите кои имаат потешки повреди и очигледно страдаат односно имаат потешкотии во одењето, сериозен асцитес или сериозни малформации треба или да добијат соодветна ветеринарно медицинска грижа или да се убијат на хуман начин. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 15 од 19 (9) Сите површини и опрема која доаѓа во контакт со бројлерите за време на нивното држење треба темелно да се исчистат и дезинфицираат по депопулацијата и пред населување со нови бројлери во објектите. По депопулацијата, треба да се отстрани и простирката, а пред населувањето со нова популација треба да се постави нова и чиста простирка. Член 18 Начин на постапување во услови на зголемени густини на населеност во објектите за бројлери (1) Сопствениците и/или одгледувачите на бројлери треба да ја известат Агенцијата доколку планираат да ја зголемат густината на населеност на бројлерите во објектите повеќе од 33 kg/m² жива маса. (2) Сопствениците и/или одгледувачите на бројлери треба да ја известат Агенцијата најмалку 15 дена пред населување на јатото во објектите за планираните активности наведени во ставот (1) на овој член. (3) Во прилог на известувањето од ставот (2) на овој член сопствениците и/или одгледувачите на бројлери до Агенцијата треба да достават и сумарна информација од документацијата наведена во ставот (4) на овој член. (4) Сопствениците и/или одгледувачите на бројлери во одгледувалиштето треба да води и да има на увид документација со која во детали се опишуваат техничките детали за објектите и опремата и тоа најмалку следните документи: 1. Архитектонски нацрт на објектот со јасно назначени димензии и плоштината на подните површини расположиви за бројлерите, 2. Системот за вентилација и доколку има систем за ладење и греење вклучувајќи ја нивната поставеност, план за вентилацијата детални целни вредности на квалитет на воздухот како што е протокот и брзината на проток на воздухот и температурата во објектите, 3. Системите за хранење и напојување и нивната позиција во објектот 4. Алармните системи и резервните системи за опремата која е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на бројлерите, 5. Типот на под и простирката. (5) Документацијата од ставот (4) на овој член треба да биде достапна на барање на Агенцијата и истата треба редовно да се ажурира. Треба редовно да се води запис за техничкиот преглед на системот за вентилација и алармниот систем. (6) Доколку сопствениците и/или одгледувачите на бројлери вршат било каква измена на процедурите, опремата и објектите за бројлерите кои се од значење за благосостојбата на бројлерите треба веднаш да ја известат Агенцијата. (7) Сопствениците и/или одгледувачите на бројлери треба во објектите за бројлери да имаат инсталирано систем за вентилација и доколку е потребно систем за загревање и ладење кои во објектите за бројлери треба да обезбедат: 1. Максималната концентрација на амоњак (NH₃) да е 20 ppm,мерено во висина на главата на бројлерите 2. Максималната концентрација на јаглерод диоксид (CO₂) да е 3000ppm, мерено во висина на главата на бројлерите, 3. Температурата да не ја надминува надворешната температура за повеќе од 3⁰C , кога надворешната температура мерена во сенка е 30⁰C и 4. Просечната релативна влажност мерена за време од 48 часа да не надминува 70% кога надворешната температура е пониска од 10 ⁰C. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 16 од 19 Член 19 Мониторинг и следење во кланиците (1) Бројлерите одгледувани во системи за одгледување каде густината на населеност е поголема од 33 kg/m² жива маса при прием во кланица треба да бидат придружувани со документација за дневната смртност пресметана од сопствениците и/или одгледувачите на бројлери како и хибридот или расата на бројлерите. (2) Под надзор на официјален ветеринар документацијата од ставот (1) на овој член како и бројот на најдени мртви бројлери при приемот во кланица треба да се евидентира како и да се забележи одгледувалиштето и објектот за бројлери од одгледувалиштето. Веродостојноста на податоците и кумулативната дневна смртност се проверува на начин што се зема во предвид бројот на заклани бројлери и бројот на најдени мртви бројлери при приемот во кланицата. (3) За време на официјалната контрола од страна на официјалниот ветеринар треба да се изврши проценка на пост мортем наодот со цел да ги идентификува знаците за лоша благосостојба. Официјалниот ветеринар треба да забележи дали на труповите има појава на абнормални нивоа на контактен дерматитис, инфестација со паразити и системски заболувања на бројлерите од местото на потекло. (4) Доколку дневната смртност од ставот (1) на овој член и наодот од ставот (3) на овој член укажуваат на лоша благосостојба, официјалниот ветеринар треба да му укаже на сопственикот и/или одгледувачот на бројлерите, како и за истото да ја извести Агенцијата. Оддел III Осакатување Член 20 Интервенции кај говедата (1) При вршење интервенции кај говедата не треба да дојде до губење на значително количество на ткиво или модификација на структурата на коските и не треба да се врши: а) модификација или отсекување на јазикот; б) обезрожување со други средства, освен со хируршко отстранување на роговите и в) кратење на опашките. (2) По исклучок, интервенциите од став (1) на овој член се дозволени во медицинско ветеринарни цели. (3) Доколу e во интерес на животните или кога е неопходно за заштита на луѓето кои се во близок контакт со животните, следните интервенции може да се вршат под условите наведени во ставовите (5) и (6) од овој член: а) уништување или отстранување на зоната за создавање на рогови во рана фаза за да се избегне обезрожувањето; б) обезрожување извршено со хируршко отстранување на роговите и в) ставање на носни алки на бикови и крави и (4) Следните интервенции треба да се избегнуваат, но можат да бидат спроведени само во согласност со ставовите (5) и (6) од овој член: а) кастрација на бикови и бикови - телиња, по можност со хируршко отстранување на тестисите, но не со методи кои предизвикуваат непотребна или продолжена болка и исцрпеност; б) ојаловување на крави за товење и в) засекување или перфорирање на ушите на животните доколку е пропишано или дозволено со закон. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 17 од 19 (5) Постапките кои ќе предизвикаат, или е веројатно дека ќе предизвикаат значителна болка кај животните, треба да се извршуваат со користење на општа или локална анестезија од страна на доктор по ветеринарна медицина. Овие постапки вклучуваат ојаловување, обезрожување со хируршки средства или топлотна каутеризација на животни постари од четири недели, кастрација и вазектомија. (6) Постапките за кои не е потребна анестезија треба да бидат изведени од квалификувани лица на начин со кој ќе се избегне непотребна или продолжена болка или истоштување на животните. Овие постапки вклучуваат: а) уништување или отстранување на зоната за создавање на рогови кај животни кои не се постари од четири недели: со хемиска каутеризација или со топлотна каутеризација под услов тоа да е направено со инструмент кој барем за десет секунди произведува доволно топлина; б) ставање на носни алки на бикови и крави и в) засекување или перфорирање на ушите на животните. Член 21 Интервенции кај свињите (1) При вршење интервенции кај свињите не треба да дојде до оштетување или до губење на сензитивен дел на телото или до промена на структурата на коските. (2) По исклучок од став (1), интервенциите со кои може да дојде оштетување или до губење на сензитивен дел на телото или до промена на структурата на коските, може да се вршат само: а) за терапевтски или дијагностички цели и б) за идентификација на свињите согласно со Законот за идентификација и регистрација на животните. (3) Кај свињите може да се вршат следните интервенции: а) еднообразно смалување на забите со брусење или сечење најдоцна до седмиот ден од животот на прасињата при што треба да се создаде неповредена мазна површина и, за да се спречи повреда кај другите животни, луѓето или други безбедносни причини, може да се скратат и очњаците на нерезите; б) скратување на дел од опашот и в) хируршка кастрација на мажјаци. (4) Скратувањето на опашот и забите не треба да се спроведува како рутинска мерка, туку само кога постојат докази дека има повреди на вимето на маторицата или ушите и опашките на другите свињи. Пред спроведување на интервенциите треба да се превземат соодветни мерки за да се превенира гризењето на опашките или другите лоши навики, при што треба да се земе во предвид начинот на држење и густината на населеност. (5) Интервенциите со кои може да дојде до оштетување или до губење на сензитивен дел на телото или до промена на структурата на коските треба да ги извршува доктор по ветеринарна медицина или лице од членот 7 став (10) на овој правилник кое има искуство за вршење на зафатите со соодветни средства и под хигиенски услови. Доколку интервенциите од став (3) точки б) и в) на овој член се вршат по седмиот ден од животот на прасињата, треба да ги извршува доктор по ветеринарна медицина со примена на анестезија и аналгезија со продолжено дејство. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 18 од 19 Член 22 Интервенции кај кокошки несилки Кај кокошките несилки, со цел да се превенира колвањето на пердувите и канибализмот, може да се изврши сечење на клунот на пилиња помлади од десет дена, од страна на квалификувано лице под надзор на доктор по ветеринарна медицина. Член 23 Интервенции кај бројлери (1) Кај бројлери, со цел да се превенира колвањето на пердувите и канибализмот, може да се изврши сечење на клунот на пилиња помлади од десет дена, само доколку се исцрпени сите мерки за превенција, од страна на квалификувано лице под надзор на доктор по ветеринарна медицина. (2) Кастрацијата на бројлери ја врши доктор по ветеринарна медицина. Глaва III Завршни одредби Член 24 Преодни одредби Одредбите на член 12 став (1) точки 4, 5 и 6 на овој правилник ќе отпочнат да се применуваат по пет години од денот на влегувањето во сила на овој правилник. Член 25 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/09”). Член 26 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 09-41/1 Агенција за храна 5 јануари 2017 година и ветеринарство Скопје Директор, м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 3 од 12.1.2017 година 19 од 19 ¹Законот за заштита и благосотојба на животните и членовите 1 и 2 на овој правилник е усогласен со Директивата на советот (ЕЦ) Бр. 98/58 од 08 Август 1999 година за заштита на животните кои се држат за фармски цели. ²Членот 2 став (1) точка 7) од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции е усогласен со членот 1 (2) (c) од Директивата на советот 96/22 ЕЗ од 29 Април 1996 година во врска со забрана за употреба на одредени супстанции кои имаат хормонално и тиреостатско дејствово и бета агонисти во одгледувањето на животни. ³ Членовите 6, 7, 8 и 9 од Правилникот за дополнително идентификување на месото од живина наменето за пазар во однос на начинот на ладење и начинот на одгледување, ознаките и нивната употреба е усогласен со точките (b), (c), (d) и (e) од анекс V на Регулативата на советот 543/2008 ЕЗ од 16 Јуни 2008 година во која се пропишани детални правила за примена на регулативата на советот ЕЗ 1234/2007 во однос на маркетинг стандарди за месо од живина. ⁴ Законот за органско земјоделско производство е усогласен со Регулативата на советот 834/2007 ЕЗ од 28 Јуни 2007 година за органско производство и означување на органски производи и за укинување на Регулативата ЕЕЗ 2092/91.