Regulation on procedures and methods for testing the diversity, uniformity and stability of agricultural plant variety (Dus-test)
颁布于 2010-07-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за постапките и методите за испитување на различност, еднообразност и стабилност на сортата (Dus-тест) кај земјоделските растенија.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- inspection, plant protection, plant variety, procedural matters, processing/handling
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
20 август 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 110 - Стр. 19 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 2136. Врз основа на член 40 став 7 од Законот за семен ски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија” бр. 39/06 и 89/08), министерот за земјоделство, шумарство и во достопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСТАПКИТЕ И МЕТОДИТЕ ЗА ИСПИТУВА ЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТ, ЕДНООБРАЗНОСТ И СТАБИЛНОСТ НА СОРТАТА (DUS-ТЕСТ) КАЈ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РАСТЕНИЈА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Содржина на правилникот Со овој правилник се пропишуваат постапките и методите за испитување на различноста, еднообразно ста и стабилноста на нови сорти земјоделски растенија за заштита на нова сорта. II. ПОСТАПКА ЗА ИСПИТУВАЊЕ Член 2 Постапките и методите за испитување на различно ста, еднообразноста и стабилноста на нови сорти земјо делски растенија (во понатамошниот текст: DUS-тест), опфаќаат полски и лабораториски испитувања, кои се извршуваат според општо важечки методи, а се во сог ласност со техничките упатства и барањата на Меѓуна родната Конвенција за заштита на нови сорти (во по натамошниот текст: UPOV-Конвенција). За извршување на DUS-тестот за нова сорта, Упра вата може да одреди и изведувачи од странски земји, потписнички на UPOV-Конвенцијата, односно на орга низации во кои Република Македонија пристапила во членство и доколку изведувачот е овластен од соодвет ната држава за изведувач. Изборот на странскиот изведувач се врши врз осно ва на споредбени показатели за сличност на агроеколо шките услови како и во Република Македонија. Меѓусебните обврски помеѓу Управата и изведува чите се уредуваат со меѓусебен договор. Управата до изведувачот доставува копии од тех ничкото упатство и пријавата за заштита на нова сорта. Член 3 Во случај кога Управата за некоја нова сорта не мо же да одреди изведувач на DUS-тест во Република Ма кедонија или во некоја земја потписничка на UPOV Конвенцијата, на барање на Управата, пријавувачот сам или некој друг, со негово овластување, ги органи зира испитувањата за DUS-тестот. Доколку, за некоја сорта не постои практично искуство, ниту техничко упатство во некоја друга зем ја, Управата изработува упатства за DUS-тест на нова та сорта во склад со општите упатства. Во тој случај Управата е должна да ја информира UPOV за примена та на таквите упатства. Пред започнувањето на испитувањата, Управата мора да ги објави техничките упатства и да го овласти изведувачот. Член 4 Пријавувачот поднесува пријава за DUS-тест за за штита на нова сорта. Пријавата се поднесува за секоја сорта посебно на образец даден во Прилог 1 , кој е составен дел на овој правилник. Управата го известува пријавувачот за потребните количества и квалитет на семето или садниот матери јал за DUS-тест, адресата на која се доставува семен скиот или садниот материјал и рокот за доставување. Пријавувачот е должен да ја обезбеди целокупната потребна документација, кога испитувањата се вршат надвор од земјата. Член 5 Семето или садниот материјал за DUS-тест се до ставува нетретирано, со исклучок доколку изведувачот бара или дозволи негово третирање. Доколку е извршено третирање, пријавувачот до ставува писмена информација. Член 6 DUS-тестот за испитување на нова сорта во опитно поле трае најмаку две години, односно две вегетациски сезони. Испитувањата можат да се продолжат на три годи ни, доколку е потребно да се потврди различноста на новата сорта. Испитувањата се изведуваат на едно опитно поле. Доколку некое значајно својство не може да се истакне на одредената локација (опитно поле), сортата може да биде испитувана и на дополнителна локација (опитно поле). Во опитот за DUS-тест се вклучуваат новите сорти (во понатамошен текст: сорти кандидати) и сорти од референтната колекција. Сортите кандидати се споредуваат со сортите од ре ферентната колекција за утврдување на различноста. Стандардните сорти од референтната колекција се наведени во техничкото упатство. Споредбените сорти се избираат врз основа на по датоците од пријавата за признавање на нова сорта. Референтната колекција се состои од: 1. сорти кои се застапени во производството во Ре публика Македонија; 2. други општо познати сорти кои се наоѓаат во производство во слични почвено-климатски услови; 3. слични сорти кои ги наведува пријавувачот; 4. кај хибридите, сите општо познати родителски линии; 5. други сорти вклучени во испитувањата, и 6. сорти, како примери од упатството на UPOV. Стр. 20 - Бр. 110 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 август 2010 Член 7 За новите сорти-кандидати во полските опити, својствата кои се дефинирани во техничкото упатсво се основа за утврдување на различноста, еднообразноста и стабилноста. Со DUS-тестот се утврдуваат својствата на новата сорта наведени во техничкото упатство, кои се значај ни за утврдување на различноста на новата сорта од постојните, односно за утврдување на еднообразноста и стабилноста, не земајќи ја во вид стопанската вред ност. После првата година од испитувањата изведувачот на опитите поднесува предходен извештај за резулта тите од испитувањата за различноста, еднообразноста и стабилноста и евентуалните проблеми при изведување то на опитот. Образецот за предходен извештај е даден во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. После завршните испитувања од втората година или втората вегетација, изведувачот доставува завршен извештај до Управата, во кој се вклучени резултатите од двегодишните испитувања за различноста, едноо бразноста и стабилноста и опис на новата сорта. Во за вршниот извештај изведувачот наведува дали новата сорта е различна, еднообразна и стабилна. Образецот за завршниот извештај е даден во При лог 3, кој е составен дел на овој правилник. III. НАЧИН НА ИСПИТУВАЊЕ Член 8 Начинот на DUS-тестирањето на новата растителна сорта, се базира на визуелно оценување и мерење на одредените својства на сортата. Факторите на средината во помала или поголема мера, можат да влијаат на истакнувањето на генетските условни квалитетни и квантитетни својства, затоа, по правило, се утврдуваат само тие својства врз кои над ворешните фактори имаат најмало влијание. Списокот на својства за испитување на една сорта или група сродни растенија, е даден во техничкото упатство кое се подготвува врз основа на упатствата на UPOV. Во техничките упатства се назначени задолжител ните и дополнителните својства. Списокот на дополни телни својства го предлага пријавувачот со писмен предлог. Член 9 Мерења и визуелно оценување на својствата, во по стапката за DUS-тест за нова сорта се вршат на кванти тетните и квалитетните својства. Член 10 Квалитетните својства се оценуваат врз основа на нивната состојба и изразеност. Квалитетните својства се одразуваат поединечно. Состојбата или степенот на својството, се изразува ат со степен на изразеност. Бројот на степените не е ограничен. Степенот на изразеност на одделните својства се одредува со споредување со соодветното својство кај стандардните и слични сорти од референтната колек ција. Квантитетните својства се мерат и тие покажуваат постојана варијабилност од една до друга крајна грани ца. Бројот на степените на изразеност на квантитатив ните својства е одреден. Квалитетните својства, по правило, се оценуваат визуелно-окомерно, а квантитетните со мерење. Докол ку мерењето на квантитетните својства, особено сен зорските, како мирис и вкус, е подобро да се утврдува ат како квалитетни, на база на оценување. Степенот на изразеност, како кај квалитетните, така и кај квантитетните својства се означува со броеви, согласно техничките упатства на UPOV. Член 11 Секое својство се оценува одделно. Квантитетните својства можат да се комбинираат (пр. однос на должи ната со широчината). Комбинираните својства се регистрираат на ист на чин како и сите останати својства. Член 12 Две сорти се различни доколку разликата помеѓу нив е: утврдена во најмалку едно опитно поле, доколку разликата е јасно забележлива и доколку разликата е постојана . Член 13 Разликата помеѓу две сорти кај вистинските квали тетни својства е видлива, доколку својството се појаву ва во два различни степена на изразеност на тоа својс тво. Кај другите својства, кои може да се оценуваат како квалитетни, при утврдувањето на различноста, во вид се зема и можното отстапување помеѓу разликите на сортите, земајќи ги во предвид и условите на годината или опитното поле. Член 14 При утврдувањето на различноста на сортата, кај мерливите квантитетни својства, разликата се смета де ка е забележлива доколку со соодветна статистичка обработка се констатира ниво на веројатност од 1%. Член 15 Во случај кога квантитетното својство, кое обично се одредува со визуелно оценување, претставува единс твено својство за различност, се појави двоумење, оце нувањето се врши со мерење. При утврдување на забележлива различност на сор тата-кандидат се пристапува кон директна споредба со стандардната или референтната сорта. При директната споредба, разликите помеѓу двете сорти веднаш се регистрираат, додека разликата е сеу ште видлива, односно додека може истата да се изме ри. 20 август 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 110 - Стр. 21 Член 16 Разликата е постојана доколку има едно својство кое се појавува во двете години на испитување или во две од три вегетациски сезони. За потврдување на стабилноста, истата разлика мо ра да се повтори и во следниот опит, што се утврдува со директна споредба. Бројот на појави кај разликата треба да обезбеди исто ниво на статистичка веројатност, како што би се добило и со мерење на тоа својство. Член 17 Доколку кај повеќе одделно оценувани својства, разликите помеѓу двете сорти се забележителни, тогаш за утврдување на различноста може да се користи и комбинација на податоците за тие својства. Во ваков случај треба да се обезбеди степен на сигурност спо редлив со степенот од членовите 14, 15 и 16 од овој правилник. Член 18 Сортата треба да е доволно еднообразна, прифајќај ќи ги специфичностите кои се последица на нејзиното размножување. За да биде сортата еднообразна, варирањата кои ги покажува сортата во зависност од системот на селекци ја и појавите на нетипични растенија како последица на мешање, мутација или друг фактор, треба да бидат ограничени на ниво за веродостоен опис. Член 19 Кај сортите кои се размножуваат вегетативно или кај самооплодните сорти, максимален број на дозволе ни нетипични растенија, во зависност од големината на мострата (пробата) е следниов: Број на растенија во мострата (пробата) Максимален број на нетипични растенија Помалку или 5 0 6-35 1 36-82 2 83-137 3 Големината на мострата (пробата) за одделни рас тителни видови е различна, а таа е одредена во технич ките упатства за DUS-тест. Член 20 Кај претежно самооплодните сорти, а кои не се це лосно самооплодни, бројот на нетипични растенија од табелата во член 19 од овој правилник се дуплира. Член 21 Странооплодните сорти, вклучително и синтетич ките сорти, воглавно покажуваат пошироки варирања внатре во сортата, отколку што е случај кај самооплод ните сорти и понекогаш е многу тешко да се разлику ваат нетипичните растенија. Затоа, не е можно да се де финира фиксна толеранција, па притоа се користи ограничување на релативна толеранција во споредба со веќе познатите стандардни сорти. Кај својствата кои можат да се измерат, сортата се смета дека е нееднообразна доколку варирањата ја пре минуваат просечната варијабилност на тие својства во споредба со стандардната и референтните сорти за по веќе од 1,6 пати. Споредувањето на оценетите својства се врши на ист начин како и кај својствата кои што можат да се из мерат. Бројот на растенија кои на изглед се различни од другите растенија кај истата сорта, не смеат да го над минат нивото на веројатност од 5%, од бројот на такви растенија кај стандардните или референтните сорти. Член 22 Дволиниските хибриди се сметаат како самооплод ни сорти опфатени во член 20 од овој правилник. Другите категории на хибриди се анализираат спо ред видот на растението и методот на вкрстосување (хибридизација-селекција). Дозволените отстапувања за одделните видови хи бриди е во склад со видот на растението и методите за вкрстосување, кои се објавени во техничките упатства за DUS-тест. Член 23 Стабилноста на сортата се утврдува на начин со кој внимателно се следи оддржувањето на сортата во след ните години на испитување во споредба со примерокот кој се наоѓа на чување во Управата (ген банката). Стабилноста на сортата се утврдува со помала си гурност отколку различноста и еднообразноста. Воглавно, кога испитуваниот примерок покаже ед нообразност, сортата може да се смета и за стабилна. Доколку е потребно, стабилноста може да се утврди и со споредбена сеидба на новиот примерок и примеро кот кој се наоѓа на чување во Управата, со цел да се по тврди дали едниот и другиот примерок покажуваат исти својства. Член 24 Техничките упатства се базираат на општо важеч ките меѓународно признати технички упатства за DUS тест на UPOV. До објавувањето на техничките упатства за DUS тест од страна на Управата се применуваат општо ва жечките и меѓународно признати технички упатства за DUS-тест на UPOV. Член 25 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб лика Македонија”. Бр. 18-190/5 23 јули 2010 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Стр. 22 - Бр. 110 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 август 2010 20 август 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 110 - Стр. 23 Стр. 24 - Бр. 110 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 август 2010 20 август 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 110 - Стр. 25 Стр. 26 - Бр. 110 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 август 2010