跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on precautionary measures, for the places intended for the construction of burners for the production of charcoal and their marking

颁布于 2015-04-02 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за мерките на претпазливост, за местата наменети за подигнување на жежници за производство на дрвен јаглен и обележување на истите.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Forestry
关键词
forest management/forest conservation, marking/identification, precautionary principle, risk assessment/management

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 55 став (3) од Законот за шумите ("Службен весник на Република Македонија" бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147 /13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИТЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, ЗА МЕСТАТА НАМЕНЕТИ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЖЕЖНИЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДРВЕН ЈАГЛЕН И ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИСТИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат мерките на претпазливост, местата наменети за подигнување на жежници за производство на дрвен јаглен и обележување на истите. Член 2 Местата на кои се произведува дрвен јаглен и вар треба да бидат на чистини надвор од шума или енклави во шума и да се: 1. на рамни терени 2. наоѓаат покрај вода, најдалеку 100 м од вода 3. заштитени од постојани ветрови и 4. во близина на пат. Член 3 Големината на празниот простор - чисти на за производство на дрвен јаглен и вар зависи од: 1. големината на жежниците и варниците; 2. потребата од слободниот манипулативен простор и 3. потребата од бараки, магазини и складишен простор. Член 4 Производството на дрвен јаглен и вар се врши во: 1. отворени дупки 2. лежечки жежници и варници и 3. стоечки жежници и варници. Член 5 (1) При производството на дрвен јаглен и вар во отворени дупки со површина од 4м2, празниот простор - чистината треба да изнесува најмалку 150м2. (2) При производството на дрвен јаглен и вар во жежници и варници со површина од 6- 10м2, празниот простор треба да изнесува најмалку 300м2, а за лежечките жежници и варници со површина поголема од 10м2, празниот простор изнесува 400м2. {3) При производството на дрвен јаглен и вар во стоечки жежници и варници со кружна површина од 100м2, празниот простор треба да изнесува најмалку 3.000м2 а за стоечките жежници и варници со површина поголема од 100м2, празниот простор треба да изнесува најмалку 4.000м2. Член 6 (1) Палењето на жежниците и варниците се врши исклучиво преку ден и кога не дува ветер. (2) За цело време додека жежниците и варниците горат, потребно е непрекинато присуство на еден или повеќе работници за следење на процесот на согорувањето. Член 7 Местата на кои се палат жежниците и варниците треба да се снабдени со минимални потребни средства за гаснење на пожари и тоа: три копачи три лопати три мотики три секири еден резервоар со вода со капацитет од најмалку 500 литри и три кофи за вода . Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр.09 3594/2 Министер за земјоделство, 2 година и водостопанство, Скопје р Михаил Цветков, с.р. април 2015 шумарство м

Regulation on precautionary measures, for the places intended for the construction of burners for the production of charcoal and their marking · Nelum