Regulation on permitted fishing gear and their use for economic and recreational fishing
颁布于 2011-02-22 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за дозволените риболовни средства и нивната употреба за вршење стопански и рекреативен риболов.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- fishing gear/fishing method, inland fisheries, non-commercial fishing, fishery management and conservation
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 92 став 4 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08 и 67/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДОЗВОЛЕНИТЕ РИБОЛОВНИ СРЕДСТВА И НИВНАТА УПОТРЕБА ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ И РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат дозволените риболовни средства и нивната употреба за вршење стопански и рекреативен риболов. Член 2 Риболовни средства за вршење стопански и рекреативен риболов се рибарски алат за вршење стопански риболов, риболовен прибор за вршење рекреативен риболов и риболовна опрема за вршење стопански и рекреативен риболов. Рибарски алат за вршење на стопанскиот риболов се мрежи, струкови и блинкери на влечење. Риболовен прибор за вршење рекреативен риболов е риболовна трска, риболовни машинки (орши), риболовен конец и јадица и природни и вештачки мамци (блинкери, воблери, вештачки мушички). Риболовна опрема за вршење риболов се пловни објекти - чамци чија должина е најмногу 15 метри. Член 5 Дозволен риболовен алат кој се употребува за вршење стопански риболов во зависност од видот на рибата и риболовната вода е: 1. Стоечка мрежа за лов на пастрмка - со најголема должина од 50 метри, најголема висина од пет метри и димензија на окца од најмалку 50 милиметри; за лов на белвица - со најголема должина од 40 метри, најголема висина од пет метри и димензија на окца од најмалку 35 милиметри; за лов на крап - со најголема должина од 50 метри, најголема висина од пет метри и димензија на окца од најмалку 45 милиметри; за лов на останатите видови риби - со најголема должина од 50 метри, најголема висина од три метри и димензија на окца од најмалку 20 мм. 2. Повлечна мрежа - за сите видови риби со најголема должина од 500 метри, најголема висина од три метри и димензија на окца од најмалку 10 мм. 5. Струк - за риболов на сом, крап и јагула со најмногу 50 јадици. 4. Блинкер за влечење за пастрмка и белвица. Должината и висината на мрежата се мери во однос на конецот на кој се поставени пливките и оловата и конецот кој ги поврзува. Димензијата на окцата се мери од јазол до јазол на мрежа во влажна состојба. Член 4 Дозволен риболовен прибор која се употребува за вршење рекреативен риболов е: за пастрмка во риболовен ревир - една риболовна трска и еден блинкер кој може да има една јадица (трокрака, двокрака или еднокрака), еден воблер кој може да има две јадици (трокраки, двокраки или еднокраки) или три мушички кои можат да имаат еднокракќи јадици и за сите останати видови риби најмногу две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и природни или вештачки мамци. По исклучок на став 1 алинеја од овој член за лов на пастрмка и белвица на риболовните подрачја и рекреативните зони може да се употребува и блинкер на влечење со најмногу еден стап на пловен објект со врзани најмногу седум блинкери. Покрај приборот од став 1 на овој член при вршење рекреативен риболов како дополнителна опрема може да се употребува и мрежа за прифаќање на риба и чуварка за рибите. Член 5 Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за дозволените риболовни средства („Службен весник на Република Македонија“ бр. 94/09). Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 08-886/35 Министер за земјоделство, 22 февруари 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.