Regulation on measures for the suppression and eradication of African fever in ungulates
颁布于 2011-07-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај копитари во Република Македонија.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- cattle, vaccination, animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 1 од 8 20110952304 Врз основа на член 49, став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007 и 24/2011), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА КАЈ КОПИТАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА∗ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат мерките за сузбивање и искоренување на Африканската чума кај копитари. Член 2 Поими (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство*1 се применуваат и во овој правилник. (2) Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „сопственик или чувар” е било кое физичко или правно лице кое што поседува копитари или е назначено за нивно чување, со или без финансиски надоместок; 2) „вектор” е инсект од видот на imicola Culicoides, или било кој друг инсект од видот на Culicoides, којшто може да ја пренесува Африканската чума кај копитари (во натамошниот текст: АЧК); 3) „Референтна лабораторија на Заедницата”: е референтна лабораторија за АЧК на Европската унија која е именувана и одобрена од страна на Европската унија. Член 3 Пријавување на АЧК Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата) треба да обезбеди дека секоја појава или присуство на сомнеж на АЧК се веднаш пријавени. Член 4 Мерки во случај на сомнеж на присуство на АЧК на одгледувалиште (1) Доколку во едно одгледувалиште има едно или повеќе животни од видот копитари за кои постои сомнеж дека се заразени со АЧК, официјалниот ветеринар веднаш треба да спроведе испитување за потврда или отфрлање на сомнежот во врска со присуството на болеста. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 92/35/EEC од 29 април 1992 каде што се дадени контролните мерки и правила во борбата против Африканската чума кај коњите, со број 31992L0035 според последната измена од Регулативата на Советот (EC) бр. 806/2003 од 14 април 2003, број 32003R0806; Одлуката на Комисијата од 5 декември 2006, број 32006D0911; Директивата на Советот 2006/104/EC од 20 ноември 2006, број 32006L0104; Одлуката на Комисијата од 7 ноември 2007, број 32007D0729; Директивата на Советот 2008/73/EC од 15 јули 2008, број 32008L0073. Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 2 од 8 (2) Веднаш по пријавувањето на сомнежот за постоење на АЧК, официјалниот ветеринар треба да: 1) ги стави под официјален надзор сомнителните одгледувалишта; 2) започне: a) попис на животните од видот копитари, каде за секој вид се наведува бројот на копитарите кои угинале, се заразени или се подложни на зараза, и да изврши ажурирање на тој попис со цел да се земат во предвид копитарите родени или угинати за време на периодот на сомнеж. Наведените податоци треба да бидат достапни за проверка при секоја инспекција; б) попис на местата каде што е можно постоење на вектори и да употреби соодветни средства за уништување на инсектите на тие места и в) епизоотолошко испитување во согласност со член 7 на овој правилник; 3) изврши редовна посета на одгледувалиштата, каде што: a) го прегледува секое животно од видот коптари присутно на одгледувалиштата и б) спроведува детално клиничко испитување или аутопсија врз сомнителните угинати животни и зема примероци потребни за лабораториските испитувања; 4) утврди дека: a) сите копитари во одгледувалиштето се сместени во простори кои се недостапни за вектори; б) нема изнесување и внесување на копитари од и во одгледувалиштето; в) се применуваат соодветни мерки за уништување на инсектите, во и околу одгледувалиштето каде што се сместени копитарите и г) угинатите копитари од одгледувалиштето се нештетно одстранети, во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2. (3) До моментот на спроведување на мерките од став (2) на овој член, сопственикот на животните за кои постои сомнеж дека се заразени со АЧК, треба да ги преземе сите неопходни мерки на претпазливост во согласност со став (2) точка 4) на овој член. (4) Агенцијата може да одлучи да ги примени мерките утврдени во став (2) на овој член и врз други одгледувалишта доколку поради нивната локација, географска положба или пак контакт со одгледувалиштето за кое постои сомнеж за постоење на зараза со АЧК, постои причина за сомнеж за можна контаминација. (5) Покрај мерките утврдени во став (2) на овој член, директорот на Агенцијата определува посебни мерки за природните резервати каде што копитарите живеат и се движат слободно, по спроведена постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. (6) Мерките од ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) од овој член престануваат да се применуваат кога Агенцијата ќе утврди дека нема сомнеж за присуство на АЧК. Член 5 Вакцинација против АЧК Вакцинацијата против АЧК, може да се спроведе согласно со мерките утврдени со овој правилник. Член 6 Мерки во случај на потврда на присуство на АЧК на одгледувалиште (1) По официјалата потврда на присуството на АЧК, официјалниот ветеринар треба: Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 3 од 8 1) веднаш да нареди убивање и нештетно одстранување на сите копитари во заразениот објект, кои се заразени или кај кои се манифестираат клинички знаци на АЧК; 2) да организира нештетно одстранување на мршите од заразените животни во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2; 3) да ја прошири примената на мерките од член 4 на овој правилник на одгледувалиштата кои се наоѓаат во радиус од 20 км (опфатени со заштитната зона) оддалеченост од заразените објекти; 4) да нареди вакцинација на сите копитари во зоната наведена во точка 3) на овој став, со употреба на вакцина која е одобрена од Агенцијата и означување на копитарите кои се вакцинирани во зоната од точка 3) од овој став на начин определен од директорот на Агенцијата по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Ознаката треба да биде јасна и да не може да се одстрани. Врз основа на одредени епизоотолошки, метеоролошки, географски или климатски услови, Агенцијата може да одлучи да не се врши вакцинација на копитарите и 5) да спроведе епизоотолошко испитување во согласност со член 7 на овој правилник. (2) Агенцијата може да ги прошири мерките утврдени во став (1) на овој член надвор од границите на зоната наведена во став (1) точка 3) на овој член доколку врз основа на географска, метеоролошка или еколошка состојба, или врз основа на движења кон или од објектот каде е потврдена болеста, постои основа за сомнеж на ширење на АЧК. Член 7 Епизоотиолошко испитување Епизоотолошкото испитување опфаќа утврдување на: времетраењето на присуството на АЧК на одгледувалиштето, можното потекло на АЧК на одгледувалиштето, и идентификиција на други одгледувалишта каде има копитари, кои што можеле да се инфицираат или заразат од истиот извор, присуството и распространетост на векторите на болеста, движењето на копитарите кон и од засегнатите одгледувалишта и/или сите трупови на копитарите кои што се отстранети од овие одгледувалишта. Член 8 Утврдување на заштитни зони и зони за надзор (1) Покрај мерките утврдени во член 6 од овој правилник, Агенцијата воспоставува заштитна зона и зона на надзор. При воспоставувањето на овие зони, треба да се земат во предвид географските, административните, еколошките и епизоотолошките фактори поврзани со АЧК, како и контролните структури. (2) Заштитната зона опфаќа подрачје со радиус од најмалку 100 km околу заразеното одгледувалиште. (3) Зоната за надзор опфаќа подрачје кое се протега најмалку 50 km надвор од рамките на заштитната зона, каде што не била спроведена систематска вакцинација во последните 12 месеци. (4) По исклучок од ставовите (2) и (3) од овој член може да се воспостават и помали зони, земајќи ги во предвид: географска положба и еколошките фактори, метеоролошките услови, присуството и распространетоста на векторот, Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 4 од 8 резултатите од епизоотолошките испитувања спроведени во согласност со член 7 на овој член, резултатите од лабораториските испитувања и примената на контролните мерки, посебно на мерките за уништување на инсектите. Член 9 Мерки во заштитната зона (1) Агенцијата треба да обезбеди примена на следните мерки во заштитната зона: 1) идентификација на сите одгледувалишта со копитари во рамките на зоната; 2) периодични посети од страна на официјален ветеринар на сите одгледувалишта со копитари и клиничко испитување на копитарите, при што по потреба може да се земат примероци за лабораториско испитување и 3) напуштање на одгледувалиштето во кое се чуваат копитари во случај на директен превоз под официјалне надзор до кланицата во случај на итно колење. Кланица во која се врши колењето треба да се наоѓа во иста зона. Доколку во таа зона не постои кланица, тогаш транспортот се врши до кланица одредена од страна на Агенцијата којашто се наоѓа во зоната на надзор. (2) Покрај мерките утврдени во став (1) на овој член, директорот на Агенцијата може да нареди спроведување на систематска вакцинација на копитари против АЧК и нивна идентификуваат во заштитната зона по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Член 10 Мерки во зоната на надзор Агенцијата треба да обезбеди: 1) примена на мерките од член 9 на овој правилник во зоната за надзор. Во случај во зоната на надзор да нема кланица, колењето на копитарите може да се изврши во заштитната зона во кланицата назначена од страна на Агенцијата, и 2) во рамките на зоната на надзор да не се врши вакцинација против АЧК. Член 11 Период на примена на заштитни мерки (1) Директорот на Агенцијата согласно член 55 став (5) од Законот за ветеринарно здравство го утвредува периодот на примена и одржување на мерките наведен во членовите 6, 8, 9 и 10 на овој правилник по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Овој период не може да биде пократок од 12 месеци во случај да е извршена вакцинација во согласност со член 6 став (1) на овој правилник и член 9 став (2) на овој правилник. (2) По исклучок на член 9 став (1) точка 3) и член 10 точка 1) од овој правилник: 1) копитарите од заштитната зона и од зоната на надзор се превезуваат под официјален надзор и согласно условите утврдени во Правилникот за начинот и условите за ставање во промет за одделни видови на животни, нивната намена како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на животни*3; 2) движењето на копитарите во рамките на зони со ист статус, треба да биде одобрено од страна на Агенцијата врз основа на следните правила: Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 5 од 8 a) копитарите треба да: подлежат на претходна официјална контрола, се идентификувани, и се придружувани од страна на официјален документ и б) копитарите кои биле вакцинирани пред помалку од 60 дена, да не го напуштат одгледувалиштето каде што се наоѓале во време кога била спроведена вакцинацијата. Член 12 Информирање на јавноста во заштитните зони и зоните на надзор Агенцијата треба да ги преземе сите неопходни и соодветни мерки за да ги информира лицата кои што се наоѓаат во заштитните зони и зоните на надзор за мерките што се на сила, како и за преземање на неопходни чекори од нивна страна за соодветна имплементација на тие мерки. Член 13 Национални лаборатории за АЧК (1) Лабораториските испитување што ги врши според одредбите од овој правилник националната референтна лабораторија одобрена од страна на Агенцијата се утврдени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. (2) Лабораторијата од став (1) на овој член при вршењето на работата соработува со референтната лабораторија на Заедницата. Член 14 План за итни мерки (1) Мерките од овој правилник се наведуваат во планот за итни мерки на Агенцијата. (2) Критериумите коишто треба да се применат при изготвување на планот за итни мерки се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 6 од 8 Член 15 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 21-1970/3 7 јули 2011 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 7 од 8 Службен весник на РМ, бр. 95 од 14.7.2011 година 8 од 8