跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on measures for the suppression and eradication of swine vesicular disease

颁布于 2011-10-27 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на везикуларна болест кај свињите.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
swine, animal health, pests/diseases, disinfection/disinfestation, hygiene/sanitary procedures

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 1 од 8 20111543379 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49, став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007 и 24/2011), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ВЕЗИКУЛАРНА БОЛЕСТ КАЈ СВИЊИТЕ∗ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат мерките за сузбивање и искоренување на Везикуларна болест кај свињите. Член 2 Мерките за сузбивање и искоренување на Везикуларната болест кај свињите и чистење и дезинфекција на објект каде е потврдено присуство на Везикуларната болест кај свињите се дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Број 21-2870/5 Директор, 27 октомври 2011 година Дејан Рунтевски, с.р. Скопје * Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 92/119/EEЗ од 17 декември 1992 во која се пропишани оп штите мерки на Заедницата за контрола на одредени болести кај животните и посебните мерки во врска со Везикуларната болест кај свињите, број 31992L0119, со последните измени од Директивата на Советот 2002/60/ЕЗ од 27 јуни 2002, број 32002L0060; Регулатива та на Советот (ЕЗ) Бр. 806/2003 од 14 Април 2003, број 32003R0806; Одлуката на Комисијата 2006/911/EЗ од 5 Декември 2006, број 32006D0911; Директивата на Советот 2006/104/EЗ од 20 ноември 2006, број 32006L0104; Директивата на Комисијата 2007/10/EЗ од 21 февруари 2007, број 32007L0010; Директивата на Советот 2008/73/EЗ од 15 јули 2008, број 32008L0073; Одлуката на Советот 2009/470/EЗ од 25 мај 2009, број 32009D0470. *1 Законот за ветеринарно здравство е усогласен со Директивата на Советот 1992/119/ЕЗ од 17 декември 1992 во која се пропишани општите мерки на Заедницата за контрола на одредени болести кај животните и посебните мерки во врска со Везикуларната болест кај свињите, број 31992L0119; *2 Правилникот за ставање во промет со живи животни, аквакултура и производи од нив е предмет на усогласување со Директива на Советот 2002/99/ЕЗ од 16 декември 2002 година за правила на здравствената состојба на животните со која се регулира производс твото, преработката и внесувањето на производите од животинско потекло за исхрана на луѓето, број 32002D0099; *3 Законот за безбедност на храна е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 853/2004 на Европскиот Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за утврдување на посебни хигиенски правила за храна од животинско потекло, број 32004R0853; *4 Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 853/2004 на Европски от Парламент и на Советот од 29 април 2004 година за утврдување на посебни хигиенски правила за храна од животинско потекло, број 32004R0853. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 2 од 8 Прилог Мерки за сузбивање и искоренување на Везикуларна болест кај свињите Глава I. Опис на болеста Везикуларната болест кај свињите клинички не се разликува од шап и лигавка и предизвикува формирање на везикули на рилката, устата, јазикот и на коронарната круна на папците. Тежината на болеста значителни варира. Стадото со свињи може да биде инфицирано, а да нема видливи клинички знаци. Вирусот може да преживее долг временски период надвор од организмот во свежо месо. Доста е отпорен на дезинфециенси и е доста стабилен при pH од 2,5 до 12. За уништување на вирусот потребно е темелно чистење и дезинфекција. Глава II. Период на инкубација Максималниот период на инкубација е 28 дена. Глава III. Дијагностички методи за потврда на присуство и диференцијална дијагноза на Везикуларна болест кај свињите Методите за земање на примероци за поставување на дијагноза, лабораториските испитувања, детекцијата на антитела и проценката на резултатите од лабораториските испитувања ги определува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Глава IV. Потврда на присуство на Везикуларна болест кај свињи Присуството на Везикуларна болест кај свињите се потврдува: 1) во објект доколку е изолиран вирусот на Везикуларна болест кај свињите од свињите или од околината; 2) во објект доколку се присутни свињи кои се серопозитивни на Везикуларна болест кај свињите и истите, или други свињи во објектот, покажуваат клинички знаци кои се карактеристични за Везикуларна болест кај свињите; 3) во објект доколку се присутни свињи кои покажуваат клинички знаци на Везикуларна болест кај свињите или се серопозитивни и каде е потврдено дека постои директна епидемиолошка врска со потврдено жариште; 4) во други стада во кои е потврдено присуство на серопозитивни свињи. Во тој случај Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), пред да го потврди присуството на болеста, треба да преземе дополнителни испитувања, повторно земање на примероци и повторно испитување во интервал од најмалку 28 дена помеѓу земањето на примероците. Се до завршувањето на дополнителните испитувања важат одредбите од членовите 51 и 53 од Законот за ветеринарно здравство*1. Доколку со дополнителните испитувања не се докаже присуство на болеста, иако свињите се серопозитивни, Агенцијата треба да обезбеди нештетно уништување или колење во одобрени кланици на свињите врз кои е извршено испитувањето под надзор на Агенцијата. Агенцијата треба да обезбеди серопозитивните свињи при пристигнувањето во кланицата да се држат и колат одделно од другите свињи. Глава V. Референтна лабораторија на Заедницата AFRC Institute for Animal Health, Pirbright Laboratory, Ash Road, Pirbright, Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 3 од 8 Woking, Surrey GU24 ONF, United Kingdom. Глава VI. Заштитна зона (1) Големината на заштитната зона се одредува во согласност со одредбите од Законот за ветеринарно здравство*1. (2) Во случај на Везикуларна болест кај свињите се применуваат следните мерки: 1) идентификување на сите објекти во зоната каде има присуство на приемчиви видови животни на Везикуларна болест кај свињите; 2) периодични посети на објектите каде има присуство на приемчиви видови животни, клинички преглед на тие животни, а по потреба и земање на примероци за лабораториско испитување; треба да се води евиденција за извршените посети како и за состојбата на објектите; фрекфенцијата на посетите треба да биде пропорционална со сериозноста на епизоотијата на објектите со најголем ризик; 3) не е дозволено движење и транспорт на приемчиви видови животни на јавни и приватни патишта, со исклучок на патиштата кои водат кон објектите. По пат на одстапка од оваа мерка, Агенцијата може да дозволи транзитен на животни со патен или железнички превоз без претоварање или застанување; 4) Директорот на Агенцијата може да направи отстапка за колење на свињи кои доаѓаат надвор од заштитната зона и се на пат кон кланицата, по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика; 5) превозните средства и опремата кои се користат за транспорт на свињи и други животни или материјали, во рамките на заштитната зона, за кои постои можност да се контаминирани (храна за животни, шталско ѓубре и друго) не треба да го напуштат: (а) објектот кој се наоѓа во заштитната зона, (б) заштитната зона, (в) кланицата, без претходно да бидат исчистени и дезинфицирани во согласност со постапката одредена од страна на Агенцијата. Превозните средства кои се користат за транспорт на свињи треба да бидат прегледани од страна на официјален ветеринар пред да ја напуштат заштитната зона; 6) свињите не треба да се изнесуваат од објектот каде се држени во период од 21 ден после завршувањето на првичното чистење и дезинфекција како што е пропишано во Законот за ветеринарно здравство*1; после 21 ден може да се даде одобрување за изнесување на свињите од објектот: (а) за директен транспорт до кланица назначена од страна на Агенцијата: — по претходно извршен преглед на сите свињи во објектот, — по претходно извршен клинички преглед на свињите кои треба да се транспортираат до кланицата, — по претходно обележување на свињите со ушни маркица или со друг одобрен метод, — свињите се транспортирани во превозни средства кои се пломбирани од страна на официјален ветеринар. Официјалниот ветеринар кој е одговор за кланицата треба да биде известен. При пристигнувањето во кланицата свињите треба да се држат одвоено и да се колат одвоено од другите свињи. Превозното средство и опремата која се користела при транспортот на свињите треба да се исчистат и дезинфицираат пред да ја напуштат кланицата. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 4 од 8 За време на предкланичниот и постморталниот преглед, официјалниот ветеринар треба да ги земе во предвид сите знаци кои укажуваат на присуство на Везикуларна болест кај свињите. Во случај на колење на свињи според овие одредби, треба да се земат статистички репрезентативни примероци на крв. Во случај на позитивен резултат кој води до потврдување на присуство на Везикуларната болест кај свињите, се применуваат мерки согласно со Законот за ветеринарно здравство*1; (б) под исклучителни околности, и директно до други објекти кои се наоѓаат во заштитната зона: — по претходно извршен преглед на сите свињи во објектот, — по претходно извршен клинички преглед, со негативен резултат, на свињите кои треба да се транспортираат, — по претходно обележување на свињите со ушни маркица или со друг одобрен метод. 7) месото од свињите од точка 6) подточка (а): (а) не се става во промет и не се извезува и треба да биде означено со здравствена ознака за свежо месо како што е пропишано во Правилникот за ставање во промет со живи животни, аквакултура и производи од нив*2; (б) треба да биде добиено, расечено, транспортирано и складирано одвоено од месото кое е наменето за ставање во промет и за извоз и треба да се употреби на начин како би се избегнала можноста за негово искористување за производство на производи од месо кои се наменети за ставање во промет или за извоз, освен доколку не е подложено на третман кој е пропишан во Правилникот за ставање во промет со живи животни, аквакултура и производи од нив*2; 8) (а) по пат на отстапка од точка 7), за месото од свињи кое е наведено во точка 6) посточка (а) Агенцијата може да донесат одлука да се користи друга идентификациона ознака од посебната идентификациона ознака која е пропишана Правилникот за ставање во промет со живи животни, аквакултура и производи од нив*2, под услов да биде видно различна од другите идентификациони ознаки кои се користат за свинско месо во согласност со Законот за безбедност на храна*3; Доколку Агенцијата донесе одлука да се користи друга идентификациона ознака за тоа треба да ја извести Комисијата. (б) идентификационата ознака од точка 8) подточка (а) треба да биде јасна и неизбришлива, буквите читливи и јасно видливи. Идентификационата ознака треба да биде во следната форма: каде XY е кодот на државата како што е дадено во член 9 став (2) од Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло*4. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 5 од 8 1234 е одобрениот број на објектот даден во член 9 став (3) од Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло*4. (3) Мерките од заштитната зона се применуваат најмалку до: 1) спроведувањето на сите мерки пропишани во Законот за ветеринарно здравство*1; 2) спроведувањето на следните мерки во објектите во зоната: (а) клинички преглед на свињите со кој се потврдува дека нема присуство на знаци на Везикуларна болест кај свињите; и (б) серолошко испитување на статистички примерок на свињи без откривање на антитела на Везикуларна болест кај свињи. Во програмата за серолошко испитување треба да се земе во предвид пренесувањето на Везикуларната болест кај свињите и начинот на кој свињите се одгледувани. Програмата треба да биде во согласност со постапката пропишана од директорот на Агенцијата, по спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика, пред датумот на кој стапува на сила. 3) клиничкиот преглед и земањето на примероци од точка 2) подточки (а) и (б) од овој став не треба да се изврши пред истекот на 28 дена од завршувањето на првичното чистење и дезинфекција на објектот. (4) По завршување на периодот наведен во став (3), мерките кои се применети на зоната за надзор се применуваат и за заштитната зона. (5) Каде ограничувањата од став (2) точка 6) се продолжени на повеќе од 30 дена поради појава на нови случаи на болеста, а како резултат на тоа доаѓа до отежнување во одгледувањето на животни, Агенцијата може, по поднесено писмено барање од страна на сопственикот во кое се наведени причините за таквото барање, по претходно утврдена фактичката состојба од страна на официјалниот ветеринар, да одобри одстранување на животните од објектот во заштитната зона. Ставот (2) точките 6) и 8) од оваа Глава се применуваат mutatis mutandis. Глава VII. Зона на надзор (1) Големината на зоната за надзор се определува во согласност со одредбите од Законот за ветеринарно здравство*1. (2) Во случај на Везикуларна болест кај свињите се применуваат следните мерки: 1) идентификување на сите објекти во зоната каде има присуство на приемчиви видови животни на Везикуларна болест кај свињите; 2) доколку немало внесување на свињи во објектот во последните 21 денови, дозволено е секое движење на свињи, освен директно до кланицата од објектот во зоната за надзор; сопственикот или лицето кое е одговорно за животните треба да води евиденција за сите движења на свињите; 3) движењето на свињите од зоната на надзор може да биде одобрено од страна на Агенцијата, само доколку: — е извршен преглед на сите свињи во објектот во последните 48 часа пред движењето, — е извршен е клинички преглед на свињите кои треба да се движат, со негативни резултати, во последните 48 часа пред движењето, — е извршено серолошко испитување на статистичкиот примерок од свињи кои треба да се движат и не се откриени антитела на Везикуларна болест кај свињите во период од 14 дена пред движењето. Во случај на свињи за колење, серолошкото испитување може да се изврши на примероци од крв земени во кланицата, одредена од страна на Агенцијата. Во случај на позитивни резултати со кои се потврдува присуство на Везикуларна болест кај свињите, се применуваат мерките од Дел VIII точка 3, Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 6 од 8 — секоја свиња е обележана со ушна маркица или со друг одобрен метод за идентификација, — превозните средства и опремата кои се користат за транспорт на свињи треба да се исчистат и дезифецираат после секој транспорт; 4) превозните средства и опремата кои се користат за транспорт на свињи и други животни или материјали за кои постои можност да се контаминирани, во рамките на зоната на надзор, не треба ја напуштат зоната без да бидат исчистени и дезинфецирани во согласност со постапката пропишана од Агенцијата. (3) 1) Големината на зоната на надзор може да се промени во согласност со одредбите пропишани во Законот за ветеринарно здравство*1. 2) мерките во зоната на надзор треба да се применуваат најмалку додека: (а) сите мерки пропишани во Законот за ветеринарно здравство*1 не се исполнети; (б) сите мерки потребни за заштитната зона не бидат исполнети. Глава VIII. Општи заеднички мерки Во случај на Везикуларна болест кај свињи се применуваат дополнителни мерки: 1) во случаи каде официјално е потврдено присуство на Везикуларна болест кај свињите, Агенцијата треба да осигураат дека, покрај мерките утврдени во Законот за ветеринарно здравство*1, месото од свињите заклани во периодот помеѓу можното воведување на болеста во објектот до спроведувањето на службените мерки треба, кога тоа е возможно, да се следи наназад и да се лоцира, а потоа да биде нештетно уништено под официјален надзор за да се избегне ризикот од ширење на вирусот на Везикуларна болест кај свињите; 2) кога овластениот ветеринар има причина за сомневање дека свињите од друг објект се заразени како резултат на движењето на лице, животно или превозно средство или на каков било друг начин, движењето на свињите од тој објект треба да се ограничи како што е наведено во Законот за ветеринарно здравство*1 најмалку се додека објектот не биде подложен на: (a) клинички преглед на свињите, со негативни резултати; (б) серолошко испитување на статистички примерок на свињи без да се открие присуство на антитела во согласност со Дел VI став (3) точка 2) подточка (б). Испитувањата наведни во подточките (а) и (б) од оваа точка нема да се вршат се додека не поминат 28 дена од можното контаминирање на објектите како резултат на движење на луѓе, животни или превозни средства или на каков било друг начин 3) Доколку се утврди присуство на Везикуларна болест кај свињите во кланицата, Агенцијата треба да обезбеди: (a) сите свињи во кланицата да се заколат без одлагање; (б) труповите и отпад од внатрешните делови од заразените свињи се уништуваат под службен надзор, на начин за да се избегне ризикот од ширење на вирусот на Везикуларна болест кај свињите; (в) чистењето и дезинфицирањето на зградите и опремата, вклучувајќи ги и превозните средства, се врши под контрола на официјалниот ветеринар во согласност со упатствата пропишани од Агенцијата; (г) се врши епизоотиолошко истражување во согласност со Законот за ветеринарно здравство*1; (д) не се внесуваат свињи во кланицата за колење во период од најмалку 24 часа по завршување на чистењето и дезинфицирањето извршено во согласност со подточка (в) од оваа точка. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 7 од 8 Глава IX. Чистење и дезинфицирање на контаминирани објекти Покрај мерките од Законот за ветеринарно здравство*1, се применуваат и следните мерки: 1) постапка за првично чистење и дезинфицирање: (a) веднаш после одстранувањето на труповите од свињи за нештетно одстранување, деловите од објектот во кој се наоѓале свињите и сите други делови од објектите кои биле контаминирани за време на колењето треба да бидат напрскани со средство за дезинфицирање, одобрено во согласност со Законот за ветеринарно здравство*1, во концентрација соодветна за Везикуларна болест кај свињите. Средството за дезинфицирање треба да остане на површина најмалку 24 часа, (б) доколку за време на колењето дојде до излевање на крв или друго ткиво треба внимателно да се собере и нештетно да се одстрани заедно со труповите (колењето секогаш треба да се врши на непропустлива површина). 2) постапка за понатамошно чистење и дезинфицирање: (a) шталското ѓубре, постелката, контаминираната храна и др. треба да се отстранат од објектите, да се соберат на куп и да се напрскаат со одобрено средство за дезинфекција. Полутечните отпадоци треба да се третираат со метод кој е погоден за убивање на вирусот, (б) подвижната опрема треба да се отстрани од објектите и да се исчисти и дезинфицира посебно, (в) маснотиите и другите нечистотии треба да се отстранат од сите површини со потопување во средство за одмастување, а потоа одмивање со вода под притисок, (г) се нанесува средство за дезинфекција на сите површини со распрскување, (д) собите кои можат да се запечатат треба да се дезинфецираат со фумигација, (ѓ) после инспекцијата од страна на официјален ветеринар треба веднаш да се изврши поправка на оштетените делови на подот, ѕидот и друго, (е) после завршувањето на поправките на подот, ѕидот и друго треба да се прегледаат од страна на официјален ветеринар за да се утврди дека истите се извршени на задоволителен начин, (ж) делови од објектите каде нема присуство на запалив материјал може да се третираат со температура со употреба на пламен пиштол, (з) сите површини треба да се напрскаат со алкално средство за дезинфекција кое има pH поголема од 12,5 или друго одобрено средство за дензинфекција. Средството за дезинфекција треба да се измие после 48 часа. 3) Постапка за завршно чистење и дезинфицирање: Третирањето со пламен пиштол или алкално средство за чистење (точка 2 подточка (ж) или (з)) треба да се повтори после 14 дена. Глава X. Повторно населување на контаминираните објекти Покрај мерките пропишани во Законот за ветеринарно здравство*1, се применуваат и следните мерки: 1) Повторно населување не треба да започне порано од четири недели после завршувањето на првата целосна дезинфекција на објектите, т.е. фаза 3 од постапките за чистење и дезинфицирање, 2) При повторното внесување на свињите треба да се има во предвид типот на одгледување кој се применува во објектот и треба да биде во согласност со една од следниве постапки: (a) во случај кога се работи за отворени објекти, повторно населување треба да започне со внесување на ограничен број на млади прасиња кои се прегледани и кај кои после испитувањето за антитела на вирусот на Везикуларна болест кај свињите покажале Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.11.2011 година 8 од 8 негативни резултати. Прасиња се држат распоредени насекаде низ објектот, во согласност со барањата од Агенцијата, и врз нив се треба да се изврши клинички преглед и серолошко испитување после 28 дена од внесувањето во објектот. Доколку ниту едно од прасињата не покаже клинички знаци и не создаде антитела на Везикуларна болест кај свињите, може да се изврши целосно наелување на објектот, (б) за другите типови на одгледување, повторното внесување на свињите треба да се направи во согласност со мерките предвидени во подточка (а) од оваа точка или преку целосно населување само доколку: — сите свињи се внесат во рок од осум дена и доаѓаат од објекти кои се наоѓаат надвор од зоните на ограничување поради Везикуларна болест кај свињите и се серонегативни, — ниту една свиња не треба да го напушти објектот вопериод од 60 дена после пристигнување на последните свињи, — стадото треба да се подложи на клиничко и серолошко испитување во согласност со барањата на Агенцијата. Клиничкото и серолошкото испитување треба да се изврши 28 дена после внесувањето на последните свињи.

Regulation on measures for the suppression and eradication of swine vesicular disease · Nelum