跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on measures for the suppression and eradication of certain diseases in aquatic animals

颁布于 2011-12-27 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Fisheries and aquaculture
关键词
aquatic animals, hygiene/sanitary procedures, data collection/reporting, fish diseases, vaccination, animal health

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 1 од 11 20111854179 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49, став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11 и 136/11), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ БОЛЕСТИ КАЈ ВОДНИТЕ ЖИВОТНИ(∗) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат основните мерки за сузбивање и искоренување кои се применуваат во случај на сомневање или појава на жариште на одредени болести кај водните животни. Член 2 Дефиниции (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и прописите донесено врз основа на тој закон се применуваат и во овој правилник. (2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „дел каде се одгледуваат мекотели“ е простор за производство или за повторно насадување во кој сите бизниси за производство на аквакултура се одвиваат под заеднички биосигурносен систем; 2) „диви водни животни“ се водни животни кои не припаѓаат на аквакултура; 3) „оддел“ е една или повеќе фарми под заеднички биосигурносен систем во кои има популација на водни животни со јасно одреден здравствен статус во однос на одредена болест; 4) „заеднички биосигурносен систем“ е применување на исти мерки за надзор, сузбивање и искоренување на болести кај водните животни; 5) „заштитен појас“ е простор околу заразената фарма или делот каде се одгледуваат мекотели каде се применуваат мерки за сузбивање и искоренување на болеста со цел спречување на ширење на болеста; 6) „жариште на нова болест“ е ново идентификувана болест, за која причината за појавување може или не може да се утврди, која има потенцијал да се рашири помеѓу популацијата на водни животни по пат на трговијата со водни животни и/или со производи од водни животни, како и појавување на болести кај нови приемчиви видови домаќини на болеста, а кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 како приемчиви видови; ∗ Со овој правилникот се врши усогласување со ДИРЕКТИВАТА НА СОВЕТОТ 2006/88/ЕЗ од 24 октомври 2006 за здравствените барања за аквакултурата и производи од аквакултура, и за спречување и контрола на одредени болести кај водни животни, број 32006L0088; со последната измена со Директива на Комисијата 2008/53/EЗ, број 32008L0053. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 2 од 11 7) „пауза во одгледувањето“ е операција при која фармата се празни од аквакултура која е приемчива за болеста за која се работи, или може да го пренесува причинителот на болеста, и, доколку е можно, и од водата. Член 3 Пријавување (1) Во случај кога постои сомневање на присуство, или е потврдено присуство на некоја од болестите наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 кај водните животни, веднаш се пријавува до Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). (2) Во случај кога постои зголемена смртност кај водните животни тоа веднаш се пријавува до Агенцијата или овластен ветеринар. (3) Обврска за пријавување од ставовите (1) и (2) од овој член се однесува на лицата согласно со Законот на ветеринарно здравство. Член 4 Пријавување до Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и до Комисијата на Европската Унија Во случај на потврда на присуство на болест, Агенцијата ја известува Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и Комисијата на Европската Унија во согласност со Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1. Член 5 Почетни контролни мерки (1) Во случај на сомневање на егзотични болести, или не егзотични болести, наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 во Република Македонија, зона или оддел со здравствен статус од категорија I или III како што е наведено во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, треба да се обезбеди земање на примероци и испитување во лабораторија во согласност со член 22 на овој правилник; (2) Во зависност од резултатите од став (1) од овој член: 1) фармата, или делот каде се одгледуваат мекотели, каде постои сомневање за постоење на болеста, се става под официјален надзор и се спроведуваат соодветни мерки за сузбивање и искоренување за да се спречи ширењето на болеста на други водни животни; 2) да нема внесување и изнесување на аквакултура во и од фармата или делот каде се одгледуваат мекотели, каде постои сомневање за присуство на болест, освен ако не е одобрено од страна на Агенцијата и 3) да се отпочне епизоотиолошко испитување од член 6 на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 3 од 11 Член 6 Епизоотиолошко испитување (1) Епизоотиолошкото испитување од член 5 став (2) точка 3) на овој правилник, се врши каде испитувањето од член 5 став (1) на овој правилник покажува присуство на: 1) егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 или 2) не-егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 во Република Македонија, зона или оддел со здравствен статус од категорија I или III, како што е наведено во Прилог 1 на овој правилник. (2) Епизоотиолошкото испитување од став (1) од овој член опфаќа: 1) утврдување на потеклото и начинот на контаминирање; 2) утврдување дали водните животни ја напуштиле фармата или делот каде се одгледуваат мекотели во одреден период пред пријавувањето на сомневањето од член 3 ставови (1) и (2) на овој правилник и 3) испитување дали постои присуство на болест на други фарми. (3) Кога епизоотиолошкото испитување од став (1) на овој член покажува дека е можно болеста да е внесена во еден или повеќе фарми, делови каде се одгледуваат мекотели или отворени води, мерките од член 5 на овој правилник треба да се применуваат и во овие фарми, односно, делови каде се одгледуваат мекотели или отворени води. (4) Во случај на големи водни сливови или крајбрежни области, може да се ограничи примената на почетните контролни мерки од член 5 на овој правилник на помала област во близина на фармата или деловите каде се одгледуваат мекотели за која постои сомневање дека има присуство на болест, за која се смета дека е доволно мала што гарантира дека болеста нема да се шири. (5) Доколку е потребно соседните земји да преземат мерки во врска со присуство на болест, надлежните органи на соседните земји треба да бидат информирани за сомневањето за присуство на болест. Член 7 Повлекување на ограничувањата Доколку испитувањето од член 5 став (1) на овој правилник не покаже присуство на болест, ограничувањата од член 5 став (2) на овој правилник се повлекуваат. Член 8 Мерки во случај на потврда на егзотична болест кај аквакултура Мерките од членовите 9, 10. 11, 12 и 13 на овој правилник се применуваат во случај на потврда на присуство на егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 кај аквакултура. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 4 од 11 Член 9 Општи мерки во случај на потврда на егзотична болест кај аквакултура Во случај на потврда на присуство на егзотична болест кај аквакултура треба: 1) да е потврдено присуство на болест во фармата или делот каде се одгледуваат мекотели официјално; 2) да е формиран заштитен појас, заштитна зона и зона на надзор околу фармата или делот каде се одгледуваат мекотели каде е потврдено присуство на болеста; 3) да не се врши повторно населување и внесување, изнесување или движење на аквакултура во рамките на заштитниот појас, освен доколку тоа не е одобрено од страна на Агенцијата и 4) да се преземаат мерки потребни за да се спречи понатамошното ширење на болеста. Член 10 Собирање и понатамошна обработка во случај на потврда на егзотична болест кај аквакултура (1) Аквакултурата која има постигнато комерцијална големина и не покажува клинички знаци на болест може да се собере за човечка исхрана или за понатамошна обработка под надзор на официјален ветеринар. (2) Собирањето, внесувањето во центрите за испраќање или центрите за прочистување, понатамошна обработка и други операции поврзани со вклучување на аквакултурата за влез во синџирот на исхрана треба да се врши на начин со кој се спречува ширењето на патогенот кој е одговорен за предизвикување на болест. (3) Центрите за испраќање, центрите за прочистување и други објекти поврзани со операции во врска со понатамошната обработка треба да бидат опремени со систем за третман на отпадни води за инактивирање на патогенот кој е одговорен за предизвикување на болеста, или врз отпадните води треба да се примени друг вид на третман за намалување на ризикот од пренесување на болести на природните води на прифатливо ниво. (4) Понатамошната обработка на аквакултурата која има постигнато комерцијална големина и не покажува клинички знаци на болест треба да се врши во одобрени преработувачки објекти. Член 11 Отстранување и нештетно уништување во случај на потврда на егзотична болест кај аквакултура (1) Угинатите риби и ракови, како и живите риби и ракови кои покажуваат клинички знаци на болест, се отстрануваат и нештетно се уништуваат под надзор на официјален ветеринар, во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2 и планот за итни мерки. (2) Аквакултурата која не достигнала комерцијална големина и не покажува клинички знаци на болест треба во соодветна временска рамка, земајќи ги предвид видот на производството и ризикот за понатамошно ширење на болеста, да се отстрани и нештетно да се уништи под надзор на официјален ветеринар во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2 и планот за итни мерки во согласност со Законот за ветеринарно здравство. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 5 од 11 Член 12 Пауза во одгледувањето во случај на потврда на егзотична болест кај аквакултура (1) Доколку е можно фармите или деловите каде се одгледуваат мекотели каде има присуство на болеста треба да бидат подложени на пауза во одгледувањето откако ќе се испразнат и доколку е можно треба да се исчистат и дезинфицираат. (2) Паузата во одгледувањето во фарми или делови каде се одгледуваат мекотели, каде се одгледува аквакултура која не е подложна на болеста за која се работи, се применува врз основа на проценката на ризикот. Член 13 Повлекување на мерките воведени во случај на потврда на егзотична болест кај аквакултура Мерките од членовите 9, 10, 11 и 12 на овој правилник се применуваат до: 1) спроведување на мерките за сузбивање на болест; 2) добивање на негативни резултати од земените мостри и надзорот во заштитниот појас, соодветно за болест за која се работи и видот на бизнис за производство на аквакултура. Член 14 Постапување во случај на потврда на не-егзотични болести кај аквакултура (1) Во случај на потврда на присуство на не-егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 во Република Македонија, во зона или оддел слободни од таа болест: 1) се применуваат мерките од членовите 9, 10, 11, 12 и 13 на овој правилник со цел да се воспостави повторно статусот на слободна од болест и 2) се изготвува програма за сузбивање и искоренување во согласност со Законот за ветеринарно здравство. (2) По исклучок од член 11 став (2) на овој правилник, може да се дозволи животните кои не покажуваат клинички знаци на болест да продолжат да се одгледуваат до постигнување на комерцијална големина пред да бидат пуштени за исхрана на луѓе или да се пренесат во друга зона или оддел каде има присуство на болеста. Во такви случаи, се преземаат мерки за да се намали колку што е можно и да се спречи понатамошното ширење на болеста. (3) Доколку статусот слободна од болест зона или оддел не се воспоставува повторно се применува членот 15 на овој правилник. Член 15 Мерки за спречување на ширење на болеста (1) Во случај на потврда на присуство на не-егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 во Република Македонија, во зона или оддел кои не се слободни од таа болест, Агенцијата ги презема неопходните мерки утврдени во став (2) на овој член за спречување на ширење на болеста. (2) Мерките за спречување на ширење на болеста се состојат најмалку од: 1) прогласување на фармата или делот каде се одгледуваат мекотели за заразени; Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 6 од 11 2) воспоставување на заштитен појас соодветен за болеста за која се работи, вклучувајќи и заштитна зона и зона на надзор околу фармата или делот каде се одгледуваат мекотели кои се прогласени за заразени; 3) ограничување на движењето на аквакултурата од заштитниот појас така што: (a) внесување во фармите или деловите каде се одгледуваат мекотели се врши во согласност со Законот за ветеринарно здравство*3 или (б) собирање за исхрана на луѓе се врши во согласност со член 10 став (1) на овој правилник; 4) отстранување и нештетно уништување на угинати риби и ракови, согласно Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2, во соодветен рок, земајќи го во предвид видот на производство и ризикот што угинатите животни го претставуваат за понатамошно ширењето на болеста. Член 16 Основни мерки за сузбивање и искоренување на болести кај диви водни животни (1) Доколку постои сомневање или потврда за присуство на егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 кај диви водни животни, Агенцијата ја следи ситуацијата и презема мерки за намалување и спречување на понатамошното ширење на болеста. (2) Доколку постои сомневање или потврда за присуство на не-егзотична болест наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 кај диви водни животни во Република Македонија, зона или оддел кој е слободен од таа болест, Агенцијата ја следи ситуацијата и презема мерки за намалување и спречување на понатамошното ширење на болеста. Член 17 Мерки за сузбивање и искоренување во случај на жариште на нова болест (1) Во случај на жариште на нова болест се преземаат соодветни мерки за сузбивање и искоренување на таа болест, како и спречување на ширење во случај кога постои опасност од загрозување на здравствената состојба на водните животни. (2) Во случај на жариште на нова болест и кога наодите се од епидемиолошко значење, Агенцијата веднаш ги информира Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и Комисијата на Европската Унија. (3) По спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика, мерките од став (1) на овој член може да се продолжат, изменат или повлечат. (4) По спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика, доколку е потребно, листата на болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 може да се измени и дополни за да се вклучи и новата болест или нов приемчив вид – домаќин на болест која веќе се наоѓа на листата. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 7 од 11 Член 18 Постапка за донесување на ад хок епидемиолошки мерки за болестите наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 По спроведената постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика, применување на ад хок мерки за одреден временски период под услови соодветни на епидемиолошката состојба, може да се одобри доколку: 1) мерките од членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 19 и 20 на овој правилник не се соодветни на епидемиолошката состојба; 2) болеста продолжува да се шири и покрај мерките преземени во согласност со оваа глава. Член 19 Мерки за ограничување на влијанието на болести кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 (1) Доколку болест која не е наведена во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 претставува значителен ризик за здравствената состојба на аквакултурата или на дивите водни животни, Агенцијата може да преземе мерки за превенција на внесување или за сузбивање и искоренување на таа болест. (2) Мерките од став (1) на овој член не треба да ги надминуваат границите на она што е соодветно и неопходно за спречување на внесување или за сузбивање и искоренување на болест. Член 20 План за итни мерки при појавување на нови болести и егзотични болести (1) Мерките од овој правилник се наведуваат во планот за итни мерки на Агенцијата. (2) При изготвување на планот за итни мерки треба да се исполнат критериумите и барањата утврдени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 21 Вакцинација (1) Вакцинација против егзотични болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 не се врши, освен доколку вакцинација не е во согласност со членовите 17, 18 или 20 на овој правилник. (2) Вакцинација против не-егзотични болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 не се врши во делови кои се слободни од болестите или кои се предмет на програма за надзор одобрена во согласност со Законот за ветеринарно здравство. (3) Вакцинација може да се одобри во делови од територијата на Република Македонија кои не се прогласени за слободни од болести, или каде вакцинацијата е дел од програмата за искоренување одобрена во согласност со Законот за ветеринарно здравство. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 8 од 11 Член 22 Лаборатории (1) Лабораторијата одобрена од страна на Агенцијата при вршењето на работата соработува со референтната лабораторија на Европската Унија. (2) Лабораторијата од став (1) на овој член треба да биде соодветно опремена и кадровски екипирана со соодветен број на обучен персонал за извршување на лабораториските испитувања потребни за реализација на испитувањата од овој правилник и да се во согласност со функциите и обврските пропишани во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. (3) Лабораториските испитувања за спроведување на мерките од овој правилник се вршат во лабораториите назначени за таа цел од страна на Агенцијата согласно Законот за ветеринарно здравство. Член 23 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 21-5268/2 27 декември 2011 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 9 од 11 Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 10 од 11 Прилог 2 Критериуми и барања за планови за итни мерки Плановите за итни мерки треба да ги исполнуваат најмалку следните барања: 1. Изготвување на одредби како би се утврдиле овластувањата кои се неопходни за имплементација на плановите за итни мерки и стапување на сила на брза и ефикасна кампања за искоренување; 2. Изготвување на одредби за да се обезбеди пристап до итни фондови, буџетски средства и финансиски ресурси со цел да се покријат сите аспекти на борбата против егзотичните болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1; 3. Треба да се формира ланец на командување со цел да се обезбеди брзо и ефикасно донесување одлуки за справување со егзотични болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 или појава на жариште на нови болести. Централна единица за донесување одлуки е задолжена за насочување на стратегиите за искоренување; 4. Треба да бидат достапни детални планови за итно воспоставување на локални центри за контрола на болеста во случај на жариште на егзотични болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 или жаришта на нови болести и да се спроведат мерки за контрола на болести и заштита на животната средина на локално ниво; 5. Треба да се осигура соработка помеѓу Агенцијата и надлежните органи и тела за заштита на животната средина, со цел да се обезбеди координација на активностите; 6. Изготвување на одредби за обезбедување на соодветни ресурси за да се обезбеди брза и ефикасна кампања, вклучувајќи персонал, опрема и лабораториски капацитети; 7. Треба да биде на располагање ажурирано упатство, со детален, сеопфатен и практичен опис на сите потребни активности, процедури, инструкции и контролни мерки за справување со егзотичните болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1 или жариштата на нови болести; 8. Треба да бидат достапни детални планови во случај кога е потребно итна вакцинација; 9. Персонал треба редовно да биде вклучен во обука за клиничките знаци, епидемиолошкото истржување и контрола на епизоотии, во симулирани вежби и во обука за комуникациски вештини за да се обезбеди континуирана подготвеност на надлежните органи, одгледувачите и ветеринарите; 10. Во плановите за итни мерки треба да се предвидат потребните ресурсите за искоренување на голем број на жаришта кои може да се појават во краток временски период; 11. Без оглед на одредбите од Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2, плановите за итни мерки треба да осигурат, во случај на жариште на болести, секое масовно отстранување и нештетно уништување на водните животни и отпадокот од аквакултура се врши без загрозување на здравјето на луѓето и животните, со користење на процеси или методи кои не дозволуваат нанесување штета на животната средина, а особено: Службен весник на РМ, бр. 185 од 30.12.2011 година 11 од 11 (i) со минимален ризик за почвата, воздухот, површинските и подземните води, и на растенијата и животните; (ii) со минимална непријатност поради бучава или мирис; (iii) со минимални негативни ефекти врз природата или врз местата од посебен интерес; 12. Ваквите планови треба да содржат евиденција на соодветни места и фирми за третирање или за отстранување и нештетно уништување на животински остатоци и отпад во случај на жариште на болест во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло*2. Прилог 3 Функции и обврски на лабораториите Лабораторијата: (a) треба да ја извести Агенцијата без одложување доколку постои сомневање на некоја од болестите наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1; (б) ги координира, во консултација со релевантните референтната лабораторија на Заедницата, методите што се користат за дијагностицирање на болести; (в) асистира во дијагнозата на жаришта на болест со добивањето изолати на причинителот за потврдување на дијагнозата, карактеризација и епизоотиолошки испитувања; (г) спроведува обука или преквалификација на експерти за лабораториско дијагностицирање со цел да се хармонизираат дијагностичките техники; (д) обезбедуваат потврдување на позитивни резултати на сите жаришта на егзотични болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1, и на примарните жаришта на не-егзотични болести наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат*1; (ѓ) организира периодични компаративни тестови за дијагностички процедури на национално ниво со референтните лаборатории во Европската Унија, со цел да се обезбедат информации за методите за дијагноза кои се користи и за резултатите од тестовите што се вршат во Европската Унија. *1 Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат е усогласена со ДИРЕКТИВАТА НА СОВЕТОТ 2006/88/ЕЗ од 24 октомври 2006 за здравствените барања за аквакултурата и производи од аквакултура, и за спречување и контрола на одредени болести кај водни животни, број 32006L0088. *2 Законот за нуспроизводи од животинско потекло e усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002 на Европскиот Парламент и на Советот од 3 Октомври 2002 година која ги пропишува здравствените барања во поглед на нуспроизводите од животни кои не се наменети за исхрана на луѓе, број 1774/2002. *3 Законот за ветеринарно здравство е предмет на усогласување со ДИРЕКТИВАТА НА СОВЕТОТ 2006/88/ЕЗ од 24 октомври 2006 за здравствените барања за аквакултурата и производи од аквакултура, и за спречување и контрола на одредени болести кај водни животни, број 32006L0088.

Regulation on measures for the suppression and eradication of certain diseases in aquatic animals · Nelum