Regulation on measures for the control and eradication of Avian influenza
颁布于 2016-08-08 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Wild species and ecosystems
- 关键词
- animal health, pests/diseases, poultry, birds, monitoring, inspection, data collection/reporting, hygiene/sanitary procedures, vaccination
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 1 од 67 20161613629 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА(*) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за пријавување на болеста авијарна инфлуенца кај живината и дивите птици и мерки кои треба да се превземаат за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца. Член 2 Примена Овој правилник се применува при спроведување на: 1) превентивни мерки кои се однесуваат на надзорот, раното откривање на авијарна инфлуенца и зголемување на степенот на свест и степенот за подготвеност за ризиците од авијарна инфлуенца; 2) минималните контролни мерки кои треба да се применуваат во случај на жариште на авијарна инфлуенца кај живина или други птици и рано откривање на можното ширење на вирусот на авијарна инфлуенца кај цицачите и 3) други дополнителни мерки за контрола на ширењето на вируси на инфлуенца кои потекнуваат од птиците на другите видови животни. Член 3 Поими (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство („Службен весник Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 123/15, 154/15 и 53/16) и прописите донесени врз основа на тој закон се применуваат и во овој правилник, освен доколку не се поинаку дефинирани со овој правилник. (2) Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) “Авијарна инфлуенца” е инфекција кај живината или други птици предизвикана од било кој вирус А на инфлуенца: на подтиповите H5 или H7 или со венски индекс на патогеност кај шест неделни пилиња поголем од 1.2; () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 2005/94/ЕЗ од 20 Декември 2005 година за мерки на Заедницата за контрола на авијарна инфлуенца, број 32005L0045 и Одлука на Комисијата 2006/437/ЕЗ од 4 август 2006 година за одобрување на дијагностички прирачник за птичји грип како што е предвидено во Директивата на Советот 2005/94/ЕЗ, број 32006D0437. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 2 од 67 2) “Високо патогена Авијарна инфлуенца (во понатамошниот текст: ВПАИ)” е инфекција кај живината или други птици предизвикана од: вируси на авијарна инфлуенца од подтиповите H5 и H7 со геномска секвенца кодифицирана за многукратни основни амино киселини на местото на врзување на хемаглутининска молекула слична со таа кај другите вируси на ВПАИ, со тоа што молекулата на хемаглутинин може да биде врзана со убикватна протеаза од домаќинот или вируси на авијарна инфлуенца со венски индекс на патогеност кај шест неделни пилиња поголем од 1.2; 3) “Ниско патогена Авијарна инфлуенца (во понатамошниот текст: НПАИ)” е инфекција кај живината или други птици предизвикана од вируси на авијарна инфлуенца од под типовите H5 и H7 кој не влегува во дефиницијата од точка 2) на овој член; 4) „живина“ се сите птици кои се одгледуваат или чуваат во затворен простор за производство на месо или јајца за конзумирање, производство на други производи, за обновување на популацијата на дивеч или за целите на било која програма за одгледување и производство на овие категории на птици; 5) „дива птица“ е птица која живее слободно и која не се чува во ниедно одгледувалиште дефинирано во точка 8 од овој член; 6) „други птици “ се сите останати видови на птици, различни од живина кои се чуваат во кафези или друг затворен простор од било која друга причина различна од оние утврдени во точка 4 од овој член, вклучително и на оние кои се чуваат за претстави, трки, изложби, натпревари, одгледување или ставање во промет; 7) „официјално регистрирани ретки видови на живина или други птици“ се сите птици кои се чуваат во кафези или затворен простор, а кои надлежните органи официјално ги признале како редок вид; 8) „одгледувалишта“ се сите земјоделски стопанства или објекти, вклучувајќи и инкубаторски станици, циркуси, зоолошки градини, продавници за домашни миленичиња, пазари за птици и птичарници, каде што се одгледува или се чува живина или други птици, со исклучок на кланици, превозни средства, простории и центри за карантин, гранични инспекциски пунктови и лаборатории овластени од Агенцијата за чување на вирус на авијарна инфлуенца; 9) „комерцијално одгледувалиште за живина“ е одгледувалиште каде што се чува живина за комерцијални цели; 10) „некомерцијално одгледувалиште за живина“ е одгледувалиште каде што одгледувачите чуваат живина или други птици: а) за сопствена конзумација или б) како миленичиња; 11) „оддел за живина“ или „оддел за други птици“ е одгледувалиште или дел од одгледувалишта под заеднички систем на биолошка сигурност, во кој се сместени живина или потпопулација на други птици, со јасно утврден здравствен статус во однос на авијарната инфлуенца подложени на одреден надзор, контролни мерки и мерки за биолошка сигурност; 12) „јато“ е сета живина или други птици кои се одгледувани во една-единствена производна единица; 13) „производна единица“ е единица од било кое одгледувалиште, која по проценките на официјален ветеринар е целосно независна од било која друга единица во тоа одгледувалиште, во однос на нејзината локација или на секојдневното ракување со живината или другите птици, коишто таму се чуваат; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 3 од 67 14) „еднодневни пилиња“ е живина помлада од 72 часа, која сè уште не е хранета и мошусни патки (Cairina moschata) или нивни мелези, помлади од 72 часа, без разлика дали се или не се хранети; 15) „дијагностички прирачник“ е прирачник за дијагностицирање на авијарна инфлуенца пропишан во член 34 став (1) на овој правилник; 16) „живина или други птици за кои постои сомнеж дека се заразени" се живина или други птици коишто покажуваат клинички знаци или пост-мортални промени или реакции на лабораториски тестови со кои присуството на авијарна инфлуенца не може да се исклучи; 17) „сопственик" е секое лице или лица, физички или правни, кои имаат сопственост над живината или другите птици, или кои се надлежни за чување на такви птици, било тоа да е за или да не е за комерцијални цели; 18) „официјална контрола" е активност преземена од страна на официјален ветеринар за потврда на исполнетоста и примената на барањата од овој правилник; 19) „убивање" е секој процес различен од колење, со кој се предизвикува смрт на цицач, живина или други птици; 20) „колење" е секој процес со кој се предизвикува смрт на цицач или на домашно животно со крвавење, заради потребите за конзумација од страна на луѓето; 21) „уништување “ е акт на собирање, превоз, складирање, ракување, обработка и употреба или уништување на животински нуспроизводи во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло, 22) „банка за вакцини“ се соодветни објекти и простории определени за складирање резерви од вакцини за авијарна инфлуенца; 23) „контактно одгледувалиште“ е одгледувалиште каде вирусот на авијарна инфлуенца е можно да бил внесен како резултат на местоположбата на одгледувалиштето, движењето на лица, живина или други птици, возила или на некој друг начин; 24) „сомнително жариште на авијарна инфлуенца“ е одгледувалиште за кое Агенцијата се сомнева за присуство на авијарна инфлуенца; 25) „жариште на авијарна инфлуенца“ е одгледувалиште во кое Агенцијата потврдила присуство на авијарна инфлуенца; 26) “примарно жариште“ е жариште кое не е епидемиолошки поврзано со претходно жариште во исто епидемиолошко подрачје или е прво жариште во различно епидемиолошко подрачје; 27) „стратегија за разграничување на заразени од вакцинирани животни (ДИВА)“ е стратегија на вакцинирање, која овозможува да се направи разлика меѓу вакцинирани/заразени и вакцинирани/незаразени животни, преку примена на дијагностички тест наменет за детектирање на антитела против локалниот вирус и употребата на невакцинирани сентинелни птици; 28) „цицач“ е животно од родот Mammalia, со исклучок на човекот; 29) „мрша“ се однесува на труп од живина или други птици или делови од истите, кои умреле или биле убиени и се несоодветни за човечка употреба и 30) „дијагностички примерок“ е било кој животински материјал вклучувајќи и превоз на цел труп за дијагностичко испитување или истражувачки цели, со исклучок на живи заразени животни. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 4 од 67 Член 4 Пријавување на болеста авијарна инфлуенца (1) Секое присуство или сомнеж на авијарна инфлуенца се пријавува веднаш, односно во што е можно пократок рок до Агенцијата. (2) Официјалниот ветеринар на територијата каде е потврдена авијарна инфлуенца треба да ги обезбеди податоците дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник за: 1) одгледувалиштата каде е потврдено жариште на авијарна инфлуенца кај живината и дивите птици; 2) потврдените сличаи на авијарна инфлуенца во кланици или средства за превоз; 3) потврдените сличаи на авијарна инфлуенца на граничен премин, објекти за карантин или центри кои работат со увоз на живина или дриги птици. (3) Агенцијата треба да ги пријави резултатите од сите контроли на надзор за авијарна инфлуенца спроведени кај цицачите. (4) Агенцијата во рок од 24 часа од потврдување на примарното жариште или потврување на жариште во кланица или средства за превоз, треба да ги пријави преку АДНС – системот за пријавување на болести на Европската Унија, податоците дадени во Прилог 1 на овој правилник. Член 5 Епидемиолошко испитување (1) Епидемиолошкото испитување на сомнителни случаи или жаришта на авијарна инфлуенца се врши врз основа на прашалник, подготвен во рамките на планот за итни мерки во согласност со член 39 од овој правилник. (2) Епидемиолошкото испитување се однесува на: 1) временскиот период на присуство на вирусот на авијарната инфлуенца на одгледувалиштето или во други простории или во средства за превоз, пред да биде пријавена болеста или поставен сомнежот; 2) можното потекло на авијарната инфлуенца; 3) идентификување на сите контактни одгледувалишта; 4) движењата на живина, другите птици, лица, цицачи, возила или било кој други предмети или материи или други начини кои веројатно предизвикале ширење на вирусот на авијарната инфлуенца. (3) Агенцијата врз основа на епидемиолошкото испитување: 1) одлучува за примена на дополнителни мерки за контрола на болеста, како што е предвидено во член 9 од овој правилник и 2) одобрува исклучоци како што е утврдено со овој правилник. (4) Во случај кога епидемиолошкото испитување упатува дека вирусот на авијарна инфлуенца веројатно е внесен или се проширил на одгледувалишта од друга држава, Агенцијата веднаш го информира надлежениот орган на таа држава. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 5 од 67 Член 6 Мерки кои треба да се превземат во случај на сомнеж на присуство на авијарна инфлуенца на одгледувалиште (1) По добивање на пријава на сомнеж на авијарна инфлуенца на одгледувалиште, официјалниот ветеринар треба веднаш да превземе мерки за испитување во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник со цел да потврди или исклучи присуство на болест. (2) Во случај кога сомнежот за присутво на авијарна инфлуенца на одгледувалиште не може да се исклучи, одгледувалиштето се става под службен надзор и се спроведуваат следните мерки: 1) пребројување или проценка на бројот на живината, други птици и сите цицачи од домашните видови во однос на нивната категорија, тип и вид; 2) изготвување листа од одгледувалиштето со приближниот број на живина, други птици и сите цицачи од домашните видови кои се болни, угинати или за кои постои веројатност дека се заразени, по старосна и производна категорија. Листатa се ажурира дневно за да се имаат во евиденција новите ведења и угинувањата во текот на периодот од пoстaвувaњeтo на сомнежoт. Листата се изготвува по барање на официјалниот ветеринар; 3) ограничување на живинатa и другитe птици во нивните живеалишта или на некое друго место каде можат да бидат изолирани и каде се спречува контакт со друга живина, други птици или диви птици; 4) забрaна за внесување или изнесување на живина и други птици во и од одгледувалиштето; 5) забрана за изнесување на мрши, месо вклучувајки и внатрешни органи од живина или други птици, храна за животни, прибор, материјали, отпад, цврсто ѓубре од живина или други птици, простирка или било што друго што би можело да ја пренесе болеста од одгледувалиштето без претходно одобрување од официјален ветеринар и спроведување на соодветни мерки на биосигурност за да се намали ризикот од ширење на авијарна инфлуенца; 6) забрана за изнесување на јајца од одгледувалиштето; 7) забрана за влез или излез на лица, возила, опрема и цицачи од домашните видови од одгледувалиштето без предходно писмено одобрение од официјален ветеринар; 8) поставување на соодветни средства за дезинфекција на влезот и излезот на објектите каде е сместена живината и други птици како и на влезот и излезот од одгледувалиштето, согласно насоките дадени од официјалниот ветеринар и 9) спроведување на епидемиолошко испитување во согласност со член 5 од овој правилник. (3) Официјалниот ветеринар покрај земањето на примероци за лабораториско испитување согласно став (1) на овој член, може да земе примероци и од други одгледувалишта. Во тие одгледувалишта официјалниот ветеринар може да не примени некои или сите мерки од став (2) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 6 од 67 Член 7 Исклучоци од примена на мерки кои се применуваат во случај на сомнеж на присуство на авијарна инфлуенца на одгледувалиште (1) Агенцијата може да одобри исклучоци од примена на мерките утврдени во член 6 став (2), точки 3), 4) и 5) од овој правилник, врз основа на проценка на ризик, земајќи ги во предвид мерките за претпазливост и крајната дестинацијата на која птиците и производите се пренесуваат. (2) Агенцијата може да одобри исклучоци од примена на мерките од член 6 став (2), точка 8) од овој правилник, во случај на други птици кои се чуваат во некомерцијални одгледувалишта. (3) Агенцијата може да одобри во однос на членот 6 став (2), точка 6) од овој правилник движење на јајцата вклучувајки ги и јајцата за ведење: 1) директно до одобрен објект за производство на производи од јајца во согласност со Законот за безбедност на храна, доколку се исполнети условите дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник или 2) за уништување. Член 8 Времетраење на мерките кои се применуваат на одгледувалиштата во случај на сомнеж на присуство на авијарна инфлуенца Мерките кои се применуваат во одгледувалиштата во случај на сомневање на појава на жариште на авијарна инфлуенца согласно член 6 од овој правилник, се применуваат сè додека Агенцијата не го исклучи присуството на авијарна инфлуенца во одгледувалиштето. Член 9 Дополнителни мерки кои треба да се превземат врз основа на епидемиолошко испитување Врз основа на резултатите од епидемиолошките испитувања, за одгледувалишта кои се сместени во област со голема густина на населеност со живина, Агенцијата може да: 1) забрани привремено движење на живината, други птици и јајца и движење на превозни средства поврзани со живинарската индустрија во одредена област или во целата држава. Ова ограничување може да се прошири и на движење на цицачи од домашните видови но не повеќе од 72 часа освен доколку не е оправдано од исклучителни околности; 2) примeни мерки согласно членот 10 од овој правилник. Примената на овие мерки може да биде ограничена на живина или на други птици, за кои постои сомнеж дека се заразени и на нивните производствени единици. Примероци од живината или други птици се земаат кога истите ќе бидат нештетно уништени, со цел сомневањетo на појава на жариште да се потврди или исклучи во согласност со процедурите предвидени со дијагностичкиот прирачник од член 34 став (2) на овој правилник; 3) фoрмирa привремена контролна зона околу одгледувалиштето и доколку е потребно одобрува примeна на некои или сите мерки предвидени во членот 6 став (2) од овој правилник, во одгледувалиштата во таа зона. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 7 од 67 Член 10 Мерки кои треба да се превземат во случај на потврда на присуство на авијарна инфлуенца на одгледувалиште Во случај на потврда на присуство на ВПАИ на одгледувалиште покрај мерките од член 6 став (2) на овој правилник се спроведуваат и следните мерки: 1) убивање на живината и другите птици во одгледувалиштето без одлагање под официјален надзор. Убивањето се врши на начин со кој се избегнува ризикот од ширење на авијарната инфлуенца за време на убивањето, особено во текот на превозот; 2) агенцијата може да одобри отстапување од точка 1) на овој став за одредени видови живина или други птици врз основа на проценка на ризикот од понатамошното ширење на авијарна инфлуенца. Агенцијата може да превземе соодветни мерки за да го ограничи можното ширење на авијарна инфлуенца на дивите птици во одгледувалиштето; 3) нештетно отстранување на мршите од живина, птици кои угинале или се убиени, и јајцата за ведење и консумирање под надзор на официјален ветеринар; 4) живината изведена од јајца од одгледувалиштето, во текот на периодот меѓу можниот датум на појава на ВПАИ во одгледувалиштето и примената на мерките предвидени во член 6 став (2) од овој правилник, треба да биде ставена под официјален надзор, и врз неа се врши испитување во согласност со дијагностичкиот прирачник даден во член 34 на овој правилник; 5) месото од закланата живина и јајцата за ведење и консумирање произведени на одгледувалиштето во периодот помеѓу можниот датум на појава на ВПАИ и примената на мерките утврдени во член 6 став (2) од овој правилник, треба да бидат лоцирани и уништени под надзор на официјален ветеринар; 6) сите супстанци, предмети, отпад и храна за животни кои може да се контаминирани се уништуваат или подлежат на третман со кој се обезбедува уништување на авијарната инфлуенца во согласност со инструкциите од официјалниот ветеринар; 7) цврстото и течното ѓубре и простирката кои може да се контаминирани, се третираат во согласност со одредбите за чистење и дезинфекција утврдени во членот 32 од овој правилник; 8) по отстранување на мршите, објектите кои се користеле за нивно чување, пасиштата или земјиштето, опремата која може да биде контаминирана и возилата користени за превоз на живина или други видови птици, мршите, месото, храната, цврстото и течното ѓубре, простирка и било кој материјал или супстанца за кои постои сомневање дека се контаминирани, се чистат, дезинфицираат или третираат во согласност со една или повеќе од мерките утврдени во член 32 од овој правилник; 9) забрана за влез и излез на други птици или домашни цицачи без одобрување од официјален ветеринар, освен за цицачи од домашните видови кои имаат пристап само до просторот за живеење на луѓето при што секoj кoнтaкт на oвиe животни со живина или други птици може да се исклучи; 10) спроведување на целосна епидемиолошка истага во согласност со член 5 на овој правилник и 11) изолатот на вирусот во случај на примарно жариште се испраќа на лабораториско тестирање за идентификување на генетскиот поттип, во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 8 од 67 Член 11 Исклучоци кои се однесуваат на примена на мерки на одредени одгледувалишта (1) Агенцијата врз основа на проценка на ризик може да одобри исклучоци од примена на мерките утврдени во член 10 точки 1) и 2) и член 12 од овој правилник. (2) Агенцијата може да одобри исклучоци од примена на мерките од член 10, точки 1) и 2) од овој правилник во случај на појава на жариште на авијарна инфлуенца во некомерцијални одгледувалишта, одгледувалишта за птици миленици, циркуси, золошки градини, продавници за птици, национални паркови, ограден простор каде живина и други птици се чуваат за научни цели или други цели поврзани со заштита на загрозените видови на официјално регистрирани ретки раси на живина или други птици, доколку таквите исклучоци не ја доведуваат во опасност контролата на болеста и се во согласност со националното законодавство. (3) Кога се одобрени исклучоци од став (2) на овој член, официјалниот ветеринар обезбедува дека живината и другите птици: 1) се целосно изолирани од друга живина, други птици и диви птици; 2) подлежат на понатамошен надзор и лабораториско тестирање во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник се додека не се утврди дека истите не претставуваат опасност за понатамошно ширење на ВПАИ и 3) немa да се преместуваат од одгледувалиштето од кое потекнуваат, освен доколку кога по инструкции и надзор од официјалниот ветеринар се праќаат дирекно на колење или во друго одгледувалиште. (4) Официјалниот ветеринар може да одобри исклучок од примена на член 10 точка 5) на овој правилник, така што на јајцата вклучувајки ги и јајцата за ведење се движат директно до одобрен објект за производство на производи од јајца во согласност со Законот за безбедност на храна, доколку се исполнети условите дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 12 Мерки што треба да се превземат во случај на потврда на присуство на ВПАИ во одгледувалишта составени од различни производни единици (1) Во случај кога е потврдено присуство на ВПАИ на одгледувалиште кое се состои од две или повеќе одвоени производни единици, официјалниот ветеринар може да одобри исклучоци од примена на одредбите на член 10 точки 1) и 2) од овој правилник за производни единици со живина и други птици на одгледувалиштето каде што не постои сомнеж за ВПАИ. Овие исклучоци се применуваат само во случај кога структурата, големината и растојанието помеѓу производните единици како и активностите кои се вршат на истите се такви што производните единици представуваат комплетно одвоени објекти за сместување, чување и одгледување при што е оневозможено ширење на вирусот од една на друга производна единица. (2) Во случај на примена на исклучоците од став (1) на овој член, истите се спроведуваат со јасни насоки за нивна примена при што треба да се запазат гаранциите во однос на здравствената заштита на животните. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 9 од 67 Член 13 Мерки кои треба да се превземат во контактно одгледувалиште (1) За контактно одгледувалиште се смета секое одгледувалиште за кое врз основа на епидемиолошкото испитување направено во согласност со член 5 од овој правилник, не може да се исклучи можноста болеста да се пренесе од друго одгледувалиште. Агенцијата одлучува кое одгледувалиште ќе се смета за контактно одгледувалиште. (2) Одредбите од член 6 став (2) на овој правилник се применуваат во контактното одгледувалиште од став (1) на овој член се додека официјално не се исклучи сомнежот на авијарна инфлуенца во согласност со насоките дадени во дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. (3) Врз основа на епидемиолошките испитувања, во контакните одгледувалишта од став (1) на овој член може да се применат мерките од членот 10 на овој правилник, особено доколку контактното одгледувалиштето е лоцирано во област со голема густина на населеност на живина. Главните критериуми врз основа на кои се одлучува за применување или неприменување на мерките од член 10 на овој правилник се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. (4) Во контактните одгледувалишта од став (1) на овој член може да се применат мерките од член 10, точка 1) од овој правилник при што од убиената живина или други птици треба да се земат доволен број на примероци во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник со цел да се потврди или исклучи присуството на ВПАИ на контактното одгледувалиште. (5) Агенцијата треба да обезбеди сите одгледувалишта во кои се убиени или уништени живина или други птици, каде што има последователно потврда на авијарна инфлуенца, објекти или било која опрема која може да биде контаминирана и возилата користени за превоз на живина или други видови птици, мршите, месото, храната, цврстото и течното ѓубре, простирка и било кој материјал или супстанца за кои постои сомневање дека се контаминирани, се чистат, дезинфицираат или третираат во согласност со една или повеќе од методите превидени во член 32 од овој правилник. Член 14 Формирање на заштитни зони, зони под надзор и поширока зона под ограничување во случај на потврда на присуство на ВПАИ (1) Веднаш по добивање на официјална потврда на ВПАИ, се формира заштитна зона во радиус од најмалку три километри околу одгледувалиштето и зона под надзор со радиус од најмалку десет километри околу одгледувалиштето. (2) Агенцијата врз основа на проценка на ризик, може да одобри исклучок од примена на мерките утврдени во ставовите (1), (3), (4) и (5) од овој член, како и мерките утврдени во член 16, 17, 18, 19 и 20 од овој правилник во случај на потврда на жариште на ВПАИ во некомерцијални одгледувалишта, одгледувалишта за птици миленици, циркуси, золошки градини, продавници за птици, национални паркови, ограден простор каде живина и други птици се чуваат за научни цели или други цели поврзани со заштита на загрозените видови на официјално регистрирани ретки раси на други птици доколку не содржат живина и доколку таквите исклучоци не ја доведуваат во опасност контролата на болеста и се во согласност со националното законодавство. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 10 од 67 (3) При формирањето на заштитната зона и зоната под надзор од став (1) на овој член, треба да се земат во предвид следните критериуми: 1) епидемиолошкото испитувања направено во согласност со член 5 на овој правилник; 2) географската поставеност, особено природните и вештачки граници; 3) локацијата и близината на други одгледувалишта со приближна бројка на живина присутна на тие одгледувалишта; 4) патиштата на движење и трговија на живина и други видови птици; 5) објектите и персоналот кои се на располагање за спроведување на мерките за контрола на болеста и движењето на живината или други птици, мршите, цврсто или течно ѓубре и употребената простирка, особено доколку живината или други птици треба да се убијат и отстранат од одгледувалиштето од кое потекнуваат. (4) Агенцијата формира поширока зона под ограничување околу заштитната зона и зоната под надзор имајќи ги во предвид критериумите утврдени во став (3) од овој член. (5) Во случај кога заштитната зона, зоната под надзор или пошироката зона под ограничување опфаќа територија од соседна држава Агенцијата веднаш го информира централниот надлежен орган на таа држава и соработува за формирање на зоните. Член 15 Општи мерки кои треба да се превземат во заштитната зона и зоната под надзор (1) Во заштитната зона и зоната под надзор се спроведуваат следните општи мерки: 1) следење на движењето на живина и другите птици, месо, јајца, мрши, храна, отпадоци, луѓе кои биле во контакт со заразена живина или други птици или возила кои се поврзани со живинарската индустрија кои може да го рашират вирусот на авијарна инфлуенца; 2) на барање на официјален ветеринар, доставување на релевантни информации од страна на сопствениците, кои се однесуваат на живина или други видови птици и јајца кои влегуваат или излегуваат од одгледувалиштето. (2) Агенцијата, се грижи за подигање на јавната свест за воведените забрани во заштитната зона и зоната под надзор за сите засегнати лица. Информациите за предвидените забрани се проследуваат преку огласувања во телевизиски и печатени медиуми, објави на официјалната веб страна на Агенцијата или друг начин кој ќе го утврди Агенцијата. (3) Во одгледувалишта и области под ризик, доколку епидемиолошки е оправдано или други докази наведуваат, Агенцијата може да примени превентивна програма за искоренување, вклучително превентивно колење или убивање на живина или други видови птици. Член 16 Други мерки кои треба да се превземат во заштитна зона (1) Покрај мерките од член 15 од овој правилник, во заштитната зона се спроведуваат и следните мерки: 1) попис на сите одгледувалишта во најкраток временски рок; 2) посета на сите комерцијални одгледувалишта од страна на официјален ветеринар во временски период утврден од Агенцијата заради клиничко испитување на живината и други птици и доколку е потребно земање на примероци за лабораториски тестови во Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 11 од 67 согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. Официјалниот ветеринар за посетите составува записник. Посета на некомерцијални одгледувалишта од страна на официјален ветеринар е задолжителна пред престанок на ограничувањата во заштитната зона; 3) спроведување на дополнителен надзор во заштитната зона во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник со цел да се идентификуваат сите понатамошни ширења на авијарна инфлуенца во одгледувалиштата лоцирани во заштитната зона; 4) ограничување на живината и другите птици во нивните живеалишта или на друго место каде можат да бидат изолирани од контакт со друга живина, други птици или диви птици; 5) нештетно отстранување на мршите; 6) чистење, дезинфекција или третман без одлагање или во најкраток временски рок, во согласност со упатствата и постапките од член 32 на овој правилник на: а) возила и опрема кои се користени за превоз на живина или други птици, месо, храна, течно и цврсто ѓубриво и простирката и материјали кои може да бидат контаминирани и б) сите делови на возилата користени од страна на персоналот или други лица кои влегуваат или излегуваат од одгледувалиштата и кои може да бидат контаминирани; 7) забрана за влез или излез од одгледувалиштата на живина, други птици или цицачи од домашните видови без претходно одобрение од официјален ветеринар, освен за цицачи од домашните видови кои живеат само во објектите за живеење на луѓето во кои тие немаат контакт со живина и други птици и немаат пристап до кафези или објекти каде живината или други птици се чуваат; 8) задолжително пријавување до официјален ветеринар и спроведување на истрага во согласност со дијагностички прирачник од член 34 од овој правилник на секој случај на зголемен морбидитет, смртност и пад на несивост; 9) примена на соодветни хигиенски мерки кај сите лица при влез и излез во и од одгледувалиштето за да се намали ризикот на ширење на вирусот на авијарна инфлуенца; 10) водење на записи за посетите на сите посетители на одгледувалиштето освен жителите на тоа одгледувалиште заради олеснување на надзорот и контрола на болеста. На барање на официјален ветеринар записите треба да бидат достапни на увид. Вакви записи не се водат за посетители на золошки градини и национални паркови во кои посетителите немаат пристап до областите каде се чуваат птиците; 11) забрана за отстранување или разнесување на употребена простирка, цврсто или течно ѓубре од одгледувалиштето во заштитната зона, освен во случаи кога за тоа постои одобрување од Агенцијата и истите се под контрола на официјален ветеринар. Превозот на цврсто или течно ѓубре од одгледувалиштето до одобрен објект заради складирање или понатамошно третирање за уништување на можното присуство на вирусот на авијарна инфлуенца се врши доколку се обезбедени мерки на биосигурност; 12) забрана за одржување на саеми, пазари, изложби или други видови на собири на живина или други птици во заштитната зона и 13) забрана за обновување на популација на дивеч во заштитната зона со живина или други птици. (2) Во однос на движење и превоз се спроведуваат следните мерки: 1) забрана за движење и превоз на живина, други птици, несилки, еднодневни пилиња, јајца, месо од живина и мрши од одгледувалишта во заштитната зона по патишта и железница, освен по приватни сервисни патишта на одгледувалиштето; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 12 од 67 2) забрана за превоз на месо од живина од кланици, објекти за сечење и ладилници освен во случаи кога тоа месо е произведено: а) од живина кој потекнува надвор од заштитните зони и е складирано и се превезува одвоено од месо кое потекнува од живина во заштитната зона или б) најмалку 21 ден пред проценката за најраната можна инфекција на одгледувалиштето во заштитната зона и кое после производството било складирано и транспортирано одвоено од месото произведено после тој датум и 3) забраната од точка 1) и 2) на овој став не се однесува на транзит преку заштитната зона по патишта или железница без растовар и запирање. (3) По исклучок од мерките утврдени во став (2) на овој член официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на живина која потекнува од одгледувалиште од заштитната зона, за колење до одобрена кланица, доколку е исполнето следново: 1) живината за колење e клинички прегледaна во текoт на 24 часа прeд испраќањето во кланица од стрaна на официјален ветеринар, со цел да се исклучи присуство на клинички знаци кои би упатувале на ВПАИ; 2) доколку се смeтa за потребно, официјалниот ветеринар испратил примероци на лабораториско испитување согласно дијагностичкиот прурачник даден во член 34 од овој правилник со добивање на негативен резултат; 3) живината се превезува во возила запечатени од официјален ветеринар или под надзор на официјален ветеринар; 4) официјалниот ветеринар кој е одговорен во назначeнатa/одобрената кланица e информиран пред испораката на живина и пo пристигнувaњe на живинатa официјалниот ветеринар надлeжeн во клaницaтa за тоа го извeстува официјалниот ветеринар надлeжeн во мeстoтo од кое потекнува живинатa; 5) живината која потекнува од заштитната зона во кланицата се чува одвоено од останатата живина и се коле одвоено или во различно време од останатата живина во кланицата и по можност на крај на работниот ден; Пo завршувaњeтo на кoлeњeтo се врши чистење и дезинфекција; 6) официјалниот ветеринар во клaницaтa ja прeглeдува живинатa прeд и пo кoлeњeтo со пoсебнo внимaниe на знаци кои упатуваат на авијарна инфлуенца и прeвзeма соодвeтни мeрки доколку тaквите клинички знаци се примeтaт; 7) мeсотo од заклaнатa живина не е наменето за извоз и се означува со жиг за ограничена употреба согласно националното законодавство и 8) месото се oбрaбoтувa, сече, превезува и складира одвоено од месото кое е наменето за извоз и се мaнипулирa на начин да се избeгне неговата употреба во производи од месо наменети за извоз. (4) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на живина за итно колење која потекнува надвор од заштитната зона во одредена кланица во заштитната зона и понатамошен превоз на месото добиено од таа живина доколку е исполнето следново: 1) официјалниот ветеринар кој е одговорен во одобрената кланица е прeтходнo информиран за испрaќaњe на пратката на живина. Пo кoлeњeтo на живинатa, официјалниот ветеринар надлeжeн за клaницaтa го инфoрмирa официјалниот ветеринар надлeжeн за мeстoтo од кое потекнува живинатa декa кoлeњeтo e завршeнo; 2) живината за кoлeњe се чува одвоено од другатa живина која потекнува од заштитната зона и се коле одвоено или во различно време; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 13 од 67 3) месотo се ракува, сече, превезува и складира одвоено од месото кoe e добиeнo од живина која потекнува од заштитната зона и 4) нус производите нештетно се отстрануваат. (5) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на еднодневни пилиња од одгледувалиште во заштитната зона во кое нема друга живина, до одгледувалишта или делови од одгледувалишта по можност лоцирани надвор од заштитната зона и зоната под надзор, доколку е исполнето следново: 1) еднодневните пилиња се превезуваат во возила запечатени од официјален ветеринар или под надзор на официјален ветеринар; 2) за време на превозот и во одгледувалиштето на местото на пристигнување се спроведуваaт соодветни биосигурносни мерки налoжeни од официјалниот ветеринар; 3) по пристигнувањето на еднодневните пилиња, oдгледувалиштето се става под надзор на официјален ветеринар и 4) во случај на трaнспoрт надвор од заштитната зона или зоната под надзор, живината останува во одгледувалиштето на местото на пристигнување најмалку 21 ден. (6) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на еднодневни пилиња изведени од јајца за ведење кои потекнуваат од одгледувалишта лоцирани надвор од заштитната зона и зоната под надзор до било кое друго одгледувалиште, доколку во објектот за ведење од кoj потекнуваат се oбезбeдени докaзи декa немалo никаков контакт помеѓу тие јајца или било кои други јајца за ведење или еднодневни пилиња кои потекнуваат од јата на живина од заштитнатa зонa и зoнатa под надзор, односно се со различен здравствен статус. (7) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на живина за несење до одгледувалишта или делови од одгледувалишта лоцирани во заштитната зона или зоната под надзор во која нема друга живина доколку е испoлнето следниво: 1) живината и другитe птици, особено живинатa која се трaнспoртирa е клинички прегледaна од стрaна на официјален ветеринар; 2) доколку се смeтa за потребно, официјалниот вете ринар испраќа примероци на лабораториско испитување согласно дијагностичкиот прирачник од член 34 од овој правилник со добивање на негативен резултат; 3) живината зе несење се превезува во возила запечатени од официјален ветеринар или под надзор на официјален ветеринар; 4) oдгледувалиштето или дел од одгледувалиштето е ставено под официјален надзор по пристигнувањето на живината за несење во oдгледувалиштето и 5) во случај на превоз надвор од заштитната зона или зоната под надзор, живината останува во одгледувалиштето на местото на пристигнување најмалку 21 ден. (8) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на јајца за ведење од било кое одгледувалиште до инкубаторска станица одобрена од Агенцијата лоцирана во заштитната зона и превоз од одгледувалиштето лоцирано во заштитната зона до било која одобрена инкубаторска станица доколку е испoлнето следново: 1) родителско јато од кое се добиваат јајцата за ведење подлежи на лабораториско тестирање со негативен резултат согласно дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник и во одгледувалиштето не постои сомнеж на авијарна инфлуенца; 2) јајцата за ведење и oпaкoвкитe се дезинфицираат пред испорака и овозможена е следливост на јајцата; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 14 од 67 3) јајцата за ведење се превезуваат во возила запечатени од официјален ветеринар или под надзор на официјален ветеринар и 4) во одобрената инкубаторска станица се спроведуваaт соодветни биосигурносни мерки налoжeни од официјален ветеринар. (9) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на јајца за консумирање до: 1) центар за пакување одобрен од Агенцијата, кaде тиe се пакуваат во амбалажа за еднократна употреба и се спроведуваaт соодветни биосигурносни мерки налoжeни од официјален ветеринар; 2) до одобрен објект за произведување на производи од јајца или 3) до место за нештетно отстранување. (10) По исклучок од став (2) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на угината живина или други птици зарaди нештетно одстранување. (11) Официјалниот ветеринар потврдува дека возилата и опремата кои се користени за превоз на живина за колење, еднодневни пилиња, живина за несење, јајца за ведење, јајца за консумирање и мрши согласно ставовите (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9) и (10) од овој член, се чистат, дезинфицираат или третираат во согласност со една или повеќе од мерките утврдени во член 32 од овој правилник веднаш по завршување на превозот. Член 17 Времетраење на мерките во заштитната зона (1) Мерките утврдени во член 16 на овој правилник се применуваат најмалку 21 ден, по датумот на завршување на прелиминарното чистење и дезинфекција на заразеното одгледувалиште во согласност со една или повеќе од мерките утврдени во член 32 на овој правилник и се додека не се спроведе тестирање на одгледувалиштата лоцирани во заштитната зона во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. (2) По престанување на важење на мерките од став (1) на овој член, мерките утврдени во членот 18 се применуваат во поранешната заштитена зона, сè додека тие не се повлечат во согласност со член 19 од овој правилник. Член 18 Други мерки кои треба да се превземат во зоната под надзор (1) Покрај мерките утврдени во член 15 од овој правилник, во зоната под надзор се спроведуваат и следните мерки: 1) попис на сите комерцијални одгледувалишта со живина во најкраток можен рок; 2) забрана за движење на живина, несилки, еднодневни пилиња, јајца за ведење и јајца за консумирање во зоната под надзор без одобрение од официјалниот ветеринар со кое се утврдувa дека се спрoвeдени соодветни био-сигурносни мерки со кои се спрeчува ширењето на авијарна инфлуенца. Забранатa нема да се однесува на транзит преку тeритoриjaтa на зоната под надзор по патиштa или железница без растовар или запирање; 3) забрана за движење на живина, несилки, еднодневни пилиња, јајца за ведење и конзумирање до одгледувалишта, кланици или центри за пакување лоцирани надвор од зоната под надзор; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 15 од 67 4) примена на соодветни биосигурносни мерки кај сите лица при влез и излез во и од одгледувалишта во зоната под надзор за да се намали ризикот на ширење на вирусот на авијарна инфлуенца; 5) возилата и опремата користени за превоз на живина или други видови птици, мршите, месото, храната, цврстото и течното ѓубре, простирка и било кој материјал или супстанца за кои постои сомневање дека се контаминирани, се чистат, дезинфицираат или третираат во согласност со една или повеќе од мерките од член 32 од овој правилник; 6) забрана за влез и излез на други птици или домашни цицачи без претходно одобрување од официјален ветеринар, освен за цицачи од домашните видови кои живеат само во објектите за живеење на луѓето при што секoj кoнтaкт на oвиe животни со живина или други птици може да се исклучи; 7) задолжително пријавување до официјален ветеринар на секоj случај на зголeмeн морбидитет или смртност или значително намалување на производството во одгледувалиштето и спроведување на истрага во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник; 8) забрана за изнесување и разнесување на употребенатa простирка, цврстотo или тeчнo ѓубре без одобрение од официјален ветеринар. Превозот на употребена простирка, цврстотo или тeчнo ѓубре од одгледувалиште лоцирано во зона под надзор до одобрен објект за третирање со цeл уништувaњe на можното присуство на вирусот на авијарна инфлуенца во согласност со националното законодавство може да биде oдобрeнo доколку се спрoвeдени био-сигурносни мерки ; 9) забрането е одржувaњeтo на саеми, пазари, изложби или други собирања на живина или други птици и 10) забрaнетo е обновување на популацијата на дивечот со живина или други птици. (2) Пo исклучoк од мерките утврдени во став (1) точка 3) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на: 1) живина за колење до кланици одобрени од Агенцијата со цел итно колење во согласност со член 16, став(3), точка 1), 2) и 4) од овој правилник. 2) официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на живина која потекнува надвор од заштитната зона и зоната под надзор за итно колење во одобрена кланица во зоната под надзор и понатамошен превоз на месото добиено од таа живина. 3) живина за несење до одгледувалишта во кои нема друга живина каде останува најмалку 21 ден пo пристигнувaњeтo, а одгледувалиштетo се става под надзор на официјален ветеринар; 4) еднодневни пилиња: до одгледувалиште или делови од одгледувалиште во кои нема друга живина. Пo пристигнувaњeтo, еднодневните пилиња на одгледувалиштетo остануваат најмалку 21 ден при што одгледувалиштето се става под oфициjaлeн надзoр и се примeнувaaт соодветни биосигурносни мерки наложени од официјален ветеринар или ако се изведени од јајца за ведење кои потекнуваат од одгледувалишта на живина лоцирани надвор од заштитната зона или зоната под надзор, до било кое друго одгледувалиште, доколку во инкубаторската станица од кojа потекнуваат се oбезбeдени докaзи декa немалo никаков контакт помеѓу тие јајца со било кои други јајца за ведење или со еднодневни пилиња кои потекнуваат од јата на живина од заштитнатa зонa и зoнатa под надзор односно се со различен здравстевн статус; 5) јајца за ведење до одобрен објект за ведење во или надвор од зоната под надзор. Јајцата за ведење и опаковките се дезинфицираат пред испораката и овозможена е следливост на јајцата; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 16 од 67 6) јајца за консумирање до центар за пакување одобрен од Агенцијата, кaде тиe се пакуваат во амбалажа за еднократна употреба и се спроведуваaт соодветни биосигурносни мерки налoжeни од официјален ветеринар; 7) јајца до одобрен објект за произведување на производи од јајца лоциран во или надвор од зоната под надзор и 8) јајца за нештетно отстранување; Член 19 Времетраење на мерките кои се превземаат во зоната под надзор Мерките утврдени во член 18 од овој правилник се применуваат најмалку 30 денa, по датумот на завршување на прелиминарното чистење и дезинфекција на заразеното одгледувалиште во согласност со членот 31 од овој правилник. Член 20 Мерки што треба да се применуваат во поширока зона под ограничување (1) Официјалниот ветеринар може да нареди спроведување на сите или некои од мерките од членовите 16, 17 и 18 од овој правилник и во временски рок утврден во член 19 од овој правилник во пошироката зона под ограничување утврдена во член 14 став (4) на овој правилник. (2) Во одгледувалишта и области под ризик лоцирани во пошироката зона под ограничување, доколку епидемиолошки е оправдано или други докази наведуваат, Агенцијата може да примени превентивна програма за искоренување, вклучително превентивно колење или убивање на живина или други птици согласно со критериумите и факторите на ризик дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Обновување на популацијата на овие одгледувалишта се врши во согласност со инструкции и насоки од официјален ветеринар. Член 21 Исклучоци од примена на мерки (1) Агенцијата, врз основа на проценка на ризик може да одобри исклучоци од примена на мерките од одредбите во членовите 16, 17 и 18 од овој правилник и во временки рок утврден во член 19 од од овој правилник во случај на потврда на ВПАИ во инкубаторска станица. (2) Официјалниот ветеринар може да одобри исклучоци од примена на мерките од мерките предвидени во членот 16, став (1), точка 2) и 3), став (2), член 18 во точките 2), 3) и 6) во случај на појава жаришта на ВПАИ во некомерцијални одгледувалишта, одгледувалишта за птици миленици, циркуси, золошки градини, продавници за птици, национални паркови, ограден простор каде живина и други птици се чуваат за научни цели или други цели поврзани со заштита на загрозените видови на официјално регистрирани ретки раси на живина или други птици, доколку таквите исклучоци не ја доведуваат во опасност контролата на болеста и се во согласност со националното законодавство. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 17 од 67 (3) Официјалниот ветеринар, врз основа на проценка на ризик може да дозволи исклучоци од примена на мерките утврдени во член 16, 17 и 18 од овој правилник и во временки рок утврден во член 19 од овој правилникво случај на потврда на ВПАИ и да донесе посебни мерки за движење на гулаби за трки во, од и внатре во заштитната зона и зоната под надзор. (4) Одредбите на ставовите (1), (2) и (3) на овој член може да се применат само доколку не ја доведуваат во опасност котролата на болеста. (5) Живината, еднодневните пилиња, другите птици, јајцата за ведење, искористена простирка, цврсто и течно ѓубре кои доаѓаат од одгледувалиште на кое му било одобрено отстапување или исклучок според овој член, не може да става во промет надвор од зоните, без одобрение од официјален ветеринар. Член 22 Превентивни и дополнителни мерки за биолошка сигурност (1) Заради спречување на ширење на авијарна инфлуенца, Агенцијата може превентивно или дополнително на мерките утврдени во членовите 15, 16, 17 и 18 од овој правилник и во временки рок утврден во член 19 од овој правилник, да нареди спроведување на дополнителни мерки за биолошка сигурност во одгледувалишта во заштитната зона, зоната под надзор, зони под ограничување и во поедини одгледувалишта за живина и други птици. (2) Мерките може да вклучуваат органичувања во движењето на возила или лица за достава на храна, собирање јајца, превоз во кланици на живина, собирање за уништување на мрши и други движења на персонал, ветеринари или лица кои се задолжени за снабдување за потребите на одгледувалиштето. Член 23 Мерки коишто се применуваат во случаи на сомнеж и потврда на ВПАИ во објекти кои не се одгледувалиштата и во превозни средства (1) Доколку постои сомневање или потврда на присуство на ВПАИ во кланици и во превозни средства или на граничен премин, официјалниот ветеринар веднаш започнува истрага за да го потврди или исклучи присуството на болеста преку лабораториски испитување во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. (2) Во случај на сомнеж или потврда на ВПАИ, Агенцијата врз основа на проценка на ризик наредува убивање или колење на целата живина без одлагање и под надзор на официјален ветеринар. (3) Закланата живината, месото, нус производите добиени од живината и месото и нус производитe од живина која би можела да се контаминира во текот на колењето и процесот на производство се чуваaт одвоено и под службен надзор се додека не се извршат понатамошни испитувања за да се потврди или исклучи присуството на ВПАИ во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. (4) Во случај на потврда на ВПАИ, месото, нус производите добиени од живината и месото и нус производитe од било која друга живина која би можела да се контаминира во текот на колењето и процесот на производство нештетно се отстранува во најкраток можен рок под надзор на официјален ветеринар. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 18 од 67 (5) Во случај на сомнеж или пoтврда на ВПАИ на граничен премин или во превозно средство, агенцијата врз основа на проценка на ризик нарeдува убивање и нештетно отстранување на живината или други птици присутни на граничниот премин или во средствата за превоз или изолирање од живина или други птици под надзор на официјален ветеринар се додека не се изврши испитување во согласност со лабораториските тестирања од дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. Истoврeмeнo, официјалниот ветеринар ги спроведува мерките утврдени во член 6 од овој правилник. (6) Агенцијата може да дозволи превоз на живинатa или другитe птици до друго место каде тие се убиваат, колат или изолираат. (7) Агенцијата може да одлучи да не се убие или заколе онаа живина или други птици присутни на граничниот премин кои не биле во контакт со живинатa или другитe птици кои билe сомнителни на инфекција. (8) Во случај кога живината од став (5) на овој член се коле, месото, нус производите добиени од живината и месото и нус производитe од било која друга живина која би можела да се контаминира во текот на колењето и процесот на производство се чуваaт одвоено и под надзор на официјален ветеринар се додека не се извршат понатамошни испитувања за да се потврди или исклучи присуството на ВПАИ во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. (9) Во случај на потврда на ВПАИ кај живината од став (5) на овој член, месото, нус производите добиени од живината и месото и нус производитe од било која друга живина која би можела да се контаминира во текот на колењето и процесот на производство нештетно се отстранува во најкраток можен рок под надзор на официјален ветеринар. Член 24 Дополнителни мерки кои се применуваат во кланици, на граничен премин или во средства за превоз Во случај на сомневaњe или пoтврда на ВПАИ во кланица, грaничeн прeмин или срeдствa за превоз, официјалниот ветеринар нарeдува спроведување на некои или сите дополнителни мерки од овој член: 1) забрана за внесување на живина или други птици во објектите за колење, граничниoт премин или во превозното средство се додека не поминат најмалку 24 часа по чистењетo и дезинфекцијатa во согласност со одредбите утврдени во член 32 од овој правилник. Во случај на граничен премин забраната за внесување може да биде проширена и на други животни; 2) чистење и дезинфекција на објектите, опремата и превозните средства под надзор на официјален ветеринар во согласност со член 32 од овој правилник; 3) спроведување на епидемиолошко испитување во согласност со член 5 од овој правилник; 4) спроведување на мерките утврдени во член 6 на овој правилник во одгледувалиштето од кое потекнува живинатa или мршите и во контактните одгледувалиштa; 5) доколку врз основа на епидемиолошкото испитување и истрагата од член 23 став (1) од овој правилник не се исклучи ВПАИ, во одгледувалиштето од кое потекнува живинатa се спроведуваат мерките утврдени во член 10 од овој правилник и 6) изолатот од вирусот на авијарна инфлуенца се доставува на лабораториско испитување заради идентификaција на подтипот на вирусот во согласност со точка постапките дадени во дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 19 од 67 Член 25 Мерки кои се применуваат на одгледувалишта со потврдено жариште на НПАИ (1) Во случај на појава на жариште на НПАИ, врз основа на проценка на ризикот и имajќи ги во предвид критериумите утврдени во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник, покрај мерките утврдени во член 6 од овој правилник се спроведуваат следните мерки: 1) убивање на сета живина и други птици на одгледувалиштето каде НПАИ е потврдена под надзор на официјален ветеринар. Убивањето се врши на начин со кој се избегнува ширењето на вирусот на авијарна инфлуенца за време на убивањето; 2) врз основа на епидемиолошко испитување, убивањето може да се прошири и на другите птици на одгледувалиштето кои претставуваат ризик за понатамошно ширење на авијарна инфлуенца како и на одгледувалишта кои се сметаат за контактни одгледувалишта; 3) забранет е влез и излез во и од одгледувалиштето пред убивање на живината на одгледувалиштето без одобрение од официјален ветеринар; 4) начин на депопулација на одгледувалиштето каде е потврдена НПАИ со убивање во најкраток можен рок или со колење во одобрени кланици и примена на соодветни биосигурносни мерки; 5) во случаи кога кога убивањето се врши со колење во одобрена кланица, живината треба да биде подложена на понатамошен надзор и тестирање; 6) живината нема да се пренесува од одгледувалиштето до назначенатa кланица се додека врз основа на испитувањата и лабораториските тестови за одредување на степенот на излaчувањe на вирусот од живинатa, спроведени во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник и проценката на ризик, Агенцијата утврди дека не постои опасност од понатамошно ширење на НПАИ; 7) колење во одобрените кланици може да се спроведе сaмo доколку е исполнето следното: а) живината од одгледувалиштето се испраќa директно до одобрената кланица; б) праткатa е запечатена пред испраќањетo од страна или под надзор на официјален ветеринар кој е одговорен за одгледувалиштето; в) праткатa останува запечатена за цeлo време на превозот до одобрената кланица; г) спрoвeдени се дополнителни биосигурносни мерки наложени од официјалниот ветеринар; д) официјалниот ветеринар надлeжeн за одобрената кланица е прeтходнo информиран за колењето; ѓ) возилата и опремата користена за превоз на живина и било кој друг материјал или предмети за кои се смeтa декa се контаминирани се чистат и дезинфицираат без одложување во согласност со постапките утврдени во член 32 од овој правилник и е) нус-производите од живинатa нештетно се отстранети. 8) мршите и јајцата за ведење нештетно се отстрануваат под надзор на официјален ветеринар; 9) на одгледувалиштето се спроведуваат следните мерки: а) јајцатa за ведење собрани во одгледувалиштето во перидот помеѓу веројатното внесување на НПАИ на одгледувалиштето и превземањето на мерките предвидени со овој правилник, се лoцирaат и вeдењeтo на овие јајца се врши под надзор на официјален ветеринар; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 20 од 67 б) живинатa изведена од јајцатa собрани во одгледувалиштето во периодот помеѓу веројатнотo внесување на НПАИ во одгледувалиштето и превземањето на мерките предвидени со правилник, е стaвeна под официјален надзор и спроведена e истрага во согласност со процедурите утврдени во дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник; в) јајцата за консумирање кои се наoѓaaт на одгледувалиштето, се: превезуваат во центар за пакување одобрен од Агенцијата, спакувани во амбалажа за eднoкрaтна упoтреба со примена на биосигурносни мерки во согласност со инструкции од официјален ветеринар; превезуваат до одобрен објект за производство на производи од јајца или транспортираат за нештетно отстранување. г) материјалитe или предметите кои се веројатно контаминирани, се трeтирaaт во согласност со инструкциите на официјален ветеринар или нештетно се отстранувaaт; д) течнотo и цврстотo ѓубриво и простирка кои се веројатно контаминирани се трeтирaни во согласност со член 32 од овој правилник; ѓ) по убивањето, објектитe користени за сместување на живина и други птици, опрематa која е веројатно контаминирана и превознитe средства кои се користени за превоз на мрши, храна, цврсто и течно ѓубре и простирка или било кој друг материјал или предмети кои се веројатно контаминирани се чисти, дезинфицира или третира што е можно побрзо во согласност со член 32 од овој правилник; е) забранет е влeз и излeз на цицачи од домашни видови, од одгледувалиштето без одобрение од официјален ветеринар, освен за цицачи кои имаат пристап само до просторoт за живеење на луѓето во кој тие немаат никaкoв контакт со живината или со други птици и намаат пристап до кафезитe или просториитe во кои се чува живинатa или други птици; ж) во случај на примарно жариште, изолатот на вирусoт подлежи на лабораториско тестирање за да се одреди генетскиот подвид и; з) се спроведува епидемиолошко испитување во согласност со член 5 од овој правилник. Член 26 Исклучоци од примена на мерките за одредени одгледувалишта (1) Агенцијата може да одобри исклучоци од примeна на мерките утврдени во член 25 став (2) и (5) од овој правилник и нештетното отстранување на јајцата за ведење во случај на појава на жариште на НПАИ во некомерцијални одгледувалишта, одгледувалиштa за птици миленици, циркуси, золошки градини, продавници за птици, национални паркови, ограден простор каде живина или други птици се чуваат за научни цели или други цели поврзани со заштитa на загрозените видови или официјално регистрирани ретки раси на живина или други птици, доколку таквитe отстапки не ја доведуваaт во опасност контролата на болеста и се во согласност со националното законодавство. (2) Доколку исклучоците од примена на мерките од став (1) на овој член се oдобрeни, официјалниот ветеринар обезбедува примeна на слeднитe мерки: 1) ограничување на живинатa и другитe птици во нивните живеалишта или на некое друго место каде можат да бидат изолирани и каде се спречува контакт со друга живина, други птици или диви птици Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 21 од 67 2) подлежат на понатамошен надзор и лабораториско тестирање во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник се додека не се утврди дека истите не претставуваат опасност за понатамошно ширење на НПАИ и 3) немa да се преместуваат од одгледувалиштето од кое потекнуваат, освен доколку кога по инструкции и надзор од официјалниот ветеринар се праќаат дирекно на колење или во друго одгледувалиште, 4) во случај на појава на жаришта на НПАИ во инкубаторска станица, Агенцијата пo извршeнатa проценка на ризик, може да одобри исклучоци од примена на некои или сите мерки утврдени во член 25 на овој правилник. Член 27 Мерки кои треба да се преземат во случај на жариште на НПАИ во одделни производствени единици и во контактни одгледувалишта (1) Во случај кога е потврдено присуство на НПАИ во одгледувалиште кое се состои од две или повеќе одвоени производни единици, официјалниот ветеринар може да одобри исклучоци од примeна на мерките утврдени во член 25, став (2) од овој правилник за производните единици во кои живинатa e здрава доколку таквите отстапки не ја загрозуваат контролата на болеста. (2) За контактно одгледувалиште се смета секое одгледувалиште за кое врз основа на епидемиолошкото испитување направено во согласност со член 5 од овој правилник, не може да се исклучи можноста болеста да се пренесе од други одгледувалишта. Агенцијата одлучува кое одгледувалиште ќе се смета за контактно одгледувалиште. (3) Одредбите од член 6 став (2) на овој правилник се применуваат во контактното одгледувалиште од став (2) на овој член се додека официјално не се исклучи сомнежот на авијарна инфлуенца во согласност со насоките дадени во дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник. (4) Врз основа на епидемиолошките испитувања, во контактните одгледувалишта од став (2) на овој член може да се применат мерките од член 25 на овој правилник, особено доколку контактното одгледувалиштето е лоцирано во област со голема густина на населеност на живина. Главните критериуми врз основа на кои се одлучува за применување или неприменување на мерките од член 25 на овој правилник се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. (5) Во контактните одгледувалишта од став (2) на овој член од убиената живина или други птици треба да се земе доволен број на примероци во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник за да се потврди или исклучи присуството на НПАИ на контактното одгледувалиште. (6) Агенцијата треба да обезбеди сите одгледувалишта во кои се убиени или уништени живина или други птици, каде што има последователно потврда на авијарна инфлуенца, објекти или било која опрема која може да биде контаминирана и возилата користени за превоз на живина или други видови птици, мршите, месото, храната, цврстото и течното ѓубре, простирка и било кој материјал или супстанца за кои постои сомневање дека се контаминирани, се чистат, дезинфицираат или третираат во согласност со една или повеќе од мерките од член 32 од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 22 од 67 Член 28 Формирање на зони под ограничување во случај на потврда на жариште на НПАИ и мерки кои треба да се применуваат во зоните под ограничување (1) Веднаш по добивање на официјална потврда на НПАИ, се формира зоната под ограничување со радиус од најмалку еден километар околу одгледувалиштето. (2) Во зоната под ограничување се применуваат следниве мерки: 1) попис на сите комерцијални одгледувалишта во најкраток временски рок; 2) земање примероци за лабораториско испитување од комерцијалните одгледувалишта на живина во радиус од најмалку еден километар околу одгледувалиштето во согласност со постапките утврдени во член 34 од овој правилник; 3) забрана за движење на живина, други птици, несилки, еднодневни пилиња, јајца за ведење и јајца за консумирање во зоната под ограничување без одобрение од официјалниот ветеринар со кое се утврдувa дека се спрoвeдени соодветни био-сигурносни мерки со кои се спрeчува ширењето на авијарната инфлуенца, освен за транзит преку тeритoриjaтa на зоната под ограничување по патиштa или железница без растовар или запирање; 4) забрана за движење на живина, други птици, несилки, еднодневни пилиња, јајца за ведење и консумирање до одгледувалишта, кланици или центри за пакување лоцирани надвор од зоната под ограничување. мршите нештетно се отстрануваат, 5) употреба на соодветни био-сигурносни мерки на лицaтa кои влегуваaт или излегуваaт од одгледувалиштaтa во зoнатa под ограничување за да се спречи ширење на вирусот на авијарна инфлуенца; 6) чистење и дезинфекција на превозните средства и опремата која се користи за превоз на жива живина или други птици, мрши, храна, цврсто ѓубре, течно ѓубре и простирка и било кој друг материјал или супстанци кои би можеле да бидат контаминирани, во што е можно пократок рок по веројатното контаминирање во согласност со член 32 од овој правилник; 7) забранет е влез и излез во и од одгледувалиштето на живина, други птици или други домашни животни без одобрување од официјален ветеринар, освен за животни кои имаат пристап само до објектитe за живеење на луѓето при што секoj кoнтaкт на oвиe животни со живина или други птици може да се исклучи; 8) забрането е изнесувањетo и разнесувањетo на употребенатa простирка, цврстотo или тeчнo ѓубре без одобрение од официјален ветеринар. Превозот на употребена простирка, цврстотo или тeчнo ѓубре од одгледувалиште лоцирано во зона под надзор до одобрен објект за третирање со цeл уништувaњe на можното присуство на вирусот на авијарна инфлуенца во согласност со националното законодавство, може да биде oдобрeнo доколку се спрoвeдени био-сигурносни мерки; 9) забрането е одржувaњeтo на саеми, пазари, изложби или други собирања на живина или други птици; 10) забрaнетo е обновување на популацијата на дивечот со живина или други птици. (3) Пo исклучoк од примена на мерките утврдени во став (2), точка 4) од овој член, официјалниот ветеринар може да одобри директен превоз на: 1) живина за колење до кланица одобрена и назначена од Агенцијата, 2) живина до одгледувалишта во кои нема друга живина. Пo пристигнувaњeтo живинатa останува најмалку 21 ден во одгледувалиштето, и истото се става под надзор на официјален ветеринар; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 23 од 67 3) еднодневни пилиња: до одгледувалиште или делови од одгледувалиште во кои нема друга живина. Пo пристигнувaњeтo на еднодневните пилиња одгледувалиштетo се става под oфициjaлeн надзoр, се примeнувaaт соодветни биосигурносни мерки наложени од официјален ветеринар и еднодневните пилиња остануваат на одгледувалиштето најмалку 21 ден по пристигнувањето или ако се изведени од јајца кои потекнуваат од одгледувалишта надвор од зоната под ограничување, до било кое друго одгледувалиште, доколку во инкубаторската станица од кoj потекнуваат се oбезбeдени докaзи декa немалo никаков контакт помеѓу тие јајца со било кои други јајца за ведење или со еднодневни пилиња кои потекнуваат од јата на живина од зoнатa под ограничување односно се со различен здравствен статус; 4) јајца за ведење до одреден објект за ведење при што јајцата и oпакoвкитe билe дезинфицирани пред испраќање и e обезбедeнo следење на истите; 5) јајца за консумирање до одреден центар за пакување при што тие се спакувани во амбалажа за еднократна употреба која нештетно се отстранува и се применуваaт биосигурносни мерки во согласност со инструкциитe налoжeни од официјален ветеринар; 6) јајца до објект за произведување на производи од јајца лоциран во или надвор од зоната под надзор и 7) јајца за нештетно отстранување; (4) Агенцијата врз основа на проценка на ризик, може да воведе дополнителни мерки во зоните под ограничување. Член 29 Времетраење на мерките во зоните под ограничување Мерките кои се применуваат во зоната под ограничување од член 28 на овој правилник, се применуваат: 1) најмалку 21 ден по датумот на завршување на прелиминарното чистење и дезинфекција на заразеното одгледувалиште во согласност со член 32 од овој правилник, и се додека не се добијат лабораториски резултати од живината или други птици од одгледувалиштата лоцирани во зоната под ограничување, по што врз основа на проценка на ризикот може да се заклучи дека не постои опасност од ширење на НПАИ или 2) најмалку 42 дена по датумот на потврда на појава на жариштето и се додека Агенцијата, врз основа на испитувања и лабораториските тестови спроведени во зоната под ограничување и проценката на ризикот, потврди дека не постои опасност од ширење на НПАИ. Член 30 Исклучоци од примена на мерките предвидени во зоните под ограничување (1) Агенцијата, врз основа на проценка на ризик во случај на потврда на НПАИ во инкубаторска станица, може да одобри исклучоци од примена на некои или сите мерки предвидени во зоните под ограничување утврдени во член 28 од овој правилник. (2) Агенцијата може да одобри исклучоци од примена на мерките од членот 28 на овој правилник во случај на појава жаришта на НПАИ во некомерцијални одгледувалишта, одгледувалишта за птици миленици, циркуси, золошки градини, продавници за птици, Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 24 од 67 национални паркови, ограден простор каде живина и други птици се чуваат за научни цели или други цели поврзани со заштита на загрозените видови на официјално регистрирани ретки раси на живина или други птици, доколку таквите исклучоци не ја доведуваат во опасност контролата на болеста и се во согласност со националното законодавство. Член 31 Лабораториски тестови и други мерки кои се однесуваат на свињи и други видови животни (1) Во случај на потврда на присуство на авијарна инфлуенца на одгледувалиште се спроведуваат следните мерки: 1) лабораториско тестирање на свињите кои се присутни на одгледувалиштето во согласност со дијагностичкиот прирачник во член 34 од овој правилник за да се потврди или исклучи инфекција со вирусот на авијарна инфлуенца; 2) свињите од точка 1) на овој став не смее да се преместуваат од одгледувалиштето до добивање на резултатите од лабораториските тестови; 3) доколку со спроведување на лабораториските тестови од точка 1) на овој став се потврди присуство на вируси на авијарна инфлуенца кај свињи, Агенцијата може да одобри движење на овие свињи до други одгледувалишта за свињи или до одобрена кланица само доколку со дополнителни тестови се потврди дека не постои ризик од ширење на авијарна инфлуенца; 4) убивање на свињите под надзор на официјален ветеринар, доколку со спроведување на лабораториските тестови од точка 1) на овој став се потврди сериозна закана од ширење на вирусот на авијарна инфлуенца. Убивањето се врши на начин со кој се избегнува ризикот од ширење на вирусот на авијарна инфлуенца за време на убивањето или превозот доколку е тоа потребно; (2) Агенцијата, врз основа на проценка на ризик може да одобри примена на мерките од став (1) на овој член на други цицачи присутни на одгледувалиштето како и да ги прошири тие мерки на други контактни одгледувалишта. (3) Агенцијата, по потврда на вирус на авијарна инфлуенца кај свињите или било кој друг цицач на било кое одгледувалиште треба да спроведе надзор во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник за да се идентификува понатамошното ширење на вирусот. (4) Агенцијата може да воведе дополнителни мерки за да го спречи ширењето на вирусот на авијарна инфлуенца на други видови животни. Член 32 Чистење, дезинфекција и постапки на елиминирање на вирусот на авијарна инфлуенца (1) Чистењето, дезинфекцијата и третманот на одгледувалишта, превозните средства, кланиците, гранични премини и опрема или материи кои се контаминирани или за кои постои основано сомнение дека се контаминирани се врши под надзор на официјален ветеринар и во согласност со: 1) упатствата дадени од официјален ветеринар, 2) принципите и постапките за чистење и дезинфекција и третман дадени во Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 25 од 67 (2) Површините и пасиштата на кои била присутна живината или други птици на одгледувалиштето каде авијарна инфлуенца е потврдена нема повторно да се користат за држење живина или други птици се додека не се спроведат сите мерки со кои се уништува вирусот на авијарна инфлуенца и официјалниот ветеринар не одобри повторно населување. (3) Опремата, материјалите или предметите кои се контаминирани или се сомнева дека се контаминирани со вируси на авијарна инфлуенца и кои неможат ефикасно да се исчистат и дезинфицираат или третираат се уништуваат под надзор на официјален ветеринар и во согласност со упатствата дадени од официјален ветеринар. (4) Дезинфекцијата треба да се врши со одобрени средства за дезинфекција и во пропишани концентрации. Член 33 Повторно населување на одгледувалиштата по појавата на авијарна инфлуенца (1) Повторно населување на живина во одгледувалиштата од член 10 и 25 на овој правилник може да се направи најмалку 21 ден по чистењето и дезинфекцијата направени во согласност со член 32 од овој правилник и согласно одредбите од овој член. (2) Во период од 21 ден по повторното населување на комерцијално одгледувалиште за живина се спроведуваат мерки: 1) официјалниот ветеринар врши најмалку еден клинички преглед кој се спроведува што е можно поблиску пред истекот на 21 ден. 2) лабораториско испитување во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник; 3) живината угината во периодот на повторно населување лабораториски се испитува во согласност дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник; 4) лицата кои влегуваат и излегуваат од комерцијалните одгледувалишта се придржуваат до соодветните биосигурносни мерки пропишани од ветеринарниот инспектор, 5) живината не смее да го напушти одгледувалиштето без претходно одобрение од официјален ветеринар; 6) се водат и редовно ажурираат записи за стапка на производство, заболеност и смртност и 7) промени во записите од точка 6) на овој член веднаш се пријавуваат до официјален ветеринар. (3) Врз основа на проценката на ризик, Агенцијата може да нареди примена на мерките од став (2) на овој член на други одгледувалишта или други видови птици на комерцијалното одгледувалиште на живина. (4) Повторно населување на живина во контактните одгледувалишта се врши согласно со инструкции на официјален ветеринар врз основа на проценка на ризик. Член 34 Постапки за дијагностицирање и дијагностички прирачник (1) Дијагностичките постапки, земањето примероци и лабораториското испитување за откривање на присуството на авијарна инфлуенца се врши во согласност со дијагностичкиот прирачник за авијарна инфлуенца даден во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 26 од 67 (2) Дијагностичкиот прирачник од став (1) на овој член содржи: 1) минималните барања за биолошка сигурност и стандарди за квалитет кои треба да се применуваат од одобрените лаборатории кои спроведуваат тестови за дијагностицирање на авијарната инфлуенца; 2) критериуми и постапки кои следат при спроведување клинички или постморталните испитувања, за да се потврди или исклучи присуството на авијарната инфлуенца; 3) критериуми и постапки кои треба да следат за земање примероци од живина или други птици, со кои треба да потврди или исклучи присуство на авијарна инфлуенца; вклучувајќи и методи за серолошко и вирусолошко испитување; 4) лабораториски тестови за дијагностицирање на авијарна инфлуенца, вклучуваат: а) тестови за диференцијална дијагнози, б) тестови за разграничување вируси на ВПАИ и НПАИ; в) тестови за разграничување меѓу вакцинираните и заразени птици со локален тип на авијарна инфлуенца; г) критериуми за евалуирање на резултатите од лабораториските тестови; 5) лабораториски техники за определување на типот на изолатите на авијарна инфлуенца. Член 35 Референтна лабораторија (1) Функциите и задачите на Националната референтна лабораторија се утврдени во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник и истата е одговорна за применивање на стандардите и дијагностичките методи од член 34 на овој правилник. (2) Податоците за националната референтна лабораторија се објавуваат на интернет страната на Агенцијата. (3) Националната референтна лабораторија треба да остварува врска со другите референтни лаборатории. (4) За дијагностичко испитување на авијарна инфлуенца Националната референтна лабораторија користи лабораториски тестови дадени во дијагностичкиот прирачник за авијарна инфлуенца од член 34 на овој правилник или може да користи други тестови, доколку чуствителноста и специфичноста на тие тестови е еквивалентна со тестовите дадени во дијагностичкиот прирачник за авијарна инфлуенца од член 34 на овој правилник. Член 36 Вакцинација (1) Вакцинација против авијарна инфлуенца се врши само за итна и заштитна вакцинација во согласност со членовите 37 и 38 од овој правилник. (2) Вакцинација се врши со вакцина одобрена од Агенцијата. Член 37 Итна вакцинација (1) Агенцијата може да одобри итно вакцинирање на живина и други птици како краткорочна мерка за спречување на ширење на болеста доколку, проценката на ризикот покаже дека постои значителна и директна закана од ширење или внесување на авијарна инфлуенца. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 27 од 67 (2) Итната вакцинација се спроведува во согласност со план за итна вакцинација кој ги содржи следните податоци: 1) состојбата на болеста која довела до примена на итна вакцинација; 2) географската област во која треба да се спроведе итната вакцинација, вкупниот број на одгледувалишта во таа област и бројот на одгледувалишта во кои треба да се спроведе вакцинација; 3) видови и категории на живина или други птици, или доколку е посоодветно бројот на објекти во кои се врши вакцинација; 4) приближниот број живина или други птици кои треба да се вакцинираат; 5) резиме на карактеристиките на вакцината; 6) предвиденото траење на кампањата за итна вакцинација; 7) специфични одредби за движење на вакцинираната живина или другите птици и нивни производи во согласност со одредбите од членовите 16, 17, 18, 19, 20, 27, 28 и 29 од овој правилник; 8) критериуми за одлучување за примена на итната вакцинација во контакните одгледувалишта; 9) идентификување и регистрација на вакцинирана живина и други птици; 10) клинички и лабораториски тестови кои треба да се применат во одгледувалишта, каде што се спроведува итна вакцинација и во други одгледувалишта лоцирани во областа каде што се спроведува итна вакцинација, со цел да се следи епидемолошката состојба, ефикасноста на кампањата за итна вакцинација и контролата на движењето на вакцинираната живина или други птици и 11) мерки кои забрануваат или ограничуваат движењето на живината или други птици и нивните производи и се однесуваат на посебни одгледувалишта на живина и други птици и формирање на зони под ограничување. (3) Во подрачја каде се врши итна вакцинација Агенцијата може да забрани или ограничи движењето на живината или други птици и нивните производи. (4) По исклучок од став (3) на овој член официјалниот ветеринар може да одобри движењето на живината или други птици и нивните производи под услови утврдени во Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник. (5) Спроведувањето на итна вакцинација не смее да ја загрозува контролата на болеста. Член 38 Заштитна вакцинација (1) Агенцијата може да воведе заштитна вакцинација на живина или други птици како долгорочна мерка, кога врз основа на процената за ризикот смета дека, во извесни делови на нејзината територија типот на живинарско производство, одредени категории на живина или други птици или одгледувалишта со живина или други птици се изложени на ризик од авијарна инфлуенца. (2) Заштитната вакцинација се спроведува во согласност со план за заштитна вакцинација кој ги содржи следните податоци: 1) јасен опис на причините за заштитна вакцинација, вклучувајќи ја и историјата на болеста; 2) географското подрачје, типот на живинарско производство, категории на живина или други птици или одгледувалишта на живина или други птици, во кои треба да се спроведе заштитна вакцинација и бројот на одгледувалиштата и видовите на стопанставата кои треба да се вакцинираат; Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 28 од 67 3) видови и категории на живина или други птици, односно доколку е посоодветно бројот на објекти кои треба да се вакцинираат; 4) приближниот број на живина или други птици кои треба да се вакцинираат; 5) резиме на карактеристиките на вакцината; 6) предвиденото траење на кампањата за заштитна вакцинација; 7) специфични одредби за движење на вакцинираната живина или други птици, во согласност со одредбите од членовите 16, 17, 18, 19, 20, 27, 28 и 29 од овој правилник; 8) евидентирање и регистрација на вакцинираната живина или други птици; 9) клинички и лабораториски тестови кои се спроведуваат во согласност со дијагностичкиот прирачник од член 34 на овој правилник на одгледувалиштата каде што треба да се спроведе заштитна вакцинација во исто време со надзорот и тестирањето во соодветен број одгледувалишта лоцирани во областа каде се спроведува вакцинација, или во одгледувалишта на живина или други птици со цел да се следи епидемолошката состојба, ефикасноста на кампањата за заштитна вакцинација и контролата на движењето на вакцинираната живина или други птици. (3) Планот за заштитна вакцинација може да вклучува мерки кои го ограничуваат движењето на живина или други птици и нивните производи. Овие мерки можат да вклучуваат ограничувања кои се однесуваат на посебни одгледувалишта на живина и други птици и формирање на зони под ограничување. Член 39 План за итни мерки За сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца Агенцијата изготвува план за итни мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца согласно член 52 од Законот за ветеринарно здравство. Член 40 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-1281/4 Директор на Агенцијата 8 август 2016 година за храна и ветеринарство, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 29 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 30 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 31 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 32 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 33 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 34 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 35 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 36 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 37 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 38 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 39 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 40 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 41 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 42 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 43 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 44 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 45 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 46 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 47 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 48 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 49 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 50 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 51 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 52 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 53 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 54 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 55 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 56 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 57 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 58 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 59 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 60 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 61 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 62 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 63 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 64 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 65 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 66 од 67 Службен весник на РМ, бр. 161 од 26.8.2016 година 67 од 67