Regulation on marking of eggs intended for the market and eggs intended for incubation, labelling and use of labels
颁布于 2011-03-11 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Food and nutrition
- 关键词
- poultry, marking/identification, animal reproduction, genetic resources, animal production, birds, poultry products, packaging/labelling
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 1 од 1 2011035839 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 50 став (9) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесува П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ЈАЈЦАТА НАМЕНЕТИ ЗА ПАЗАР И ЈАЈЦАТА НАМЕНЕТИ ЗА ИНКУБАЦИЈА, ОЗНАКИТЕ И УПОТРЕБАТА НА ОЗНАКИТЕ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на означување на јајцата од класите А и Б наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките. Член 2 (1) Јајцата од класа А кои се пласираат на пазарот се означуваат со производен код кој е составен од најмногу 13 ознаки. Производниот код треба да e лесно видлив и јасно разбирлив со висина на ознаките од најмалку 2 mm и ширина од најмалку 1 mm. (2) Првата ознака на производниот код од став (1) на овој член се однесува на начинот на одгледување, следните три ознаки се код кој ја означува земјата на потекло, а останатите девет ознаки се однесуваат на регистарските податоци за регионот во кој е лоциран објектот, бројот на операторот кој ги обележува јајцата и производствената единица од објектот. (3) Јајцата од класа А по однос на начинот на одгледување се означуваат со: ознака 1 за слободно одгледување, ознака 2 за шталско одгледување, ознака 3 за кафезно одгледување и ознака 0 за органско производство (4) Јајцата од класа А со потекло од Република Македонија се означуваат со ознака “МК”. Член 3 Јајцата од класа Б се означуваат со ознака “B” со висина од најмалку 5 mm, околу која е исцртан круг со дијаметар од најмалку 12 mm. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕК) бр. 589/2008 на Комисијата од 23 јуни 2008 година со која се утврдуваат детални правила за спроведување на Регулатива (ЕС) бр. 1234/2007 на Советот во однос на трговските стандарди за јајца, CELEX бр. 32008R0589 Службен весник на РМ, бр. 35 од 22.3.2011 година 2 од 2 Член 4 (1) Јајцата за инкубација наменети за производство на пилиња се означуваат со производниот код од член 2 на овој правилник на кој ознаките треба да се од јастива црна боја. (2) Јајцата за инкубација наменети за извоз покрај означувањето од став (1) на овој член можат да бидат означени и со дополнителни ознаки на барање на увозникот, доколку се обезбеди дека истите нема да бидат помешани со ознаките од став (1) на овој член. Член 5 Со денот на отпочнување на примената на овој правилник, престануваат да важат членовите 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33 и 34 од Правилникот за квалитет на јајца и производи од јајца („Службен лист на СФРЈ“ бр. 55/89). Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2012 година. Бр. 02-2334/1 Министер за земјоделство, 11 март 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.