跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on keeping of the unique record of offenses, sanctions and decisions in misdemeanor proceedings and how to access information contained in these records

颁布于 2009-12-11 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за начинот на водење на единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки во прекршочна постапка, како и начинот на пристап до информации кои се содржани во евиденцијата.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
data collection/reporting, offences/penalties, access-to-information, legal proceedings/administrative proceedings

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 147 од 11.12.2009 година 1 од 5 20091472987 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 107 ставови 6 и 7 од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за правда донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРЕКРШОЦИТЕ, ИЗРЕЧЕНИТЕ САНКЦИИ И ДОНЕСЕНИТЕ ОДЛУКИ ВО ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА, КАКО И НАЧИНОТ НА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на водење на единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки во прекршочна постапка, (во натамошниот текст: прекршочна евиденција), како и начинот на пристап до информации кои се содржани во евиденцијата. I. Начин на водење на единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки во прекршочна постапка Член 2 (1) Прекршочната евиденција се води во електронски облик на обработка на посебни образци и тоа: Образец бр. 1 за евиденција на прекршочните предмети за физички лица кој е составен дел на овој правилник; Образец бр. 2 за евиденција на прекршочните предмети за правни лица кој е составен дел на овој правилник; Образец бр. 3 за евиденција на прекршочните предмети за малолетни лица кој е составен дел на овој правилник. (2) Обрасците од став 1 на овој член се печатат на хартија со бела боја, со димензии 210х297 мм. Член 3 (1) Образецот бр. 1 за евиденција на прекршочните предмети за физички лица содржи: реден број; број и датум на прием на предметот поднесен од надлежен орган; податоци за сторителот на прекршокот (физичко лице, одговорно лице, службено лице, трговец поединец – име и презиме, ЕМБГ, адреса, правно лице, каде е вработено; правен основ; прекин на постапката; отфрлање на барањето; запирање на постапката; број и датум на решение; прекршочна санкција (глоба, опомена, забрана за вршење професија, дејност или должност и рок на важење); посебни прекршочни мерки (одземање на животни, производи и суровини, други); трошоци на прекршочната постапка; датум на наплата (глоба, трошоци); датум на доставување за извршување; број и датум на прием на известување за изјавен редовен правен лек; датум на доставување до управен суд и забелешка. (2) Образецот бр. 2 за евиденција на прекршочните предмети за правни лица содржи: реден број; број и датум на прием на предметот; поднесен од надлежен орган; податоци за правното лице (назив, ЕДБ, МБ, седиште; правен основ; прекин на постапката; отфрлање на барањето; запирање на постапката; број и датум на решение; прекршочна санкција (глоба, опомена, забрана за вршење професија, дејност или должност и рок на важење); Службен весник на РМ, бр. 147 од 11.12.2009 година 2 од 5 посебни прекршочни мерки (одземање на животни, производи и суровини, други); трошоци на прекршочната постапка; датум на наплата (глоба, трошоци); датум на доставување за извршување; број и датум на прием на известување за изјавен редовен правен лек; датум на доставување до управен суд и забелешка. (3) Образецот бр. 3 за евиденција на прекршочните предмети за малолетни лица содржи: реден број; број и датум на прием на предметот; поднесен од надлежен орган; податоци за помлад малолетник – 14 -16 години (име и презиме, ЕМБГ, адреса, правно лице, каде е вработено); податоци за постар малолетник – 16 -18 години (име и презиме, ЕМБГ, адреса, правно лице, каде е вработено); податоци за родителот односно старателот (име и презиме, ЕМБГ, адреса, правно лице каде е вработено); правен основ; прекин на постапката; отфрлање на барањето; запирање на постапката; број и датум на решение; прекршочна санкција (глоба, опомена, забрана за вршење професија, дејност или должност и рок на важење); посебни прекршочни мерки (одземање на животни, производи и суровини, други); трошоци на прекршочната постапка; датум на наплата (глоба, трошоци); датум на доставување за извршување; број и датум на прием на известување за изјавен редовен правен лек; датум на доставување до Управен суд и забелешка. II. Начин на пристап до информации кои се содржани во прекршочната евиденција Член 4 (1) Секое правно или физичко лице може да побара информации за себе од прекршочната евиденција врз основа на поднесено барање. (2) Информациите од прекршочната евиденција за трети правни или физички лица може да се дадат само врз основа на службено барање поднесено од органите на државната управа надлежни за водење на прекршочна постапка, надлежни судови, Јавно обвинителство, Државно правобранителство, Народен правобранител за постапките од нивните надлежности, како и врз основа на службено барање поднесено од орган на државната управа за потребите за водење на управен постапка, само за статистички цели. Член 5 (1) Барањата за добивање на информации од прекршочната евиденција се доставуваат до Прекршочната Комисија. (2) Прекршочната комисија на барањето од став (1) од овој член одговора не подолго од 8 дена. (3) Прекршочната Комисија, информациите од прекршочната евиденција ги доставува во писмена форма. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Министер за правда, Михајло Маневски, с.р. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 147 од 11.12.2009 година 3 од 5 Службен весник на РМ, бр. 147 од 11.12.2009 година 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 147 од 11.12.2009 година 5 од 5

Regulation on keeping of the unique record of offenses, sanctions and decisions in misdemeanor proceedings and how to access information contained in these records · Nelum