Regulation on handling of animals during slaughtering
颁布于 2010-12-06 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на постапување со животните за време на убивање.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- slaughtering, animal production, animal welfare, processing/handling
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 1 од 22 20101633473 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 44 став (4) од Законот за заштита и благосостојба на животните ("Службен весник на Република Македонија" бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА УБИВАЊЕ ( ∗) ГЛАВА I Општи одредби Содржина Член 1 Предмет и oпсег Со овој правилник се пропишува начинот на постапување со животните кои се одгледуваат или чуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно или други производи, убивање на животните заради депопулација (смалување на нивниот број) како и придружните операции поврзани со убивање на животните во кланици. Член 2 Примена Одредбите од Глава II, освен член 6 ставовите (1) и (2), Глава III и Глава IV, освен член 19 од овој правилник, не се применуваат во случај на принудно колење надвор од кланица или во случаи кога тие активности би резултиралe со непосреден и сериозен ризик по здравјето или безбедноста на луѓето. Член 3 При убивање на рибите се применуваат само барањата утврдени во член 6 став (1) од овој правилник. Член 4 Одредбите на овој правилник не се применуваат: а) доколку животните се убиваат во текот на: научни експерименти спроведени под надзор на надлежниот орган или друго надлежно тело; лов или спортски риболов; и културни или спортски настани и б) на живина, куникули и зајаци кои се заклани надвор од кланица од нивниот сопственикот за сопствена домашна конзумација. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Советот (ЕС) Бр. 1099/2009 од 24 септември 2009 за заштита на животните за време на убивање, 32009R1099. Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 2 од 22 Член 5 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Убивање е било која намерно спроведена постапка која доведува до смрт на животното; 2. Придружни операции се операции во кланиците кои се однесуваат на манипулација со животните, внесување на животните во депо пред колење, омамување и искрварување на животните и се одвиваат во контекс и локација на која животните треба да се убијат; 3. Животно е било кој рбетник, со исклучок на рептили и амфибии; 4. Принудно убивање е убивање на животните кои се повредени или имаат болест пропратена со тешки болки или страдање, при што не постои било каква друга изводлива можност болките или страдањето да се одстранат; 5. Внесување на животните во депо пред колење е држење на животните во боксови, торови, покриени простори или полиња поврзани со или кои се дел од операциите во кланица; 6. Омамување е било кој намерно спроведен процес кој доведува до губење на свеста и осетливоста без предизвикување на болка, вклучително било која постапка која резултира со моментална смрт на животното; 7) Верски ритуален обред е низа на постапки кои се однесуваат на колење на животните, во согласност со одредени верски обреди кои се официјално признаени во Република Македонија; 8) Културни или спортски настани се настани кои во основа и во најголем дел се поврзани со долговременски воспоставен културен обичај или спортски активности, вклучително и трки или други облици на такмичење, кои не се поврзни со производство на месо или други производи од животинско потекло, или доколку тоа производство е маргинално во споредба со настанот и како такво економски не е значајно.; 9) Стандардни оперативни процедури се сет на документирани упатства за постигнување на униформност на изведбата на одредена специфична функција или стандард; 10) Колење е убивање на животните наменети за исхрана на луѓето. 11) Кланица е било кој објект кој се користи за колење на сувоземни животни согласно со прописите за ветеринарно здравство и безбедност на храна; 12) Оператор е било кое физичко или правно лице кое под своја контрола има активности со кои се спроведува убивање на животните или било кои придружни операции кои се усогласени со овој правилник; 13) Крзнаши се цицачи кои главно се одгледуваат за производство на крзно, како животните од видовите куни златици, творови, лисици, ракуни, нутрии и чинчили; 14) Депопулација е постапка на убивање на животните од причини на заштита на јавното здравство, здравствената заштита на животните, благосостојба на животните или причини поврзани со заштита на животната средина, кои се одвиваат под контрола на надлежниот орган на државната управа; 15) Живина е одгледувани птици, вклучително и птици кои не се сметаат за домашни, но кои се одгледуваат како домашни животни, со исклучок на ноеви; 16) Фиксирање е примена на било каква процедура на животните која е осмислена за ограничување на нивните движења, без примена на болка која може да се избегне, страв или вознемирување, за да се олесни ефективното омамување или убивање; 17) Пенетрирање е лацерација на ткивото на централниот нервен систем и ‘рбетниот мозок со издолжен стапчест инструмент кој се внесува во краниалната празнина. 18) Надлежен орган е органот на државна управа надлежен за вршење на работи од областа на безбедноста на храната и ветеринарството. Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 3 од 22 ГЛАВА II Општи барања Член 6 Општи барања за убивање и придружни операции (1) Животните треба да се поштедат од секоја непотребна болка, стрес или страдање во текот на убивањето или придружните операции во кланиците. (2) За да се поштедат од секоја непотребна болка, стрес или страдање во текот на убивањето или придружните операции во кланиците, операторот треба да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди дека: а) животните имаат физички комфор и заштита, особено со тоа што се држат чисти, во соодветни температурни услови и се спречува нивното паѓање или лизнување; б) животните се заштитени од повредување; в) со животните се манипулира или се сместуваат во за нив наменет простор, имајќи го во предвид нивното нормално однесување.; г) животните не покажуваат знаци на непотребна болка или страв ниту манифестрираат ненормално однесување; д) животните не страдаат поради продолжено ускратување на вода или храна и ѓ) животните се заштитени од непотребна интеракција со други животни кои можат да ја загрозат нивната благосостојба. (3) Опремата која се користи за убивање и придружни операции треба да биде дизајнирана, конструирана, одржувана и со неа да се ракува на начин кој обезбедува задоволување на барањата од став (1) и (2) од овој член, под очекувани услови на активност на објектот во текот на целата година. Член 7 Методи на омамување (1) Животните се убиваат единствено по омамување согласно методите и посебните барања поврзани со примената на истите дадени во Пригог I кој е составен дел на овој правилник. Губење на свеста и осетливоста треба да трае до смртта на животното. (2) Методите од Прилог I на овој правилник, кои не резултираат со моментална смрт (во понатамошниот текст: обично омамување) треба да бидат проследени колку што е можно побрзо со постапка која обезбедува смрт, како искрварување, бодење, електрокутирање или продолжено изложување на аноксија. (3) Примена на методите од Прилог I на овој правилник се врши според упатства на надлежниот орган. (4) Во случаи кога животните се подвргнати на посебни методи на колење согласно верските ритуални обреди доколку колењето на животните се врши во кланица, одредбите од став (1) на овој член не се применуваат. Член 8 Контрола на омамувањето (1) Операторите треба да обезбедат дека персоналот одоговорен за омамување или другиот персонал спроведува редовни контроли како би се обезбедило дека животните не покажуваат никакви знаци на свесност или осетливост во периодот помеѓу крајот на постапката на омамување и смртта. (2) Контролите се спроведуваат на задоволителен репрезентативен примерок на животни и нивната фрекфенција се воспоставува имајќи ги во предвид претходните контроли и било кои други фактори кои може да влијаат на ефикасноста на процесот на Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 4 од 22 омамувањето. Кога резултатот на контролите индицира дека животното не е соодветно омамено, персоналот одоговорен за омамувањето веднаш треба да преземе мерки кои се наведени во стандардните оперативни процедури изработни согласно член 9 став (2) и (3) на овој правилник. (3) Доколку во смисла на верски ритуален обред, животните се убиваат без претходно омамување, персоналот одговорен за колење треба да спроведува системски контроли за да обезбеди дека животните не покажуваат никакви знаци на свест или осетливост пред да се ослободат од фиксаторот и дека не покажуваат никакви знаци на живот пред да бидат подложени на симнување на кожата или третирање со попарување. (4) За спроведување на одредбите од ставовите (1) и (2) од овој член, операторите можат да ги користат постапките за контрола како што е опишано во упатствата за добра пракса од член 16 на овој правилник. Член 9 Стандардни оперативни процедури (1) Операторите треба однапред да ги планираат постапките на убивање на животните и придружните операции во кланиците и да ги спроведат во согласност со стандардните оперативни процедури. (2) Операторите составуваат и имплементираат соодветни стандардни оперативни процедури кои обезбедуваат убивањето и придружните операции во калниците да се спроведуваат согласно член 6 став (1) на овој правилник. (3) При омамување, стандардните оперативни процедури, треба: а) да ги имаат во предвид препораките на производителот на опремата; б) за секоја метода на омамување која ја користат, да ги дефинираат, на основа на достапни научни докази, клучните параметри од Прилог I Глава I на овој правилник, обезбедувајќи нивна ефикасност за омамување на животните; в) детално да ги наведат мерките кои треба да се спроведат кога контролата од член 8 на овој правилник индицира дека животното не е соодветно омамено или во случај кога животните се заклани во верски ритуален обред, животното и понатаму покажува знаци на живот. (4) Во согласност со став (2) од овој член, операторот може да ги користи стандарднтите оперативни процедури на начин опишан во член 16 од овој правилник. (5) Операторите треба да ги достават своите стандардни оперативни процедури на увид на барање на надлежниот орган. Член 10 Ниво на оспособеност (1) Убивањето и придружните операции во кланиците треба да ги спроведува единствено персонал со соодветно задоволително ниво на осопообеност за такви активности согласно Прилог IV кој е составен дел на овој правилник, така што на животните нема да им се предизвика непотребна болка, стрес или страдање. (2) Операторите треба да обезбедат дека следните операции на колење се изведени само од персонал кој е соодветно оспособен, со што се потврдува нивната способност да ги спроведуваат операциите согласно со овој правилник, и тоа: а) манипулирање со животните и грижа за животните пред да се фиксираат; б) фиксирање на животните со цел нивно омамување или убивање; в) омамување на животните; г) оцена на ефикасноста на омамувањето; Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 5 од 22 д) висечко закачување и подигнување на омамени животни; ѓ) искрварување на омамени животни и е) колење во верски ритуален обред. (3) Не исклучувајки ги одредбите од став (1) на овој член, убивањето на крзнаши се спроведува во присуство и под директна контрола на соодветно оспособен персонал согласно операциите кои се спроведуваат под негова контрола. Операторите кои одгледуваат крзнаши треба најмалку 24 часа однапред во писмена форма да го известат надлежниот орган за планираното убивање на животните. Член 11 Упатство за употреба на опремата за фиксирање и омамување (1) Опремата која се користи за фиксирање или омамување на животните треба да биде пропратена со соодветни упатства кои се однесуваат на нејзината употреба на начин кој обезбедува оптимални услови за благосостојба на животните. Овие упатства треба да се направат јавно достапни и по електронски пат. (2) Упатствата од став (1) од овој член треба да содржат податоци за: a) видот, катетегоријата, количеството и/или тежината на животните за кои опремата е наменета за користење; б) препорачаните параметри кои одговараат на различни услови на употреба, вклучително и клучните параметри дадени во Прилог II Глава I кој е составен дел на овој правилник; в) опрема за омамување, постапката за системско пратење на ефективноста на опремата во однос на задоволување на одредбите од овој правилник и г) препораките за одржување и, таму каде што е неопходно, калибрација на опремата за омамување. Член 12 Употреба на опремата за фиксирање и омамување (1) Операторите треба да обезбедат дека цела опрема за фиксирање и омамување се одржува и контролира во согласност со упатствата на производителот, од персонал кој е посебно обучен за таа намена. (2) Операторите треба да водат евиденција за одржувањето на опремата за фиксирање и омамување. Наведената евиденција треба да се чува најмалку една година и по барање да се достави на надлежниот орган. (3) Операторите треба да обезбедат дека во текот на операцијата на омамување, на лице место моментално е достапен дополнителен резервен сет на соодветна опрема за омамување, која се користи во случај на неефикасно делување на примарниот сет на опрема. Дополнителниот резервен сет на опрема за омамување може да се разликува од примарниот сет за омамување. (4) Операторите треба да обезбедат дека животните не се ставаат во опремата за фиксирање, вклучително и опремата за фиксирање на главата, се додека персоналот кој е одоговорен за омамување и искрварување не е спремен животното да го омами или искрвари што е можно побрзо. Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 6 од 22 Член 13 Приватна домашна конзумација (1) При колење на животните за приватна домашна конзумација, се применуваат барањата од член 6 став (1), член 7 став (1) и член 10 став (1) од овој правилник, со исклучок на живина, куникули и зајаците, како и на придружните операции надвор од кланицата кои ги спроведува сопственикот на животните или лице под одговорност и надзор на сопственикот. (2) Покрај одредбите од став (1) на овој член, при колење на животни за приватна домашна конзумација, се применуваат и барањата од член 18 став (3) на овој правилник и Прилог III точки 1.8, 1,9, 1,10,1.11, 3.1, и доколку тоа се однесува на обично омамување, точка 3.2 кој е составен дел на овој правилник , со исклучок на живина, зајаци, куникули, свињи, овци и кози, надвор од кланица, кои ги спроведува сопственикот на животните или лице под одговорност и надзор на сопственикот на животните. Член 14 Директно снабдување на мали количества на живина, куникули и зајаци (1) За колење на живина, куникули и зајаци на фарма заради директно снабдување на мали количества на месо кои производителот го нуди на крајниот потрошувач или локална малопродажба со директно доставување на такво месо на крајниот потрошувач како свежо месо, се применуваат барањата од член 6 став (1), член 7 став (1) и член 10 став (1) од овој правилник, доколку бројот на животните кои се заклани на фарма не е поголем од пет грла. (2) Барањата за колење утврдени во Главите II и III од овој правилник се применуваат и при колење на животните од став (1) на овој член кога нивниот број го надминува максималниот број на животни од став (1) на овој член. Член 15 Увоз од трети земји (1) Барањата за колење утврдени во Главите II и III од овој правилник се применуваат за производи од животинско потекло кои се увезуваат во Република Македонија. (2) Сертификатот кој го пропратува месото увезено од трети земји, треба да е надополнет со соодветна потврда со која се потврдува дека се задоволени барањата кои се минимум еквивалентни на барањата за колење утврдени во Главите II и III од овој правилник. Член 16 Упатства за добра пракса (1) Операторите можат да применуваат упатства за добра пракса за да се подобри спроведувањето на одредбите од овој правилник. (2) Упатствата за добра пракса, треба да се развиваат и дисеминираат по пат на организации на оператори, и тоа во консулатиција со представниците на невладини организации, надлежни органи на државната управа и други заинтересирани субјекти имајќи ги во предив научните мислења од член 22 став (1) точка в) на овој правилник. (3) Надлежниот орган ги оценува упатствата за добра пракса согласно член 41 став (2) точка 4) од Законот за ветеринарно јавно здравство како би се обезбедило тие да се развиени согласно со став (2) на овој член и да се во согласност со прописите за ветеринарно здравство. Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 7 од 22 (4) Доколку здруженијата на оператори не воспостават упатства за добра пракса, надлежниот орган ќе развие и објави упатства за добра пракса. (5) Надлежниот орган ги проследува на Комисијата на Европската Унија сите Упатства за добра пракса кои ги валидирал. ГЛАВА III Дополнителни барања за кланиците Член 17 Распоред, конструкција и опрема на кланиците (1) Операторите треба да обезбедат распоредот на просториите, конструкцијата и опремата која се користи во кланиците да ги исполнуваат барањата од Прилог II од овој правилник. (2) Операторите при барање за одобрување на кланица согласно прописите за ветеринарно здравство и безбедност на храна, до надлежниот орган треба да ги достават најмалку следните податоци: a) максимален број на животни по час за секоја линија за колeње; б) категории на животни и нивната тежина, во однос на кои достапната опрема за фискирање и омамување може да се користи и в) максималниот капацитет за секое депо за сместување на животни. Член 18 Манипулирање со животните и нивното фиксирање во кланиците (1) Операторите треба да обезбедат исполнување на оперативните барања за кланиците наведени во Прилог III кој е составен дел од овој правилник. (2) Операторите треба да обезбедат животните кои се убиваат за верски ритуален обред без претходно омамување, да бидат поединечно фиксирани. Преживарите треба да бидат механички фиксирани. (3) Системите за фиксирање на говедата со инверзија или било која друга неприродна положба не треба да се користат, освен во случај на животни кои се колат во верски ритуален обред и под услов да се користи уред кој ги фиксира и страничните и вертикалните движења на главата и кој се прилагодува на големината на животното. (4) Фиксарањето на животните во кланиците неможе да се врши со: a) бесење или подигање на свесни животни; б) механичко стегање или подврзување на ногата или стопалото на животното; в) засек на рбетниот мозок, со употреба на нож или бодеж и г) употреба на електрична струја за имобилизација на животното која не го омамува или убива животното под контролирани услови, а особено секој вид на електрична струја која не го зафаќа мозокот. (5)Одредбите на став (4) точките а) и б) од на овој член не се применуваат при манипулирање со живината. Член 19 Постапки за мониторинг во кланиците (1) За спроведување на контрола на омамувањето од член 8 од овој правилник, операторите треба да воспостават и спроведат соодветни постапки за мониторинг во кланиците. Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 8 од 22 (2) Во постапките за мониторинг од став (1) на овој член треба да се опише начинот на кој треба да се спроведе мониторингот, кој го вклучува најмалку следното: a) име на персоналот одговорен за постапката на мониторинг; б) индикатори дизајнирани за детекција на знаците на несвесност или свесност и осетливост на животните како и индикатори дизајнирани за откривање на одсуство на знаци на живот кај животните кои се колат во верски ритуален обред; в) критерииуми за одредување дали резултатите кои ги покажуваат индикаторите наведени во точка б) од овој став се задоволителни; г) ситуациите и/или времето кога мониторингот треба да се спроведува; д) бројот на животните во секоја мостра кој треба да се провери во текот на мониторингот и ѓ) соодветни процедури кои обезбедуваат дека, во случај на неисполнување на критериумите од точка в) на овој став, се презема реевалуација на операциите на убивање за идентификување на причините на било какви недостатоци и измените кои се неопходни да се направат за операциите на убивање да ги задоволат критериумите. (3) Операторите треба да воспостават посебни процедури за мониторнинг на секоја линија за колење. (4) Фреквенцијата на контролите треба да ги земе во предвид главните фактори на ризик, како промените во поглед на типот и големината на животните кои се колат или работните модели на персоналот и треба да се воспостави со цел да се обезбедат резултати со висок степен на доверливост. (5) За исполнување на барањата од став (1), (2), (3) и (4) од овој член, операторите треба да ги користат процедурите утврдени во упатствата за добра пракса. ГЛАВА IV Депопулација и принудно убивање Член 20 Депопулација (1) Заради смалување на бројот на одредени видови на животни се спроведуваат операции на депопулација врз основа на акционен план на надлежниот орган во соглласност со одредбите на овој правилник. (2) Методите на омамување и убивање, кои се планираат, како и соодветни стандардни оперативни процедури за обезбедување на исполнување на одредбите на овој правилник треба да се вклучат во плановите за итни мерки (contingency plans), согласно прописите за ветеринарно здравство, на основа на претпоставка која се востановува со планот за итни мерки, а која се однесува на големината и локацијата на сомнежот за избивање на болеста. (3) Надлежниот орган треба да: а) обезбеди дека операциите на депопулација се спроведуваат соогласно акциониот план од став (1) на овој член и б) преземе соодветни мерки за заштита на благостотојба на животните во најдобро возможни услови. (4) За спроведување на депопулацијата и во случаи предвидени со плановите за итни мерки, надлежниот орган може да одобри одстапување од одредбите од овој правилник, доколку цени дека со нивно спроведување може да дојде до негативно делување на здравјето на луѓето или значително да се успори процесот на ерадикација на болеста. (5) За спроведените операции за депопулација се изготвува извештај кој особено треба да содржи: a) причини за депопулацијата; Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 9 од 22 б) број и вид на убиените животни; в) користените методи на омамамување и убивање; г) опис на утврдените потешкотии, и кога е соодветно, начини за елиминирање или намалување на страдањето на наведените животни и д) било какви одобрени дерогации согласно став (4) од овој член. Член 21 Принудно убивање Во случај на принудно убивање одгледувачот или сопственикот на животните треба да ги преземе сите неопходни мерки животното да се убие што е можно побргу. ГЛАВА V Надлежен орган Член 22 Научна поддршка (1) Операторите заради исполнување на барањата од овој правилник во однос на благосотојба на животните при убивање треба да имаат пристап до независна научна подршка во однос на: a) научна и техничка експертиза која се однесува на одобрување на кланиците од член 17 став (2) на овој правилник како и развој на нови методи за омамување; б) научни мислења за упатствата кои ги обезбедува производителот за употреба и одржување на опрема за фиксирање и омамување; в) научно мислење за добра пракса развиена за целите на овој правилник и г) препораки за целите на овој правилник, особено во смисла на инспекција и аудит. (2) Научната подршка од став (1) на овој член за спроведување на сите релевантни активности, може да биде обезбедена по електронски пат. (3) За исполнување на одредбите од став (1) и (2) од овој член надлежниот орган може да идентификува единствена контактна точка, достапна за јавноста по електронски пат. Контактната точка служи за размена на техничките и научните информации и најдобрите пракси со соодветните контакт точки во земјите членки на Европската унија. ГЛАВА VI Несообразности Член 23 Несообразности Операторот заради исполнување на барањата од овој правилник во однос на благосотојба на животните при убивање треба да: a) ги изменат и дополнат своите стандардни оперативни процедури и особено да ја успорат или прекинат активноста доколку не се во сообразност со барањата од овој правилник; б) ги зголемат фреквенциите на контролите од член 8 на овој правилник и да ги изменат и дополнат постапките за системски мониторинг од член 18 на овој правилник и (в) спроведат измени на упатствата за употребата на опремата за фискирање и омамување поради нови научни мислење и сознанија. Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 10 од 22 Глава VII Преодни и завршни одредби Член 25 Одредбите од член 16 став (5) и 22 став (3) на овој правилник ќе започнат да се применуваат од денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 26 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на постапување со животните во кланиците (“Службен весник на Република Македонија” број 58/08). Член 27 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 11-2809/2 Министер, 6 декември 2010 година Љупчо Димовски, с.р. Скопје Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 11 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 12 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 13 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 14 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 15 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 16 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 17 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 18 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 19 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 20 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 21 од 22 Службен весник на РМ, бр. 163 од 17.12.2010 година 22 од 22