Regulation on form and content of the request, manner and amount of the fee for issuing official labels
颁布于 2015-03-13 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за форма и содржина на барањето, начинот и висината на надоместокот за издавање на официјални етикети.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- certification, fees/royalties, packaging/labelling, seeds/planting material, procedural matters, plant production
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Стр. 6 - Бр. 43 18 март 2015 О Д Л У К А ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА СТАТУТАРНАТА ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ДРЖАВНИ ШУМИ „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ – П.О. СКОПЈЕ 1. Со оваа одлука се дава согласност на Статутарна та одлука за дополнување на Статутот на Јавното прет пријатие за стопанисување со државни шуми „Маке донски шуми“ – п.о. Скопје, бр. 02-1170/7 од 5.12.2014 година, донесена од Управниот одбор на ова јавно претпријатие, на седницата одржана на 5.12.2014 го дина. 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр.42-11338/1-14 Заменик на претседателот 10 март 2015 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 1595. Врз основа на член 23 став (5) од Законот за семен ски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13 и 43/14), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМА И СОДРЖИНА НА БАРАЊЕТО, НА ЧИНОТ И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ ЕТИКЕТИ Член 1 Со овој правилник се пропишува форма и содржина на барањето, начинот и висината на надоместокот за издавање на официјални етикети за сертифициран се менски и саден материјал. Член 2 Барањето за издавање на официјални етикети (во понатамошниот текст: барање) се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат и ги содржи следните пода тоци: назив на органот до кој се доставува барањето; назив на барањето; име и презиме/назив на снабдувачот; адреса/седиште на снабдувачот; вид (македонско и латинско име), сорта/хибрид и категорија на семенски и саден материјал за кој се из дава официјална етикета; број на официјални етикети; забелешка; датум и потпис на барателот. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 По спроведена постапка за oфицијална сертифика ција на семенски и саден материјал согласно член 18 од Законот за семенски и саден материјал за земјодел ски растенија на снабдувачот на семенски и саден ма теријал врз основа на поднесено барање му се издаваат официјални етикети за семенски и саден материјал кој се става во трговија од страна на Управата за семе и са ден материјал. Член 4 Врз основа на барањето од член 2 на овој правил ник во рамките на роковите утврдени во прописите од областа на семенскиот и садниот материјал се утврдува потребниот број на официјални етикети кои треба да им се издадат на снабдувачите согласно евиденцијата за произведен семенски и саден материјал. Член 5 Висината на надоместокот за издавање на офици јални етикети за семенски и саден материјал кај земјо делските растенија, (печатење на етикети, материјални трошоци за издавање и друго) по категории и по еден примерок со вклучен ДДВ изнесува: А) За семенски материјал: официјални етикети за предосновно семе 5 денари официјални етикети за основно семе 5 денари официјални етикети за сертифицирано семе од I ген. 3 денари официјални етикети за сертифицирано семе од II ген. 3 денари етикети за трговско семе 3 денари неконечно сертифицирано семе 3 денари Б) За саден материјал: официјални етикети за лозови насади 6 денари официјални етикети за овошни насади 6 денари официјални етикети за украсни растенија 6 денари официјални етикети за градинарски растенија - расад 6 денари Член 6 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот и висина та на надоместокот за издавање на официјални етикети („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/13). Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија”. Бр.18-23/3 Министер за земјоделство, 13 март 2015 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, с.р. 18 март 2015 Бр. 43 - Стр. 7