Regulation on fees for forest damage
颁布于 2010-05-31 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за висината на цената за штети во шума.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Forestry
- 关键词
- fees/royalties, offences/penalties
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА ЗА ШТЕТИ ВО ШУМА Сл. Весник на Р. Македонија, бр.75 од 07.06.2010 година Член 1 Со овој правилник се пропишува висината на цената за штети во шума. Член 2 За противправно исечено стебло односно за противправно присвојување на паднато, прекршено или навалено стебло или дел од стебло, висината на цената на штетата изнесува: 1. За техничко обло дрво 2. За огревно дрво Под техничко обло дрво, во смисла на став 1 точка 1 од овој член, се подразбираат делови од обло дрво со должина над 1 м. од кои најмалку 30% може да се употребат за пиланско производство или за други технички цели, како и ситно техничко дрво кое може да се употреби за колци за лозја, стожери, држалки, летви, огради и слично. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 Под огревно дрво, во смисла на став 1 точка 2 од овој член, се подразбира дрво за хемиско искористување и за огрев. Износите од точките 1 и 2 од став 1 на овој член, се зголемуваат за 50% ако стеблото: потекнува од шума прогласена за шума со посебна намена (национални паркови, шумски резервати и сл.); е од издвоена семенска состоина или оставена за семењак; има граничен знак или знак за поделба на шумата; е од шума во која со шумскостопанска основа односно програмата за унапредување на шумите не е предвидена сеча и потекнува од природен подмладок во млади шуми (високи шуми до 20 години возраст, ниски шуми до 10 години). Износите од точките 1 и 2 од став 1 на овој член се зголемуваат за 100% ако стеблото е исечено во шумска култура, односно шума подигната по вештачки пат. Член 3 За бесправно сечење на млади стебла од четинарски видови дрвја, висината на цената на штетата изнесува 3.000,00 денари за едно стебло. Член 4 За противправно присвојување на суви и навалени стебла или нивни делови висината на штетата се утврдува според износите од член 2 од овој правилник намалени за 30%. За оштетување на стебло со лупење на кората, подбелување, превртување, кастрење на гранки засечување, вадење на смола и сл., ако оштетувањето на стеблото е од таков степен што непосредно му претстои сушење, висината на цената на штетата се утврдува во висина на износите од член 2 на овој правилник. Член 5 Ако противправно исеченото стебло, односно присвоеното исечено дрво прекршено или навалено стебло или дел од стеблото е обработено во сортименти (делкано, цепкано и сл.) и притоа мерено како нето дрвна маса во различни мерки (парчиња и сл.), висината на цената на штетата се утврдува на тој начин што претходно сортиментите се претвораат во м3 обловина според следните фактори за пресметување дадени во табелата: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 Член 6 Висината на цената на штетата на противправно оштетување или уништување на природен подмладок и садници во шуми и на шумско земјиште според следната табела изнесува: ред. бр вид на дрво Висина на штетата за 1 садници во денари 1 год. 2год. Згод. преку 3 год. 1 Багрем, гледич, диви овошки 150,00 200,00 300,00 450,00 2 Јавор, див костен, црница, јасен, брест 200,00 300,00 350,00 400,00 3 Орев, питом костен 300,00 450,00 500,00 300,00 4 Останати тврди лисјари 150,00 200,00 200,00 300,00 5 Липа, бреза, ела, домашна топола 150,00 200,00 300,00 500,00 6 Останати меки лисјари 100,00 150,00 200,00 300,00 7 Црн бор, бел бор, молика 300,00 350,00 300,00 600,00 8 Смрча и ела 300,00 450,00 600,00 600,00 9 Егзоти од лисјари и четинари 450,00 500,00 600,00 900,00 10 Останати четинари 300,00 350,00 300,00 600,00 Износите утврдени во табелата се зголемуваат за 50% ако садниците се пресадувани (школувани), а ако се од калемен орев, се зголемуваат за 10 пати. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 Член 7 За противправно присвојување на други шумски производи, висината на цената на штетата според следната табела изнесува: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 Во шуми во кои е забрането напасување, брстење и желадење, односно во кои со плановите за стопанисување не се предвидува напасување, брестење, односно желадење висината на цената на штетата од реден број 6 од табелата се зголемува за 50%. Член 8 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за утврдување на висината на цената за штети на шумите („Службен весник на Република Македонија бр. 23/98). Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 09-5995/3 Министер за земјоделство, 27 мај 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.