跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on fees for activities and official controls on food and animal feed imported in the country and activities and official controls on food and animal feed which are manufactured and marketed and the way of their collection

颁布于 2014-03-05 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Одлука за висината на надоместокот за активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се увезува во република македонија и активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се произведува и става во промет како и начин на нивна наплата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock, Food and nutrition
关键词
animal feed/feedstuffs, inspection, fees/royalties, food safety and quality

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 45 од 05.03.2014 година 1 од 2 20140451342 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 104 став 3 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр.157/2010, 53/2011, 1/2012, 164/2013, 187/2013), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 5.3.2014 година, донесе О Д Л У К А ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА АКТИВНОСТИ И ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА ХРАНА И ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ КОЈА СЕ УВЕЗУВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И АКТИВНОСТИ И ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА ХРАНА И ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ КОЈА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И СТАВА ВО ПРОМЕТ КАКО И НАЧИН НА НИВНА НАПЛАТА 1. Co ова одлука се утврдува висината на надоместокот за активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се увезува во Република Македонија и активности и официјални контроли на храна и храна за животни која се произведува и става во промет како и начин на нивна наплата. 2. Висина на надоместоците за спроведување на активностите и официјални контроли на храна и храна за животни која се увезува во Република Македонија се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на оваа одлука. 3. Висина на надоместоците за спроведување на активностите и официјални контроли на храна и храна за животни која се произведува и става во промет се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на оваа одлука. 4. Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство врши неколку официјални контроли истовремено кај ист оператор и објект, истите се сметаат за една активност и се наплатува единствен надоместок во висина утврдена во Прилог 1 и Прилог 2 на оваа одлука. 5. Во случаи кога има потреба од дополнителни официјални контроли, како и во случај на последователни официјални контроли за утврдување на постапување пo решение од официјален ветеринар, Агенцијата за храна и ветеринарство наплатува надоместоци за трошоците кои произлегуваат од дополнителните официјални контроли во висина од 500 денари по работен час за секој вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство вклучен во дополнителните официјални контроли. 6. Надоместоците од Прилог 1 на оваа одлука се зголемуваат за 50%, во случај кога официјалните контроли се извршуваат при претовар на пратките на ветеринарното инспекциско место на граничен премин. 7. Надоместоците од Прилог 2 на оваа одлука се зголемуваат за 100%, во случаи кога официјалните контроли се извршуваат во деновите на државни празници и неработните денови (сабота и недела). 8. Co денот на влегувањето на сила на оваа одлука престанува да важи Одлука за висината на надоместокот за граничните ветеринарни контроли, за сите активности и официјални контроли за производи од животинско потекло, храна и производи за исхрана на животни кои се ставаат во промет во Република Македонија и за идентификација и регистрација на животните и одгледувалиштата и издавање на сертификати за здравствена состојба на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 109/2009). Службен весник на РМ, бр. 45 од 05.03.2014 година 2 од 2 9. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 42-1799/1 Заменик на претседателот 5 март 2014 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.