Regulation on export, import and transit of waste
颁布于 2016-06-03 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за извоз, увоз и транзит на отпад.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- data collection/reporting, classification/declassification, hazardous waste, international trade, procedural matters, protection of environment, public health, transboundary movement of waste, transport/storage, waste management
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 1 од 92 20161072604 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 106 ставови (11) и (12) од Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13,163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15 и 39/16), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗВОЗ, УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ОТПАД (*) Предмет Со овој правилник се пропишува начинот на одобрување на извозот, увозот и транзитот, видовите на отпад согласно режимот на контрола на отпадот – жолта и зелена листа, формата и содржината на обрасците за писмено известување и општи информации и начинот на постапување со истите, начинот на утврдување и начинот на активирање и пресметување на банкарската гаранција, односно соодветното осигурување, формата и содржината и начинот на кој се издава одобрението за преработка на отпад во инсталацијата за преработка на отпад, начинот на надзорот над извозот, увозот и транзитот на отпад, како и формата и содржината на образецот на барањето и на дозволата за извоз и увоз на отпад. Член 2 Дефиниции Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Други држави се земјите: Членки на Европска унија, страни на Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и неговото складирање, членки на ОЕСР (Организација за економска соработка и развој) и сите други земји во светот; 2. Мешан отпад е отпад што произлегува од намерно или ненамерно мешање од два или повеќе различни видови отпад, за кој не постои единствена ознака во Прилозите IV и V кои се составен дел од овој правилник. Мешан отпад не претставува отпад испратен со единечна пратка отпад, што се состои од два или повеќе видови отпад, каде што секој отпад е одделен; 3. Управување со отпадот во корист на животната средина е преземање на сите практични чекори кои овозможувааат со отпадот да се управува на начин со кој се заштитува здравјето на луѓето и животната средина, како и спречување на штетните влијанија кои може да ги предизвика таквиот отпад; 4. Увозник е правно лице кое во Република Македонија прифаќа отпад кој потекнува од друга држава заради негова преработка и за кој поседува дозвола за увоз; 5. Извозник: а) во случај на пратки на отпад што потекнуваат од Република Македонија (извоз), е правно лице кое има седиште во Република Македонија, кое има намера да испрати отпад или да врши или спроведува испорака на отпад (извезува отпад) во друга држава; () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ез) бр. 1013/2006 на Eвропскиот Парламент и на Советот од 14 јуни 2006 година за пратки отпад, CELEX број на прописот на ЕУ: 32006R1013 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 2 од 92 б) во случај на пратки отпад што потекнуваат од други држави, а се увезуваат или транзитираат низ Република Македонија (увоз или транзит), е секое правно лице кое има седиште во друга држава од која се испраќа отпадот, кое има намера да испрати отпад или да спроведе испорака на отпад и кое има обврска за известување во земјата на испраќање (извезување). 6. Известувач е извозник или увозник кој во процесот на постапување со пратките на отпад, може да биде: а) првичен создавач на отпад, односно, кој поседува отпад кој потекнува од сопственото производство или потекнува од оштетена и употребена сопствена опрема; б) поседувач - правно лице кое поседува дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад, согласно Законот за управување со отпадот, и кој врши активности пред испраќањето на отпадот; в) посредник кој врши извоз, увоз или транзит на отпад кој потекнува од правно или физичко лице од алинеите а и б од оваа точка и поседува документ со кој покажува дека отпадот што има намера да го извезува потекнува од истите правни лица; г) поседувачот на отпадот кога правните лица од алинеите а, б, и в од оваа точка се непознати или се несолвентни или д) првичниот создавач и поседувачот на отпадот утврдени во точките а) или б) од став (1) точка 6 на овој член, во случај кога извозникот/увозникот утврден во точките 4 или 5 од овој член не ги исполни сите обврски од членовите 24, 25 и 26 од овој правилник за повторно преземање и враќање на отпадот, и истиот треба да ги исполни обврските за повторно преземање и враќање на отпадот. 7. Пред-согласност е давање на генерална согласност на постројка за преработка на отпад од Прилогот V од овој правилник за одреден временски рок и дефинирана количина на отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање; 8. Надлежен орган за испраќање е надлежен орган на земјата од каде што е планирано пратката да тргне; 9. Надлежен орган за прифаќање е надлежен орган од соодветна област на друга држава во која се планира или се реализира испраќањето на отпадот, или од каде што отпадот се товари со цел да се преработи или отстрани во организиран простор (на пр. бесцаринска зона, слободна економска зона и сл.), кој не е под надлежност на која било земја; 10. Надлежен орган за транзит е надлежен орган на која било земја, различен од надлежниот орган за испраќање или прифаќање, преку кој се планира или се реализира испраќањето на отпадот; 11. Земја на испраќање е секоја земја од каде што се планира или се реализира тргнување на пратка со отпад; 12. Земја на прифаќање е секоја земја до која се планира или се реализира испраќањето на отпадот заради негова преработка или отстранување, или каде што отпадот се товари со цел да се преработи или отстрани во организиран простор (на пр.: бесцаринска зона, слободна економска зона и сл.), кој не е под надлежност на која било земја; 13. Земја на транзит е секоја земја, различна од земјата на испраќање и прифаќање, преку која се планира или се реализира испраќањето на отпадот; 14. Увоз е внесување на отпад во Република Македонија, заради пуштање во слободен промет или определување на други видови на царинско дозволено постапување или употреба на отпадот, исклучувајќи го транзитот низ земјата; 15. Извоз е изнесување на отпадот од царинско подрачје на Репубика Македонија, исклучувајќи го транзитот низ земјата; Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 3 од 92 16. Транзит е испорака на отпад или планирана испорака низ една или повеќе земји, со исклучок на земјата на испраќање или на прифаќање; 17. Транспорт е доставување на отпад по сувоземен пат, железница, или во рамки на воздушниот, морскиот или речниот сообраќај; 18. Пратка отпад е одредена количина на отпад опфатена со овој правилник, подготвена за прекугранична испорака; 19. Испорака на отпад е транспорт на отпад наменет за преработка или отстранување кој се планира или се реализира: а) помеѓу две држави; б) помеѓу една држава и прекуморски земји и територии или други области, под заштита на таа земја; в) помеѓу една држава и која било друга географска област која не е дел од која било земја, согласно меѓународното право. 20. Нелегална испорака на отпад е кое било испраќање на отпад кое е извршено: а) без дозвола или известување на надлежни органи за прифаќање, испраќање и/или транзит согласно овој правилник; б) без согласност на надлежни органи за прифаќање, испраќање и/или транзит согласно овој правилник; в) со согласност од надлежни органи за прифаќање, испраќање и/или транзит согласно овој правилник добиена преку фалсификување, погрешно толкување или измама; г) на начин кој не е соодветен на информациите дадени во Образецот за известување за прекугранична испорака на отпад од Прилог I и Образецот за движење на прекугранички пратки отпад (товарен лист) од Прилог II кои се составен дел од овој правилник; д) на начин што резултира со преработка или отстранување во спротивност со националното законодавство и меѓународното право од областа на животната средина и управувањето со отпадот; ѓ) спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад кои се однесуваат на увоз и извоз на отпад, преработка и отстранување во/од Република Македонија; e) во однос на пратките отпад кога е увидено дека отпадот е различен по својата количина и вид од отпадот наведен во придружните документи на пратката на отпад или ж) отпадот е достапен на друг граничен премин од оној кој е определен од страна на Владата на Република Македонија. Член 3 Видови на отпад (1) Отпадот може да биде одобрен како предмет на увоз, извоз и транзит доколку припаѓа на видовите на отпад утврдени во Листата на видови отпади. (2) Согласно влијанието што го има отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, отпадот кој е наменет за увоз, извоз и транзит се распоредува според следниот режим на контрола, и тоа како: 1. отпад утврден во Прилогот IV од овој правилник и кој се распределува како отпад од т.н. „зелена листа“; 2. oтпад утврден во Прилогот V од овој правилник и кој се распределува како отпад т.н. „жолта листа“ и 3. oпасен отпад кој е утврден во Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и неговото складирање (кој може да биде распореден како отпад од т.н. „жолта листа“). Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 4 од 92 Член 4 Одредбите на овој правилник не се применуваат на следните пратки отпад: 1. отпад дефиниран согласно член 2 точки 1), 2), 3), 4) и 6) од Законот за управување со отпад; 2. отпад создаден при вообичаени активности на бродовите и на крајбрежните платформи, вклучувајќи отпадна вода и остатоци од неа, доколку овој отпад е предмет на други обврзувачки меѓународни правни акти; 3. отпад создаден при движење на возила, возови, авиони и бродови, сè додека овој отпад не е истоварен со цел да се преработи или отстрани и 4. увоз на отпад создаден од вооружени сили или од организации за помош во кризни состојби, од активности за градење и чување на мирот кога таков отпад се испраќа од страна на вооружените сили или од хуманитарните организации или во нивно име, директно или индиректно во земјата на прифаќање на отпадот, при што е неопходно да бидат известени, за пратката и местото на прифаќање, надлежниот орган на државата низ која се врши транзитот и органот на државната управа надлежен за вршење на работата од областа на животната средина кога увозот на отпадот се врши во Република Македонија. Член 5 Начин на одобрување на извозот, увозот и транзитот на отпад (1) Секоја прекугранична испорака на отпад од, во или низ Република Македонија се одобрува на еден од следните начини и тоа преку постапка на: 1. Претходно писмено известување и дозвола или 2. Барање на општи информации. (2) Во случај на извоз, увоз или транзит на отпад од,во или низ Република Македонија, надлежен орган за испраќање, прифаќање или транзит е Министерството за животната средина и просторно планирање (во понатамошниот текст: Министерството). Член 6 Претходно писмено известување и дозвола (1) Предмет на постапката на претходно писмено известување се пратките од следните видови на отпад: 1) доколку пратките на отпад се наменети за негово отстранување: сите видови на отпад; 2) доколку пратките отпад се наменети за негова преработка: отпадите наведени во Прилог V од овој правилник, кои вклучуваат, меѓу останатото, отпади наведени во Анекс II и VIII од Базелската конвенција за контрола на прекугранично пренесување на опасниот отпад (во понатамошниот текст: Базелска конвенција) и негово одлагање; - отпади кои не се наоѓаат под единечна шифра во Прилозите IV или V од овој правилник и мешавини од отпад што не се наоѓаат под единствен опис во Прилозите IV или VI од овој правилник и за истиот не може да се најде посебен тарифен број, освен доколку описот е наведен во Прилог V од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 5 од 92 3) Пратки од мешан комунален отпад (шифра на отпад 20 03 01 од Листата на видови на отпад) собран од домаќинствата или од други производители, наменети за инсталациите за преработка или за отстранување; (2) За пратките на отпад од став (1) на овој член, покрај постапката за писмено изестување се спроведува и постапка за добивање на дозвола за увоз или извоз, согласно членовите 26, 27, 28, 29 и 30 од овој правилник. Член 7 Предмет на постапка на барање на општи информации (1) Предмет на постапката на барање на општи информации од член 22 од овој правилник се пратките на отпад со количини од над 25 килограми кој е наменет за преработка и тоа: 1. за отпад наведен во Прилогот IV од овој правилник; 2. за мешавини на два или повеќе отпади од Прилог IV од овој правилник, доколку составот на овие мешавини дозволува нивна преработка на начин погоден за зачувување на животната средина. (2) Предмет на постапката на барање на општи информации се и пратките на отпад во количини до 25 килограми наменети исклучиво за лабораториска анализа за оценка на физички или хемиски карактеристики на отпадот, или со цел да се одреди погодноста за негова преработка или отстранување. Член 8 Одобрување извоз, увоз и транзит на отпад (1) Известувачот кој има намера да испорача отпад од член 6 од овој правилник, треба да поднесе претходно писмено извесување до надлежниот орган во земјата на испраќање, како и до надлежните органи во земјата на прифаќање и надлежните органи на земјите на транзит. (2) Во прилог на писменото известување од став (1) на овој член, известувачот треба да ги пополни и приложи следните информации и документи: 1. Образец за известување на прекугранична испорака на отпад даден во Прилог I и Образец за движење на прекугранични пратки на отпад - товарен лист даден во Прилог II кои се составен дел од овој правилник; 2. Информации и документи дадени во Прилог III Дел 1 кој е составен дел од овој правилник; 3. Информации и документи утврдени во Прилог III Дел 2 од овој правилник во оној обем во кој му се познати на известувачот во моментот на поднесувањето на известувањето; 4. Дополнителни информации и документи кои известувачот треба да го достави по барање на некој од засегнатите надлежни органи дадени во Прилог III, Дел 3 од овој правилник; 5. Склучен договор помеѓу известувачот и примачот на пратката отпад од член 9 од овој правилник; 6. Документ за обезбедена банкарска гаранција или соодветно осигурување од член 10 од овој правилник, и Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 6 од 92 7. Дополнителни информации кон Образецот за известување кои целосно ќе ја опфатат пратката на отпад од почетното место на испраќање до местото на прифаќање, вклучувајќи ги и привремените активности за преработка и отстранување. (3) Известувачот во случај кога не е првичен создавач на отпад или поседувач утврден во член 2 точка 6 потточки а) и б) од овој правилник, треба на Образецот за известување за прекугранична испорака на отпад од Прилог I од овој правилник (во понатамошниот текст: образец за известување) и Образецот за движење на прекугранични пратки на отпад - товарен лист од Прилог II од овој правилник (во понатамошниот текст: товарен лист) да обезбеди соодветен потпис од првичниот создавач, односно создавачот кој го поседува отпадот; (4) По добивање на документите од став (2) точки 1, 2, и 3 од овој член, Министерството може да поднесе барање до известувачот за дополнителни информации и/или документи дадени во Прилог III, Дел 3 од овој правилник; (5) Се смета дека известувањето е комплетно кога Министерството односно надлежниот орган во земјата за прифаќање на отпадот издава потврда до известувачот дека образецот за известување и товарниот лист се примени и се комплетни и дека сите побарани информации и документи се доставени од страна на известувачот (во понатамошниот текст: потврда за прием). (6) Министерството потврдата за прием на овој член ја издава со пополнување на полето 19 односно полето 20 во образецот за исвестувње од Прилог I од овој правилник и враќање на така пополнетиот образец за известување на известувачот. (7) Министерството потврдата за прием на овој член ја доставува со копија на образецот за известување до надлежните органи во земјите за прифаќање, транзит и испраќање (во натамошниот текст: засегнати надлежни органи) кои се вклучени во движењето на пратката на отпад во рок од седум дена од денот на издавањето на истата. Член 9 Договор меѓу известувачот и примачот на пратката со отпад (1) Министерството нема да одобри пратка на отпад доколку не е приложен договор меѓу известувачот и примачот на отпад за преработка или отстранување на договорениот отпад, кој особено треба да содржи одредби за: 1. известувачот да го врати назад на свој трошок отпадот, доколку испораката, преработката или отстранувањето на отпадот не се завршени на начин на кој е планирано или пратката на отпад е прогласена за нелегална согласно членовите 24 и 25 од овој правилник; 2. известувачот да обезбеди преработка на отпадот и негово безбедно отстранување; 3. известувачот да обезбеди привремено складирање на пратката на отпад доколку отпадот не може да прими, преработи или острани на начин или во место како што е првично планирано и наведено во образецот за известување односно во образецот даден во Прилог VII кој е составен дел на овој правилник; 4. примачот да го преработи или отстрани отпадот, доколку истиот претставува нелегална пратка во согласност со член 25 од овој правилник; 5. примачот да обезбеди потврда дека отпадот е преработен или отстранет согласно условите дадени во известувањето, од инсталацијата во која се вршела преработката или остранувањето на отпадот и Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 7 од 92 6. отпадот кој е наменет за привремена преработка и отстранување во инсталацијата за преработка или отстранување известувачот да обезбеди потврда дека отпадот е преработен или отстранет согласно условите дадени во известувањето и условите утврдени во овој правилник и примачот да поднесе известување до почетниот надлежен орган во почетната земја на испраќање доколку привремената преработка или отстранувањето се одвивале во повеќе земји. (2) Во договорот од став (1) на овој член треба да се уредат и обврските за примачот кога пратката отпад или нејзината преработка не може да се заврши на начин на кој е планиран или кога пратката на отпад е прогласена како нелегална пратка на отпад, или, кога известувачот не е во состојба да ја изврши испораката на пратката на отпад или да ја заврши нејзината преработка (на пример, известувачот е несолвентен): Член 10 Банкарска гаранција или соодветно осигурување (1) За сите пратки на отпад за кои е потребно претходно писмено известување и дозвола се обезбедува банкарска гаранција или соодветно осигурување кои се активираат во случаи кога се утврдило дека: 1. испорачувањето, преработката или отстранувањето не може да бидат целосно завршени како што е планирано и утврдено во образецот за известување и 2. испорачувањето, преработката или отстранувањето е нелегално. (2) Банкарската гаранција или соодветното осигурување се обезбедуваат од страна на известувачот или од друго физичко или правно лице во негово име и истите треба да бидат обезбедени во времето на поднесување на образецот за известување. (3) Банкарската гаранција односно соодветното осигурување треба да важат и да ги покријат трошоците поврзани со испораката на отпад и завршувањето на преработката или отстранувањето, вклучително и привремените и финалните операции на преработка или отстранување поврзани со пратката на отпадот, како и трошоците за складирање на отпад до 90 дена. (4) Во случај кога надлежниот орган за испраќање е Министерството, банкарската гаранција или соодветното осигурување ги одобрува со одобрување на образецот за известување односно со пополнување на полето 19 и/или полето 20 во образецот за известување од Прилог I од овој правилник. (5) Во случај кога Министерството е надлежен орган за прифаќање на пратката отпад, може да побара и дополнителна банкарска гаранција или соодветно осигурување, доколку утврди дека првичната банкарска гаранција односно првичното соодветно осигурување не ги покрива сите трошоци од став (3) на овој член. (6) Во случаите од став (4) на овој член, одобрувањето на банкарската гаранција или осигурувањето од Министерството не го исклучува правото на надлежениот орган за прифаќање од друга држава да побара дополнителна банкарска гаранција или соодветно осигурување. (7) Банкарската гаранција или соодветното осигурување се ослободува од страна на Министерството кога тоа ќе ја прими потврдата од инсталацијата дека привремените или финалните операции на преработка или отстранување на отпадот се извршени односно го добие назад товарниот лист во кој уредно се пополнети полињата 18 и 19 од Прилог II од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 8 од 92 (8) Во случај на завршени привремени операции на преработка или отстранување на отпад, секоја натамошна пратка кон инсталацијата за финална преработка или отстранување на отпад треба да биде опфатена со нова банкарска гаранција или соодветно осигурување, освен доколку надлежниот орган за прифаќање се изјасни дека нова банкарска гаранција или соодветно осигурување не се потребни. (9) Наплатата на банкарската гаранција или соодветното осигурување се врши во случај кога е утврдена нелегална пратка на отпад согласно членовите 24 и 25 од овој правилник, а во согласност со прописите за извршување. (10) Во случај на општо известување кое опфаќа повеќе пратки на отпад согласно член 17 од овој правилник, може да се обезбеди банкарска гаранција или соодветно осигурување само за одделна пратка на отпад. (11) Во случаите од став (10) на овој член, кога се врши увоз на отпад во Република Македонија, банкарската гаранција или соодветното осигурување се доставуваат до Министерството кога се поднесува барањето за дозвола за увоз на отпад, односно кога започнува испораката на одделната пратка за која банкарската гаранција или соодветното осигурување се однесува. Член 11 Доставување на известувањето од страна на надлежниот орган за испраќање на пратката со отпад (1) Во случај на извоз или увоз на отпад од/во Република Македонија известувачот треба, пред да го изврши извозот односно увозот, да достави образец за известување согласно член 8 од овој правилник до Министерството. (2) Министерствотo задржува примерок од образецот за известување и со него дставените документи и доколку нема забелешки по истото, треба во рок од седум работни дена сметано од наредниот ден од денот на приемот на образецот за известување по пополнување на образецот согласно член 8 став (5) од овој правилник, да достави еден оригинал до надлежниот орган за прифаќање и копии до секој надлежен орган за транзит, како и да го извести известувачот за извршеното доставување на образецот за известување. (3) Доколку образецост за известување не е правилно пополнет или недостасуваат одделни информации и/или документи, Министерството во рок од пет работни дена од приемот на образецот за известување ќе ги побара информациите и/или документите од известувачот. (4) По приемот на бараните информации и/или документи од став (3) на овој член, Министерството во рок од три работни дена постапува согласно став (2) од овој член. (5) Во случај на извоз на отпад од Република Македонија, откако образецот за известување уредно ќе биде пополнет, Министерството може да одлучи да не продолжи со доставувањето на образецот за известување согласно став (2) на овој член, доколку добие приговор за пратката на отпад во согласност со членовите 15 и 16 од овој правилник, при што е должно во рок од три дена да го информира известувачот за својата одлука и за причините. (6) Доколку Министерството, во рок од 30 дена од приемот на образецот за известување, не го достави истиот на начин утврден во став (2) на овој член, треба да достави образложение до известувачот доколку известувачот го побара тоа. (7) Министерството не треба да достави образложение до известувачот согласно став (6) на овој член, доколку известувачот не ги достави бараните информации или документација, согласно став (3) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 9 од 92 Член 12 Издавање на потврда за прием на известувањето (1) Во случај кога Министерството ќе добие известување од страна на надлежниот орган за испраќање на пратка на отпад од друга држава , со кое надлежниот орган бара дополнителни информации и документација согласно член 8 став (2) точка 4 од овој правилник, Министерството треба во рок од пет работни дена од денот на приемот на известувањето да ги побара информациите и/или документи од известувачот и за тоа да ги информира сите засегнати надлежни органи кои се вклучени во преносот на пратката на отпад. (2) Известувачот треба во рок од пет работни дена од приемот на барањето од Министерството самиот или преку надлежниот орган за испраќање да ги обезбеди потребните информации и/или документи побарани согласно став (1) на овој член. (3) Кога Министерството ќе ги добие потребните информации и/или документи согласно став (2) на овој член, треба да изврши Потврда за прием со пополнување на поле бр. 19 односно поле 20 во образецот за известување и да достави копија до известувачот и до сите засегнати надлежни органи согласно член 11 став (2) од овој правилник. (4) Потврдата за прием на образецот за известување од став (3) на овој член, Министерството ја испраќа во рок од пет работни дена по приемот на уредно пополнет образец за известување. (5) Доколку во рок од 30 дена од приемот на образецот за известување Министерството не го потврди приемот на известувањето на начин утврден во став (4) на овој член, треба да достави образложение до известувачот, доколку истиот го побара тоа. Член 13 Издавање на согласност од страна на надлежните органи (1) Во случај кога Министерството ќе добие Потврда за прием на известувањето од страна на надлежниот орган на трета држава за прифаќање на пратки на отпад за извоз или транзит од/низ Република Македонија, во рок од 30 дена треба да испрати согласност или приговор во писмена форма во однос на пратката на отпад и тоа како: 1. безусловна согласност; 2. условена согласност согласно член 15 од овој правилник или 3. приговор во согласност со членовите 15 и 16 од овој правилник. (2) Министерството, во случај на транзит на пратки на отпад може да смета дека е дадена премолчена согласност од надлежниот орган за транзит доколку не добие условена согласност или приговор во рок од 30 дена од денот кога ја има доставено потврдата за прием на образецот за известување согласно член 8 став (7) од овој правилник. (3) Министерството согласностите, односно приговорот од став (1) на овој член, ги доставува и до известувачот и до надлежниот орган за прифаќање или транзит, во рок од седум дена од денот на нивото издавање со потребните копии од известувањето. (4) Министерството ја потврдува својата согласност или приговор со ставање на соодветен печат, потпис, датум и пополнување на поле бр. 20 односно поле 21 во образецот за известување од Прилог I од овој правилник. (5) Согласност за планираната пратка на отпад има важност една календарска година по нејзиното издавање. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 10 од 92 (6) Премолчената согласност за планираната пратка истекува една календарска година по истекот на рокот од ставот (3) на овој член. (7) По исклучок од став (5) од овој член, заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина поради барање на еден или повеќе засегнати надлежни органи, Министерството може да побара рокот од ставовите (5) и (6) на овој член да биде пократок. (8) Планираната пратка на отпад може да се испрати единствено по исполнување на барањата од член 20 став (2) точки 1, 2 и 3 од овој правилник и согласно ставовите (1), (2), (3), (4), (5) и (6) на овој член. (9) Постапките на преработка или отстранување на примената пратка отпад треба да се завршат не подоцна од една календарска година од приемот на отпад во инсталацијата, освен во случај кога од страна на сите засегнатите надлежни органи е наведен пократок рок. (10) Министерството може да ја повлече согласноста доколку утврди дека: 1. составот на отпадот не е идентичен со наведениот во образецот за известување; 2. не се испочитувани условите за испорака на пратката отпад; 3. отпадот не е преработен или отстранет во согласност со дозволата на инсталацијата во која се вршат споменатите активности и 4. отпадот е, или бил испратен, преработен или отстранет на начин кој не е во согласност со доставените информации наведени или додадени во образецот за известување од Прилог I од овој правилник или товарниот лист. (11) За секое повлекување на согласноста, Министерството треба писмено да го извести известувачот, како и да достави копии од истото до примачот и до сите засегнати надлежни органи на другите држави низ кои се вршел транзит или прием на отпадот. Член 14 Испорака на отпад поврзани со дадената согласност (1) Министерството при издавањето на согласноста согласно член 13 став (1) на овој правилник ќе побара од известувачот, транспортот на пратката на отпад да се врши согласно прописите за транспорт на отпад во Република Македонија, како и согласно обврските од ратификуваните меѓународни договори за транспорт на отпад. (2) Министерството може да побара нова банкарска гаранција или соодветно осигурување кога банкарската гаранција или соодветното осигурување не се применливи најдоцна пред почетокот на транспорт на пратката на отпад, согласно член 10 од овој правилник. (3) Министерството своите барања од ставовите (1) и (2) од овој член ги нотира во образецот за известување , или се додаваат кон истиот. (4) Министерството може да побара од известувачот инсталацијата која го прима отпадот во Република Македонија да води редовна евиденција за влезот, излезот и/или количината на отпадот и за соодветните операции на преработка или отстранување коишто ги спроведува известувачот. (5) Министерството може да побара од известувачот евиденцијата од став (4) на овој член да му биде доставена на негово барање во рок од 30 дена од денот на добивањето на барањето, како и истата да биде потпишана од одговорното лице во инсталацијата. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 11 од 92 Член 15 Приговори на пратките отпад наменети за отстранување (1) Кога образецот за известување е поднесен за планирана пратка на отпад која е наменета за отстранување, Министерството може да поднесе приговор на образец кој е даден во Прилог IX кој е составен дел на овој правилник доколку смета дека: 1. планираната испорака на отпадот или отстранувањето нема да се одвива во согласност со принципот на блискост и согласно хиерархијата на отпад, како и доколку не е во согласност со Законот за управување со отпад и прописите од областа на заштитата на животната средина, јавниот ред и безбедност и заштита на здравјето на луѓето или 2. известувачот или примачот претходно биле прогласени за виновни за нелегална пратка отпад или други нелегални дејствија поврзани со заштитата на животната средина. Во овој случај, Министерството може да одбие увоз или извоз на пратка на отпад која вклучува вакви лица или 3. известувачот или инсталацијата, при претходни пратки на отпад не ги исполнувале барањата за привремено складирање и привремен третман и финалните операции на преработка или отстранување како што е наведено во членовите 19 и 20 од овој правилник или 4. треба да го искористи своето право што произлегува од член 4 став 1 од Базелската конвенција за забрана на увоз на опасен отпад и отпад од листата дадена во Прилог III на истата или 5. планираната пратка или отстранувањето на отпад не се во согласност со меѓународните обврски на Република Македонија преземени со склучен билатерален или мултилатерален договор од областа на заштитата на животната средина и управувањето со отпадот или 6. планираната пратка или отстранувањето на отпад не се во согласност со Законот за управување со отпад, земајќи ги предвид географските околности или потребата од постоење на специфични инсталации кои треба да исполнат посебни технолошки услови за преработка или за отстранување на определени видови отпад и тоа: (а) со цел да се имплементира принципот на самодоволност согласно законодавството на Република Македонија; (б) во случај кога инсталациите треба да отстрануваат отпад од поблизок извор и надлежниот орган за прифаќање му дал приоритет на ваквиот отпад; (в) со цел да се осигура дека пратките на отпад се во согласност со плановите за управување со отпад; 7. дека со отпадот ќе се постапува во инсталации кои имаат интегрирана еколошка дозвола, но за кои не се применуваат најдобро достапните техники или 8. дека отпадот е мешан комунален отпад собран од домаќинства (отпад 20 03 01 од Листата на видови на отпад) или 9. дека со отпадот нема да се постапува во согласност со стандардите за заштита на животната средина при отстранувањето на отпадот. (2) Министерството може да определи рок кој не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 90 дена, во кој рок известувачот може да ги отстрани пречките кои се наведени во приговорот. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 12 од 92 (3) Министерството во рок од 30 дена од денот кога ќе добие известување од известувачот дека се остранети пречките заради кои е даден приговорот од став (1) на овој член може да даде согласност и за тоа да го извести известувачот и сите засегнати надлежни органи на другите држави. (4) Доколку пречките не се отстранети во рокот од став (2) на овој член, образецот за известување ќе се смета дека не е ни поднесен. Доколку известувачот сепак има намера да ја изврши испораката на отад, треба да поднесе нов образец за известување. Член 16 Приговори на пратките отпад наменети за преработка (1) Кога образецот за известување е поднесен за планирана пратка на отпад која е наменета за преработка, Министерството може да поднесе приговор на образец кој е даден во Прилог IX од овој правилник доколку смета дека: 1. планираната испорака на отпадот или преработувањето нема да се одвива во согласност со принципот на блискост и согласно хиерархијата на отпад, и доколку не е во согласност со Законот за управување со отпад и прописите за заштита на животната средина, јавниот ред и безбедност и заштита на здравјето на луѓето и/или 2. планираната преработка во случај на извоз на отпад нема да биде во согласност со законодавство на земјата-примач од областа на заштитата на животната средина и природата, како и кога преработката на отпадот ќе се врши во инсталација која има пониски стандарди за третман за соодветен отпад од оние во Република Македонија, внимавајќи притоа да не дојде до нарушување на конкурентноста на пазарот и/или 3. известувачот или примачот претходно биле прогласени за виновни за нелегална пратка отпад или други нелегални дејствија поврзани со заштитата на животната средина. Во овој случај, Министерството може да одбие увоз или извоз на пратка на отпад која вклучува вакви лица и/или 4. известувачот или инсталацијата, при претходни пратки на отпад не ги исполниле барањата за привремено складирање и привремен третман и финалните операции на преработка или отстранување на отпад, како што е наведено во членовите 19 и 20 од овој правилник и/или 5. планираната пратка или преработка на отпад не се во согласност со меѓународните обврски на Република Македонија од областа на заштитата на животната средина и природата, преземени со склучен ратификуван билатерален или мултилатерален договор и/или 6. односот на обновливиот и необновливиот отпад, проценетата вредност на материјалите кои се конечно обновени или трошоците за обновување и трошоците за отстранување на необновливите делови не ја оправдуваат преработката, имајќи ги предвид висината на трошоците и/или заштитата на животната средина и/или 7. испратениот отпад е наменет за отстранување, а не за преработка и/или 8. отпадот се преработува во инсталација која има добиено интегрирана еколошка дозвола, но која не ги применува најдобрите достапни техники и/или 9. отпадот нема да се третира во согласност со прописите за управување со отпадот и стратешките плански документи на земјата на прифаќање кои се однесуваат на рециклирање и повторна упореба на отпадот. (2) Министерството може да определи рок кој не може да биде пократок од 30 дена ниту подолг од 90 дена во кој рок изестувачот може да ги острани пречките кои се наведени во приговорот. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 13 од 92 (3) Министерството во рок од 30 дена од денот кога ќе добие известување од известувачот дека се отстранети пречките заради кои е даден приговорот од став (1) на овој член може да даде согласност и за тоа да го извести известувачот и засегнатите надлежни органи на другите држави. (4) Доколку пречките не се отстранети во рокот од став (2) на овој член, образецот за известување ќе се смета дека не е ни поднесен. Доколку известувачот сепак има намера да ја изврши испораката, за тоа треба да поднесе нов образец за известување. Член 17 Општо претходно писмено известување (1) Известувачот може да поднесе образец за известување како општо известување со кое ќе опфати неколку пратки на отпад, доколку секоја од пратките на отпад: 1. содржи отпад со слични хемиски и физички карактеристики; 2. се испраќа до ист примач и иста инсталација за прерабока или отстранување и 3. се испраќа по иста рута наведена во известувањето. (2) Доколку поради непредвидливи настани, истата рута на движење на пратката на отпад не може да се користи, известувачот треба да ги информира сите засегнати надлежни органи во најкраток можен рок и доколку е возможно, уште пред пратката да биде испратена. (3) Кога измените во рутата се познати пред почеток на испраќањето и вклучува други надлежни органи, освен оние кои се наведени во општото известување, треба да се поднесе нов образец за известување до сите засегнати надлежни органи. (4) Министерството може во случај на општо известување да стави обврска за последователно доставување на дополнителни информации за секоја пратка од страна на известувачот, согласно член 8 став (4) од овој правилник. Член 18 Пред-согласност на инсталации за преработка (1) Министерството може да одобри пратка на отпад доколку известувачот приложи пред-согласност на образец кој е даден во Прилог VIII кој е составен дел од овој правилник издаден од надлежен орган на друга држава односно образец кој е даден во Прилог X издаден од Министерството кој е составен дел на овој правилник. (2) Пред-согласноста од став (1) на овој член известувачот ја доставува заедно со образецот за известување. (3) Министерството може да даде приговор на пред-согласноста во рок од седум дена од денот на приемот на образец кој е даден во Прилог IX табела 3 од овој правилник. Член 19 Дополнителни одредби кои се однесуваат на привремена преработка и операции на отстранување (1) Кога пратките отпад се наменети за привремена преработка или операции на отстранување, сите инсталации кои ќе ги извршат овие операции како и оние наменети за финална преработка и отстранување треба да бидат назначени во образецот за известување. (2) Министерството може да даде согласност за ваква пратка само ако нема основи за поднесување на приговори во согласност со членовите 15 и 16 од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 14 од 92 (3) Во рок од три дена од приемот на отпадот во инсталацијата за привремена преработка или операции на отстранување, известувачот треба да обезбеди писмена потврда дека отпадот е примен. (4) Потврдата од став (3) на овој член треба да се издаде со пополнување на полето број 18 од товарниот лист или потврдата да биде додадена на товарниот лист. Инсталацијата треба да испрати најмалку една заверена копија од образецот односно од потврдата, до известувачот и до сите засегнати надлежни органи. (5) Во рок од 30 дена, но не подолго од една календарска година, или доколку е определен пократок рок од надлежниот орган за прифаќање по приемот на отпадот, инсталацијата треба да издаде потврда за спроведената привремена преработка и спроведените операции на отстранување на отпадот. (6) Потврдата од став (5) на овој член треба да се издаде со пополнување на полето број 19 од товарниот лист или може да биде додадена на товарниот лист. Инсталацијата треба да испрати потпишани копии од товарниот лист кој ја содржи потврдата до известувачот и до сите надлежни органи. (7) Инсталацијата која ја врши привремената преработка или операциите на отстранување и го доставува отпадот на друга инсталација за исти последователни операции или финални операции во земјата на прифаќање, треба да добие потврда од таа инсталација дека последователните операции се спроведени во рок не подолг од една календарска година од испораката на отпадот, или пократок рок определен од засегнатите надлежни органи. (8) Инсталацијата од став (7) на овој член треба во рок од три дена од денот на добивање на потврдата да ја испрати истата до известувачот и до сите засегнати надлежни органи, идентификувајќи ги пратките на отпад за кои оваа потврда се однесува. Член 20 Барања кои следат по согласноста за испраќање (1) По давањето на согласност за пратката на отпад од страна на Министерството, или во случај на општо известување, сите правни или физички лица кои вршат транспорт на пратката на отпад треба да го пополнат и потпишат товарниот лист во назначените полиња, и да задржат примерок од секоја пратка на отпад за себе. (2) Пред да започне транспортот на отпадот известувачот треба да обезбеди исполнување на следниве барања: 1. пополнување на товарниот лист од страна на известувачот: откако известувачот ќе ја добие согласноста од надлежните органи за испраќање, прифаќање или транзит на пратки на отпад или во однос на надлежните органи за транзит може да се претпостави премолчената согласност, известувачот го внесува вистинскиот датум на тргнување на пратката и целосно го пополнува товарниот лист; 2. претходно доставување на информација за вистинскиот почеток на пратката при што известувачот испраќа потпишани примероци од пополнетиот товарен лист согласно точка 1 од овој став, до сите засегнати надлежни органи и до примачот најмалку три работни дена пред почетокот на испраќањето; 3. да поседува документи кои го придружуваат секој транспорт: товарниот лист и копии од образецот за известување кои ги содржат писмената согласност и условите дадени од засегантите надлежни органи. Известувачот задржува копија од товарниот лист. Товарен лист се задржува и во инсталацијата која го прима отпадот; Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 15 од 92 4. писмена потврда за прием на отпадот од страна на инсталацијата и/или примачот: во рок од три дена од приемот на отпадот, инсталацијата/примачот обезбедува писмена потврда дека отпадот е примен и 5. потврда за финална преработка или отстранување од страна на инсталацијата: во најкус можен рок, но не подоцна од 30 дена по завршување на активноста за финална преработка или отстранување и не подоцна од една календарска година, или во покус рок доколку е определен од надлежен орган, по приемот на отпадот, инсталацијата треба да потврди дека финалната операција е завршена. Член 21 Промени на пратката по добивање на согласноста (1) Кога важни промени се вршат во податоците и условите на пратката за отпад за која е добиена согласност, вклучувајќи и промени во планираното количество на отпад, рутата, датумот на пратката или за транспортерот, известувачот веднаш ги информира засегнатите надлежни органи и примачот, а кога тоа е можно и пред почетокот на испраќањето. (2) Во случај од став (1) на овој член се поднесува нов образец за известување, освен доколку засегнатите надлежни органи сметаат дека предложените промени не бараат ново известување. (3) Кога во случај од став (1) на овој член се вклучуваат засегнати надлежни органи различни од оние известени со почетниот образец за известување, се поднесува нов образец за известување. Член 22 Видови на отпад и обрасци кои го придружуваат при постапка на барање на општи информации (1) Правното лице кое ја врши испораката на пратка на отпад од член 7 од овој правилник, како известувач треба до Министерството да достави образец даден во Прилог VII од овој правилник, кој треба да ја придружува пратката во текот на целиот транспорт, како и да приложи договор од член 9 од овој правилник. (2) Образецот даден во Прилог VII од овој правилник треба да е потпишан од лицето кое ја врши испораката пред пратката да се испрати, како и да биде потпишан од примачот и инсталацијата за преработка или од лабораторијата од кога пратката ќе се прими од нивна страна. (3) Договорот од член 9 од овој правилник треба да важи кога започнува транспортот на пратката. (4) Министерството може да достави приговор, до известувачот кој има намера да врши испорака на пратка на отпад, на информациите доставени во образецот од Прилог VII од овој правилник во рок од три работни дена од денот на приемот на образецот. Доколку во овој рок Министерството не достави приговор се смета дека министерството премолчано се согласува со доставените информации и го одобрува извршувањето на пратката. (5) Доколку Министерството нема приговор на иформациите дадени во образецот од Прилог VII од овој правилник како и на договорот од став (3) на овој член, во рок од три работи дена треба да издаде согласност на образец кој е даден во Прилог XI од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 16 од 92 (6) На барање од засегнатите надлежни органи правното лице што ја реализирапратката или примачот треба да обезбеди примерок од договорот од став (3) на овој член. (7) Засегнатите надлежни органи согласно својата надлежност може да бараат информации за пратката на отпад од став (1) на овој член, заради инспекција, контрола на спроведувањето, планирање и за статистички цели. (8) Информациите наведени во образецот од став (1) на овој член се сметаат за доверливи, доколку така се определени во договорот од член 9 од овој правилник. (9) Царинскиот службеник нема да одобри извоз на отпад од член 7 од овој правилник, доколку пратката на отпад не е придружена со обрасците дадени во Прилозите VII и XI од овој правилник. (10) Доколку на Царинскиот службеник не му бидат приложени обрасците дадени во Прилозите VII и XI од овој правилник, царинскиот службеник треба веднаш за пратката да го извести Државниот инспекторат за животна средина и да го одбие спроведување на извозот сè до обезбедувањето на обрасците дадени во Прилозите VII и XI од овој правилник. Член 23 Забрана за мешање на отпад при испраќање Од почетокот на испраќањето до моментот на прием на отпадот во инсталацијата за преработка или отстранување, како што е предвидено во образецот за известување, отпадот не смее да се меша со други видови отпад. Член 24 Враќање на отпадот кога испраќањето не било спроведено како што било планирано (1) Кога кој било од засегнатите надлежни органи забележи дека испраќањето на отпадот, вклучувајќи ја преработката и отстранувањето, не можат да се спроведат според планираното, во согласност со образецот за известување , товарниот лист и/или договорот од член 9 на овој правилник, треба веднаш да го информира надлежниот орган за испраќање на образец кој е даден во Прилог IX табела 4 од овој правилник. (2) Кога инсталацијата за преработка или отстранување ќе го одбие примањето на пратката, треба веднаш да го извести надлежниот орган за прифаќање. (3) Надлежниот орган за испраќање треба да осигура дека освен за случаите од став (5) на овој член, отпадот кој е во прашање се враќа во надлежнот на органот за испраќање или во државата на испраќање од страна на известувачот или ако тоа е непрактично од самиот надлежен орган или од правно или физичко лице назначено од надлежниот орган на испраќање. (4) Дејствието од став (3) на овој член треба да се спроведе во рок од 90 дена, или во рок за кој се договориле засегнатите надлежни органи, откако надлежниот орган за испраќање дознал или бил писмено известен од надлежните органи за прифаќање или транзит, или од други засегнати надлежни органи дека таа пратка не може да биде спроведена. (5) Обврската за враќање на отпадот од став (3) на овој член нема да се применува ако надлежните органи за испраќање, транзит и прифаќање на отпадот вклучени во отстранувањето односно преработката на отпадот, се задоволни со тоа отпадот да биде отстранет или преработен на алтернативен начин во државата на прифаќање или на друго место од страна на известувачот или ако е непрактично, од самиот надлежен орган за испраќање или од правно или физичко лице назначено од него. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 17 од 92 (6) Обврската за враќање на отпадот од став (3) на овој член нема да се применува ако испратениот отпад, при работа на инсталацијата за преработка или отстранување, е неповратно измешан со други видови отпад пред засегнатиот надлежен орган на испраќање да биде запознаен со тоа. Таквата мешавина ќе биде преработена или отстранета на алтернативен начин во согласност со став (5) на овој член. (7) Во случај на враќање на отпадот како што е предвидено со став (3) на овој член, известувачот треба да поднесен нов образец за известување или образец од Прилог VII од овој правилник, освен ако засегнатите надлежни органи се согласат дека правилно пополнетото барање за враќање на отпадот од почетните надлежни органи за испраќање, е доволно. (8) Ниту еден засегнат надлежен орган не треба да се спротивстави или да приговара на враќањето на отпадот од пратка која не може да се испорача за операција на отстранување или преработка. (9) Во случај на алтернативен начин на прифаќање од став (5) на овој член, треба да биде поднесено нов образец за известување односно образец од Прилог VII од овој правилник од првичниот известувач или ако е непрактично, од кое било друго правно или физичко лице како известувач, или ако е непрактично од првичниот надлежен орган за испраќање или од правно или физичко лице во негово име. (10) Обрасците од став (9) на овој член ги поднесува известувачот до надлежниот орган за испраќање на првичната држава за испраќање. (11) Во случај на алтернативен начин на преработка или отстранување од став (5) на овој член кога испраќањето се врши во првичната држава на прифаќање, нема да биде потребно поднесување на нови обрасци од став (9) на овој член. Во овој случај, првичниот известувачот треба да достави барање за алтернативен начин на испраќање и прифаќање до надлежниот орган за испраќање и прифаќање. (12) Ако не треба да биде поднесени нови обрасци согласно став (7) или став (11) на овој член, треба да биде составен нов товарен лист од првичниот известувач или ако е непрактично, од кое било друго физичко или правно лице во улога на известувач или ако е непрактично, од првичниот надлежен орган за испраќање или од правно или физичко лице во негово име. (13) Ако се поднесени нови обрасци од став (9) на овој член од првичниот надлежен орган за испраќање во согласност со став (7) или став (11) на овој член, нема да биде потребна банкарска гаранција или соодветно осигурување. (14) Обврската на известувачот и дополнителната обврска на државата за испраќање да го врати отпадот назад или да посредува за алтернативен начин на преработка, треба да заврши кога инсталацијата ќе ја издаде потврдата за финална преработка или отстранување на отпадот. Во случаи на привремена преработка или операции на отстранување на пратката на отпад, обврската на земјата на испраќање завршува кога инсталацијата издава потврда за завршената операција. (15) Доколку инсталацијата издаде потврда за преработка или отстранување на отпадот на начин кој ќе резултира со нелегална пратка, соодветно се применуваат членовите 9, 10 и 25 од овој правилник. (16) Кога во некоја од државите чиј засегнат надлежен орган учествувал во постапката за одобрување на пратката за отпад ќе се открие пратка отпад која не може да се преработи или отстрани, засегнатиот надлежниот орган од државата каде што отпадот е откриен е одговорен да обезбеди решенија за безбедно складирање на отпадот во очекување на неговото враќање или финална преработка или отстранување. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 18 од 92 Член 25 Враќање на отпадот при нелегална испорака на отпад (1) Кога службено лице на орган на државна управа во текот на извршување на своите законски овластувања ќе открие нелегална испорака на отпад, односно ќе открие пратка на отпад која не ги исполнува барањата утврдени во овој правилник, треба веднаш да го извести Државниот инспекторат за животна средина. (2) Во случаите од став (1) на овој член, Државниот инспектор за животна средина треба веднаш да определи мерка за враќање на отпадот во земјата на испраќање, одземање и/или чување на отпадот согласно Законот за управување со отпад и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. (3) За преземените мерки од став (2) на овој член Државниот инспектор за животна средина ја известува Управата за животна средина. (4) Врз основа на известувањето од став (3) на овој член, Управата за животна средина веднаш ги известува засегнатите надлежни органи на државите вклучени во нелегалната испорака на отпад на образец од Прилог IX табела 4 од овој правилник и ќе побара од одговорниот известувач или примач да започне постапка за враќање на испораката на отпадот во земјата испраќач. (5) Ако нелегалната испорака на отпад е одговорност на известувачот, надлежниот орган на испраќање ќе обезбеди дека отпадот е: 1. вратен од страна на известувачот или, доколку не е поднесен образец за известување, има доставено образец од Прилог VII од овој правилник; 2. вратен од известувачот на начин со кој се исполнети законските барања за постапување со отпад, или доколку не е практично; 3. вратен од самиот надлежен орган на испраќање или од физичко или правно лице во негово име, или, доколку не е практично; 4. преработен на алтернативен начин или е отстранет во земјата на прифаќање или испраќање од страна на надлежен орган на испраќање или од физичко или правно лице во негово име, или доколку не е практично; 5. преработен на алтернативен начин или е отстранет во друга земја од страна на надлежен орган на испраќање или од физичко или правно лице во негово име доколку се согласни сите засегнати надлежни органи. (6) Дејствието од став (5) на овој член треба да се спроведе во рок од 30 дена од денот на откривањето на нелегалната пратка на отпад или во рок кој претходно бил договорен од засегнатите надлежни органи откако надлежниот орган за испраќање ќе дознае или ќе биде писмено известен од надлежните органи за прифаќање или од надлежниот орган за транзит за нелегалната пратка. (7) Во случај на враќање како што е предвидено во став (5) точки 1, 2 и 3 од овој член, треба да биде поднесенo нов образец за известување односно образец од Прилог VII од овој правилник, освен ако засегнатите надлежни органи се согласат дека правилно пополнетото барање од првичниот надлежен орган за испраќање е доволно. (8) Новите обрасци од став (7) на овој член треба да бидат поднесени од лицето или органот од став (5) точки 1, 2 и 3 на овој член по тој редослед. (9) Ниту еден засегнат надлежен орган не смее да се спротивстави или да приговара на враќањето на отпадот кој е предмет на нелегална испорака. Во случај на алтернативен начин на преработка или отстранување како што е предвидено со став (5) точки 4 и 5 на Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 19 од 92 овој член, новите обрасци од став (7) на овој член треба да бидат поднесени од првичниот надлежен орган за испраќање или од правно или физичко лице во негово име, освен ако засегнатите надлежни органи се согласат дека уредно пополнетото барање од првичниот надлежен орган за испраќање е доволно. (10) Ако нелегалната испорака на отпад е одговорност на примачот, надлежниот орган за прифаќање треба да осигура дека таквиот отпад е отстранет или преработен на начин на кој нема да ја загрозува животната средина: 1. од страна на примачот, или ако тоа е непрактично 2. од страна на самиот надлежен орган за прифаќање или од физичко или правно лице во негово име. (11) Преработката или отстранувањето од став (10) на овој член треба да се спроведе во рок од 30 дена од денот на откривањето на нелегалната пратка на отпад, или во рок за кој се договориле засегнатите надлежни органи откако надлежниот орган за прием ќе дознае или ќе биде писмено известен од надлежниот орган за испраќање или од надлежниот орган за транзит за нелегалната пратка и причините за тоа. Засегнатите надлежни органи треба да соработуваат, ако е потребно, во преработката или отстранувањето на отпадот. (12) Ако не се поднесени нови обрасци од став (7) на овој член обрасците треба да бидат пополнети од лицето кое е одговорно за враќање на отпадот, или ако тоа е непрактично, од првичниот надлежен орган за испраќање. (13) Ако се поднесени нови обрасци од член (7) на овој член од првичниот надлежен орган за испраќање, нема да биде потребна нова банкарска гаранција или соодветно осигурување. (14) Во случај кога одговорноста за нелегалната испорака на отпад не може да се препише ниту на сметка на известувачот ниту на примачот, засегнатите надлежни органи треба да соработуваат за да осигураат дека отпадот е преработен или отстранет на начин кој не ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето. (15) Во случај на привремена преработка или операции на отстранување, кога нелегална испорака на отпад е откриена по завршување на активностите за преработка, земјата на испраќање треба да го врати отпадот или изнајде алтернативно решение за негово безбедно преработување или отстранување, при што ќе се смета дека постапката за пратката на отпад е завршена кога инсталацијата ќе издаде потврда согласно член 19 ставови (5) и (6) од овој правилник. Доколку инсталацијата издаде потврда за преработка или отстранување на начин кој ќе резултира со нелегална испорака на отпад, се применува член 10 од овој правилник. (16) Кога во некоја од државните чиј засегнат надлежен орган учествувал во постапката за одобрување на пратката за отпад ќе се открие нелегална испорака на отпад надлежниот орган од државата каде што отпадот е откриен е одговорен да обезбеди решенија за безбедно складирање на отпадот во очекување на неговото враќање или финална преработка или отстранување. (17) Во случај на нелегална испорака на отпад, лицето кое ја спроведува испораката на отпад ги има истите обврски поврзани со нелегалната пратка на отпад како и известувачот. Член 26 Постапка за извоз на отпад од Република Македонија (1) За издавање на дозвола за извоз на отпад од член 6 од овој правилник, правнoто лице треба да поднесе барање до Министерството согласно член 106 ставови (5) и (6) од Законот за управување со отпад дадено во Прилог XII кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 20 од 92 (2) Во прилог на барањето од став (1) на овој член извозникот е должен да ги достави следните документи: 1. Документите кои докажуваат дека се исполнети условите за издавање на дозвола согласно член 106 ставови (5) и (6) од Законот за управување со отпадот и 2. Уплатница за уплатена административна такса. (3) Министерството ги издава образецот за известување и товарниот лист како и нивните прилози по барање на известувачот во печатена и/или електронска верзија на македонски и англиски јазик во рок од 15 дена од денот на приемот на Потврдата за прием на известувањето од страна на надлежен орган на трета држава за прифаќање на пратка на отпад за извоз од Република Македонија утврдена во член 13 став (1)од овој правилник. (4) Правно лице од став (1) на овој член како известувач од Република Македонија пополнува oбразец за известување и товарниот лист со бараните документи во прилог. (5) Кон барањето од став (1) на овој член се доставува и договорот помеѓу известувачот-извозникот од Република Македонија и примачот на пратката отпад согласно член 9 од овој правилник и банкарска гаранција или соодветно осигурување согласно член 10 од овој правилник. (6) Во случај на извоз на отпад од Република Македонија, Министерството како надлежен орган за испраќање на отпад од Република Македонија ја одобрува банкарската гаранција или соодветното осигурување. (7) Известувачот од Република Македонија треба при пресметката на износот на банкарската гаранција или соодветното осигурување да го земе предвид „најлошото можно сценарио за неочекувани случки“ при испораката на отпадот. Минималниот износ на банкарската гаранција односно соодветното осигурување се пресметува по следната формула: Износ на банкарска гаранција = [(A+B) x број на пратки]+C во EUR А=трошок за транспорт, B=трошок за лежарина, преработка или отстранување на отпадот, C = административни трошоци (8) Обрасците од став (4) на овој член како и документите во прилог на барањето од став (1) на овој член се доставуваат во еден примерок на македонски јазик и еден примерок на англиски јазик, при што обрасците во англиската верзија се доставуваат во најмалку пет примероци и плус онолку примероци низ колку што држави поминува пратката на отпад. Член 27 Добивање на дозвола за извоз на отпад од Република Македонија (1) По прием на писмените согласности од сите засегнати надлежни органи известувачот ги поднесува на увид до Министерството. (2) Врз основа на примените писмени согласности од сите надлежни органи за испорака на отпадот, Министерството во рок од 15 дена ја издава дозволата за извоз на известувачот – извозникот од Република Македонија дадена во Прилог XIII кој е составен дел од овој правилник. (3) Министерството доставува копија од дозволата за извоз до надлежниот орган за прифаќање и транзит како и до известувачот и/или примачот на пратката отпад. (4) Во колку има поднесено приговори од страна на некој надлежен орган согласно членовите 15 и 16 од овој правилник, дозволата за извоз ќе биде издадена по истекот на рокот од 30 дена доколку во тој рок сите засегнати надлежни органи потврдат дека се постапило по поднесените приговори согласно член 15 и член 16 став (3) од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 21 од 92 (5) Барањето за издавање на дозвола за извоз ќе биде одбиено доколку не се обезбеди писмена согласност од сите засегнати надлежни органи и/или не се постапи по поднесените приговори од страна на известувачот согласно членовите 15 и 16 од овој правилник, или барањето се однесува на отпад кој е наведен во Прилог VI кој е составен дел од овој правилник. Член 28 Испорака на отпад од Република Македонија по добивање на дозвола за извоз (1) По добивање на дозволата за извоз, но не повеќе од три работни дена пред да почне испраќањето на пратката отпад, известувачот-извозникот од Република Македонија ја определува точната дата за почеток на испраќањето и ја става датата на товарниот лист, задржува копија од товарниот лист, како и испраќа копии од вака пополнетиот товарен лист до сите засегнати надлежни органи и до примачот на пратката на отпад. (2) Известувачот треба да обезбеди од вклучените правни лица во транспортот на пратката, оригиналниот примерок на товарниот лист потпишан од известувачот,секогаш да ја придружува пратката низ целата рута и еден примерок од товарниот лист да задржат за себе, како и да остави еден примерок кај инсталацијата која го прифаќа отпадот за преработка или отстранување. (3) Пратката на отпад ја придружуваат и копија од дозволата за извоз и копиите од образецот за известување од Прилог I од овој правилник од сите надлежни органи каде се евидентирани: потврдата за прием на известувањето, писмените согласности и специфичните услови за давање согласност за започнување на испраќањето на пратката. (4) Испораката на отпадот може да започне доколку се исполнети следните барања: 1. добиена е дозвола за извоз и се обезбедени претходните писмени согласности од сите засегнати надлежни органи, а доколку постои условна согласност, условите се задоволени; 2. договорот од член 9 од овој правилник меѓу известувачот-извозникот од Репубика Македонија е стапен во сила; (в) банкарската гаранција или соодветното осигурување од член 10 од овој правилник се валидни и (г) обезбедено е управување со отпадот на начин кој не ги загрозува животната средина, природата и здравјето на луѓето. Член 29 Прекугранично пренесување на отпад од Република Македонија (1) Царинскиот службеник го потврдува излезот на пратката на отпад од Република Македонија со пополнување на полето бр. 20 од товарниот лист на сите примероци кои му се доставени, како и задржува една копија за себе која ја испраќа до Министерството. (2) Царинскиот службеник го потврдува транзитот/влезот на пратката отпад низ/во Република Македонија преку пополнување на полињата бр. 21 и бр. 22 од товарниот лист. (3) Доколку царинскиот службеник открие нелегална пратка на отпад треба веднаш да го извести Државниот инспекторат за животна средина. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 22 од 92 (4) Известувачот-извозник треба да обезбеди во рок од три работни дена од денот на приемот на отпадот, примачот да го пополни полето бр.17 (доколку не е инсталација) или полето бр. 18 (доколку е инсталација) од товарниот лист односно полето 13 и полето 14 од образецот од Прилог VII од овој правилник и да испрати копии до известувачот и до сите засегнати надлежни органи. (5) Доколку Министерството во рок од 42 дена откако пратката отпад ја има напуштено границата на Република Македонија не добие копија од примачот со која се потврдува приемот на пратката отпад, треба во рок од три дена да го информира надлежниот орган на прифаќање на државата која јо примила пратката на отпад. Член 30 Постапка за увоз на отпад во Република Македонија (1) За издавање на дозвола за увоз на отпад во Република Македонија, изветувачот поднесува барање до Министерството на образец од Прилог XII на овој правилник согласно член 106 ставови (5) и (6) од Законот за управување со отпад, како и треба да ги достави следните документи: 1. Документи кои докажуваат дека се исполнети условите за издавање на дозвола согласно член 106 ставови (5) и (6) од Законот за управување со отпадот; 2. Уплатница за уплатена административна такса; 3. Образец за известување со информации и документи кои ги содржат бараните податоци или прилог на образецот за известување даден во Прилог III Дел 1 од овој правилник; 4. Договорот помеѓу известувачот-увозник од Република Македонија и примачот на пратката отпад согласно член 9 и банкарската гаранција или соодветно осигурување согласно член 10 од овој правилник и 5. Копија од други дозволи добиени согласно прописите за постапување со отпад или прописите од областа на заштита на животната средина. (2) Комплетните документи во прилог на барањето се доставуваат во еден примерок на македонски јазик. (3) Министерството треба да утврди дали барањето со обрасците и документите во прилог се комплетни и доколку има дополнителни барања ги доставува до известувачот. (4) Доколку нема барања за дополнителни информации или документација, Министерството по добивање на комплет документи за испраќање од надлежниот орган на испраќање, издава потврда за прием согласно член 12 од овој правилник и согласност за испорака на пратката отпад на известувачот согласно член 13 од овој правилник. (5) Во рок од седум дена од денот на приемот на копиите на документите за известување со добиените согласности од надлежниот орган за испраќање и транзит, Министерството ја издава дозволата за увоз на пратката отпад на образец кој е даден во Прилог XIII oд овој правилник. (6) По издавање на дозволата за увоз на пратката отпад, испораката на пратката отпад може да започне и приемот во инсталацијата и операциите на преработка или отстранување. (7) Примачот-увозникот,доколку не е инсталација, треба во рок од три работни дена од приемот на отпадот да го пополни полето бр. 17, а доколку е инсталација полето бр. 18 од товарниот лист и да испрати копии до известувачот и до сите засегнати надлежни органи. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 23 од 92 Член 31 Постапка за транзит на отпад низ Република Македонија (1) Министерството треба во рок не подолг од седум дена од приемот на образецот за известувањето во случај на транзит да го потврди приемот на документите и ако има дополнителни барања да ги достави до известувачот, како и да достави копија од барањата до надлежните органи на испраќање и прифаќање во согласност со одредбите на член 12 од овој правилник. (2) Согласноста за транзит ја издава Министерството преку пополнување на полето бр. 20 од образецот за известување, односно го потврдува приемот на образецот со пополнување на полето 11 од Образецот од Прилог VII од овој правилник. (3) Согласноста од став (2) на овој член се праќа до известувачот и копии до засегнатите надлежни органи. Член 32 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 13-68/7 Министер за животна средина 3 јуни 2016година и просторно планирање, Скопје Башким Амети, с.р. Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 24 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 25 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 26 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 27 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 28 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 29 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 30 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 31 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 32 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 33 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 34 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 35 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 36 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 37 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 38 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 39 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 40 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 41 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 42 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 43 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 44 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 45 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 46 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 47 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 48 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 49 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 50 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 51 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 52 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 53 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 54 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 55 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 56 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 57 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 58 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 59 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 60 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 61 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 62 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 63 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 64 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 65 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 66 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 67 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 68 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 69 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 70 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 71 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 72 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 73 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 74 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 75 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 76 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 77 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 78 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 79 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 80 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 81 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 82 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 83 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 84 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 85 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 86 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 87 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 88 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 89 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 90 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 91 од 92 Службен весник на РМ, бр. 107 од 6.06.2016 година 92 од 92