跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on detailed conditions for the entry in the register of importers of certain agricultural products

颁布于 2010 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за поблиските услови за упис во регистарот на увозници на одделни земјоделски производи.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
international trade, registration, cereals/grains/rice, agricultural commodities, crops
类别
*, agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ („Службен весник на Република Македонија“ бр.102/10, 144/10, 58/12, 40/13 и 143/13) ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА УВОЗНИЦИ НА ОДДЕЛНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови за упис во регистарот на увозници на одделни земјоделски производи. Член 2 Правното лице кое врши увоз на меркантилна пченица треба: да е микро, мало, средно или големо претпријатие согласно Законот за земјоделство и рурален развој со најмалку четири вработени лица на неопределено време; да е запишан во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност за производство на мелнички или пекарски производи и тестенини; за трговија на големо со жита и за складирање на стока. да е солвентно во смисла на целосно намирени обврски за откуп од претходната производна година; да има во сопственост објекти и опрема за преземање: кип платформа, приемен бункер, машинска куќа и комора или вреќи за отпадоци, статична вага и опрема за чистење на зрното, доколку врши увоз на меркантилна пченица во непакувана (рефусна) состојба и/или да има во сопственост објекти за привремено (подно) складирање во тенки слоеви, во вреќи или во контејнери, доколку врши увоз на меркантилна пченица во пакувана состојба; да има во сопственост опрема за квалитетно сместување (складирање) и чување во непакувана (рефусна) состојба: мерни проточни ваги, хоризонтални и вертикални елеватори за транспорт на зрното до ќелиите и опрема за оценка на квалитетот на зрното при приемот и излезот на зрното од складиштето, доколку врши увоз на меркантилна пченица во непакувана (рефусна) состојба; да има во сопственост опрема за оценка и сортирање на квалитетот на зрното: влагомер, апарат за определување на хектолитарската маса, апарат за мерење на присуство на примеси или сито со отвори од 2,8 мм за определување на примеси, или да има договор за вршење анализи на квалитетот од соодветна лабораторија за време на најавениот увоз на меркантилна пченица; да има склучен договор за продажба на целата количина на увезена меркантилна пченица со исклучок на правното лице кое врши увоз заради преработка за сопствени потреби. Член 3 Правното лице кое врши увоз на брашно од пченица покрај условите од член 2 алинеи 1, 2 и 3 oд овој правилник треба да има: во сопственост објект за прием на брашно- магацин за чување на брашно; во сопственост објекти и опрема за сортирање: мешалка на брашно (хомогенизатор), лабораторија опремена: фаринограф, екстензограф, амилограф, печка за одредување на содржината на пепел, апарат за одредување на седиментација по Зелен (Zeleny), апарат за одредување на содржината на глутен, или да има договор за вршење на анализи на квалитетот со содветна лабораторија опремена со следната опрема: фаринограф, екстензограф, амилограф, печка за одредување на содржината на пепел, апарат за одредување на седиментација по Зелен (Zeleny), апарат за одредување на содржината на глутен за време на најавениот увоз на брашното; во сопственост објекти и опрема за квалитетно сместување (складирање) и чување на брашното: бункери (комори или ќелии) или магацин за чување на брашно во вреќи наизменично наредени во слоеви (од два до три) на палети со носивост до 1 тон/палета; во сопственост опрема за транспорт и прием на брашно (цистерна, за транспорт на брашно во непакувана форма) и во пакувана на начин со кој ќе се обезбеди задржување на квалитетот и хигиенската исправност на брашното склучен договор за продажба на целата количина на увезено брашно, со исклучок на правното лице кое врши увоз заради преработка за сопствени потреби. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр.02-18694/6 Министер за земјоделство, 9 октомври 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on detailed conditions for the entry in the register of importers of certain agricultural products · Nelum