跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on criteria for determining rural areas and categories of rural communities

颁布于 2011-03-30 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за поблиските критериуми за определување на руралните средини и категории на рурални заедници.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
classification/declassification, rural employment, youth, labour

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 63 став 5 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ И КАТЕГОРИИ НА РУРАЛНИ ЗАЕДНИЦИ (*) 1 Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските критериуми за определување на руралните средини и категории на рурални заедници. Член 2 (1) Рурални средини се сите населени места во рамките на една општина кои имаат помалку од 30.000 жители регистрирани со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија или со густината на населеност помала или еднаква на 150 жители на квадратен километар. (2) Доколку сите населени места во општината ги исполнуваат условите од став (1) на овој член, тогаш целата општина се прогласува за рурална средина. (3) Во општини каде што има населени места со повеќе од 30.000 жители регистрирани со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија или со густина на населеност поголема или еднаква на 150 жители на квадратен километар, рурална средина се само населените места согласно став (1) од овој член. Член 3 Поблиски критериуми за определување на категории рурални заедници се за: 1) Недостапни рурални заедници се населени места од член 2 став (1) и (3) на овој правилник оддалечени најмалку 5 km од изграден локален пат од најблиската градска населба со најголем број на население регистрирано со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија во рамките на општината каде што припаѓаат. 2) Заостанати рурални заедници се населени места од член 2 став (1) и (3) на овој правилник кои: од вкупниот број на работоспособното население по сите основи на возраст од 15 до 79 години регистрирани со националниот попис на населението и домаќинствата на Република Македонија се ангажирани по сите основи еднакво или повеќе од 80% во земјоделска дејност. од вкупниот број на регистрирани трговски друштва без разлика на запишана приоритетна дејност односно определаната главна приходна шифра издадено од Централниот регистар на Република Македонија, бројот на неактивни трговски друштва согласно податоците од регистерот на годишни сметки е еднаков или поголем од 75% од евиденцијата на 2 Централниот регистар на Република Македонија заклучно со 31 декември во тековната година. од вкупниот број на невработени на ниво на Република Македонија во однос на број на жители по населено место пријавени во Агенцијата за вработување на Република Македонија, имаат за 100% повисока невработеност во однос на националниот просек утврден во тековната година од страна на Државниот завод за статистика. 3) Депопулациони рурални заедници се населени места во рамките на една општина каде што бројот на жители утврдени со националниот попис во Република Македонија е помал од 150 жители. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 16-9055/10 30 март 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски , с.р.

Regulation on criteria for determining rural areas and categories of rural communities · Nelum