跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on criteria and methods for qualitative and quantitative assessment of tobacco

颁布于 2020-09-02 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за мерила и методи за квалитативна и квантитативна процена на тутунот.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
classification/declassification, plant production, plant variety, tobacco, agricultural commodities
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 16 септември 2020 Бр. 221 - Стр. 47 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 2762. Врз основа на член 35 од Законот за тутун, произво ди од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19 и 27/20), министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА МЕРИЛА И МЕТОДИ ЗА КВАЛИТАТИВНА И КВАНТИТАТИВНА ПРОЦЕНА НА ТУТУНОТ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат мерилата и ме тодите за квалитативна и квантитативна процена на тутунот. Член 2 Мерилата и методите за квалитативна и квантита тивна процена на необработениот тутун во лист се при менуваат на: ориенталски ароматични тутуни кои ги опфаќаат типовите: прилеп, јака, џебел и басмак со нивните сор ти со должина на листовите до 20 см; ориенталски дополнителни тутуни кои ги опфаќа ат типовите: прилеп, јака, џебел и басмак со нивните сорти со должина на листовите над 20 см; полуориенталски тутун кој го опфаќа типот отља со неговите сорти и крупнолисни тутуни кои ги опфаќаат типовите: вирџинија и берлеј со нивните сорти. Член 3 Класите на необработениот тутун во лист се ут врдуваат врз основа на следните мерила за квалитатив на процена на тутунот: инсерција (берба) која е група на листови кои по текнуваат од одредено место на тутунскиот страк. Лис товите од една инсерција претставуваат еднороден ма теријал по однос на квалитетните својства. Вкупно соб раните листови од стракот ги сочинуваат следните ин серции (берби): подбир, надподбир, долни средни, вис тински средни, горни средни, ковалама, подврв и врв; големина (должина) на листовите која е една од водечките показатели за процена на квалитетот на не обработениот тутун по класи. Големината на листовите за поедини типови и класи на тутун е различна; зрелост (при процена на квалитетот на зелен тутун од типот вирџинија во техничка зрелост); бојата на листот која е една од основните органо лептички показатели за определување на квалитетот на тутунот чии елементи се: изедначеност, тоналитет и интензитет; ткаеницата на листот која се изразува со следните показатели: нежна, помалку нежна (малку груба), груба, кожеста, празна, пополна, полна, еластична, смолеста и уште смолеста; содржајност која претставува исхранетост на лис тот и состојба каде односот на минералните и орган ските материи е најповолен за технолошко искористу вање во фабрикацијата. Содржајноста се изразува со елементите: несодржајна, помалку содржајна, сод ржајна; миризливоста која е во тесна врска со ароматич носта и доколку тутунот е помиризлив, толку е поаро матичен при пушењето. Кај ароматичните типови на тутун прилеп, јака, џебел и басмак, за одредени степе ни на миризливост се даваат следните термини: мириз ба силно изразена, миризба изразена, миризба слабо из разена и мани и оштетувања на листот кои претставуваат степен на деградација на квалитетот на тутунските лис тови. Тие се последица на механички повреди, техно лошки грешки, делување на болести и штетници. Се разликуваат следните мани и оштетувања на тутунски те листови: зеленчивост, презрелост, подгорелост, пре горелост, оштетување од зелена мрежа, оштетеност од басара, механичка оштетеност, оштетувања од болести и оштетувања од трипс. Мерилата од ставот 1 на овој член, според типови и класи на тутун се дадени во Прилозите 1, 2, 3, 4, 5 и 6 кои се составен дел на овој правилник. Член 4 Мерилата за квантитативна процена на необработе ниот тутун во лист се: апсолутна влага, содржината на песок и нетутунски материи. Член 5 Необработениот тутун во лист што се откупува тре ба да содржи до 16% апсолутна влага, со исклучок на тутунот од типот берлеј каде апсолутната влага треба да биде до 20 %. Необработениот тутун во лист кој содржи апсолут на влага од 16% до 20% се откупува, со исклучок на тутунот од типот берлеј каде апсолутната влага треба да биде до 24%. Стр. 48 - Бр. 221 16 септември 2020 Разликата во процентот на утврдената влага од ста вот 2 на овој член се одбива од нето тежината на туту нот во јарма балата/картонската кутија. Необработениот тутун во лист кој содржи над 20% апсолутна влага, како и над 24% апсолутна влага кај тутунот од типот берлеј, а особено вештачки влажени от тутун, не се проценува. Необработениот тутун во лист од сите типови тутун, со неисушени главни ребра не се проценува. Методите за определување на апсолутна влага на тутунот се дадени во Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Содржината на песокот и нетутунските материи (слама, текстил, пердуви, дрво, пластика, стакло, ка мен, метал, неживи инсекти и делови од нив) што се утврдуваат со вештачење или мерење, се одбиваат од нето тежината на тутунот во јарма балата/картонската кутија. Методите за определување на содржината на песо кот и нетутунски материи се дадени во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник. Член 7 Механички оштетениот тутун се проценува според степенот на оштетеноста. Член 8 Оштетеноста на лисната ткаеница кај тутунот како последица од болести, штетници и дефекти при суше њето се изразува во проценти. Процената на тутунот се врши според степенот на оштетеноста. Член 9 Тутунот од производителот се проценува и откупу ва во јарма бала и/или картонска кутија како необрабо тен тутун. Процената се врши на тутунски листови средени според инсерцијата (бербата), особините на ткаеницата на листот, бојата и степенот на изразените мани и ош тетувања. Средениот тутун, согласно став 2 од овој член, се откупува во јарма бала и/или картонска кутија и се проценува во една класа. Член 10 Мувлосаниот тутун ги опфаќа листовите од сите инсерции, сите големини на листови, сите бои, мани и оштетеност на ткаеницата од сите степени на содржај ност и ако е тутунот заразен од било која мувла. Тутунот заразен или оштетен од мувла, без оглед дали оштетувањето се гледа или само се осетува со ми рисот, се проценува и откупува како мувлосан тутун. Член 11 Тутунот оштетен од ниски температури не се про ценува. Член 12 При откупот на необработениот тутун во лист, ако инсерциите и класите се измешани, тутунот се проце нува по најниската класа на листовите што се наоѓаат во јарма балата и/или картонската кутија. Член 13 При пакувањето (врзувањето) на необработениот тутун се користи материјал направен исклучиво од ко ноп, јута, памук или картонски кутии. Во необработениот тутун пакуван во јарма бали и картонски кутии не треба да има присуство на нетутун ски материи. Член 14 Утврдувањето на квалитативните својства на необ работениот тутун во лист се врши органолептички. Член 15 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за мерилата за квали тативна и квантитативна процена на суровиот тутун во лист („Службен весник на Република Македо нија“бр.16/07, 144/10 и 20/11). Член 16 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Северна Македонија“. Бр. 29 -5880/3 Министер за земјоделство, 2 септември 2020 година шумарство и водостопанство, Скопје Arjanit Hoxha,с.р. 16 септември 2020 Бр. 221 - Стр. 49 Стр. 50 - Бр. 221 16 септември 2020 16 септември 2020 Бр. 221 - Стр. 51 Стр. 52 - Бр. 221 16 септември 2020 16 септември 2020 Бр. 221 - Стр. 53 Стр. 54 - Бр. 221 16 септември 2020 16 септември 2020 Бр. 221 - Стр. 55 Стр. 56 - Бр. 221 16 септември 2020 16 септември 2020 Бр. 221 - Стр. 57 Стр. 58 - Бр. 221 16 септември 2020

Regulation on criteria and methods for qualitative and quantitative assessment of tobacco · Nelum