Regulation on conditions under which fertilizers can be placed on the market, registration conditions, as well as on the rest of the trial production, from export or from end users
颁布于 2011-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за условите под кои ѓубрето може да се пласира на пазар, односно да се евидентира, како и остатокот од пробнотo производство, од извоз или од крајниот корисник.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- fertilizers/nutrients, internal trade, international trade, packaging/labelling, registration, plant production
- 类别
- *, agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен В. на Р.М. бр: 120/2011 од 06.09.2011 Влегува во сила на: 07.09.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за условите под кои ѓубрето може да се пласира на пазар, односно да се евидентира, како и остатокот од пробнотo производство, од извоз или од крајниот корисник(*) МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 38 став 2 од Законот за ѓубриња ("Службен весник на Република Македонија" бр. 110/07, 20/09 и 17/11) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА УСЛОВИТЕ ПОД КОИ ЃУБРЕТО МОЖЕ ДА СЕ ПЛАСИРА НА ПАЗАР, ОДНОСНО ДА СЕ ЕВИДЕНТИРА, КАКО И ОСТАТОКОТ ОД ПРОБНОTO ПРОИЗВОДСТВО, ОД ИЗВОЗ ИЛИ ОД КРАЈНИОТ КОРИСНИК () Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите под кои ѓубрето може да се пласира на пазар, односно да се евидентира, како и остатокот од пробното производство, од извоз или од крајниот корисник . Член 2 Ѓубрето кое се пласира на пазарот треба да ги исполнува следните услови: да е пакувано во оригиналната амбалажа; да има соодветна етикета; да има идентификациска ознака; да има ознака за типот на вештачко ѓубре; видно да се истакнати хранливите состојки со хемиски симболи и со зборови; за ѓубрето во ринфузна состојба декларацијата да е истакнато на видно место; и да е ставена заштитна клаузула. Член 3 Ѓубрето кое се пласира на пазар како остаток од пробно производство може да се евидентира доколку во декларацијата на ѓубрето се наведни; видот на ѓубрето; заостанатите количини на ѓубрето; датата на производство; и адресите на производителот, производниот погон и складиштето во кое е секладиран остатокот на ѓубрето. Член 4 Ѓубрето кое се пласира на пазар како остаток, од пробно производство и извоз или од крајниот корисник може да се евидентира доколку се исполнети следните услови: правните лица кои произведуваат, пласираат на пазар ѓубриња да водат евиденција за остатокот на количества на ѓубрето и податоците да ги доставаат до Фитосанитарната управа најдоцна до 31 март наредната година. Државниот инспекторат за земјоделство по барање на Фитосанитарна управа да изврши контрола и зел примероци од остатокот на ѓубрето и истите ги доставил во овластена лабораторија; (*)Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕС) 2003/2003 на Европскиот парламент и Совет од 13 октомври 2003 година која се однесува на ѓубриња, CELEX бр. 32003R2003 http://www.slvesnik.com.mk/Issues/583264E20841D04693DD8C4871E8F25B.pdf#page=3 да е обезбедено мислење од овластена лабораторија дека ѓубрето ги задржало истите особини дадени во првобитниот извештај врз база на кој ѓубрето било пуштено во промет; ѓубрето е во истото пакување во кое е пласирано ; остатокот на ѓубрето се наоѓа на обележено место во магацинот; да има декларација во која ќе се истакне рокот на важност на ѓубрето; да има решение од Фитосанитарна управа дека остатокот на ѓубрето може да го пласира на пазар; да се евидентираат заостанати количества на суровини за производство на ѓубриња; да се евидентираат количините на остатокот од ѓубре и да е наведена адреса на просториите каде се чуваат остатоците од количества на ѓубриња, адреса на производителот и адреса на производниот погон. Член 5 Aко одредено количество ѓубре кое се произведува за познат купувач остане непласирано/непотрошено/, истото се евидентира и се складира во магацин под услови пропишани во декларацијата. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 17- 472/3 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.