Regulation on conditions, manner and procedure for reimbursement of the fee for production of tobacco products, oil derivatives and plastic products and packaging of plastic masses
颁布于 2005-12-21 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за условите, начинот и постапката за враќање на надоместокот за производство на тутунски производи, нафтени деривати и пластични производи и амбалажа од пластични маси.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Energy, Environment, Cultivated plants
- 关键词
- fees/royalties, international trade, liability/compensation, plastic, taxes, environmental fees/charges, fiscal and market measures, tobacco, agricultural commodities, oil
- 类别
- *, agriculture, energy
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Врз основа на член 165 став 12 од Законот за животна средина (“Службен весник на Ре- публика Македонија” бр. 53/2005), министерот за животната средина и просторно плани- рање во согласност со министерот за финансии, донесуваат ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТО- КОТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО И УВОЗ НА ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, НАФТЕНИ ДЕ- РИВАТИ И ПЛАСТИЧНИ ПРОИЗВОДИ И АМБАЛАЖИ ОД ПЛАСТИЧНИ МАСИ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите, начинот и постапката за враќање на надо- местокот за: увоз и производство на тутунски производи од член 183 од Законот за живот- на средина, увоз и производство на нафтени деривати од член 184 од Законот за животна средина, и пластични производи и амбалажа од пластични маси од член 185 став (1) точка 1 од Законот за животна средина. Член 2 Надоместокот од член 1 од овој правилник се враќа на правно односно физичко лице кое е евидентирано како обврзник за плаќање на надоместокот согласно Законот за живот- на средина (Во понатамошниот текст: обврзник). II. УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ Член 3 (1) Враќање на уплатен надоместок од член 1 од овој правилник се врши за уплатениот надоместок за производство односно увоз, доколку произведената односно увезената ко- личина на производи е извезена. Уплатениот надоместок за производство или увоз се вра- ќа во висина на извезена количина на производи. (2) Заради враќање на уплатениот надоместок од член 1 од овој правилник, обврзникот може до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на жи- вотната средина, да поднесе барање за враќање на уплатениот надоместок, со образложе- ние на барањето. (3) Обврзникот го поднесува барањето за враќање на уплатениот надоместок од став (2) од овој член најдоцна во рок од 1 година од денот на уплаќањето на надоместокот. (4) Обврзникот го поднесува барањето од став (2) од овој член на секои три месеци за- едно со Образецот 2 од Правилникот за начинот, постапката и роковите за утврдување, пресметување, уплатување на надоместоците; начинот и постапката за водење, одржување и чување на евиденцијата за пресметаниот и уплатениот надоместок; за содржината, начи- нот и роковите за воспоставување, одржување и водење на евиденцијата на обврзниците, како и начинот на доставување на податоците за водење на евиденцијата („Службен вес- ник на Република Македонија“ број 115/2005). (5) Кон барањето од став (2) од овој член, обврзникот доставува: - известување за случаите за извезена количина на производите од член 1 од овој пра- вилник за која е пресметан и уплатен надоместок
1 - фактурата врз основа на која е пресметан и уплатен надоместокот, и - извозна царинска декларација како доказ дека количината на производот на кој е прес- метан и уплатен надоместокот е извезен од Република Македонија; (6) Обврзникот известувањето за извезените количини на производи од член 1 од овој правилник, го доставува на образецот даден во Прилогот кој е составен дел од овој пра- вилник. (7) Обврзникот го потполнува и доставува Образецот од став (6) од овој член за секое тромесечие во кое е уплатен надоместокот за кој се бара враќање, поединечно. Член 4 (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на прием на барањето од член 2 став 2 од овој правилник, го донесува решението за враќање на уплатен надоместок од член 1 од овој правилник. (2) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на живот- на средина, по еден примерок од решението од став (1) од овој член, доставува до обврз- никот и до органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите. (3) Во рок од 30 дена од денот на прием на решението од став (1) од овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите врши поврат на средствата во висина утврдена со решението. III. ОДРЕДБА ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 2006 година. Бр. 07-5707/1 Министер за животна 22 декември 2005 година средина и просторно планирање, Скопје д-р Зоран Шапуриќ, с.р. Бр. 02-33676/2 Министер 21 декември 2005 година за финансии, Скопје м-р Никола Поповски, с.р. 2 3 4