Regulation on conditions for placing on the market of sheep and goats
颁布于 2013-07-02 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за условите за ставање во промет на животни од видовите овци и кози.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- sheep/goats, internal trade, international trade, animal health, marking/identification
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 1 од 29 20131002396 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ЖИВОТНИ ОД ВИДОВИТЕ ОВЦИ И КОЗИ(*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите за ставање во промет на животни од видовите овци и кози. Член 2 (1) Поимите утврдени во Законот за ветеринарно здравство*1 и Законот за заштита и благосостојба на животните*2 се применуваат и во овој правилник доколку со овој правилник не се поинаку дефинирани. (2) Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „Овци или кози наменети за колење“ – се животни од видот овци или кози наменети да бидат превезени во кланица, директно или преку одобрен собирен центар, за да бидат заклани; 2) „Овци и кози наменети за размножување “ – се овци и кози различни од оние наведени во точките 1) и 3) на овој став наменети да бидат превезени до место на крајна дестинација, или директно или преку одобрен собирен центар, наменети за размножување или производство; 3) „Овци и кози за наменети за товење“ – се овци и кози различни од оние наведени во точките 1) и 2) на овој став наменети да бидат превезени до место на крајна дестинација, или директно или преку одобрен собирен центар, наменети за товење по што се колат; 4) „Одгледувалишта на овци и кози официјално слободни од бруцелоза“ – се одгледувалишта кои ги исполнуваат условите утврдени во Прилог 1 Дел 1 Глава 1 кој е составен дел на овој правилник; 5) „Одгледувалишта на овци и кози слободни од бруцелоза“ – се одгледувалишта кои ги исполнуваат условите утврдени во Прилог 1 Глава 2 од овој правилник; 6) „Болести кои задолжително се пријавуваат“ - се болестите заради кои ставањето во промет на овци и кози не е дозволено и се дадени во листата од Прилог 2 Дел 1 кој е составен дел на овој правилник; 7) „Собирен центар” се одгледувалишта, збирни места и добиточни пазари, каде под надзор на официјален ветеринар животните кои потекнуваат од различни одгледувалишта се групираат заедно заради формирање на пратки на животни наменети за трговија во Република Македонија; Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 91/68/ЕЕЗ од 28 јануари 1991 за условите за здравствена заштита при ставање во промет во Унијата на животни од видовите овци и кози, CELEX бр. 31991L0068 изменета со: Одлука на Комисијата 94/164/EЗ од 18 фебруари 1994, CELEX бр. 31994D0164; Одлука на Комисијата 94/953/EК од 20 декември 1994, CELEX бр. 31994D0953; Одлука на Комисијата 2001/298/EК од 30 март 2001, CELEX бр.32001D0298; Директива на Европскиот Парламент и Совет 2001/10/EК од 22 мај 2001 CELEX бр. 32001L0010; Одлука на Комисијата 2002/261/EК од 25 март 2002, CELEX бр. 32002D0261; Регула тива на Советот (EЕС) No 806/2003 од 14 април 2003, CELEX бр. 32003R0803; Директива на Советот 2003/50/EЗ од 11 јуни 2003, CELEX бр. 32003L0050; Одлука на Советот 2003/708/EЗ од 7 октомври 2003, CELEX бр. 32003D0708; Одлука на Комисијата 2004/554/EК од 9 јули 2004, CELEX бр. 32004D0554; Одлука на Комисијата 2005/932/EЗ oд 21 декември 2005, CELEX бр. 32005D0932; Директива на Советот 2006/104/EС oд 20 ноември 2006, CELEX бр. 32006L0104; Директива на Советот 2008/73/EС oд 15 јули 2008, CELEX бр. 32008L0073 и Документ за пристапување на Австрија, Шведска и Финска усвоен со Одлука на Советот 95/1/EС, Еуроатом, CELEX бр. 31995D0001. Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 2 од 29 8) „Одобрен собирен центар” се одгледувалишта, збирни места и добиточни пазари, каде животните кои потекнуваат од различни одгледувалишта се групираат заедно заради формирање на пратки на животни наменети за трговија во Европската унија; 9) „Трговец” е секое физичко или правно лице кое купува и продава животни за комерцијални цели, било директно или индиректно, кое редовно врши промет со животни и кое најдоцна во рок од 30 дена по нивното купување истите ги препродава или ги преместува од еден во друг простор кој не е негова сопственост; 10) „Одобрени простории на трговец” се простории со кои управува трговец кои се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство каде животните кои потекнуваат од различни одгледувалишта се групираат заедно заради формирање на пратки на животни наменети за трговија во Европската унија; 11) „Одгледувалиште на потекло" е секое одгледувалиште на кое овци и кози се постојано присутни согласно овој правилник и на кое се води евиденција со која може да се докаже престојот на животните што може да биде утврдено од страна на надлежен орган; 12) „Регион“ во смисла на овој правилник е дел од територијата на Република Македонија со површина од најмалку 2000 km2 и тоа: Скопски регион во кој спаѓаат општините: Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер – Сандево и Шуто Оризари; Североисточен регион во кој спаѓаат општините: Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане; Источен регион во кој спаѓаат општините: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Штип, Лозово, Свети Николе, Богданци, Василево, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица; Вардарски регион во кој спаѓаат општините: Велес, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман, Чашка, Богданци, Валандово, Гавгелија и Дојран; Пелагониски регион во кој спаѓаат општините: Битола, Демир Хисар Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен; Југозападен регион во кој спаѓаат општините: Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа; и Полошки регион во кој спаѓаат општините: Боговиње, Врбеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јагуновце, Маврово и Ростуша, Теарце и Tетово. Член 3 (1) Овците и козите наменети за колење можат да бидат ставени во промет доколку ги исполнуваат условите утврдени во членовите 4, 5, 6 и 7 од овој правилник. (2) Овците и козите наменети за товење можат да бидат ставени во промет доколку ги исполнуваат условите утврдени во членовите 4, 5, 6 и 8 од овој правилник, без оглед на дополнителните активности на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата) утврдени во членовите 10 и 11 на овој правилник. (3) Овците и козите наменети за размножување можат да бидат ставени во промет доколку ги исполнуваат условите утврдени во членовите 4, 5, 6, 8 и 9 од овој правилник, без оглед на дополнителните активности на Агенцијата утврдени во членовите 10 и 11 од овој правилник. (4) По исклучок од ставовите (2) и (3) на овој член, доколку крајната дестинација е во Република Македонија, Агенцијата може да дозволи општи или посебни отстапувања во однос на движењето на овци и кози наменети за одгледување и товење, наменети само за привремено пасење во близина на границите на Република Македонија и земјите-членки на Европската унијата за што треба да ја извести Европската Комисија. Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 3 од 29 (5) Овците и козите не треба во ниеден момент помеѓу напуштањето на одгледувалиштето на потекло и пристигнувањето на крајната дестинација да дојдат во контакт со чапункари со понизок здравствен статус. Член 4 (1) Животните од видовите овци и кози треба да: а) се идентификувани и регистрирани во согласност со Законот за идентификација и регистрација на животните; б) се прегледани од страна на официјален ветеринар 24 часа пред да бидат натоварени и да не покажуваат клинички знаци на болест; в) не доаѓаат од одгледувалишта, ниту пак да биле во контакт со животни од одгледувалишта, кои се предмет на забрана заради здравствена заштита на животните. Забраната трае до колењето и/или отстранувањето на последните животни кои се заболени или се приемчиви на една од болестите наведени во потточките 1), 2) или 3) на оваа точка, најмалку: 1) 42 дена во случај на бруцелоза, 2) 30 дена во случај на беснило, 3) 15 дена во случај на антракс; г) не доаѓаат од одгледувалишта, ниту пак да биле во контакт со животни од одгледувалишта, кои се наоѓаат во област која заради здравствена заштита на животните е предмет на забрана или ограничување за приемчиви видови на животни согласно прописите за здравствена заштита на животните; д) не се предмет на ограничувања заради здрвствена заштита на животните, согласно со Програмата за сузбивање и искоренување на Лигавка и шап ниту пак да биле вакцинирани против Лигавка и шап. (2) Не треба да се ставаат во промет животни од видовите овци и кози: а) кои треба да бидат заклани согласно програмите за искоренување на болести кои не се наведени во Правилникот за ветеринарни контроли при ставање во промет на животни и производи*3; б) чие ставање во промет е забрането заради здравствени причини или заради здравствена заштита на животните од болести кои не се наведени во точка а) на овој став или во согласност со прописите за здравствена заштита на животните. (3) Животните кои се ставаат во промет треба: а) да се родени и одгледувани од раѓање во Република Македонија или Европската унија, или б) да биле увезени директно од трета земја во согласност со прописите од областа на здравствена заштита на животните. Член 5 (1) Помеѓу земјите-членки на Европската унија и Република Македонија може да се движат само овци и кози наменети за колење, разможување и товење кои ги испoлнуваат следните услови: а) животните да престојувале непрекинато на одгледувалиштето на потекло најмалку 30 дена, или ако се помлади од 30 дена да доаѓаат од одгледувалиштето каде се родени, б) да не доаѓаат од одгледувалишта во кои овците и козите биле внесени во текот на предходните 21 дена пред да се движат, и в) да не доаѓаат од одгледувалишта во кои се внесени чапункари од трета земја 30 дена пред да се испратат. (2) По исклучок од став (1) точки б) и в) на овој член, надлежниот орган на земјата членка на потекло, по добиената согласност од страна на Агенцијата, може да дозволи испраќање на овци и кози, ако животните наведени во став (1) точки б) и в) на овој член се целосно изолирани од сите други животни на одгледувалиштето. Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 4 од 29 Член 6 (1) За да бидат ставени во промет животните од видовите овци и кози треба да ги исполнат условите утврдени во ставовите (2), (3), (4), (5) и (6) на овој член. (2) Животните не треба да бидат надвор од нивното одгледувалиште на потекло повеќе од шест дена пред за нив да се издаде сертификат за ставање во промет до крајната дестинација како што е наведено во ветеринарно здравствениот сертификат. Без оглед на член 12 став (1) од овој правилник во случај на превоз преку море, рокот од шест дена се продолжува за време на траењето на патувањето по море. (3) По напуштањето на одгледувалиштето на потекло животните се превезуваат директно до крајната дестинацијата. (4) По исклучок од став (3) на овој член, овците и козите може по напуштањето на одгледувалиштето на потекло пред да пристигнат на крајната дестинација, да транзитираат само низ еден одобрен собирен центар кој се наоѓа во земја-членка на Европската унија на потекло. Во случај на овци и кози наменети за колење, одобрениот собирен центар може да биде заменет со простории на одобрени трговци сместени во земјата-членка на Европската унија на потекло. (5) Животните наменети за колење кои се превезуваат по пристигнување во кланица треба да се заколат во најкраток можен рок а најдоцна 72 часа од пристигнувањето. (6) Без оглед на член 3 став (5) на овој правилник, животните кои се предмет на овој правилник, во ниеден момент, од напуштањето на одгледувалиштето на потекло до нивното пристигнување на дестинација, не траба да ја загрозуваат здравствената состојба на овците и козите кои не се наменети за ставање во промет. Член 7 (1) По исклучок од член 5 став (1) точка а) од овој правилник овците и козите наменети за колење може да се ставаат во промет доколку непрекинато престојувале на одгледувалиштето на потекло најмалку 21 дена. (2) По исклучок од член 5 став (1) точка б) од овој правилник, и без оглед на став (1) на овој член и член 6 став (2) од овој правилник, овците и козите наменети за колење може да се испорачуваат од одгледувалиштето на потекло во кое се внесени овци и кози во текот на 21 дена пред да се испратат, ако тие се превезат директно до кланица каде веднаш се колат без да проаѓаат преку собирен центар или контролен пункт утврдени во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните*4. (3) По исклучок од член 6 ставови (3) и (4) од овој правилник и без оглед на одредбите од член 6 став (2) од овој правилник овците и козите наменети за колење може по напуштањето на одгледувалиштето на потекло да поминат низ уште еден собирен центар за животни доколку: а) животните, пред да поминат низ одобрен собирен центар од член 6 став (4) од овој правилник кој се наоѓа во земја-членка на Европска унија на потекло, ги исполнуваат следните услови: 1) по напуштањето на одгледувалиштето на потекло животните да минуваат низ само еден собирен центар под официјален надзор, во кој е дозволено да се внесуваат само животни со најмалку ист здравствен статус, 2) без оглед на Законот за идентификација и регистрација на животните, во собирниот центар животните да се поединечно идентификувани со цел да се овозможи следливост на животните до одгледувалиштето на потекло и 3) од собирниот центар животните, придружени со официјален ветеринарен документ да се превезат до одобрен собирен центар од член 6 став (4) од овој правилник каде им се издава ветеринарно здравствен сертификат од каде директно се превезуваат до кланица во Република Македонија како крајна дестинација; или Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 5 од 29 б) животните, по испраќањето од земјата-членка на Европската унија на потекло кои транзитираат преку еден одобрен собирен центар пред да бидат испорачани во кланицата во Република Македонија како крајна дестинација, ги исполнуваат следните услови: 1) одобрениот собирен центар се наоѓа во Република Македонија од каде животните треба да се превезат под надзор на официјален ветеринар директно до кланица за да бидат заклани во рок од пет дена од денот на пристигнување во одобрен собирен центар, или 2) одобрен собирен центар кој се наоѓа во земја-членка на Европска унија на транзит од каде животните се испорачуваат директно до кланицата во Република Македонија како што е наведено во ветеринарно здравствениот сертификат издаден во согласност со член 12 од овој правилник. Член 8 Без оглед на дополнителните активности на Агенцијата утврдени во членовите 10 и 11 од овој правилник, овците и козите наменети за разможување и товење за да бидат внесени во одгледувалиште кое е официјално слободно од бруцелоза или слободно од бруцелоза покрај условите утврдени во член 4 од овој правилник треба да ги исполнуваат и барањата од Прилог 1 Глава 1 Дел 1 точка Г и Глава 2 точка Г од овој правилник. Член 9 (1) Без оглед на дополнителните активности на Агенцијата утврдени во членовите 10 и 11 од овој правилник овците и козите наменети за размножување треба да ги исполнат следните услови: а) да доаѓаат од одгледувалишта и да биле во контакт само со животни од одгледувалишта: 1) во кои следните болести не биле клинички дијагностицирани: во претходните шест месеци, заразна агалација кај овци (Mycoplasma agalactiae) или заразна агалација кај кози (Mycoplasma agalactiae, M. capricolum, M. Mycoïdes var. mycoïdes 'large colony`), во последните 12 месеци, паратуберкулоза или казеозен лимфаденитис, во претходните три години, белодробна аденоматоза, Maedi Visna или вирусен артритис/енцефаломиелитис кај кози. Овој период се намалува на 12 месеци, ако животните инфицирани од Maedi Visna или вирусен артритис/енцефаломиелитис се заклани, а останатите животни реагирале негативно на два теста потврдени со постапка одобрена од Агенцијата согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство, или кои, без оглед на усогласувањата во однос на барањата за други болести, обезбедуваат, за една или повеќе од наведените болести, здравствени гаранции еквивалентни на наведената болест или болести, во рамките на програмите одобрени во согласност со членовите 10 и 11 од овој правилник; 2) во кои нема докази кои укажуваат дека барањата од потточка 1) од оваа точка не биле исполнети, што е утврдено од страна на официјален ветеринар одговорен за издавање на ветеринарно здравствениот сертификат; 3) чиј сопственик изјавува дека нема сознанија за такви податоци, односно писмено изјавува дека животното или животните наменети за ставање во промет се во согласност со критериумите утврдени во потточка 1) од оваа точка; б) некастрираните овни наменети за разможување во однос на заразниот епидидимитис (B. ovis) треба: 1) да доаѓаат од одгледувалишта каде нема дијагностицирано случај на заразен епидидимитис (B. ovis) во изминатите 12 месеци, 2) постојано да се чувани 60 дена пред испраќање на одгледувалиште кое ги исполнува условите од потточка 1) на оваа точка, и Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 6 од 29 3) 30 дена пред испраќање да имаат негативни резултати на серолошкиот тест направен во согласност со Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник или да ги исполниле гаранциите донесени од директорот на Агенцијата согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство; в) да се придружени со ветеринарно здравствен сертификат со кој се потврдува дека барања од овој член се исполнети. (2) Ветеринарно здравствениот сертификат од став (1) точка в) на овој член е даден во Прилог 5 образец 3 кој е составен дел од овој правилник. Член 10 Во случај на спроведување на програма за контрола или програма за мониторинг на една од инфективните или заразни болести дадени во Прилог 2 Дел 2 од овој правилник на целата територија или делови од територијата на Република Македонија, Агенцијата треба истите да ги достави до Европската Комисија со посебен осврт на следните податоци: распространувањето на болеста, причините за програмата, земајќи ја во предвид важноста на болеста и корист од програмата во однос на направените трошоци, географската област во која се спроведува програмата, различните категории на статуси кои ќе се доделуваат на одгледувалиштата на животни, стандардите кои треба да се исполнат за секоја категорија како и постапките за тестирање кои ќе се употребуваат, постапките на програмата за мониторинг, мерките кои се преземаат ако заради некои причини одгледувалиштето го изгуби статусот и мерки кои треба да се преземаат ако се позитивни резултатите од извршените тестови во согласност со одредбите на програмите. Член 11 (1) Во случај кога територија или дел од територија на Република Македонија е слободна од некоја од болестите дадени во Прилог 2 Дел 2 од овој правилник на кои овците и козите се приемчиви, Агенцијата изготвува соодветна документација која ги содржи следните податоци: природата на болеста и историјата за нејзиното појавување на територија, резултатите од тестирањата направени во рамките на извршениот надзор врз основа на серолошки, микробиолошки, патолошки или епидемиолошки истражувања спроведени по пријавувањето на болеста до Агенцијата, времетраењето и периодот на извршениот надзор, каде е потребно, периодот во кои е забрането вакцинирање против ова заболување и географската област на која се однесува забраната, и постапките со кои се потврдува отсуство на болест. (2) Агенцијата податоците од став (1) на овој член ги доставува до Европската Комисија на нејзино барање. Член 12 (1) Овците и козите кои се внесени во Република Македонија од земји-членки на Европската унија до крајната дестинацијата треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат (во понатамошниот дел од текстот: сертификат) даден во Прилог 5 образец 1, 2 или 3 од овој правилник. Сертификатот се изготвува на денот кога е извршена инспекцијата на животните од пратката на македонски јазик и на еден од официјалните јазици на Европската унија. Сертификатот важи десет дена сметано од денот кога е извршена инспекцијата. Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 7 од 29 (2) Инспекцијата од став (1) на овој член која се врши заради изготвување на сертификатот вклучувајќи ги и дополнителните гаранции за пратка на животни може да се врши на одгледувалиштето на потекло или во одобрен собирен центар или во случај на животни наменети за колење во одобрени простории на трговци. За таа цел надлежниот орган на земјата членка на Европската унија треба да обезбеди дека сертификатот е изготвен од страна на официјален ветеринар по извршените инспекции, посети на лице место и контролите кои се предвидени со овој правилник. (3) Официјалниот ветеринар на собирен центар ги врши сите неопходни проверки на животни кои пристигнале во собирниот центар согласно Законот за ветеринарно здравство и другите прописи од областа на ветеринарното здравство. (4) Пратките на овци и кози наменети за товење и одгледување испратени во Република Македонија од одобрен собирен центар кој се наоѓа во земјата членка на потекло треба да бидат придружени со сертификатот од став (1) на овој член, издаден согласно Прилог 5 образец 2 или 3 од од овој правилник, кој може да се издаде само врз основа на проверките предвидени со став (3) на овој член и врз основа на официјален документ кој ги содржи потребните податоци правилно пополнети од страна на официјалниот ветеринар одговорен за одгледувалиштето на потекло. (5) Пратките на овци и кози наменети за колење испратени во Република Македонија од одобрен собирен центар или од одобрени простории на трговец кои се во земја-членка на Европска унија на потекло треба да се придружени со сертификат од став (1) на овој член изготвен согласно Прилог 5 образец 1 од овој правилник, кој може да се издаде само врз основа на проверките од став (3) на овој член и врз основа на официјален документ кој ги содржи потребните информации правилно пополнет од страна на официјалниот ветеринар одговорен за одгледувалиштето на потекло или на собрирниот центар наведени во член 7 став (3) точка а) потточка 1). (6) За пратките на овци и кози за колење кои поминуваат преку одобрен собирен центар во согласност со член 7 став (3) точка б) потточка 2), официјалниот ветеринар одговорен за одобрениот собирен центар во земјата-членка на Европската унија на транзит треба да обезбеди сертификат со издавање на втор сертификат, во согласност со образецот даден во Прилог 5 од овој правилник, правилно пополнувајќи го со бараните податоци од оригиналниот сертификат(и), кои се порикачуваат на сертификатот како официјано заверени копии. Во овој случај, комбинираното важење на сертификатите не треба да го надмине рокот на валидност на сертификатот наведен во став (1) на овој член. (7) Официјалниот ветеринар кој издава сертификат за праќање на пратки во Република Македонија во согласност со Прилог 5 образец 1, 2 или 3 од овој правилник, треба да обезбеди дека движењето е внесено во Системот за контрола на трговијата и експерти (Trade control and export system - TRACES) на денот на издавање на сертификатот. Член 13 Одредбите на член 2 став (2) точки 8) и 10), член 3 став (4), член 5, член 6 ставови (2) и (4), член 7, член 10, член 11 и член 12 од овој правилник ќе отпочнат да се применуваат со пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Член 14 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Директор Бр. 02-1569/5 2 јули 2013 година на Агенцијата за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 8 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 9 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 10 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 11 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 12 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 13 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 14 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 15 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 16 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 17 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 18 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 19 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 20 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 21 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 22 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 23 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 24 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 25 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 26 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 27 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 28 од 29 Службен весник на РМ, бр. 100 од 15.07.2013 година 29 од 29