Regulation on conditions for placing on the market of cattle and pigs
颁布于 2013-04-15 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за условите за ставање во промет на говеда и свињи.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- cattle, swine, internal trade, international trade, animal health, animal welfare, hygiene/sanitary procedures, quarantine, vaccination
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 1 од 62 20130631375 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ГОВЕДА И СВИЊИ (*) Глава 1 Општи одредби Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите за ставање во промет на говеда и свињи. () Со овој Правилник е врши усогласување со Директивата на Советот од 26 јуни 1964 за здравствените проблеми кои влијаат на трговијата во Заедницата со говеда и свињи (64/432/ЕЕК), CELEX број 31964L0432; последен пат изменета со: Директивата на Советот 66/600/EEC на 25 Октомври 1966, CELEX број 31966L0600; Директива на Советот 70/360/EEЗ од 13 јули 1970 година, CELEX број 31970L0360; Директива на Советот 71/285/EEЗ од 19 јули 1971 година, CELEX број 31971L0285; Директива на Советот 72/97/EEЗ од 7 февруари 1972 година, CELEX број 31972L0097; Дире ктива на Советот 72/445/EEЗ од 28 декември 1972 година, CELEX број 31972L0445; Директива на Советот 72/462/ЕЕК од 12 декември 1972 година, CELEX број 31972L0462; Директива на Советот 73/150/EEЗ од 5 јуни 1973 година, CELEX број 31973L0150; Директива на Советот 74 / 387/EEЗ од 15 јули 1974 година, CELEX број 31974L0387; Директива на Со ветот 75/379/EEЗ од 24 јуни 1975 година, CELEX број 31975L0379; Директива на Советот 77/98/EEЗ од 21 декември 1976 година, CELEX број 31977L099 Директива на Советот 79/109/EEЗ од 24 Јануари 1979 година, CELEX број 31979L0109; Директива на Советот 79/111/EEЗ од 24 јануари 1979 година, CELEX број 31979L0111; Директива на Сове тот 80/219/EEЗ од 22 јануари 1980 година, CELEX број 31980L0219; Директива на Советот 80/1098/EEЗ од 11 ноември 1980 година, CELEX број 31980L1098 ; Директива на Советот 80/1102/EEЗ од 11 ноември 1980 година, CELEX број 31980L1102; изменета и дополнета со Директивата на Советот 85/571/EEЗ од 19 декември 1985 година, CELEX број 31985L0571; Директива на Советот 80/1274/EEЗ од 22 декември 1980 година, CELEX број 31980L1274; Директивата на Советот 81/476/EEЗ од 24 јуни 1981 година, CELEX број 31981L0476; Директива на Советот 82/61/EEЗ од 26 јануари 1982 година, CELEX број 31982L0061; Директива на Советот 82/893/EEЗ од 21 декември 1982 година, CELEX број 31982L0893; Директива на Советот 83/646/EEЗ од 13 декември 1983 година, CELEX број 31983L0646; Директива на Со ветот 84/336/EEЗ од 19 јуни 1984 година, CELEX број 1984L0336; Директива на Советот 84/643/EEЗ од 11 декември 1984 година, CELEX број 31984L0643; Директива на Советот 84/644/EEЗ од 11 декември 1984 година, CELEX број 31984L0644; Директива на Советот 85/320/EEЗ од 12 јуни 1985 година, CELEX број 31985L0320; Директива на Советот 85/586 / ЕЕК од 20 декември 1985 година, CELEX број 31985L0586; Регулатива на Советот (ЕЕК) бр 3768/85 од 20 декем ври 1985 година, CELEX број 31985L3768; Одлука на Советот 87/231/EEЗ од 7 април 1987 година, CELEX број 31987L0231; Директива на Советот 87/489/EEЗ на 22 септември 1987 година, CELEX број 31987L0489; Директива на Со ветот 88/406/EEЗ од 14 јуни 1988 година, CELEX број 31988L0406; Директива на Советот 89/360/EEЗ од 30 мај 1989 го дина, CELEX број 31989L0360; Директива на Советот 89/662/ЕЕК од 11 декември 1989 година, CELEX број 31989L0662; Директива на Советот 90/422/EEЗ од 26 јуни 1990 година, CELEX број 31990L0422l; Директива на Советот 90/423/ЕЕК од 26 јуни 1990 година, CELEX број 31990L423; Директива на Советот 90/425/ЕЕК од 26 јуни 1990 година, CELEX број 31990L0425; Директива на Советот 91 / 499/EEЗ од 26 јуни 1991 година, CELEX број 31991L0499; Директива на Советот 91/687/EEЗ од 11 декември 1991 година, CELEX број 31991L0687; Директива на Советот 92/65/ЕЕК од 13 јули 1992 годи на, CELEX број 319.920.065; Директива на Советот 92/102/ЕЕК на 27 ноември 1992, CELEX број 31992L0102; Директива на Советот 94/42/EЗ од 27 јули 1994 година, CELEX број 31994L0042; Директива на Советот 95/25/EЗ од 22 јуни 1995 го дина, CELEX број 31995L0025, Директива на Советот 97/12/EЗ од 17 март 1997 година, CELEX број 31997L0012; Дире ктива на Советот 98/99/EЗ од 14 декември 1998 година, CELEX број 31998L0099; Директива на Советот 98/46/EЗ од 24 јуни 1998 година, CELEX број 31998L0046; Директивата 2000/15/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 10 април 2000 година, CELEX број 32000L0015; Директивата 2000/20/ЕК на Европскиот парламент и на Советот од 16 мај 2000 го дина, CELEX број 32000L0020; Одлука на Комисијата 2001/298/EК од 30 март 2001 година, CELEX број 32001D0298; Ре гулатива на Комисијата (ЕК) бр 535/2002 на 21 Март 2002 година, CELEX број 32002R0535; Регулатива на Комисијата (ЕК) бр 1226/2002 од 8 јули 2002 година, CELEX број 32002R1226; Регулатива на Советот (ЕК) бр 21/2004 од 17 декем ври 2003 година, CELEX број 32004L0021; Регулатива на Советот (ЕК) бр 1/2005 од 22 декември 2004 година, CELEX број 32005L0001; Одлука на Комисијата 2006/911/EК од 5 декември 2006 година, CELEX број 32006D0911; Директива на Советот 2006/104/ЕК од 20 ноември 2006 година, CELEX број 32006L0104; Одлука на Комисијата 2007/729/EК од 7 ноември 2007 година, CELEX број 32007L0729; Директива на Советот 2008/73/EК од 15 јули 2008 година, CELEX број 32008L0073; Одлука на Комисијата 2008/984/EК од 10, декември 2008 CELEX број: 32008D0984; Одлука на Комисијата 2009/976/EК од 15 декември 2009 година, CELEX број: 32009D0976; Актот за пристапување на Данска, Ирска и Обедине тото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска L 73 14 27.3.1972 година; Актот за пристапување на Грција L 291 17 19.11.1979; Актот за пристапување на Австрија, Шведска и Финска Со 241 21 1994/08/29; Акт во врска со условите за пристапување на Република Чешка, Република Естонија, Република Кипар, Република Латвија, Република Литванија, Ре публика Унгарија, Република Малта, Република Полска, Република Словенија и Република Словачка и на корекција на договорите, на кои Европската унија е основана L 236 33 23.9.2003 година; Поправена од: поправено, OJ L 120; поправе но, OJ L 120; поправено, OJ L 64, поправено, OJ L 49; поправено, OJ L 329; поправено, OJ L 192; поправено, OJ L 133; по правено, OJ L 42, и поправено, OJ L 10. Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 2 од 62 Член 2 Одредбите на овој правилник се применуваат при ставање во промет на говеда и свињи со исклучок на диви свињи дефинирани согласно член 2 став (2) точка 2) од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Класична чума кај свињите*1 и без оглед на одредбите од Законот за безбедност на храната*2, Законот за ветеринарно здравство*3, Законот за нус производи од животинско потекло*4, Законот за заштита и благосостојба на животните*5, Законот за идентификација и регистрација на животните*6, Програмата за сузбивање на лигавка и шап*7, Правилникот за ветеринарно - здравствените услови за ставање во промет на семе за вештачко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембрио-трансфер како и официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони*8, Правилникот за вршење на ветеринарни контроли при промет на животни и производи од животинско потекло*9, Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло*10, Правилникот за општите услови за контрола на одредени болести и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување везикуларна болест кај свињи*11. Член 3 (1) Поимите утврдени во Законот за ветеринарно здравство и Законот за заштита и благосостојба на животните*12 се применуваат и во овој правилник доколку со овој правилник не се поинаку дефинирани. (2) Одредени поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) “животно наменето за колење” се говеда (вклучувајки ги и видовите Bison bison и Bubalus bubalus) или свињи наменети да бидат однесени во кланица или собирен центар од каде можат да бидат преместени само за да бидат однесени на колење; 2) “животни за размножување и производство” се животни од видот говеда (вклучувајќи ги и видовите Bison bison и Bubalus bubalus) и свињи кои се наменети за размножување, производство на млеко или месо, кои се користат за влечење, изложби и други настани со исклучок на животните наведени во точка 1) на овој став и животни кои учествуваат во културни или спортски настани; 3) “стада на говеда официјално слободни од туберкулоза” се стада на говеда кои ги исполнуваат условите за здравствена заштита дадени во Прилог 1 глава 1 точки 1) и 2) кој е составен дел на овој правилник; 4) “земја или регион официјално слободни од туберкулоза” е земја или дел од земја кој ги исполнува условите за здравствена заштита дадени во Прилог 1 глава 1 точки 5) и 6) од овој правилник; 5) “стада на говеда официјално слободни од бруцелоза” се стада на говеда кои ги исполнуваат условите за здравствена заштита дадени во Прилог 1 глава 2 точки 1) и 2) од овој правилник; 6) “регион официјално слободен од бруцелоза” е регион од земја кој ги исполнува условите за здравствена заштита дадени во Прилог 1 глава 2 точки 9) и 10) од овој правилник; 7) “земја официјално слободна од бруцелоза” е земја која ги исполнува условите за здравствена заштита дадени во Прилог 1 глава 2 точки 9), 10 и 11) од овој правилник; 8) “стада на говеда слободни од бруцелоза” се стада на говеда кои ги исполнуваат условите здравствена заштита дадени во Прилог 1 глава 2 точки 5) и 6) од овој правилник; Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 3 од 62 9) “стада официјално слободни од ензоотска леукоза кај говеда” се стада кои ги исполнуваат условите за здравствена заштита дадени во Прилог 4 глава 1 точки 1) и 2) кој е составен дел на овој правилник; 10) “земја или регион официјално слободни од ензоотска леукоза кај говеда” се регион или земја кои ги исполнуваат условите здравствена заштита дадени во Прилог 4 глава 1 точки 5) и 6) од овој правилник; 11) “болести кои задолжително се пријавуваат” се болестите заради кои ставање во промет на говеда и свињи не е дозволено и се дадени во листата од Прилог 5 глава 1 кој е составен дел на овој правилник; 12) “регион” во смисла на овој правилник е дел од територијата на Република Македонија со површина од најмалку 2000 km2 и тоа: Скопски регион во кој спаѓаат општините: Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Цантар, Чаир, Чучер – Сандево и Шуто Оризари; Североисточен регион во кој спаѓаат општините: Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане; Источен регион во кој спаѓаат општините: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пропбиштип, Чешиново – Облешево, Штип, Лозово, Свети Николе, Богданци, Василево, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица; Вардарски регион во кој спаѓаат општините: Велес, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росона, Чашка, Богданци, Валандово, Гавгелија и Дојран; Пелагониски регион во кој спаѓаат општините: Битола, Демир Хисар Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен; Југозападен регион во кој спаѓаат општините: Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа; и Полошки регион во кој спаѓаат општините: Боговиње, Врбеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јагуновце, Маврово и Ростуша, Теарце и Tетово. 13) “диви свињи” се свињи кои не се чуваат или одгледуваат на одгледувалиште; 14) „Референтна лабораторија на унијатата“ е референтна лабораторија на Европската Унијата. Глава 2 Посебни услови Член 4 (1) Само животни кои ги исполнуваат условите од овој правилник можат да се движат помеѓу Република Македонија и земја членка на Европската унијата. (2) При ставање во промет на говеда и свињи треба: а) да се изврши: контрола на идентитетот, и кличнички преглед, направен 24 часа пред движењето од страна на официјален ветеринар при што животните треба да не покажат клинички знаци на болест; б) да не доаѓаат од одгледувалиште или од област која согласно прописите за здравствена заштита на животните*13 е ставена под забрана или ограничувања заради здравствена заштита на животните што може да влијае врз здравјето на засегнатите видови на животни; в) да се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните*14 *15; г) да не се предмет на Програма за искоренување и ерадикација на заразна болест; и д) да ги исполнат условите од членовите 5 и 6 од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 4 од 62 Член 5 (1) Животните од видовите говеда и свињи, при превозот од одгледувалиштето на потекло до одгледувалиштето на крајна дестинација, не треба да бидат во контакт со други чапункари освен со животни кои имаат еднаков здравствен статус. (2) Животните од видовите говеда и свињи треба да бидат превезени со средства за превоз кои ги исполнуваат условите од Законот за заштита и благосостојба на животните*16 и кои ги исполнуваат условите од член 74 од Законот за ветеринарно здравство. (3) Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: директорот) согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство може да пропише правилата за одобрување на местата каде треба да се врши чистење и дезинфекција на средствата за превоз. Член 6 (1) Животните од видовите говеда и свињи за време на превозот до местото на крајна дестинација треба да се придружени со сертификат за здравствена состојба на животните изготвен согласно Прилог 6 образец 1 или 2 кој е составен дел на овој правилник. Сетификатот треба да е издаден на денот на прегледот на здравствената состојба на животните, на службен јазик на Република Македонија и службен јазик на земјата членка на крајна дестинација. Сертификатот е валиден десет дена сметано од денот на прегледот на здравствената состојба на животните. (2) Прегледот на здравствената состојба на животните за издавање на сертификат за здравствена состојба на животните (вкучувајки ги дополнителните гаранции) се врши на одгледувалиштето на потекло или во собирен центар. Секој сертификат за здравствена состојба на животните треба да биде издаден од официјален ветеринар по спроведена контрола, направена согласно одредбите на овој правилник. (3) Сертификат за здравствена состојба на животните треба да биде: а) во случај на животни кои доаѓаат од одобрени собирни центри: издаден врз основа на официјални документи кои ги содржат потребните податоци издадени од страна на официјален ветеринар за одгледувалиштето на потекло, или во форма на сертификат за здравствена состојба на животните согласно Прилог 6 обрзeц 1 и 2 од овој правилник со целосно пополнети и верификувани делoви А и Б од страна на официјален ветеринар за одгледувалиштето на потекло; б) во случај на животни кои доаѓаат од одобрени одгледувалишта кои се дел од мрежата за надзор од член 64 од Законот за ветеринарно здравство: издаден врз основа на официјални документи кои ги содржат потребните податоци издадени од страна на овластен ветеринар за одгледувалиштето на потекло, или во форма на сертификат за здравствена состојба на животните согласно Прилог 6 образец 1 и 2 од овој правилник со целосно пополнети и верификувани делови А и Б од страна на овластен ветеринар за одгледувалиштето на потекло. (4) За потребите на став (3) точка б) од овој член, официјалниот ветерина треба да потврди, каде е соодветно, дека се исполнети доплнителните гаранции кои се бараат на местото на крајната дестинација. (5) Официјалниот ветеринар во собирниот центар ги врши сите потребни контроли на животните кои пристигнуваат во собирниот центар. (6) Официјалниот ветеринар кој го пополнува дел В од сертификатот за здравствена состојба на животните согласно Прилог 6 образец 1 или 2 од овој правилник, треба да потврди дека сите движења на животните се регистрирани во електронскиот систем за нотификација на движење на живи животни во и надвор од Европската унијата (TRACES) Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 5 од 62 на денот кога е издаден сертификатот за здравствена состојба на животните кога тоа е побарано на местото на крајна дестинација. (7) Животните од видовите говеда и свињи може да трензитираат низ собирен центар кој е лоциран во друга земја членка на Европоската унија или на територијата на Република Македониија пред да бидат испратена кон земјата членка на Евроспката унија на крајна дестинација. Во ваков случај, сертификатот за здравствена состојба на животните даден во Прилог 6 образец 1 или 2 од овој правилник (вклучувајки го и дел В) треба да е пополнет од страна на официјалниот ветеринар од каде потекнуваат животните. Официјалниот ветеринар одговорен за собирниот центар низ кој животните транзитираат треба да издаде сертификат за здравствена состојба на животните за крајната дестинација со пополнување на втор сертификат за здравствена состојба на животните согласно Прилог 6 образец 1 или 2 од овој правилник, поврзувајки го со серискиот број на оргиналниот сертификат за здравствена состојба на животните кој се прикачува на оргиналниот сертификат за здравствена состојба на животните или на официјално заварена копија. Во овој случај комбинираниот период на валидност на сертификатот за здравствена состојба на животните не треба да го надминува периодот наведен во став (1) на овој член. Член 7 (1) При движење од или кон земја членка на Европската унијата животните кои се користат за размножување или производство покрај условите од членовите 4, 5 и 6 од овој правилник треба: а) да престојувале единствено на одгледувалиште на потекло за период од 30 дена пред да бидат натоварени, или ако се помлади од 30 дена од одгледувалиштето каде се родени. Официјалниот ветеринар треба врз основа на официјалната идентификација направена согласно член 4 став (2) точка в) од овој правилник и официјалната евиденција, да утврди дали животното ги исполнува сите услови и дали животното потекнува од Република Македонија, Европска унија или е увезено од трета земја согласно прописите од областа на ветеринарното здравство*17. Во случај животните да транзитира низ одобрен собирен центар на земјатата членкана Европската унија од која потекнуваат, периодот во кој овие животни престојуваат во собирен центар не треба да биде подолг од шест дена; б) во случај кога животните се увезени од трета земја во земја членка на Европската унија од каде треба да се превезат во Република Македонија како крајна дестинација, превозот треба да се изврши колку што е можно побрзо и практично изводливо придружени со сертификат за здравствена состојба на животните издаден согласно Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло *18, в) во случај на животни увезени од трета земја при пристигнувањето на крајната дестинација и пред нивно понатамошно движење треба да ги исполнат условите од овој правилник а особено условите за потекло од точка а) од овој став при што не смеат да бидат внесени во стадото се додека ветеринарот кој е одговорен за тоа одгледувалиште не утврди дека овие животни нема да ја загрозат здравствената состојба на животните кои се наоѓаат на одгледувалиштето. Ако животно увезено од трета земја е внесено на одгледувалиште, ни едно животно не смее да го напушти одгледувалиштето 30 дена од внесувањето на увезеното животно освен доколку увезеното животно не е изолирано од другите животни на одгледувалиштето. Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 6 од 62 (2) Животните од видот говеда наменети за размножување и производство, покрај условите од членовите 4, 5 и 6 од овој правилник треба: а) да доаѓаат од стада на говеда кои се официјално слободни од туберкулоза и, во случај на животни кои се постари од шест недели, да дадат негативна реакција на интрадермален тест на туберкулинизација направен согласно Прилог 2 точка 2.2 кој е составен дел на овој правилник или во период од 30 дена пред да го напуштат стадото на потекло или на место и под услови кои треба да се дефинирани согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство. Интрадермалниот туберкулински тест не треба да се прави доколку животните потекнуваат од земја членка или дел од земја членка на Европската унија кој има статус на официјално слободен или од земја членка или дел од земја членка на Европската унија која има одобрена мрежа за надзор; б) во случај на некастрирани животни кои доаѓаат од стада на говеда кои се официјално слободни од бруцелоза постари од 12 месеци кои покажале негативен резултат на серум аглутинациски тест (помалку од 30 меѓународни единици (international units -IU) на аглутинација на милилитар или некој друг одобрен тест направен во период од 30 дена пред животното да го напушти стадото на потекло согласно тестирањата утврдени во Прилог 3 точка 1 кој е составен дел на овој правилник. Тестот на серум аглутинација или некој друг одобрен тест не треба да се прави доколку животното потекнува од земја членка или дел од земја членка на Европската унија кој има статус на официјално слободен од бруцелоза или од земја членка или дел од земја членка на Европската унија која има одобрена мрежа за надзор; в) да доаѓаат од стада официјално слободни од ензоотска леукоза кај говеда и доколку се постари од 12 месеци да дадат негативна реакција на индивидуален тест направен во период од 30 дена пред да го напуштат стадото на потекло и ги исполнуваат условите за стада официјално слободни од ензоотска леукоза кај говеда од Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Индивидуален тест не треба да се врши доколку животните потекнуваат од земја членка или дел од земја членка на Европската унија кој има статус на официјално слободен од ензоотска леукоза кај говеда или од земја членка или дел од земја членка која има одобрена мрежа за надзор; и г) за време на превозот од одгледувалиштето на потекло до крајната дестинација животните може да бидат во контакт само со животни кои ги исполнуваат условите од став (3) на овој член. (3) Животните од видот говеда кои се наменети за колење треба, покрај условите од членовите 4, 5 и 6 од овој правилник да доаѓаат од одгледувалишта кои се официјално слободни од туберкулоза, официјално слободни од ензооотска леукоза кај говеда и во случај на некастрирани говеда треба да се од стада кои се официјално слободни од бруцелоза. Член 8 (1) Националната референтна лабораторија ги координира стандардите и методите за дијагноза од Прилозите 1, 2, 3 и 4 од овој правилник. (2) Националната референтна лабораторија ги врши тестирањата согласно методите дадени во Прилог 2 и 3 од овој правилник како и Прилог 4 глава 2 од овој правилник. Член 9 (1) Животните од видовите говеда и свињи наменети за колење кои во Република Македонија се внесени во кланица треба да бидат заклани во истата во најкраток можен рок а најдоцна 72 часа по нивното пристигнување и во согласност со условите за здравствена заштита на животните. Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 7 од 62 (2) Животните од видовите говеда и свињи наменети за колење кои во Република Македонија се внесени во одобрен собирен центар по нивната продажба треба да бидат преместени директно во кланица на колење во најкраток можен рок а најдоца по три работни дена по пристигнувањето во собирниот центар и во согласност со условите за здрвствена заштита на животните. За време на нивниот превоз до собирен центар и потоа до кланица не треба да дојдат во контакт со чапункари освен со животни кои ги исполнуваат условите од членовите 4, 5, 6 и 7 од овој правилник. Член 10 (1) Секој сомнеж на присуство на некоја од болестите дадени во Прилог 5 глава 1 од овој правилник задолжително треба да биде пријавено. (2) Секоја година до 31 мај, Агенцијата, до Европската Комисија доставува детални податоци во однос на појавата на некоја од болестите дадени во Прилог 5 глава 1 од овој правилник како и за секоја друга болест за која се бараат дополнителни гаранции согласно прописите од областа на ветеринарното здравсто*19 на територијата на Република Македонија за секоја измината календарска година вклучувајки и детални податоци за мониторингот и програмите за ерадикација кои се примануваат во Република Македонија. (3) Обрасците за податоците од став (2) на овој член кои се праќаат до Европската Комисија се дадени во Прилог 7 кое е составен дел на овој правилник. Член 11 (1) Во случај на програми за некоја од заразните болести дадени во Прилог 5 глава 2 од овој правилник кои се во сила за целата или за дел од територијата на Република Македонија, Агенцијата треба до Европската Комисија да приложи содржина на наведените програми, особено за: раширеноста на болеста на територијата на Република Македонија, причините за воведувањето на програмата, земајки ги во предвид значењето на болеста и бенефитот од спроведувањето на програмата во однос на трошоците за нејзиното спроведување, географската област во која програмата ќе биде спроведувана, статусите и категориите на одгледувалиштата на животни, стандардите кои треба да бидат запазени за секоја категорија, како и протоколите на теситирање кои ќе се користат, постапките на програмите за мониторинг, и резултатите кои на годишно ниво треба да се достават до Европската Комисија, активностите кои треба да се преземат доколку поради некоја причина одгледувалиштата ги изгубиле нивните статуси, и мерките кои треба да се превземат доколку резултатите од спроведените тестирања направени соглансо одредбите на приграмата се позитивни. Член 12 Доколку Агенцијата смета дека целата територија или дел од територијата на Република Макдонија е слободен од некоја од болестите дадени во Прилог 5 глава 2 од овој правилник, треба до Европската Комисија да достави соодветна придружна документација, а особено за: природата на болеста и историјата на нејзиното појавување на нејзината територија, резултатите од тестовите за надзор врз основа на серолошки, микробиолошки, патолошки или епидемиолошки истраги и на фактот дека болест законски треба да биде пријавена до Агенцијата, периодот во кој се спроведува надзор, каде што е применливо, периодот во кој вакцинација против оваа болест е забрането и географска област од засегната со забрана, и Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 8 од 62 активностите за проверка на отсуство на болеста. Член 13 Агенцијата, доколку утврди неправилности во однос на исполнувањето на некој од одредбите на овој правилник, превзема соодветни мерки за заштита на здравјето на животните со цел спречување на ширењето на болеста. Во зависност од околностите на настанот, мерките кои Агенцијата може да ги превземе се состојат од: а) завршување на превозот до местото на дестинација или враќање до местото на поаѓање по најкраток пат, доколку овие активности не го загрозуваат здравјето или благосостојбата на животните; б) организирање на престој на животните во соодветно сместување со соодветна грижа во случај на прекин на патувањето; в) организирање на колење на животните, при што крајната дестинација и употреба на ваквите животни по колењето се врши согласно: Законот за безбедност на храната*20, или Законот за нус-производи од животинско потеклои*21, доколку здравствената состојба на животните не може да се утврди или каде што истите би можеле да пртставуваат ризик за здравјето на животните или јавното здравје. Во случај, кога се применуваат одредбите од Законот за нуспроизводи од животинско потекло*22 периодот на регулирањето може да се усклади со сопственикот или неговиот застапник пред да се донесе конечната одлука. Глава 3 Преодни и завршни одредби Член 14 Одложна примена Одредбите од членовите 4, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 на овој правилник ќе отпочнат да се примануваат со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската унијата. Член 15 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-1569/3 Директор 15 април 2013 година на Агенцијата за храна Скопје и ветеринарство, Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 9 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 10 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 11 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 12 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 13 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 14 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 15 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 16 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 17 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 18 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 19 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 20 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 21 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 22 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 23 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 24 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 25 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 26 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 27 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 28 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 29 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 30 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 31 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 32 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 33 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 34 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 35 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 36 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 37 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 38 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 39 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 40 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 41 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 42 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 43 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 44 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 45 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 46 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 47 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 48 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 49 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 50 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 51 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 52 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 53 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 54 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 55 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 56 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 57 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 58 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 59 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 60 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 61 од 62 Службен весник на РМ, бр. 63 од 29.4.2013 година 62 од 62