跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on conditions for placing on the market of aquaculture, its purpose, and manner of official controls in marketing of aquaculture

颁布于 2013-06-05 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за условите за ставање во промет на аквакултура, нејзината намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на аквакултура.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Fisheries and aquaculture
关键词
aquaculture, institution, internal trade, international trade, governance
类别
*

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 1 од 27 20130851966 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА АКВАКУЛТУРА, НЕЈЗИНАТА НАМЕНА, КАКО И НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ ПРИ СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА АКВАКУЛТУРА(*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите за ставање во промет на аквакултура, нејзината намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на аквакултура. Член 2 (1) Одредбите од овој правилник се применува на: 1) болестите и видовите аквакултура кои се приемчиви на нив, наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1); 2) видови на животни вектори; 3) условите за ставање во промет на украсни водни животни што потекнуваат или се наменети за затворени објекти за украсни видови животни и 4) условите за сертификација при ставање во промет на: аквакултура наменета за одгледување, вклучително и области за повторно насадување, води за рекреативен риболов и отворени објекти за украсни видови и порибување и аквакултура и производи од аквакултура наменети за исхрана на луѓе. (2) Одредбите од овој правилник не се применуваат на аквакултура и производи од аквакултура кои се наменети за ставање во промет за научни цели. Ставањето во промет за научни цели не треба да го загрозува здравствениот статус на аквакултурата на дестинацијата или на локациите на транзит во однос на болестите наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) и се врши по претходно известување на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата). Член 3 (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон се применуваат и во овој правилник. (2) Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: () Со овој правилникот се врши усогласување со ДИРЕКТИВАТА НА СОВЕТОТ 2006/88/ЕЗ од 24 октомври 2006 за здравствените барања за аквакултурата и производи од аквакултура, и за спречување и контрола на одредени болести кај водни животни, број 32006L0088; со последната измена со Директива на Комисијата 2008/53/EЗ, број 32008L0053 и РЕГУЛАТИВАТА НА КОМИСИЈАТА (ЕЗ) бр. 1251/2008 од 12 декември 2008 за имплементирање на Директивата на Советот 2006/88/EЗ во врска со условите и барањата за сертификација за ставање во промет и увоз во Заедницата на животни од аквакултура и производи од аквакултура и за утврду вање на листа на векторски видови, број 32008R1251. Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 2 од 27 1) „затворени објекти за украсни видови животни“ се продавници за домашни миленици, украсни езерца во градини, аквариуми или објекти за трговија на големо со украсни водни животни кои: немаат контакт со природните води или се опремени со системи за третман на отпадни води со што се намалува ризикот од пренесување на болестите на природните води до прифатливо ниво; 2) „отворени објекти за украсни видови животни“ се сите објекти за украсни видови животни кои не се опфатени со поимот затворени објекти за украсни видови животни и 3) „порибување“ е ослободување на аквакултура во природните води. Член 4 (1) За да стави во промет аквакултура, објектите за производство на аквакултура треба да се одобрени од страна на Агенцијата и да ги исполнуваат одредбите од член 5 од овој правилник. (2) Во случај кога повеќе објекти за производство на аквакултура за мекотели се наоѓаат во еден дел каде се одгледуваат мекотели, едно одобрение може да важи за сите објекти. (3) Центрите за испорака, центрите за пречистување или сличните дејности лоцирани во дел каде се одгледуваат мекотели во секој случај треба да имаат поединечно одобрение. (4) За да стави во промет производи од аквакултура, објектите за преработка на аквакултура во кои се преработува аквакултура во случај на потврда на егзотична болест согласно член 10 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*9) треба да се одобрени од страна на Агенцијата и да ги исполнуваат одредбите од член 5 од овој правилник. (5) Објекти за производство на аквакултура и објекти за преработка на аквакултура треба да имаат единствен број на одобрение. (6) По исклучок од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, следните објекти треба да бидат регистрани: 1) објекти во кои не се врши производство на аквакултура и каде водните животни кои се чуваат не се ставаат во промет, 2) рибници за рекреативен риболов и 3) објекти за производство на аквакултура кои ставаат во промет аквакултура исклучиво за исхрана на луѓе во согласност со член 60 став (3) точка 3) од Законот за безбедност на храната(*10). (7) Во случаите од став (6) на овој член, одредбите од овој правилник, Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни и Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*11) се применуваат mutatis mutandis, земајќи ги во предвид природата, карактеристиките и состојбата на објектот, рибникот за рекреативен риболов или дејноста за која се работи и ризикот од ширење на болести на водните животни кон други популации на водни животни како резултат на нивното работење. Член 5 (1) Објектите за производство на аквакултура и објектите за преработка на аквакултура од членот 4 ставови (1), (2), (3) и (4) на овој правилник, треба: 1) да се во согласност со одредбите од членовите 7, 8 и 9 на овој правилник и 2) субјектите кој управуваат со нив да има воспоставено систем со кој може да се потврди усогласеноста со одредбите од членовите 7, 8 и 9 на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 3 од 27 (2) Доколку се јави ризик од ширење на болестите на фарми, делови каде се одгледуваат мекотели или на диви водни животни во близина на фармата или делот каде се одгледуваат мекотели одобрението се повлекува. (3) Пред да се донесе одлука за повлекување на одобрението, треба да се земат во предвид мерките кои се преземаат за ублажување на ризикот, вклучувајќи и можна алтернативна местоположба. (4) Објектите за производство на аквакултура и објектите за преработка на аквакултура треба на Агенцијата да ги стават на располагање сите потребни податоци, вклучително и потребните податоци дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, за да се процени исполнетоста на одобрувањето. Член 6 За објектите за производство на аквакултура и објектите за преработка на аквакултура се води евиденција при што истата ги содржи најмалку податоците дадени во Прилог 1 на овој правилник. Член 7 (1) Субјектите кои управуваат со објектите за производство на аквакултура треба да водат евиденција за: 1) движењето на аквакултурата и производите од аквакултура во и надвор од фармата или делот каде се одгледуваат мекотели; 2) смртноста во секоја епидемиолошка единица, соодветно за видот на производство и 3) резултатите од шемата за надзор на здравствената состојба од член 9 на овој правилник. (2) Објектите за преработка на аквакултура треба да водат евиденција за секое движење на аквакултурата и производите од аквакултура во и надвор од објектот. (3) При превоз на аквакултура, превозникот треба да води евиденција за: 1) смртноста во текот на превозот, соодветно за типот на превозот и видовите на аквакултура што се превезуваат; 2) фармите, деловите каде се одгледуваат мекотели и објектите за преработка на аквакултура што се посетени со превозните средства и 3) секоја размена на вода во текот на превозот, а особено за изворите на новата вода и местата каде се испушта вода. (4) Без да е во спротивност со посебните барања за следливост, секое движење евидентирно од објекти за производство на аквакултура, како што е наведено во став (1) точка 1) на овој член, треба да биде регистрирано на начин со кој се гарантира следливост на местото на потекло и дестинацијата и може да се врши во електронска форма. Член 8 Субјектите кои управуваат со објекти за производство на аквакултура и субјектите кои управуваат со објекти за преработка на аквакултура треба да имаат воспоставено добра хигиенска пракса, соодветно за типот на производство, за да се спречи внес и ширење на болести. Член 9 (1) Фармите и деловите каде се одгледуваат мекотели треба да имаат воспоставено шема за надзор на здравствената состојба, заснована на ризик, соодветно за типот на производство. (2) Шемата за надзор на здравствената состојба, заснована на ризик, од став (1) на овој член, има за цел откривање на: Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 4 од 27 1) зголемена смртност во сите фарми и деловите каде се одгледуваат мекотели, соодветно за типот на производство и 2) болестите од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1), во фарми и деловите каде се одгледуваат мекотели каде има видови кои се приемчиви на тие болести. (3) Препораките за фрекфенцијата на шемите за надзор на здравствената состојба, во зависност од здравствениот статус на зоната или одделот, се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Овој надзор се применува без да е во спротивност со земањето примероци и надзорот кои се вршат во согласност со членовите 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, и 19 од Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*6) или Законот за ветеринарно здравство(*3)(*14). (4) Шемата за надзор на здравствената состојба од став (1) на овој член, заснована на ризик, треба да ги земе во предвид упатствата утврдени од директорот на Агенцијата согласно членот 10-а од Законот за ветеринарно здравство. Член 10 (1) Ставањето во промет на аквакултура и производи од аквакултура не треба да го загрозува здравствениот статус на животните на дестинациајата во однос на болестите наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1). (2) Движењето на аквакултурата, особено во однос на движењето меѓу зони и оддели со различни здравствени статуси, се врши во согласност со овој правилник и Прилогот 1 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*2). Член 11 (1) При превозот треба да се обезбеди дека: 1) се преземени потребните мерки за спречување болести при транспорт на аквакултурата со цел да не се промени здравствениот статус на аквакултурата која се транспортира, како и да се намали ризикот од ширење на болести и 2) аквакултурата се транспортира под услови кои не го менуваат нивниот здравствен статус ниту го загрозуваат здравствениот статус на животните на дестинацијата и при транзит. (2) Одредбите од ставот (1) од овој член се применува и на болестите и видовите аквакултура кои се приемчиви на нив, а кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1). (3) Промената на вода при превозот треба да се врши на локации и под услови кои не го загрозуваат здравствениот статус на: 1) аквакултурата која се превезува, 2) аквакултурата која се наоѓа на местото на промена на вода и 3) аквакултурата на дестинацијата. Член 12 (1) При ставање во промет, во случај кога животните се внесуваат во зона или оддел кој е слободен од болести во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3) или подлежи на надзор или програма за искоренување болести во согласност со Законот за ветеринарно Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 5 од 27 здравство(*4), аквакултурата треба да биде придружена со ветеринарно здравствен сертификат за: 1) одгледување и порибување или 2) понатамошна обработка пред да се стават во промет за исхрана на луѓе, освен кога: (а) рибите, пред испраќање се убиваат, колат и евисцерираат и (б) мекотелите и раковите се испраќаат како непреработени или преработени производи. (2) При ставање во промет, во случај кога животните се изнесуваат од зона или оддел во кој се применуваат контролни мерки во согласност со членовите 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 од Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*5), аквакултурата треба да биде придружена со ветеринарно здравствен сертификат. (3) Одредбите од ставот (2) на овој член се применуваат и за болестите и видовите аквакултура кои се приемчиви на нив, а кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) Член 13 (1) Аквакултурата која се става во промет треба да биде во согласност со одредбите од членовите 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, и 19 од Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*6) и да: 1) биде клинички здрава и 2) да не доаѓа од фарма или дел каде се одгледуваат мекотели каде има нерешени случаи на зголемена смртност. (2) Одредбите од ставот (1) од овој член се применуваат и на болестите и видовите аквакултура кои се приемчиви на нив, а кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) (3) По исклучок од став (1) точка 2) од овој член Агенцијата, врз основа на процена на ризикот, може да одобри ставање во промет на аквакултура од фарма или дел каде се одгледуваат мекотели, доколку фармата или делот каде се одгледуваат мекотели е независен од епидемиолошката единица каде се појавила зголемена смртност. (4) Аквакултурата која треба нештетно да се отстрани и уништи или да се убие и заколе во согласност со мерките за сузбивање и искоренување на болести дадени во членовите 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, и 19 од Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*6) не треба да се стави во промет за одгледување и порибување. (5) Аквакултурата може да се користи за порибување или да се пушти во рекреативни рибници, доколку: 1) ги исполнуваат условите од став (1) на овој член и 2) потекнуваат од фарма или дел каде се одгледуваат мекотели со здравствен статус даден во Прилог 1 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*2), кој е најмалку еднаков на здравствениот статус на водите каде треба да се ослободуваат. (6) Агенцијата може да донесе одлука аквакултурата да доаѓа од зона или оддел кој е слободен од болести во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3). Член 14 (1) При внес на аквакултура за одгледување или за порибување во зона или оддел кои се слободни од болест во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3), видовите на Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 6 од 27 аквакултура кои се приемчиви на таа болест треба да потекнуваат од зона или оддел кои се исто така слободни од таа болест. (2) По исклучок од став (1) на овој член, доколку научно може да се докаже дека видовите аквакултура кои се приемчиви на одредена болест во одредени животни стадиум не ја пренесуваат таа болест, аквакултурата може да се внесе во тие животни стадиуми. (3) Директорот на Агенцијата согласно членот 10-а од Законот за ветеринарно здравство може да усвои листа на видови аквакултура и животни стадиуми за кои се применува ставот (2) на овој член, и кога е неопходно да ја изменува за да се земат во предвид научните и технолошките достигнувања. Член 15 (1) Доколку податоците од научните истражувања или искуството од пракса покажуваат дека видовите аквакултура, кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1), можат да бидат вектори на одредена болест, треба да се обезбеди дека при нивното внесување во зона или оддел слободни од таа болест во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3), заради одгледување или порибување истите: 1) потекнуваат од зона или оддел кои се слободни од таа болест или 2) се чуваат во карантин во вода во која не е присутен причинителот на болеста за која станува збор, за временски период, што со податоците од научните истражувања или искуството од пракса, е докажано дека е доволен за да се намали ризикот за пренесување на болеста на прифатливо ниво. (2) Видовите на аквакултура кои можат да бидат вектори и животните стадиуми на тие видови се дадени во Прилог 3, колона 2 од табелата, кој е составен дел на овој правилник и се сметаат за вектори само доколку ги исполнуваат условите од колона 3 и 4 од таа табела. Член 16 (1) Аквакултурата која е приемчива на една или повеќе не-егзотични болести дадени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат (*1) и производите од аквакултурата, можат да се стават во промет за понатаношна преработка во зона или оддел кои се слободни од болести во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3), доколку ги исполнат еден од следните услови: 1) да доаѓаат од зона или оддел слободни од болеста; 2) да се преработени во одобрен објект во услови со кои се спречува ширење болести; 3) рибите да се убиваат, колат и евисцерираат пред испраќање или 4) мекотелите и раковите да се испраќаат како непреработени или преработени производи. (2) При ставање во промет за понатамошна преработка на жива аквакултура од видови кои се приемчиви на една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) во зона или оддел кој е слободен од тие болести во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3) може привремено да се складираат на местото на преработка доколку: 1) доаѓаат од зона или оддел кој е слободен од таа болест или 2) привремено се чуваат во центри за испорака, пречистителни центри или слично кои поседуваат систем за третман на отпадни води со кој се уништува причинителот на болеста, или каде отпадната вода подлежи на други видови третмани со кои се намалува ризикот од пренесување на болестите во природните води до прифатливо ниво. Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 7 од 27 Член 17 (1) Аквакултурата од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) или нивни производи, кои се ставаат во промет за исхрана на луѓе без понатамошна преработка, доколку тие се спакувани во пакувања за продажба на мало, треба да бидат во согласност со одредбите за пакување и означување пропишани во Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло(*7). (2) Живите мекотели и ракови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) кои се внесуваат во центри за испорака, пречистителни центри или слично, треба да бидат во согласност со член 16 став (2) од овој Правилник. Член 18 (1) Диви водни животни од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1), кои се заловени во зона или оддел кои не се слободни од болести во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3), треба да се ставаат во карантин во соодветни објекти и да бидат под надзор на Агенцијата за период кој е доволен да се намали ризикот од пренос на болеста до прифатливо ниво, пред да можат да се пуштат во фарма или дел каде се одгледуваат мекотели во зона или оддел кои се слободни од таа болест во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3). (2) По исклучок од став (1) на овој член, Агенцијата може да дозволи екстензивнo одгледување на аквакултура на традиционален начин, без примена на карантин, доколку при процена на ризикот се утврди дека ризикот не е поголем од очекуваниот при примена на став (1) од овој член. Член 19 (1) Ставањето во промет на украсни водни животни не треба да го загрозува здравствениот статус на водните животни во однос на болестите од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1). (2) Одредбите од став (1) на овој член се применуваат и на болести кои не се дадени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1). Член 20 (1) Движењата на украсните водни животни се предмет на известување според информатички систем. (2) До воспоставувањето на системот од став (1) на овој член, движењата на украсните водни животни се известуваат преку телефон, факс, писмо, електронска пошта или друго, каде што животните: 1) доаѓаат од објекти за украсни видови животни; 2) се наменети за затворени објекти за украсни видови животни каде зоната или одделот: се слободни од една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 8 од 27 пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3) или подлежи на надзор или програма за искоренување болести во согласност Законот за ветеринарно здравство(*4) и 3) се од видовите кои се приемчиви на една или повеќе болести од кои зоната или одделот се слободни, или кои се подложени на надзор или програма за искоренување на болести, како што е наведено во точка 2) од овој став. (3) Украсните водни животни што се чуваат во затворени објекти за украсни видови животни не треба да се пуштат во отворени објекти за украсни видови животни, фарми, области за повторно насадување, води за рекреативен риболов и делови каде се одгледуваат мекотели или во природата, освен доколку тоа не е одобрено од страна на Агенцијата. (4) Агенцијата може да даде одобрување од став (3) на овој член доколку пуштањето не ја загрозува здравствената состојба на водните животни на местото на пуштањето и доколку се преземат соодветни мерки за намалување на ризикот. Член 21 Пратките со аквакултура наменети за одгледување, повторно насадување, води за рекреативен риболов, отворени објекти за украсни видови животни и порибување треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 4 Дел 1 кој е составен дел на овој правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствениот сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8), каде што аквакултурата: 1) се внесува во зона или оддел: (а) во кои нема присуство на една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3) или (б) кои се подложени на надзор или програма за искоренување болести во согласност Законот за ветеринарно здравство(*4) и 2) е од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите, или се видови вектори на една или повеќе од болестите што ги нема во зоната или одделот, или кои се подложени на надзор или програма за искоренување, како што е наведено во точка 1) од овој став. Член 22 (1) Пратките со аквакултура и производи од аквакултура за понатамошна преработка пред да се користат за исхрана на луѓето, треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 4 Дел 2 на овој Правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствен сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 9 од 27 живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8), каде што аквакултурата: 1) се внесува во зона или оддел: (а) во кои нема присуство на една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3) или (б) кои се подложени на надзор или програма за искоренување болести во согласност Законот за ветеринарно здравство(*4) и 2) е од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите што ги нема во зоната или одделот, или кои се подложени на надзор или програма за искоренување, како што е наведено во точка 1) од овој став. (2) Став 1 од овој член не се применува на: 1) риби што пред испраќањето биле убиени, заклани и евисцерирани; 2) мекотели или ракови, кои се наменети за исхрана на луѓето и се спакувани и означени во согласност со Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло(*7), и кои: (а) не можат да опстанат како живи животни доколку се вратат во животната средина од која потекнуваат или (б) се наменети за понатамошна преработка без привремено складирање на местото на преработката и 3) аквакултура и производи од аквакултура кои се ставаат во промет за исхрана на луѓето без понатамошна преработка, доколку се спакувани во пакувања за продажба на мало кои се во согласност со одредбите за пакување и означување пропишани во Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло(*7). Член 23 Пратките со живи мекотели и ракови, наменети за центри за прочистување, центри за испорака и слични трговски дејности пред да се искористат за исхрана на луѓето, треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 4 Дел 2 на овој Правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствен сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8) на овој правилник, каде што животните: 1) се внесуваат во зона или оддел: (а) во кои нема присуство на една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*3) или (б) кои се подложени на надзор или програма за искоренување болести во согласност Законот за ветеринарно здравство(*4) и 2) се од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите што ги нема во зоната или одделот, или кои се подложени на надзор или програма за искоренување, како што е наведено во точка 1) од овој став. Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 10 од 27 Член 24 (1) Пратките со аквакултура и производи од аквакултура кои доаѓаат од зони и оддели кои се предмет на мерки за контрола на болести во согласност со членовите 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 од Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*5), но за кои од страна на Агенцијата е дозволено ослободување од мерките за контрола на болести, треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со обрасците дадени во: 1) Прилог 4 Дел 1 на овој Правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствен сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8) за пратките што се состојат од аквакултура наменета за одгледување, области за повторно насадување, води за рекреативен риболов, отворени објекти за украсни видови животни или порибување и 2) Прилог 4 Дел 2 на овој Правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствен сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8) за пратките што се состојат од аквакултура и производи од аквакултура, наменети за понатамошна преработка, центри за прочистување, центри за испорака или слични трговски дејности пред да се искористат за исхрана на луѓе. (2) Пратките со аквакултура наменета за одгледување, области за повторно насадување, води за рекреативен риболов, отворени објекти за украсни видови животни или порибување треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со образецот даден во Прилог 4 Дел 1 на овој Правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствен сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8) доколку: 1) се изнесуваат од зона или оддел каде се спроведува програма за сузбивање и искоренување во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*4) и 2) се од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите, или се видови вектори на една или повеќе од болестите за кои се применува програмата за сузбивање и искоренување од точка 1) на овој став. (3) Пратките со аквакултура и производи од аквакултура наменети за понатамошна преработка, центри за прочистување, центри за испорака или слични трговки дејности пред да се искористат за исхрана на луѓето, треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат пополнет во согласност со обрасците дадени во Прилог 4 Дел 2 на овој Правилник и упатството за пополнување на ветеринарно здравствен сертификат дадено во Прилог 7 Дел 9 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 11 од 27 ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*8), доколку: 1) се изнесуваат од зона или оддел каде се применува програма за искоренување и сузбивање на болести во согласност Законот за ветеринарно здравство(*4) и 2) се од видовите кои се приемчиви на една или повеќе од болестите за кои се применува програмата за искоренување и сузбивање од точка 1) на овој став. (4) Овој член не се применува на: 1) риби што пред испраќањето биле убиени, заклани и евисцерирани; 2) мекотели или ракови, кои се наменети за исхрана на луѓето и се спакувани и означени во согласност со Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло(*7), и кои: (а) не можат да опстанат како живи животни доколку се вратат во животната средина од која потекнуваат или (б) се наменети за понатамошна преработка без привремено складирање на местото на преработката и 3) аквакултура и производи од аквакултура кои се ставаат во промет за исхрана на луѓето без понатамошна преработка, доколку се спакувани во пакувања за продажба на мало кои се во согласност со одредбите за пакување и означување пропишани во Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло(*7). Член 25 Во случај кога пред да се издаде ветеринарно здравствениот сертификат треба да се изврши инспекција, аквакултура од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите, или видови вектори на една или повеќе од болестите наведени во тој сертификат, не треба да се внесува во фармата или делот каде се одгледуваат мекотели во периодот помеѓу инспекцијата и товарањето на пратката. Член 26 Официјалните контроли на аквакултурата која е предмет на овој правилник се состојат најмалку од редовен преглед, посета, аудит и, кога е потребно, земање примероци, врз основа на процената на ризикот што го носат објектите за производство на аквакултура и објектите за преработка на аквакултура во однос на контакт со болести и ширење болести. Препораки за фрекфенцијата на овие контроли, во зависност од здравствениот статус на зоната или одделот, се дадени во Прилог 2 на овој правилник. Член 27 Одредбите од членовите 21, 22, 23 и 24 на овој правилник ќе отпочнат да се применуваат со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 28 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-1899/3 Директор на Агенција 5 јуни 2013 година за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 12 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 13 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 14 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 15 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 16 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 17 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 18 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 19 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 20 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 21 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 22 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 23 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 24 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 25 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 26 од 27 Службен весник на РМ, бр. 85 од 12.6.2013 година 27 од 27