Regulation on care and welfare of experimental animals
颁布于 2010-07-30 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за заштита и благосостојба на експериментални животни.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal welfare, research
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 1 од 36 20101102138 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 14 став (2), член 17 став (6) и член 18 став (8) од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ЖИВОТНИ (∗) Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат условите во поглед на грижата и сместувањето на животните наменети за експериментални цели, формата и содржината на регистарот и начинот на постапката на регистрацијата, техничките услови, начинот на водење евиденција и начинот на вршење на надзор на институциите за одгледување или снабдување со екпериментални животни како и формата и содржината на регистерот, начинот на регистрација, техничките услови, начинот на водење евиденција и начинот на вршење на надзор на институциите корисници. Член 2 Функционалност (1) Конструкцијата на објектите каде се сместуваат експерименталните животни треба да е таква да обезбедува средина соодветна за видот што се држи. Објектите треба да бидат дизајнирани така да оневозможат пристап на неовластени лица. Доколку објектите каде се држат експерименталните животни се дел од поголем комплекс на објекти, треба да бидат така поставени и организирани да спречат неовластено влегување и движење. (2) Во објектите каде се држат животните треба да има воспоставени процедури и упатства за оддржување и функционирање на опремата кои јасно ќе бидат истакнати со цел да се превенира настанувањето на дефекти на опремата. Член 3 Простории за држење на животните (1) За да се задоволат основните хигиенски стандарди во просториите и истите да се задржат на задоволително ниво треба да се обезбеди нивно правилно и ефикасно чистење. Таванот и ѕидовите треба да бидат отпорни на оштетувања и тие треба да се изградени од површина која е мазна, непропустлива и лесна за чистење и дезинфекција. Посебно внимание треба да се посвети на спојките на вратите, каналите, цевките и каблите. Вратите и прозорците доколку ги има, треба да се така конструирани, да спречуваат влез на други животни. Доколку е можно, може да се вгради прозорец за набљудување во ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директива на советот 86/609/ЕЗ од 24 Ноември 1986 годи на за за приближување на законите, регулативите и административните одредби на земјите-членки кои се однесуваат на заштита на животните кои се користат за експериментални и други научни цели 31986L0609 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 2 од 36 вратите од просториите каде се држат животните. Подот треба да биде мазен, непропустлив и површината да не е лизгава и да е лесна за чистење и дезинфекција, а да биде доволно цврста за да може да ја издржи тежината на сталажите и другата тешка опрема, без да се оштети. Одводите, треба да бидат покриени со соодветна бариера за да се оневозможи влез и излез на животните. (2) Просториите каде што животните можат да се движат слободно треба да имаат ѕидови и подови чија површина е изградена од материјал кој е отпорен на абење и оштетување. Материјалот не треба да биде штетен по здравјето на животните и да е таков да превенира повреди кај животните. Во просториите каде животните се движат слободно треба да има соодветни одводи. Треба да се обезбеди дополнителна заштита на опремата или приборот за да не дојде до оштетување на истата или да не се повредат животните. Таму каде што има испусти за животните треба да се превземат мерки за да се оневозможи пристап на неовластени луѓе или други животни. (3) Просториите кои се наменети за држење на фармски животни (говеда, овци, кози, свињи, коњи, живина и сл.) треба да ги исполнуваат условите утврдени со прописите од областа на ветринарното здравство. (4) Просториите каде се држат глодари може да се користат за држење на други видови експериментални животни. Некомпатибилни видови животни не треба да се држат заедно. (5) Доколку за тоа има потреба во просториите за држење животни може да се држи опрема за вршење на помали експерименти. Член 4 Лаборатории и останати општи и посебни простории за експерименти (1) Во институциите за одгледување и снабдување со експериментални животни треба да се обезбеди соодветна опрема и простории за подготовка на пратките со животни. (2) Институциите за одгледување и снабдување со експериментални животни и институциите корисници треба да поседуваат лабораториски услови за спроведување на едноставни дијагностички тестови, пост мортем испитувања, и/или собирање на примероци кои треба да се испратат на понатамошни лабораториски испитувања. (3) При приемот на нови животни треба да се обезбедат услови истите да се сместат во карантинска просторија, така да новите животни не ги изложуваат на ризик животните кои се веќе присутни во објектот. Во случај кога експериментот или опсервацијата не е пожелно да се изведуваат во просториите каде се чуваат животните треба да се обезбедат соодветни простории за експерименти со општа или посебна намена. (4) За болни или повредени животни треба да се обезбеди соодветно сместување и истите да се чуваат одвоено од другите животни. (5) Доколку експериментите со животни налагаат потреба од хируршки интервенции, во институциите треба да има една или повеќе посебни операциони сали кои се соодветно опремени за изведување на хируршки експерименти под асептични услови како и простории за пост-оперативна нега на животните. Член 5 Други простории (1) Магацинските простории за складирање на храна треба да бидат ладни, суви и заштитени од штетници и инсекти. Просториите за чување на простирката, треба да бидат суви и заштитени од штетници и инсекти. Другите материјали, кои може лесно да се контаминираат или да претставуваат опасност, треба да се чуваат одвоено. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 3 од 36 (2) Институциите треба да имаат и магацински простории за чување на чисти кафези, инструменти и друга опрема. (3) Просториите за чистење и перење треба да бидат доволно големи за да може во нив да се смести неопходната опрема за деконтаминација и чистење. Процесот на чистење треба да биде така организиран за да се спречи контаминацијата на новата и чиста опрема. Ѕидовите и подот треба да бидат прекриени со материјал кој може лесно да се чисти и дезинфицира. Вентилацискиот систем треба да има голем капацитет за да може да го отстрани вишокот топлина и влажност. (4) Треба да се обезбедат услови за хигиенско сместување и отстранување на лешевите и животинскиот отпад. Доколку не е возможно или нема услови да се изврши спалување на лице место, треба да се направат соодветни мерки за нештетно отстранување на таквиот материјал во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. Треба да се внимава кога е во прашање високо токсичен или радиоактивен отпад и за таа цел да се превземат посебни мерки на претпазливост. (5) Конструкцијата и градбата на просторот за манипулација треба да е во согласност со стандардите на просториите за држење на експериментални животни. Ходниците треба да бидат доволно широки за да овозможи лесен проток на подвижната опрема. Член 6 Вентилација (1) Просториите за држење на експерименталните животни треба да имаат адекватен вентилациски систем кој треба да ги задоволува потребите на видот на животни кои се таму сместени. Целта на системот за вентилација е да обезбеди свеж воздух и да го отстранува непријатниот мирис, штетните гасови, прашината и инфективните агенси од било која природа. Исто така вентилацискиот систем треба да обезбедува ефикасно отстранување на вишокот топлина и влага. (2) Воздухот во просторијата треба да се обновува во чести интервали. Вентилациониот интервал нормално треба да биде од 15 – 20 промени на воздухот во час. Во оние случаи каде што густината на населеноста е мала, може да биде 8 – 10 промени на воздухот во час, или пак механичка вентилација воопшто да не е потребна. По потреба може да се врши почеста промена на воздухот во просториите. Рециркулација на непрочистен воздух треба да се избегнува. Неодржувањето на хигиената на задоволително ниво не треба да се компензира со користење на ефикасни системи за вентилација. (3) Вентилациониот систем треба да биде така конструиран за да не создава штетен провев. (4) Пушењето во просториите каде се држат животните треба да е забрането. Член 7 Температура (1) Температурниот режим во просториите треба да биде во согласност со вредностите наведени во табелата 1 од Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Овие вредности важат за возрасни и здрави животни. За новородените и младите животни треба да се обезбеди повисока температура од наведената. Температурата во просториите треба да биде регулирана согласно можните промени на терморегулацијата на животните која може да настане како резултат на посебни физиолошки состојби или како резултат на ефектите од самиот експеримент. (2) Во зависност од климатските услови, вентилацискиот систем треба да е таков да може да го загрева или лади воздухот во просториите. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 4 од 36 (3) Во институциите корисници кои вршат експерименти со животни, во просториите за држење треба да има прецизна контрола на температурата, бидејќи амбиенталната температура е физички фактор кој има многу важен ефект врз метаболизмот на животните. Член 8 Влага Екстремните варијации на релативната влажност (РВ) имаат негативен ефект врз здравјето и благосостојбата на животните. Нивото на релативната влажност (РВ) во просториите за држење треба да биде соодветно на видот на животни кои се држат и да се одржува со вредност која не е под 49.5% РВ и над 60.5%. Вредностите под 40% и над 70% на РВ, во траење од подолг временски период, треба да се избегнуваат. Член 9 Осветлување Во просториите, треба да се обезбеди контролирано осветлување за да се задоволат биолошките критериуми на животните и условите за работа. Интензитетот на светлината како и циклусот на светлина и темнина треба да биде контролиран. При држење на албино животни треба да се има во предвид нивната осетливост на светлина. Член 10 Бучава Заради избегнување на вознемиреност кај животните која е предизвикана од бучава, просториите за држење и просториите за изведување на експерименти треба да бидат изолирани од извори на бучава со силна и висока фрекфенција за да не се доведе до значајни промени во функцијата на органите на животните. Член 11 Алармни системи (1) Во објектите каде што се сместуваат голем број на животни треба да има инсталирано соодветни уреди за алармирање од пожари и од неовластено влегување. (2) Во објектите треба да се инсталираат соодветни уреди за мониторинг на греењето и вентилацијата за да му овозможи на персоналот да ја следи работата во целост, бидејќи техничката неисправност или дефектот на системот за вентилација може да претставува опасност по животните и да предизвика смрт од задушување или прегрејување. (3) Во случај на дефект или прекин на снабдувањето со електрична енергија, во институциите треба да има и генератор за струја кој ќе обезбеди доволно електрична енергија за осветлувањето во просториите и основите електрични системи кои се битни за заштита и благосостојба на животните . (4) Инструкциите и процедурите во случај на итни мерки треба да бидат видливо истакнати. (5) Базените со риба треба треба да имаат инсталирано алармен систем кој ќе предупреди во случај на дефект во снабдувањето со вода. (6) Работата на алармниот систем не треба да предизвикува вознемиреност кај животните. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 5 од 36 Член 12 Здравствена состојба (1) Одговорното лице во институцијата треба обезбеди редовен преглед на животните во поглед на нивната здравствена состојба, нега и сместување од страна на доктор по ветеринарна медицина и други квалификувани лица. (2) Согласно направената проценка на ризик во поглед на здравствениот статус и хигиената на персоналот, одговорното лице треба да превземе соодветни мерки за заштита на животните. Член 13 Заловување Во случај на вршење експерименти со диви животни истите треба да се заловат со употреба на хумани методи и од страна на искусни лица кои имаат претходно познавање за навиките и живеалиштата на животните кои треба да се заловат. Доколку се користи анестетик или друг вид на лек кој се користи при заловувањето, лекот треба да го аплицира доктор по ветеринарна медицина или друго компетентно лице. За секое животно кое има сериозни повреди треба што побрзо да се обезбеди соодветен третман од страна на доктор по ветеринарна медицина. Доколку животното, по добиеното мислење од доктор по ветеринарна медицина, би живеело со страдање или болка, треба да биде убиено веднаш со хуман метод. Во отсуство на доктор по ветеринарна медицина, секое животно кое сериозно е повредено, треба веднаш да се убие со хуман метод. Член 14 Пакување и транспортни услови (1) Испраќачот треба да обезбеди животните кои се транспортираат да се во добра здравствена состојба и кондиција за да се избегнат лошите последици од стресот. Животните кои не се во добра здравствена состојба или се во лоша кондиција не треба да се транспортираат освен во случај кога истите се транспортираат заради терапевтски или дијагностички причини. Посебна грижа треба да се посвети за женските животни во напредна фаза на гравидитет. Не треба да се транспортираат женските животни кои се очекува да се породат за време на транспортот или оние кои се породиле во претходните четириесет и осум часа заедно со подмладокот. (2) Испраќачот треба да ги превземе сите неопходни мерки на претпазливост во однос на соодветна вентилација, екстремна температура, недостаток од храна и вода, подолги задржувања и слично за време на транспортот. (3) Лицето одговорно за прием на животните треба да биде информирано за деталите околу транспортот и околу потребната документација на животните за да обезбеди брзо прифаќање на местото на пристигнување. (4) Во поглед на транспортот на животните соодветно се применуваат прописите од областа на ветеринарното здравство кои се однесуваат на транспортот на животни. Член 15 Прием и отпакување Пратките од животни треба да се примат и отпакуваат без непотребно задржување. По прегледот, животните треба да се преместат во чисти кафези или боксови каде што веднаш треба да им се обезбеди пристап до храна и вода. Животните кои се болни или не Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 6 од 36 се во добра кондиција треба да се држат одвоено од другите животни и треба да бидат под зачестена опсервација. Животните треба да се прегледаат од страна на доктор по ветеринарна медицина или друго квалификувано лице што е можно поскоро, при што доколку се оцени за потребно веднаш да се третираат. Животните кои неможат да се опорават и кои очигледно страдаат треба веднаш да се убијат на хуман начин. Сите животни при пристигнување треба да бидат регистрирани и обележани согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Доколку не е можна соодветна деконтаминација,транспортните боксови треба веднаш да се уништат. Член16 Карантин, изолација и аклиматизација (1) Заради здравствена заштита на другите животни кои се држат во институцијата и на луѓето од зоонози како и заради одржување добра научна пракса, по пристигнувањето сите животни треба да се сместат во карантин. (2) При увоз на животни треба да се применуваат мерките за карантин согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. (3) Во случај на набавка на животни во рамките на територија на Република Македонија, должината на карантинот на животните треба да биде определена од страна на доктор по ветеринарна медицина или друго компетентно лице во согласност со параметрите наведени во табела 2 од Прилог 1 од овој правилник. Во случај на сомнеж на одредени заразни болести, на пример Беснило, треба да се почитуваат прописите од областа на ветеринарното законодавство. (4) Животните може да бидат користени за експерименти за време на престојот во карантин доколку тие се аклиматизирани на новата средина и не претставуваат опасност за другите животни и луѓето. (5) Карантинските простории треба да бидат одвоени од другите простории на начин да овозможат ефикасна изолација на животните кои покажуваат знаци или се сомнителни на некое заболување кое може да претставува опасност за човекот или другите животни. (6) При секоја набавка на животни, без оглед на периодот на карантин, треба да се овозможи одреден период на аклиматизација пред истите да бидат употребени во некој експеримент. Должината на периодот за аклиматизација ја одредува квалификувано лице, кое го зема предвид стресот настанат од времетраењето на превозот и возраста на животните. Член 17 Држење во кафези (1) При држење на животните во кафези или во затворени простории треба да бидат исполнети следните услови: Во институциите за одгледување и снабдување со експериментални животни и институциите корисници во биомедицинската област просторот во кој се држат животните треба да ги исполнуваат стандардите пропишани во табелите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 ,10 ,11, 12 и 13 од Прилог 1 од овој правилник, и графиконите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 од Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник, а за густината на населеност во графиконите 8, 9, 10, 11 и 12 од Прилог 2 од овој правилник и За фармски животни и слични големи животни просторот во кој се држат животните треба да ги исполнува најмалку стандардите согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 7 од 36 (2) Кафезите и боксовите треба да се изградени од материјал кој не е штетен по здравјето на животните. Нивната конструкција треба да превенира настанување на повреди и доколку има можност треба да бидат направени од отпорен материјал, кој е прилагоден за лесно чистење и деконтаминација. Градбата на кафезите и подот на боксовите, во зависност од видот и возраста на животното треба да биде конструиран за лесно исфрлањето на екскретите. (3) Боксовите треба да се дизајнирани да ја задоволуваат благосостојбата на согласно видовите на животни кои се држат притоа водејќи сметка и за етолошки потреби (на пример, потребата да се искачуваат, скријат или повремено да се засолнат) и да имаат одреден степен на слобода во контактот со другите животни. Член 18 Исхрана (1) При изборот, производството и приготвувањето на храната за животните, треба да се избегне хемиска, физичка и микробиолошка контаминација. Храната за животни треба да биде добро спакувана во соодветна амбалажа и да биде соодветно обележен датумот на производство и рокот на траење. Пакувањето, транспортот и складирањето на храната треба да бидат такви за да се спречи нејзина контаминација, расипување или уништување. (2) Просториите за складирање на храната треба да се разладени, темни, суви и заштитени од штетници и инсекти. Брзо расипливата храна како што е зеленчукот, овошјето, месото, рибата и сл. треба да бидат складирани во разладени простории, ладилници или замрзнувачи. (3) Сите млинови за храна, корита или друга опрема која се користи во исхраната треба соодветно да се чистат и стерилизираат. (4) Доколку се користи влажна храна или храната лесно се контаминира со вода, урина и сл. потребно е секојдневно чистење на просториите. (5) Хранењето на животните треба да биде соодветно на видот и треба да ги задоволи физиолошките потреби на животното. На секое животно поединечно треба да му се овозможи пристап до храната. Член 19 Вода (1) Сите животни треба да имаат пристап до чиста вода за пиење. Треба да се превземат соодветни мерки за избегнување на контаминација на водата. За напојување на животните треба да се користат шишиња или автоматски систем за напојување. (2) Вода како дел од течната храна може да му се даде на животното и за време на транспортот. (3) Шишињата најчесто треба да се користат кај малите животни како што се глодари и зајаци. Шишињата кои се користат треба да бидат направени од проѕирен материјал за да може да се набљудува содржината. Грлото на шишето треба да биде широко заради полесно и поефикасно чистење, а доколку се користи пластичен материјал тој не треба да протекува. Капаците, вентилите и цевките треба да може лесно да се чистат и стелиризираат. Шишињата и другите додатоци треба редовно да се расклопуваат и редовно да се чистат и стерилизираат. Препорачливо е употребените шишињата да се заменат со чисти и стерилизирани шишиња отколку истите да се дополнуваат со вода. (4) Автоматскиот систем за напојување на животните треба редовно да се проверува, сервисира, да се празни и испира за да се избегне ширење на инфекции. Доколку се Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 8 од 36 користат цврсти подови во кафезите, треба да се избегнува нивно поплавување. Водата треба редовно да се испитува бактериолошки. (5) Кога хлорираноста на водата од јавната водоводна мрежа не е доволна за да се спречи раст на некои микроорганизми како на пример патогените микроорганизми од родот Pseudomonas нивото на хлорот во водата треба да се зголеми или водата да се ацидифира за да се постигне посакуваниот ефект. (6) Водата која се користи кај рибите, амфибиите и рептилите треба внимателно да се адаптира соодветно на толеранцијата кон киселост, хлор и други хемиски агенси. Член 20 Простирка Простирката треба да е сува, апсорбирачка, непрашлива, нетоксична и слободна од инфективни агенси или паразити или било каков сличен вид на контаминенти. Доколку како простирка се користат струготини од дрво, истите не треба да потекнуваат од дрво кое е хемиски третирано. Член 21 Вежбање и одгледување (1) На животните треба да им се обезбеди можност за вежбање. (2) Заради обезбедување соодветни резултати од експериментот кој се изведува кои зависат и од односот помеѓу човекот и животното, истиот треба да се развива преку чести контакти и привикнување на присуството и активностите на човекот. Ова посебно се однесува на дивите животни. Персоналот треба соодветно и грижливо да се однесува спрема животните. Животните треба да имаат чест визуелен контакт со човекот за да може да се привикнат на неговото присуство. Член 22 Чистење (1) Заради обезбедување на високи стандарди во институциите во поглед на менувањето на простирката и чистењето, во просториите каде се држат животните треба да има јасни инструкции за одржување на хигиената. (2) Соодветни рутински постапки треба да се применуваат при чистењето, миењето, деконтаминацијата и доколку е потребно стерилизацијата на кафезите, шишињата и другата опрема. Високо ниво на чистота и ред треба да се оддржува во просториите каде животните се држат, како и во останатите простории на институците. (3) Доколку животните се држат на отворено, треба да се обезбеди редовно чистење и доколку е соодветно обновување на материјалот на подот, кафезите и испустите заради избегнување на инфекции и паразитски инфестации. Член 23 Услови за изведување експерименти (1) Доколку при изведување на експериментот животното трпи јака болка и патење, треба да се користи анестезија. (2) Во случај кога при изведување на експериментот не е можно да се даде анестезија на животното треба да се користи анелгетик , а доколку за тоа има потреба треба да се примени соодветен метод кој ја ограничува болката и страдањето на животното. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 9 од 36 (3) Доколку животното трпи јака болка при изведување на експериментот по престанување на дејството на анестетикот животното треба да се третира со аналгетици или доколку тоа не е возможно веднаш да се убие на хуман начин. (4) Надлежниот орган може да дозволи животното да биде ослободено, доколку констатира дека е водена максимална грижа за заштита на благосостојбата на животното. Ослободување на животното може да се направи само во случај кога здравствениот статус на животното дозволува тоа да се ослободи и доколку не постои опасност за јавното здравје и околина. (5) Одговорните лица кои ги вршат експериментите или истите ги надгледуваат треба да имаат познавање од научни дисциплини поврзани со експериментални животни. (6) Експерименти со диви животи може да се изведуваат само доколку експреиментите со видовите на животни кои можат да се користат за експерименти согласно прописите од областа на ветеринарното здравство не можат да ги дадат потребните резултати од експериментот. (7) Експериментот со животни нема да се спроведе за да се избегне повторувањето на истиот и непотребната употреба на животни кога можат да се прифатат резултатите од ист експеримент кој е извршен на територија на други земји. (8) Одговорните лица и лицата кои се грижат за животните треба да имаат соодветна обука во научната дисциплина поврзана со изведување на експерименти со животни, и тие треба да се способни и вешти во постапките и грижата кон животните. Член 24 Хумано убивање на животни (1) Одговорните лица треба да имаат соодветна обука за примена на методи за хумано убивање на животните. (2) Длабоко анестезирано животно може да биде искрварено со цел хумано да се убие. (3) Не треба да се употребуваат наркотици кои ги парализираат мускулите на животното пред да дојде до бессознание, наркотици со курариформен ефект како и употреба на електрична струја без да помине низ мозокот, без претходна анестезија на животните. Трупот не треба да се одстранува пред настанувањето на rigor mortis. Член 25 Начин и постапка на регистрација, форма и содржина на регистарот на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни (1) За регистрација на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни, одговорното лице поднесува барање кое ги содржи следните податоци: Назив на фирмата на подносителот на барањето; Адреса на седиштето на фирмата; Матичен број на фирмата и даночен број на правното лице; Овластено лице за застапување на фирмата (Име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон , електронска пошта); Податоци за одговорното лице за институцијата која се регистрира (Име и Презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта); Адреса на објектот; Активност која ќе се врши (опис на активноста); Капацитет и Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 10 од 36 Вид на животни. (2) Образецот на барањето за регистрација на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни е дадено во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник. (3) Со барањето наведено во став (1 )од овој член одговорното лице треба да ја поднесе и следната документација: Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постар од шест месеци; Доказ за сопственост на објектот (имотен лист). Доколку објектот е сопственост на друго правно или физичко лице во прилог се доставува и договор за закуп со дефинирани услови на работење; Техничко-технолошки елаборат; Список на опремата со главни технолошко-технички карактеристики (статична и подвижна опрема, капацитет, работен режим и др.); Приказ на организацијата на работата и биланс на работната сила (број на вработени со систематизацијата-опис на работни места, односно назначени лица за грижа на животните и функционирање на опремата); Доказ за обезбедена здравствена заштита на животните од страна на Доктор по ветеринарна медицина; Список на санитарни уреди и на мерките што се применуваат за санитарна заштита на објектот, опремата (санитарни простории со начин на чистење, перење и дезинфекција, дезинсекција и дератизација, опрема и средства за извршување на санитационите активности, контролни мерки и евиденција на спроведеното; Опис на системот на собирање и одстранување на отпадните материи (нуспроизводи од животинско потекло и отпадните води) и Доказ за нивото и видот на обуки кои ги имаат посетувано одговорните лица и лицата кои се грижат за животните неопходни за извршување на нивните работни задачи. (4) Институциите се впишуваат во регистарот на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни врз основа на поднесено барање од страна на одговорното лице. (5) Регистар на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни се води во форма на тврдо вкоричена книга со димензии 210 mm х 320 mm , на евиденциски листови и во електронска форма. (6) На предната страна од корицата на книгата за регистрација на институции за одгледување или снабдување со експериментални животни и институции корисници кои вршат експерименти со животни е отпечатен текст „ Институции за одгледување или снабдување со експериментални животни и институции корисници кои вршат експерименти со животни “. (7) Евиденциските листови го содржат следните податоци: Регистерски број на институцијата; Назив на фирмата на подносителот на барањето; Адреса на седиштето на фирмата; Сопственик на објектот и негова адреса; Матичен број на фирмата и даночен број на правното лице; Овластено лице за застапување на фирмата (име и презиме, ЕМБГ, адреса); Податоци за одговорното лице за институцијата која се регистрира (име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта); Адреса на објектот; Вид на животни; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 11 од 36 Вид на институција (институција за одгледување или снабдување со експериментални животни или институција корисник која врши експерименти со животни) и Капацитет на институцијата. (8) Регистарот на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни е дадена во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. (9) За секоја промена во поглед на активностите, просториите или престанок на работа на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни, одговорното лице треба да поднесе пријава до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за ветеринарство. (10) Пријавата за промена на активности, простории или пак престанок на работа на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни, е дадена во Прилог 5 кој е составен дел од овој правилник. (11) Институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни , се бришат од Регистарот, во следните случаи: 1. на барање на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни, односно одговорното лице 2. поради престанок на вршење на дејноста за време подолго од 9 месеци и 3. поради престанок на исполнување на условите утврдени согласно прописите од областа на ветеринарното законодавство. (12) Во случаите од точките 2 и 3 на ставот (11) од овој член во прилог се поднесува и записникот од официјалниот ветеринар со кој е утврдена фактичката состојба во институциите. (13) На барање на одговорното лице за институцијата за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни, Управата за ветеринарство издава извод од Регистерот институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни кој ги содржи следните податоци: име односно назив на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни и адреса; локација на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни (општина, место, улица и број); датум на упис во регистарот и капацитет на институцијата. Член 26 Начин на водење на евиденцијата на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни (1) Одговорното лице во институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни води евиденција која треба да ги содржи особено следните податоци: Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 12 од 36 Име и презиме на лицата задолжени за благосостојба на животните и функционирање на опремата; Име и презиме на лицата задолжени за здравствена состојба на животните; Број, вид и категории на животни кои се одгледани, внесени или изнесени од институцијата со соодветни датуми на внесување или изнесување; Име, назив и адреса на испраќачот или примачот и Број на најдени угинати единки. (2) Одговорното лице во институциите корисници кои вршат експерименти со животни води евиденција која треба да ги содржи особено следните податоци: Име и презиме на лицата задолжени за благосостојба на животните и функционирање на опремата; Име и презиме на лицата задолжени за здравствена состојба на животните; Број, вид и категории на внесени или изнесени животни со соодветни датуми на внесување или изнесување; Име, назив и адреса на испраќачот или примачот; Број на најдени угинати единки и Регистар на експерименти кои се изведени со име и презиме на одговорните лица за изведување на експериментот, лицата одговорни за нега и грижа за животните, цели на експериментот, број на животни употребени во експериментот. (3) Евиденциите наведени во ставовите (1) и (2 ) од овој член треба да се чуваат најмалку три години и да е достапна на увид на надлежниот орган. (4) Институциите корисници кои заради вршење експерименти со животни одгледуваат и размножуваат животни за свои потреби, не се регистрираат како институција за одгледување или снабдување со експериментални животни. Член 27 Начин на вршење на надзор на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни (1) Надлежниот орган врши проверки во институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни и институциите корисници кои вршат експерименти со животни, најмалку два пати годишно. (2) Проверките од ставот (1) од овој член се однесуваат на исполнување на условите пропишани со овој правилник и условите согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Член 28 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-2847/1 30 јули 2010 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 13 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 14 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 15 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 16 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 17 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 18 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 19 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 20 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 21 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 22 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 23 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 24 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 25 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 26 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 27 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 28 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 29 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 30 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 31 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 32 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 33 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 34 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 35 од 36 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 36 од 36