跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on annual veterinary measures and controls for the protection of public health from contaminants or residues that are transferred from animals or products of animal origin in 2019

颁布于 2019-02-08 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Годишна наредба за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло во 2019 година.
语言
Macedonian
类型
其他
国家
北马其顿
主题
Livestock, Food and nutrition
关键词
animal health, residues, monitoring, policy/planning, public health, processing/handling, inspection, food safety and quality, biosecurity, toxicity/poisoning

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 20190400667 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 57 став (1) алинеја 2 од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ГОДИШНА НАРЕДБА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ МЕРКИ И КОНТРОЛИ ЗА ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ОД КОНТАМИНЕНТИ ИЛИ РЕЗИДУИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ОД ЖИВОТНИ ИЛИ ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ВО 2019 ГОДИНА Член 1 Општа одредба Со оваа наредба се определуваат ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло кои треба да се извршат во 2019 година. Член 2 План за мониторинг на присуство на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло (1) Мониторингот над одгледувањето на животните и примарното производство на храна од животинско потекло се врши заради откривање на присуство на резидуи од ветеринарно-медицински препарати, недозволени супстанции и контаминенти во живи животни, храната за животни и храна од животинско потекло, за заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со производи од животинско потекло. (2) Мониторингот се спроведува во објекти за одгледување на животни (фарми) и објекти за преработка на производи од животинско потекло. (3) Мониторингот на резидуи, недозволени супстанции и контаминенти се спроведува согласно Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (*1) и согласно Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло за 2019 година, изготвен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 71 став (2) од Законот за безбедност на храната. (4) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања од став (3) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 2 од 34 (5) Освен мониторингот на резидуи, недозволени супстанции и контаминенти од став (3) на овој член, операторите со храна треба да обезбедат и контрола на резидуи врз основа на сопствен план, по спроведена сопствена анализа на ризик специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес. (6) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (5) на овој член се на терет на операторите со храна. Член 3 Мониторинг на афлатоксин во млеко (1) Операторите со храна во објекти за преработка на млеко треба да спроведуваат постапки со кои ќе се обезбеди исполнување на барањата за максималните нивоа на микотоксини од Прилог, Дел 2, точка 2.1.13 (афлатоксин М1) од Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти (*2), со лабораториско испитување при прием на сурово млеко, во објектите за преработка на млеко. (2) Лабораториското испитување од став (1) на овој член треба да се врши со метод на репрезентативна мостра, најмалку еднаш месечно. (3) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториското испитување од став (2) на овој член се на терет на операторите со храна. Член 4 Мониторинг на исполнувањето на критериумите за микробиолошка исправност на храната од животинско потекло (1) Заради утврдување на усогласеноста со микробиолошките критериуми дадени во Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3) операторите со храна од животинско потекло треба да воспостават соодветни планови за земање на мостри за испитувања на определените микробиолошки криериуми и имплементирање на корективни активности. (2) Планот за земање на мостри за лабораториски испитувања за одреден вид/категорија на објект треба да содржи број на мостри и временски интервал на кој се земаат истите, по одредени категории на производи. Планот за земање на мостри се изготвува според фрекфенцијата дадена во Прилог 1 кој е составен дел на оваа наредба, како минимална фрекфенција на земање на мостри. (3) Кога резултатите од извршените испитувања се незадоволителни, операторите со храна треба да преземат корективни мерки согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3) и други активности неопходни за заштита на здравјето на потрошувачите пропишани во сопствените оперативни процедури, како и известување на Агенцијата за храна и ветеринарство. (4) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (2) на овој член се на терет на операторите со храна. (5) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари зема официјални мостри за утврдување на исполнување на микробиолошките критериуми и верификување на критериумите за безбедноста на храната и критериумите за хигиената на процесот спроведени од страна на операторите со храна, согласно Правилникот за Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 3 од 34 посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3) врз основа на фрекфенцијата дадена во Прилог 1 на оваа наредба или при сомнеж дека храната не е безбедна. (6) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториското испитување од став (5) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. Член 5 Мониторинг на присуство на Listeria monocytogenes (1) Операторите со храна од животинско потекло, покрај обврските од член 4 на оваа наредба, дополнително треба да земаат и мостри за лабораториско испитување на готов производ, како и да земаат брисеви од просториите за преработка и од опремата за лабораториско испитување, со цел исполнување на посебните барања за безбедност на храната за Listeria monocytogenes, по однос на микробиолошките критериуми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3). (2) Фрекфенцијата за земање мостри за Listeria monocytogenes од став (1) на овој член, ја одредува операторот со храна во зависност од обемот на работа согласно Прилог 1 на оваа наредба, но доколку фрекфенцијата за земање мостри е со период поголем од еден месец, потребно е да се земаат мостри најмалку еднаш месечно. (3) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (1) на овој член се на терет на операторите со храна. (4) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари зема официјални мостри за утврдување на исполнување на микробиолошките критериуми за Listeria monocytogenes спроведени од страна на операторите со храна, согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3) врз основа на фрекфенцијата дадена во Прилог 1 на оваа наредба или при сомнеж дека храната не е безбедна. (5) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториското испитување од став (4) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. Член 6 Мониторинг на критериумите за сурово млеко кај молзните грла чие млеко се користи за исхрана на луѓето (1) Примарните производители на млеко кои ставаат во промет млеко за исхрана на луѓето или операторите со храна кои вршат собирање и преработка на млеко во име на примарните производители, треба да вршат испитување на суровото млеко во согласност со критериумите за соматски клетки и број на микроорганизми на ниво на одгледувалиште најмалку еднаш, односно два пати месечно согласно Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи (*4). (2) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (1) на овој член се на терет на операторите со храна. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 4 од 34 (3) Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно Годишниот план за спроведување на службени контроли, спроведува контроли во одгледувалишта за производство на млеко при што од производителите на млеко се земаат мостри на млеко за утврдување на исполнување на условите за производство на сурово млеко согласно Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи (*4) во однос на: вкупниот број на микроорганизми; бројот на соматски клетки; хемиски состав и присуство на антибиотици, резидуи и недозволени супстанции. (4) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања од став (3) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. Член 7 Мониторинг на зоонози и причинители на зоонози (1) Мониторингот на зоонози и причинители на зоонози се врши заради откривање на зоонози и предизвикувачи на зоонози, идентификување и карактеризирање на опасностите, процена на изложеноста и утврдување на ризикот поврзан со зоонози и причинители на зоонози, со цел заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со производи од животинско потекло. (2) Мониторингот на зоонози и причинители на зоонози се врши во сите фази на ланецот на производство на храна, а особено на ниво на примарно производство, вклучително и производство на храна за животни. (3) Мониторингот ги опфаќа зоонозите и причинителите на зоонози наведени во Прилог I, Дел А од Правилникот за начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози и листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се редовно предмет на мониторинг(*5). (4) Операторите со храна треба да обезбедат контрола на зоонозите и причинителите на зоонози и земање на мостри за лабораториски испитувања, врз основа на сопствена анализа на ризик специфичен за одредени вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес. (5) Операторите кои произведуваат храна за животни треба да земаат и да доставуваат мостри за вршење на бактериолошка анализа за контрола на зоонозите и причинителите на зоонози од сите суровини од животинско потекло кои се користат за производство на храна за животни, пред приготвувањето на храна за животни, а еднаш месечно и репрезентативна мостра од сите готови крмни смески. (6) Операторите при спроведување на испитувања за присуство на зоонози и предизвикувачи на зоонози треба да: ги чуваат резултатите и резервните мостри во текот на рокот на траење на производите и ги доставуваат резултатите или обезбедуваат резервни мостри за Агенцијата за храна и ветеринарство на нејзино барање. (7) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од ставовите (4) и (5) на овој член се на терет на операторите со храна. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 5 од 34 (8) Агенцијата за храна и ветеринарство собира, анализира и објавува податоци за појава на зоонози и предизвикувачи на зоонози и антимикробна отпорност поврзана со нив и спроведува дополнителни тестирања и/или доколку има потреба проверка на документацијата на операторите. (9) Средствата за надоместување на трошоците за дополнителни тестирања од став (8) на овој член за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. (10) Заради утврдување на сите видови салмонели потребно е во резултатите од лабораторискиот наод да се наведат сите серотипови утврдени со лабораториското испитување. Член 8 Мониторинг на антимикробна отпорност (1) Мониторинг на антимикробната отпорност се врши со цел да се обезбеди усогласеност со барањата пропишани со Законот за безбедност на храната, за добивање на компаративни податоци за појавата на антимикробна отпорност кај предизвикувачите на зоонози, доколку тие претставуваат закана за јавното здравје или други предизвикувачи. (2) За целите на мониторингот на антимикробната отпорност се собираат изолати од секоја од следните видови и категории на животни и категории храна: Salmonella spp. од кокошки несилки од фарми согласно Националниот контролен план за намалување на салмонелозата кај кокошките несилки (Gallus gallus) во Република Македонија; Salmonella spp. од трупови од бројлери, од трупови од товени свињи и од трупови од говеда под една година старост при колење во кланиците; C. jejuni од бројлери при колење во кланиците; C. Coli од бројлери и товени свињи при колење во кланиците; Индикатор коменсална E. Coli од бројлери, товени свињи и говеда под една година старост при колење во кланиците; E. coli која произведува ESBL, AmpC или карбапенемази од бројлери, товени свињи и говеда под една година старост при колење во кланиците и од примероци од свежо месо од бројлери, од свинско месо и од говедско месо, собрани од малопродажба; E. faecalis и E. faecium од бројлери, товени свињи и говеда под една година старост при колење во кланиците. (3) Мониторингот на антимикробна отпорност се врши од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Програма за антимикробна отпорност за периодот 2017 – 2021 година (*6),донесена согласно член 73 став (2) од Законот за безбедност на храната и Планот за мониторингот на антимикробна отпорност даден во Прилог 2 кој е составен дел на оваа наредба. (4) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. (5) Доколку во согласност со Правилникот за начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози и листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се редовно предмет на мониторинг (*5), Националниот контролен план за намалување на салмонелозата кај кокошките несилки (Gallus gallus) во Република Македонија утврден во Правилникот за начинот на вршење на Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 6 од 34 официјални контроли на Салмонела и други одредени алиментарни интоксикации (*7) и Критериумите за хигиена на процесите утврдени во точки 2.1.3, 2.1.4 и 2.1.5 од Поглавје 2 од Прилог I на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3) биде изолиран изолат на Salmonella spp., C. coli, C. jejuni, индикатор коменсални E. coli, E. faecalis и E. faecium, ќе се постапува согласно Програмата за антимикробна отпорност за периодот 2017 – 2021 година (*6). Член 9 Мониторинг на квалитетот на храната од животинско потекло (1) Мониторингот на квалитетот на храната од животинско потекло се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за квалитет на храната од животинско потекло, како и утврдување на согласност со декларацијата на самиот производ утврдена од страна на операторите со храна од животинско потекло. (2) Мониторингот се врши во сите фази на ланецот на производство и промет на храната вклучувајќи ја и храната од увоз. (3) Мониторингот се спроведува од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство при вршењето на официјалните контроли на квалитетот на храната од животинско потекло, при што треба да се земат мостри од објектите за преработка на храната од животинско потекло и/или од малопродажба, за лабораториско испитување на: млеко и производи од млеко, согласно Правилникот за барања за квалитетот на суровото млеко, стандардите за квалитет на конзумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот и активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи и начинот на нивна употреба, начинот на дополнително означување на млекото и млечните производи како и дозволеното отстапување на тежината во однос на декларираната (*8), месо, мелено месо и производи од месо, согласно Правилникот за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и производи од месо и мед, согласно Правилникот за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот (*9). (4) Мониторингот на квалитетот на храната од животинско потекло се спроведува според Планот за мониторинг на квалитет на храна од животинско потекло даден во Прилог 3 кој е составен дел на оваа наредба. (5) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. Член 10 Мониторинг за безбедност на храната за животни (1) Мониторингот за безбедноста на храната за животни се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за безбедност на храната за животни која се произведува или со која се хранат животните кои се користат за производство на храна за луѓе. Мониторингот на храната за животни се врши во сите фази на производство, преработка, складирање и дистрибуција на храната за животни, вклучувајќи ги и одгледувачите на животни запишани во Регистарот на одгледувалишта за животни во Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 7 од 34 Агенцијата за храна и ветеринарство, во фаза која е најсоодветна за одреден параметар, критериум или барање за безбедност на храната за животни, освен на примарното производство наменето за сопствени потреби во домаќинството, како на храна за животни од домашно производство, така и на храна за животни од увоз. (2) Мониторингот за безбедност на храната за животни се спроведува преку мерење, оцена и контрола на одредени параметри, критериуми и барања за храната за животни кои се поврзани со исполнување на општите и посебните барања за безбедност на храната за животни и следење на состојбата на безбедност на храната за животни. (3) Мониторингот на безбедноста на храната за животни се спроведува согласно Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни (*10), Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни (*11), Правилникот за листата на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво (*12) и Листата на суровини, материјали и други производи чие ставање во промет и употреба се забранети (*13). (4) Мониторингот на безбедноста на храната за животни сe спроведува од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари согласно Планот даден во Програмата за мониторингот на безбедноста на храната за животни за 2019 година. (5) Средствата за надоместување на трошоците за спроведување на мониторингот на безбедноста на храната за животни од став (4) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. (6) За утврдување на исполнувањето на барањата за безбедност на храната за животни, операторите кои произведуваат храна за животни треба да земаат и да доставуваат на лабораториска анализа мостри од сите суровини кои се користат за производство на храна за животни, пред приготвувањето на храната за животни, врз основа на сопствена анализа на ризик во зависност од потеклото на суровината и производниот процес, специфичен за одреден вид/категорија на објект. (7) Исклучок од ставот (6) од овој член е испитувањето за утврдување на присуство на Salmonella spp. во суровините од растително потекло како што се маслодајни растенија, маслодајни овошја и производи добиени од истите (кикирики и производи добиени од истите, семе од репка и производи добиени од истите, кокосов орев и производи добиени од истите, соја (зрна) и производи добиени од истите, семе од памук и производи добиени од истите, сончогледово семе и производи добиени од истите, ленено семе и производи добиени од истите и производи добиени од истите од други маслодајни семиња) и во суровините од животинско потекло (нуспроизводи од животинско потекло - преработени животински протеини, крвно брашно, чварки, рибино брашно, друга храна за животни која содржи рибино брашно и други сурови материјали од животинско потекло) и испитувањето за одредување на количеството на Афлатоксин Б1 (пченка, пченица, јачмен, просо, соја и други житарки) кои се задолжителни за секоја пратка влезна суровина за време на складирање. Доколку за одредена суровина е извршено испитување од страна на надлежна институција во Република Македонија (Агенција за храна и ветеринарство, Државен инспекторат за земјоделство и Фитосанитарна управа), операторот со храна за животни може да ги користи резултатите од тие испитувања. (8) Покрај обврските од ставовите (6) и (7) на овој член, операторите кои произведуваат храна за исхрана на животни треба да земаат и доставуваат на лабораториска анализа и мостри од сите готови крмни смеси за утврдување на исполнувањето на барањата за безбедност од аспект на микробиолошките критериуми и Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 8 од 34 присуство на контаминенти и непожелни супстанции врз основа на сопствена анализа на ризик специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес. (9) Потребните испитувања и минималниот број на мостри од храна за исхрана на животни спроведени од страна на операторите се дадени во Планот за мониторинг на храна за исхрана на животните од страна на операторите со храна од Прилог 4 кој е составен дел на оваа наредба. (10) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од ставовите (6), (7) и (8) на овој член се на терет на операторите кои произведуваат храна за исхрана на животни. Член 11 Мониторинг на безбедност на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат за исхрана на домашните миленици (1) Мониторингот на безбедноста на нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат за исхрана на домашните миленици се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. (2) Мониторингот на безбедност на нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат за исхрана на домашните миленици се врши во сите фази на ланецот на производство и промет, вклучувајќи и пратки од увоз, заради откривање на присуство на бактерии од видовите Salmonella и Enterobacteriaceae, согласно Правилникот за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите во исхрана на животните при увоз и извоз(*14) и Правилникот за посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и другите преработени производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти и посебните технички услови за храна за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот (*15). (3) Мониторингот на безбедноста на нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат за исхрана на домашните миленици сe спроведува од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари согласно Планот за мониторинг на нуспроизводи од животинско потекло даден во Прилог 5 кој е составен дел на оваа наредба. (4) Средствата за надоместување на трошоците за спроведување на мониторингот од став (3) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. (5) Операторите со нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се користат за исхрана на домашните миленици треба редовно да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од дериватите на нуспроизводите од животинско потекло на начин пропишан во Правилникот за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите во исхрана на животните при увоз и извоз (*14) и Правилникот за Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 9 од 34 посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и другите преработени производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти и посебните технички услови за храна за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот (*15). (6) Мониторингот од став (5) на овој член се спроведува според Планот за мониторинг на нуспроизводи од животинско потекло, од Прилог 5 на оваа наредба. (7) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (5) на овој член се на терет на операторите. Член 12 Мониторинг на безбедност на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат како органски ѓубрива и подобрувачи на почва (1) Мониторингот на безбедноста на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат како органски ѓубрива и подобрувачи на почвата се однесува на мониторинг на нуспроизводи од животинско потекло употребени во одржување или збогатување на хранливоста на растенијата, физичките и хемиските карактеристики и биолошката активност на почвата, одделно или заедно. Овде се вбројуваат ѓубрива, содржина на дигестивен систем, компост и резидуи од разлагање (биогас) согласно Законот за нуспроизводи од животинско потекло (*22). Мониторинготот се врши во сите фази на ланецот на производство и промет. Истиот се спроведува на пратки при производство, преработка и дистрибуција, вклучувајќи и пратки од увоз, заради откривање на присуство на бактерии од видовите Salmonella, Enterobacteriaceae, E. Coli или Enterococcaceae. Ако нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат како органски ѓубрива и подобрувачи на почва, потекнуваат од месно-коскено брашно или од преработени животински протеини потребно е да се испитува на Salmonella и Enterobacteriaceae, а доколку се резидуи од разлагање (биогас) или компост се испитува на Salmonella и E. Coli или Enterococcaceae. (2) Мониторингот на безбедноста нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат како органски ѓубрива и подобрувачи на почва сe спроведува од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари согласно Планот за мониторинг на нуспроизводи од животинско потекло од Прилог 5 на оваа наредба. (3) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања согласно став (2) од овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. (4) Операторите со нуспроизводи од животинско потекло треба редовно да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од производите, на начин пропишан во Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло (*16), Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 3 материјали и посебните услови за преработени животински протеини и други преработени производи кои може да се Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 10 од 34 користат како материјал за исхрана на животните (*17), Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло (*18) и Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост (*19). (5) Мониторингот на безбедноста на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се употребуваат како органски ѓубрива и подобрувачи на почва од став (4) од овој член се спроведува според Планот за мониторинг на нуспроизводи од животинско потекло од Прилог 5 на оваа наредба. (6) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (4) на овој член се на терет на операторите со нуспроизводи од животинско потекло. Член 13 Контрола на штетници (1) Заради заштита на здравјето на луѓето, заштита на животната средина и здравствена заштита на животните, операторите со храна од животинско потекло, операторите со храна за животни и операторите со нуспроизводи од животинско потекло треба да воспостават соодветни програми за контрола на штетници, согласно технолошките карактеристики на процесот на производство на операторот. Контролата на штетници треба да се спроведе од страна на операторот, односно ангажирани правни лица кои се одобрени за вршење на таа дејност согласно прописите од областа на здравството и ветеринарното здравство. (2) Средствата за спроведување на активностите од став (1) на овој член се на терет на операторите. Член 14 Mониторинг на резидуи и недозволени супстанции, мониторинг на микробиолошки критериуми, мониторинг на квалитет на храна од животинско потекло, храна за исхрана на животни и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати при увоз (1) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари и официјалните ветеринари на граничен премин зема мостри од храна од животинско потекло, храна за исхрана на животни и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се увезуваат во Република Македонија, со цел вршење на мониторинг заради откривање на присуство на резидуи и недозволени супстанции со цел заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со производи од животинско потекло. (2) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари и официјалните ветеринари на граничен премин зема мостри од храна од животинско потекло, храната за исхрана на животни и нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се увезуваат во Република Македонија со цел вршење на мониторинг на безбедноста и квалитет заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за хигиенска исправност и квалитет. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 11 од 34 (3) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари и официјалните ветеринари на граничен премин зема мостри од храна од животинско потекло, храната за исхрана на животни и нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се увезуваат во Република Македонија заради утврдување на исполнувањето на условите на микробиолошките критериуми и верификување на критериумите за безбедност на храната и критериумите за хигиената на процесот согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната (*3), прописите за безбедност на храна за исхрана на животни и прописите за нуспроизводи од животинско потекло. (4) Мониторингот од ставовите (1), (2) и (3) од овој член се спроведува од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. (5) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања согласно ставовите (1), (2) и (3) од овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2019 година. (6) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри при задолжителното лабораториско испитување на следните десет пратки производи од животинско потекло, храната за исхрана на животни и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати во случај кога пратките не ги исполнуваат условите утврдени со прописите од областа на ветеринарното здравство и безбедност на храната се на товар на увозникот. (7) Во случај на добиен позитивен наод од лабораториските испитувања на производи од животинско потекло, храна за животни и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати, кога земањето мостри од ставовите (1), (2) и (3) од овој член се спроведени при постоење на сомнеж, трошоците за земањето мостри се на товар на увозникот. (8) Спроведувањето на мерките од ставовите (1), (2) и (3) од овој член се врши согласно одредбите од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружува пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло (*20) и Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката за вршење проверка и преглед при увоз и транзит на пратката со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит (*21). (9) Операторите кои увезуваат храна од животинско потекло, храна за исхрана на животните и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати треба да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од пратките кои ги увезуваат заради утврдување на исполнување на барањата за безбедност од аспект на микробиолошките критериуми и присуство на контаминенти и непожелни супстанции врз основа на сопствена анализа на ризик специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес. (10) Операторите од став (9) на овој член земањето на мостри за лабораториско испитување на увезените пратки го вршат врз основа на изготвен план кој ги опфаќа сите релевантни ризици по безбедност (микробиолошки, хемиски и контаминенти) во зависност од видот и типот на храна од животинско потекло, храна за исхрана на животните и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати, одобрен од страна на официјалниот ветеринар надлежен за контрола на објектот. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 12 од 34 (11) Операторите од став (9) на овој член земаат задолжително мостра за испитување доколку увезуваат за прв пат: нов производ од животинско потекло, храна за животни и нуспроизвод од животинско потекло, независно од која земја е производителот; производ од нов производител-извозник и од нова земја од која досега не увезувале. (12) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став (9) на овој член се на терет на операторите. Член 15 Влегување во сила Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-522/1 Агенција за храна 8 февруари 2019 година и ветеринарство Скопје Директор, Зоран Атанасов, с.р. Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 13 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 14 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 15 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 16 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 17 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 18 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 19 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 20 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 21 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 22 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 23 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 24 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 25 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 26 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 27 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 28 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 29 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 30 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 31 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 32 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 33 од 34 Службен весник на РМ, бр. 40 од 15.2.2019 година 34 од 34

Regulation on annual veterinary measures and controls for the protection of public health from contaminants or residues that are transferred from animals or products of animal origin in 2019 · Nelum