Regulation determining which agricultural and food products protected at the national and international level with the protection of their geographical name bearing the designation of origin or geographical indication and protection of the traditional name with the indication of guaranteed traditional specialty
颁布于 2012-07-06 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Решение за определување на земјоделските и прехранбените производи кои се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштита на географскиот назив со ознака на потеклото или географската ознака и заштита на традиционалниот назив со ознака за гарантиран традиционален специјалитет.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- classification/declassification, traceability, traditional knowledge/indigenous knowledge, food safety and quality, geographical indication
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 89 од 16.7.2012 година 20120892310 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на членот 141 став (3) од Законот за квалитет на земјоделските производи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 140/10, 53/11 и 55/12), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Р Е Ш Е Н И Е ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ЗАШТИТУВААТ НА НАЦИОНАЛНО И МЕЃУНАРОДНО НИВО СО ЗАШТИТА НА ГЕОГРАФСКИОТ НАЗИВ СО ОЗНАКА НА ПОТЕКЛОТО ИЛИ ГЕОГРАФСКАТА ОЗНАКА И ЗАШТИТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НАЗИВ СО ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ (∗) Член 1 Со ова решение се определуваат земјоделските и прехранбените производи кои се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштита на географскиот назив со ознака на потеклото или географската ознака и заштита на традиционалниот назив со ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Член 2 Земјоделски и прехранбени производи кои се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштита на географскиот назив со ознака на потеклото или географската ознака се: 1. Свежо месо (и изнутрици); 2. Месни производи (готвени, солени, чадени, и др); 3. Сирења; 4. Други производи од животинско потекло (јајца, млеко, различни млечни производи, освен путер, и др.); 5. Масла и масти (путер, маргарин, масло и др.); 6. Овошја, зеленчук и житарици, свежи или преработени; 7. Свежа риба, мекотели, ракови и производи добиени од нив; 8. Други производи од Анекс I на Договорот (зачини и др.); 9. Пиво; 10. Природни минерални води или изворски води; 11. Пијалоци произведени од растителни екстракти; 12. Леб, колачи, торти, кондиторија, бисквити и друга пекарска стока; 13. Природни гуми и смоли; 14. Паста од сенф; 15. Тестенини; 16. Сено; 17. Есенцијални масла; 18. Плута; ∗ Со ова решение се врши усогласување со Регулативата на комисијата (ЕЗ) 1216/2007 од 18 октомври 2007 година за утврдување на деталните правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 509/2006 на Советот за земјоделски и прехранбени производи како гарантирани традиционални специјалитети и со Регулативата (ЕЗ) 1898/2006 од 14 декември 2006 година за утврдување на правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 510/2006 на Советот за заштита на географски ознаки и ознаки за потекло на земјоделски и прехранбени производи, CELEX бр. 32007R1216 и CELEX бр. 32006R1898 1 од 2 Службен весник на РМ, бр. 89 од 16.7.2012 година 19. Cochineal (сирови производи од животинско потекло); 20. Цвеќиња и декоративни растенија; 21. Волна; 22. Врбов стап за плетење и 23. Обичен лен. Член 3 Земјоделски и прехранбени производи кои се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштита на традиционалниот назив со ознака за гарантиран традиционален специјалитет се: 1. Свежо месо (и изнутрици); 2. Месни производи (готвени, солени, чадени, и др); 3. Сирења; 4. Други производи од животинско потекло (јајца, млеко, различни млечни производи, освен путер, и др.); 5. Масла и масти (путер, маргарин, масло и др.); 6. Овошја, зеленчук и житарици, свежи или преработени; 7. Свежа риба, мекотели, ракови и производи добиени од нив; 8. Други производи од Анекс I на Договорот (зачини и др.); 9. Пиво; 10. Чоколади и други прехранбени производи кои содржат какао; 11. Кондиторија, леб, печива, колачи, бисквити и други пекарски производи; 12. Тестенини, без разлика на тоа дали е зготвена или полнета; 13. Претходно готвени јадења,(готови оброци); 14. Подготвени зачински сосови; 15. Супи или чорби; 16. Пијалоци кои се направени од растителни екстракти и 17. Сладоледи и сорбеа. Член 4 Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11- 5988/7 Министер за земјоделство, 6 јули 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2 од 2