跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation determining the veterinary inspection posts at border crossing

颁布于 2010-04-20 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Одлука за определување на ветеринарни инспекциски места на граничен премин.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Livestock, Food and nutrition
关键词
inspection, international trade, classification/declassification, food safety and quality
类别
*

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 59 од 28.04.2010 година 1 од 4 20100591046 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 82 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр.113/2007), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 20.04.2010 година донесе ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИ ИНСПЕКЦИСКИ МЕСТА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Член 1 Со оваа одлука се определуваат ветеринарните инспекциски места на граничен премин. Член 2 (1) Ветеринарните инспекциски места на граничен премин се определуваат за проверка и преглед на сите или само на одредени категории животни и производи од животинско потекло, како ветеринарни инспекциски места на копнен (патен и железнички) граничен премин, аеродромски граничен премин или граничен премин на пристаниште. (2) Ветеринарните инспекциски места на граничен премин од став (1) од овој член се дадени во Листата од Прилогот кој е составен дел на оваа одлука. Член 3 (1) На листата од член 2 став (2) од оваа одлука се наведени видовите животни и категориите производи од животинско потекло за кои ветеринарните инспекциски места на граничен премин или инспекциски центар се определени, вклучувајќи ги и поединостите за секое понатамошно ограничување на видовите животни и категориите производи од животинско потекло. (2) Доколку ветеринарното инспекциско место на граничен премин е определено за преглед само на одредени категории производи од животинско потекло, објектите на ветеринарното инспекциско место на граничен премин може соодветно да се ограничат во онаа мера која е потребна за извршување на ветеринарните проверки и прегледи на категориите производи од животинско потекло за кои е определен. (3) По исклучок на став (2) од овој член, длабоко замрзнато семе и ембриони, нуспроизводи или производи од крв од животинско потекло наменети за техничка употреба и фармацевтски цели, кои може да се транспортираат на собна температура во запечатени пакети или контејнери со систем за саморегулација на температурата, може да се увезуваат само на ветеринарни инспекциски места на граничен премин кои се на листата определена за вршење проверка и преглед на пакувани производи од животинско потекло на собна температура. Член 4 Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за основање гранични ветеринарни станици („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/92 и 55/93). Службен весник на РМ, бр. 59 од 28.04.2010 година 2 од 4 Член 5 Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 51-2119/1 Заменик на претседателот 20 април 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, д-р Васко Наумоски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 59 од 28.04.2010 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 59 од 28.04.2010 година 4 од 4 .

Regulation determining the veterinary inspection posts at border crossing · Nelum