Regulation determining the categories of sheep and goats and the classification of carcasses of sheep and goats or lambs on the slaughter line
颁布于 2012-01-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на одредување на категории овци и кози и класирање на труповите од овци и кози односно јагниња и јариња со оценување на линија на колење.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- food safety and quality, meat, classification/declassification, sheep/goats, slaughtering
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 1 од 5 20120180574 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 103, став (4) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ОДРЕДУВАЊЕ НА КАТЕГОРИИ ОВЦИ И КОЗИ И КЛАСИРАЊЕ НА ТРУПОВИТЕ ОД ОВЦИ И КОЗИ ОДНОСНО ЈАГНИЊА И ЈАРИЊА СО ОЦЕНУВАЊЕ НА ЛИНИЈА НА КОЛЕЊЕ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на одредување на категории овци и кози и класирање на труповите од овци и кози односно јагниња и јариња со оценување на линија на колење. Член 2 (1) Класирање на труповите од овци и кози односно јагниња и јариња согласно овој правилник се врши во кланичните капацитети. (2) Заради одредување на категоријата и класирање, труповите од овци и кози односно јагниња и јариња примарно се обработуваат после искрвавувањето, вадењето на внатрешните органи-евисцерацијата и дерењето. (3) Примарно обработениот труп од овци и кози односно јагниња и јариња е труп или половинка без нозе, со или без глава, со или без органите од торакалната и стомачната празнина (срце, бели дробови, црн дроб, бубрези и стомачна марамица), без сексуалните органи и за нив врзаните мускули и без вимето и мамарната маст. Воколку трупот/половинката е без глава, главата треба да е одвоена од трупот или половинката во атлоидо-окципиталниот зглоб а нозете треба да се отстранети во карпо-метакарпалниот или тарзо-метатарзалниот зглоб. (4) Примарно обработениот труп или половинка од овци и кози или јагниња и јариња може да е со или без бубрезите, бубрежната и пелвичната маст. Член 3 (1) Одредувањето на категории и класирањето на труповите и половинките од овци и кози односно јагниња и јариња се врши со одредување на возраста, мерење на масата (за лесни јагниња) и со оценување на меснатоста (конформација на трупот) и покриеноста на трупот со лој (степен на масна обвивка). (2) Одредувањето на категориите и класирањето на труповите во соодветните класи со оценување на меснатоста (конформација) на труповите и покриеноста на трупот со лој (степен на масна обвивка) се врши врз основа на критериумите за меснатост и степен на масна обвивка на профилите на труповите наведени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 2 од 5 Член 4 Дополнително одредување на категориите и класирањето на труповите во соодветни класи со оценување на меснатоста (конформација) на труповите и покриеноста со лој (степен на масна обвивка) се врши врз основа на критериумите за меснатост на есенцијалните (основните делови) на трупот или половинката (задната четвртина, грбот и плешката) и степенот на масна обвивка на надворешната и внатрешната страна на трупот, наведени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Дополнително одредување на категориите и класите на труповите од јагниња и јариња со маса на труп помала од 13 кг според масата на трупот/половинката, бојата на месото одредена на местото rectus abdominis во согласност со стандардизиран дијаграм на бои и покриеноста на трупот со лој (степен на масна обвивка) се врши врз основа на критериумите наведени во Скалата за класификација од Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалитетот на месото од добиток за колење, од живина и од дивеч („Службен лист на СФРЈ“ бр. 34/74, 26/75 и 13/78). Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 jануари 2013 година. Бр. 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 3 од 5 Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 5 од 5