跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation determining certain by-products of animal origin as specified risk material in terms of transmissible spongiform encephalopathies

颁布于 2015-10-02 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Решение за определување на одредени нус производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal health, pests/diseases, classification/declassification

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 175 од 9.10.2015 година 1 од 1 20151754826 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 10 став (1) Законот за нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 144/14 и 149/15), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе РЕШЕНИЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ НУС ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО КАКО СПЕЦИФИЧЕН РИЗИЧЕН МАТЕРИЈАЛ ОД АСПЕКТ НА ТРАНСМИСИВНИТЕ СПОНГИОФОРМНИ ЕНЦЕФАЛОПАТИИ(*) 1. Со ова решение се определуваат следниве ткива или органи како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии доколку се добиени од животни кои потекнуваат од Република Македонија или од земја или регион со контролиран, односно неопределен Бовина спонгиоформна енцефалопатија (БСЕ) ризик, како и од земји членки на Европската Унија со незначителен БСЕ ризик: 1) од говеда: а) черепот, исклучувајќи ја мандибулата и вклучувајќи ги мозокот и очите и 'рбетниот мозок, од животни постари од 12 месеци; б) ‘рбетот исклучувајќи ги опашните пршлени, спиналните и трансверзалните продолжетоци на вратните, градните и слабински пршлени, и медијалниот сакрален гребен и крилја на сакралната коска, вклучувајќи го дорзалниот спинален ганглион од животни постари од 30 месеци, и в) тонзилите, последните четири метра од тенките црева, слепото црево и мезентериумот од животни од сите старосни категории. 2) од овци и кози: а) черепот вклучувајќи ги мозокот и очите, тонзилите и 'рбетниот мозок од животни постари од 12 месеци или кои имаат трајни секачи, и б) слезената и илеумот од животни од сите старосни категории. 2. Со денот на влегувањето во сила на ова решение престанува да важи Решението за определување на одредени нус производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/10). 3. Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 02-6215/3 Директор на Агенција 2 октомври 2015 година за храна и ветеринарство, Скопје Зоран Поповски, с.р. (*) Со ова решение се врши усогласување со РЕГУЛАТИВА (ЕЗ) бр. 999/2001 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 22 мај 2001 која ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, CELEX бр. 32001R0999.

Regulation determining certain by-products of animal origin as specified risk material in terms of transmissible spongiform encephalopathies · Nelum