跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation amending the Regulation on the program for suppression and eradication of brucellosis in sheep and goats

颁布于 2014-07-14 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

research.laws.repealedOn

关于这部法律

原标题
Програма за изменување и дополнување на програмата за сузбивање и искоренивање на бруцелозата кај овците и козите.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal health, pests/diseases, policy/planning, data collection/reporting, sheep/goats

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 1 од 7 20141083172 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 57 став (2) од Закон за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007, 24/2011, 136/2011 и 123/2012), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 14.7.2014 година, донесе П Р О Г Р А М А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БРУЦЕЛОЗА КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ Член 1 Во Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овците и козите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/10), во членот 1 зборовите „непречена трговија со“ се заменува со зборовите „ставање во промет на“. Член 2 По членот 1 се додаваат два нови члена 1-а и 1-б кои гласат: „Член 1-а Поделба на територијата (1) Врз основа на стапката на присутност на бруцелозата кај овците и козите и/или ризикот за ширење на болеста се врши поделба на територијата на Република Македонија на следните епизоотиолошки единици и епизоотиолошки целини: 1. Епизоотиолошки единици и епизоотиолошки целини каде присуството на болеста на ниво на стадо е од 0-1% и/или каде ризикот за проширување на болеста е низок, 2. Епизоотиолошки единици и епизоотиолошки целини каде присуството на болеста на ниво на стадо е од 1-5% и/или каде ризикот за проширување на болеста е низок, и 3. Епизоотиолошки единици и епизоотиолошки целини каде присуството на болеста на ниво на стадо е повисоко од 5% и/или каде ризикот за проширување на болеста е висок и/или е извршена масовна вакцинација на животните. (2) При поделбата на епизоотиолошки единици и епизоотиолошки целини ќе се води сметка во однос на вакциналниот статус на одгледувалиштата. (3) Епизоотиолошки целини во смисла на оваа програма претставуваат: Едно или повеќе одгледувалишта на овци и кози кои имаат непосредна епизоотиолошка врска односно кои можат заради меѓусебното растојание или начинот на чување на животните да претставуваат една целина и Одгледувалишта на овци и кози од едно или повеќе населени места кои имаат непосредна епизоотиолошка врска односно кои можат заради меѓусебното растојание или начинот на чување на животните да претставуваат една целина. Член 1-б Превентивна вакцинација на подмладокот заради сузбивање и искоренување на бруцелозата кај овците и козите (1) Во сите епизоотиолошки единици и/или епизоотиолошки целини од член 1-а став (1) точките 2 и 3 од оваа програма треба да се спроведува превентивна вакцинација на животните наменети за одгледување со старост од три-шест месеци. Животни постари од шест месеци не се вакцинираат. Јагнињата и јарињата со старост помала од три месеци треба задолжително да се вакцинираат кога достигнат возраст од три-шест месеци. Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 2 од 7 (2) Вакцинацијата се врши со Rev 1 вакцина аплицирана коњуктивално. (3) Вакцинацијата треба да се изврши што е можно порано во временската рамка дадена во став (1) од овој член. (4) Вакцинираните животни се обележуваат со ушни маркици согласно важечките прописи од областа на ветеринарното здравство и во Ветеринарно информативниот систем се внесува вакциналниот статус на животното. (5) Прометот со вакцинирани животни не смее да се врши четири недели по вакцинацијата. (6) Вакцинираните животни не може да се колат до три месеци по вакцинацијата. Доколку се колат животните треба да се заколат одвоено од другите животни како животни кои се позитивни на бруцелоза и задолжително се прегледуваат пред колењето. При колењето на ваквите животни треба да се преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените. Гениталниот тракт и крвта се прогласуваат за несоодветни за човечка исхрана и треба нештетно да се отстранат. Оценка на исправноста на месото за исхрана за луѓе и постапката со месо се спроведува согласно прописите за безбедност на храна. Доколку при пост-морталниот преглед се откриени промени кои укажуваат на акутна инфекција, трупот и месото се прогласува за несоодветен за човечка исхрана.“. Член 3 Членот 2 се менува и гласи: „Член 2 Мерки за надзор на Бруцелоза кај овците и козите (1) Во епизоотиолошките единици и епизоотиолошките целини од член 1-а став (1) точки 1 и 2 од оваа програма, секоја година треба да се спроведува дијагностичко испитување на: 1. Сите невакцинирани животни постари од шест месеци; 2. Сите вакцинирани животни кои биле вакцинирани до возраст до шест месеци и кои на денот на тестирање се постари од 18 месеци; 3. Сите вакцинирани животни кои биле вакцинирани на возраст поголема од шест месеци и кај кои на денот на тестирање поминало повеќе од 24 месеци од денот на вакцинација. (2) Во одгледувалишта каде е извршена масовна вакцинација на овци и кози не се врши редовно дијагностичко тестирање освен во случај кога животни од овие одгледувалишта се движат во други одгледувалишта согласно член 7-а од оваа програма. (3) Дијагностичките тестови со кои треба да се спроведува тестирањето на животните согласно став (1) и (2) од овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на оваа програма.“. Член 4 По членот 2 се додава нов член 2-а кој гласи: „Член 2-а Сомнеж на присуство на бруцелоза кај овци и кози (1) Секое животно од видовите овци и кози кое покажало знаци за можно присуство на бруцелоза или за кое постои потврдена епизоотиолошка врска со потврден извор на инфекција или каде е потврдено движење кое не е во согласност со оваа програма се прогласува како сомнителен случај. Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 3 од 7 (2) Како сомнителен случај покрај став (1) на овој член ќе биде прогласено и секое животно кај кое врз основа на дијагностичките тестови не може конечно да се утврди здравствениот статус во однос на бруцелоза кај овците и козите.“. Член 5 Членот 3 се менува и гласи: „Член 3 Мерки во случај на сомнеж на присуство на бруцелоза кај овци и кози (1) Секој сомнителен случај треба задолжително да биде пријавен на официјален ветеринар од страна на лицето од кое потекнува сомнежот. (2) По добиената пријава, официјалниот ветеринар веднаш превзема службена истрага и најдоцна во рок од 48 часа писмено го известува одгледувачот и надлежното ветеринарно друштво за преземање на следните мерки: 1. Ставање на одгледувалиштето под службен надзор; 2. Тестирање на животните кои дале сомнителен резултат или на сите животни на одгледувалиштето. За спроведувањето на оваа одредба официјалниот ветеринар може да нареди и колење или убивање на животни; 3. Забрана за внесување и изнесување на животни од одгледувалиштето освен здрави животни доколку се испраќаат на колење директно во кланица. Во таков случај, официјалниот ветеринар согласно член 58 став (1) точка 4 од Законот за ветеринарно здравство ќе издаде „Документ за испраќање на животни во кланица под службен надзор“во кој ќе биде наведена кланицата во која ќе биде извршено колењето на животните. Животните се праќаат на колење по претходно добиена потврда за прием на животните од страна на официјален ветеринар на наведената кланица; 4. Изолација на сомнителните животни на самото одгледувалиште и 5. Забрана за користење на млекото од сомнителните животни за исхрана на луѓето и негово нештетно отстранување. Млекото од животните кои дале негативен резултат може да се користи за исхрана на луѓето по претходно термичко третирање согласно одредбите од ветеринарното законодавство и безбедност на храната. (3) Со службената истрага се потврдува или отфрла присуството на болеста. (4) Доколку со превземените мерки од став (2) од овој член се отфрли сомнежот за присуство на болеста, официјалниот ветеринар треба да ги повлече наредените мерки.“. Член 6 Членот 4 се менува и гласи: „Член 4 Потврден случај на присуство на бруцелоза кај овци и кози Како потврден случај на бруцелоза кај овци и кози ќе се сметаат животни кои ќе дадат позитивен резултат на дијагностичките тестови согласно член 2 став (3) на оваа програма, односно сите животни кај кои ќе биде докажано присуство на предизвикувачот на болеста.“. Член 7 Членот 5 се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 4 од 7 „Член 5 Мерки во случај на потврден случај на присуство на бруцелоза кај овци и кози (1) Доколку бруцелоза кај овците и козите биде потврдена на одгледувалиштето согласно член 4 од оваа програма, официјалниот ветеринар веднаш превзема службена истрага и најдоцна во рок од 48 часа писмено го известува одгледувачот и надлежното ветеринарно друштво за превземање на следните мерки: 1. Ставање на одгледувалиштето под службен надзор; 2. Забрана за внесување и изнесување на сите приемчиви животни во и од одгледувалиштето; 3. Животните кај кои болеста е официјално потврдена како и сите животни кои согласно оваа програма може да се прогласат за заболени се изолираат, а позитивните животни видливо се означуваат; 4. Животните кај кои болеста е официјално потврдена како и сите животни кои согласно оваа програма може да се прогласат за заболени во што е можно пократок временски рок а најдоцна за 30 дена од денот на кој одгледувачот е известен за присуството на болеста се колат под службен надзор. Во исклучителни случаи животните може да се еутаназираат. Од закланите или еутаназијана животни треба да се земат мостри за потврдување на болеста; 5. Забрана за користење на млекото од позитивните животни за исхрана на луѓето и негово нештетно отстранување; 6. Млекото од животните кои дале негативен резултат може да се користи за исхрана на луѓето по претходно термичко третирање согласно прописите од областа на ветеринарното здравство и безбедност на храната; 7. Нештетно отстранување на абортирани фетуси, мртво родени јагниња и јариња и плаценти; 8. Секојдневно собирање на ѓубрето и простирка и нивно соодветно закопување или дезинфицирање. Ѓубрето и простирката не се изнесуваат најмалку од одгледувалиштето три недели од нивното собирање; 9. Сеното, простирката и сите други предмети кои биле во контакт со позитивните животни, фетуси или плацента се закопуваат со претходно натопување со средство за дезинфекција; 10. Објектите и просторот во кој престојувале животните треба темелно да се исчистат и потоа да се дезинфицираат со средства за дезинфекција. Концентрацијата на дезинфициенсот треба да биде соодветна за површините кои се дезинфицираат; 11. Предметите кои биле во контакт со заболените животни темелно се чистат и дезинфицираат. Доколку тоа не е возможно, истите се уништуваат. Чистење и дезинфекција на одгледувалиштето се врши на начин утврден од страна на директорот; 12. Во случај на целосна депопулација на одгледувалиштето, повторното населување може да се изврши по изминати четири недели по извршената дезинфекција; 13. Спроведување на епизоотиолошко испитување со цел одредување на изворот, времето и начинот на инфекцијата и претходното и понатамошното ширење на инфекцијата; 14. Повторно тестирање на животните најмалку 15 а најдоцна 30 дена по изнесувањето на заболените животни и извршената дезинфекција. Доколку животните дадат негативен резултат, истите се испитуваат уште два пати со негативен резултат, при што првото испитување се врши еден месец по последниот негативен резултат, а второто испитување се врши три месеци по првото тестирање. Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 5 од 7 (2) Останатите животни од одгледувалиштето до целосното повлекување на мерките може да се испраќаат единствено на колење директно во кланица. Во таков случај, официјалниот ветеринар согласно член 58 став (1) точка 4 од Законот за ветеринарно здравство треба да издаде „Документ за испраќање на колење на животни од одгледувалишта под службен надзор“ во кој ќе биде наведена кланицата во која ќе биде извршено колењето на животните Животните се праќаат на колење по претходно добиена потврда за прием на животните од страна на официјалниот ветеринар на наведената кланица;. Животните треба да се заколат одвоено од другите животни При колењето на ваквите животни треба да се преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените. Гениталниот тракт и крвта се прогласуваат за несоодветни за човечка исхрана и треба нештетно да се отстранат. Доколку при пост-морталниот преглед се откриени промени кои укажуваат на акутна инфекција, трупот и месото се прогласува за несоодветен за човечка исхрана. (3) Доколку во одгледувалиштето со дијагностичките тестови од член 2 став (3) од оваа програма се утврди стапка на присутност на болеста повисока од 20% од вкупниот број на овци и кози на одгледувалиштето, директорот формира посебна комисија која треба да изврши проценка на епизоотиолошката состојба и може да даде предлог до директорот за целосна депопулација на овците и козите.“. Член 8 Членот 6 се менува и гласи: „Член 6 Движење на животни во и од одгледувалишта негативни на бруцелоза кај овци и кози (1) Во одгледувалишта од член 1-а став (1) точки 1 и 2 од оваа програма, каде по спроведеното редовно тестирање согласно член 2 од оваа програма сите животни дале негативен резултат може да се внесат овци и кози само доколку: 1. Животните доаѓаат од одгледувалишта со ист здравствен статус односно сите животни биле тестирани согласно одредбите од член 2 од оваа програма и дале негативен резултат, 2. Животните се индивидуално обележани, 3. Потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци и Животните не се вакцинирани или Животните биле вакцинирани до најмногу 6 месечна возраст или Животните биле вакцинирани на возраст поголема од 6 месеци при што истите биле тестирани согласно одредбите од член 2 од оваа програма со негативен резултат. Животните од оваа алинеја не може да се движат во одгледувалишта од член 1-а став (1) точка 1 од оваа програма. (2) По исклучок од став (1) од овој член, во одгледувалишта од член 1-а став (1) точка 2 од оваа програма може да се внесат животни кои потекнуваат од одгледувалишта каде е извршена масовна вакцинација на овци и кози доколку: 1. Животните се индивидуално обележани; 2. Потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци; Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 6 од 7 3. Пред движењето животните биле изолирани во одгледувалиштето од кое потекнуваат под ветеринарна контрола во период од најмалку шест недели при што сите животни биле тестирани со негативен резултат со дијагностичките тестови утврдени од член 2 став (3) на оваа програма. Трошоците за дијагностичкото испитување се на товар на одгледувачот на животните. (3) Движење на животните согласно овој член се потврдува со Сертификат за здравствена состојба на животните кој го издава надлежното ветеринарно друштво.“. Член 9 Членот 7 се менува и гласи: „Член 7 Движење на животни во и од одгледувалишта каде била извршена масовна вакцинација на бруцелоза кај овци и кози (1) Во одгледувалишта од член 1-а став (1) точка 3 од оваа програма може да се внесат животни само доколку: 1. Се во согласност со одредбите на член 6 став (1) од оваа програма;или 2. Животните потекнуваат од одгледувалишта со ист здравствен статус; 3. Животните се индивидуално обележани и 4. Потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци. (2) Доколку животните не биле вакцинирани, истите треба да бидат вакцинирани согласно член 1-б од оваа програма. (3) Овци и кози кои потекнуваат од одгледувалишта каде е извршена масовна вакцинација на овци и кози не може да се внесуваат во собирни центри и добиточни пазари. (4) Животните од одгледувалишта од член 1-а став (1) точка 3 од оваа програма се испраќаат на колење со Сертификат за здравствена состојба на животните со кој се утврдува дека: 1. Животните се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните и 2. Животните потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци.“. Член 10 По членот 7 се додаваат два нови члена 7-а и 7-б кои гласат: „Член 7-а Движење на животни на летна и зимска испаша Движењето на животни надвор од епизотиолошкa единица заради испаша (летна – зимска испаша) може да се прави само помеѓу епизоотиолошка единица или целини согласно членовите 6 и 7 од оваа програма и без да доаѓаат во контакт со животни од други одгледувалишта. Службен весник на РМ, бр. 108 од 17.07.2014 година 7 од 7 Член 7-б Спроведување на одредбите од програмата (1) Земањето на примероци за дијагностичкото тестирање за проценка на имуноста на вакцинираните овци и кози го врши ветеринарното друштво по претходно добиена задача преку ВИС системот и под директен надзор и присуство на официјалниот ветеринар. (2) Земањето на примероци за ретестирање во позитивните и сомнителните одгледувалишта на бруцелоза кај овци и кози задолжително треба да се врши во присуство на официјалниот ветеринар.“. Член 11 Влегување во сила Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 42-4977/1 Претседател на Владата 14 јули 2014 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р.

Regulation amending the Regulation on the program for suppression and eradication of brucellosis in sheep and goats · Nelum