跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation amending the Regulation on the manner and procedure for carrying out official controls on products of animal origin intended for human consumption

颁布于 2017-08-23 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на вршење на официјалните контроли на производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
food safety and quality, inspection, hygiene/sanitary procedures, molluscs, fish products, aquatic animals

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 169 од 23.11.2017 година 20171693200 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 69 ставови (4) и (5) од Законот за безбедност на храната (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15 и 39/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ВРШЕЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ КОНТРОЛИ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО НАМЕНЕТИ ЗА ИСХРАНА НА ЛУЃЕТО (*) Член 1 Во Правилникот за начинот и постапката на вршење на официјалните контроли на производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето(*1) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/15) во членот 11 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5)кои гласат: „(3) За живината и/или рибите кои се наменети за колење со цел извоз во земјите– членки на Европската унија или за производство на подготовки и/или производи од месо од живина и/или риби наменети за извоз во земјите–членки на Европската унија, во име на операторот од став (1) на овој член овластеното ветеринарно друштво доставува до операторот во кланицата, Потврда за здравствена состојба на живината дадена во Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник и Потврда за здравствена состојба на рибите дадена во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник,. (4) Потврдата за здравствена состојба на живината и/или рибите од став (3) на овој член се пополнува во три примероци, а овластеното ветеринарно друштво доставува еден примерок до операторот од став (1) на овој член, вториот примерок до операторот во кланицата и третиот примерок го задржува за себе. (5) Операторот во објектот за преработка, доколку произведува производи или подготовки од месо од живина и/или риби наменети за извоз во земјите-членки на Европската унија треба да поседува копија од потврдата за здравствената состојба на живината и/или рибите од став (3) на овој член.“ Член 2 Во членот 35 по ставот (6) се додава нов став (7) кој гласи: „(7)Без исклучок на одредбите од Правилникот за посебните барања за храната со животинско потекло(*2) кои се однесуваат на постапка со крупен и ситен дивеч, по завршувањето на post-mortem инспекцијата, внатрешните органи на дивечот прегледан од официјалниот ветеринар во објектот за ракување со дивеч се прогласуваат за неисправни за исхрана на луѓето.“ Ставот (7) станува став (8). () Овој правилник е усогласен со Регулативата на Комисијата (ЕУ) 2015/2285 од 8 декември 2015 година со која се надополнува Анекс II од Регулативата (ЕК) бр. 854/2004 на Европскиот парламент и на советот со која се пропишуваат посебните правила за организирање на службени контроли на производи од животин ско потекло наменети за исхрана на луѓето во однос на одредени барања за живи бивалвни мекотели, ехино дерми, туникати и морски гастроподи и Анекс I на Регулативата (ЕК) бр. 2073/2005 за микробиолошките критериуми за храна (CELEX број 32015R2285) и Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр. 2074/2005 од 5 декември 2005 која ги пропишува мерките за имплементи рање на одредени производи според Регулативата на Европскиот парламент и на Советот (ЕЗ) бр. 853/2004 и за организацијата на службените контроли според Регулатива на Европскиот парламент и на Советот (ЕЗ) бр. 854/2004 и на Регулативата на Европскиот парламент и на Советот (ЕЗ) бр. 882/2004, отстапувања од Ре гулативата на Европскиот парламент и на Советот (ЕЗ) бр. 852/2004 и изменување на Регулативите (ЕЗ) бр. 853/2004 и (ЕЗ) бр. 854/2004 (CELEX број 32005R2074). Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 2 од 9 Член 3 Во членот 43 по ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи: „(2) При вршење на официјални контроли се користи референтен метод за анализи на E. coli за детекција на Most Probable Number (MPN) техника специфицирана во стандардот EN ISO 16649-3. Алтернативни методи може да се користат доколку се валидирани наспроти овој референтен метод во согласност со критериумите во EN ISO 16140.“ Ставот (2) станува став (3). Член 4 Во членот 44 ставот (2) се менува и гласи: „Надлежниот орган од став (1) на овој член треба да ја класифицира производната област од која го одобрил собирањето на живи бивалвни мекотели, како една од трите категории во согласност со нивото на фекална контаминација. Кога тоа е соодветно, класификацијата може да се изврши во соработка со операторот со храна. Со цел да ги класификува производствените области, надлежниот орган треба да дефинира период на испитување за податоците од земените примероци од сите производни области и области за полагање за да ја утврди усогласеноста со стандардите од овој став и стандардите од ставовите (3), (4) и (5) од овој член.“ Ставот (3) се менува и гласи: „Надлежниот орган од став (1) на овој член може да ги класификува области како области од класа А од каде може да се собираат живи бивалвни мекотели за директна исхрана на луѓето. Живите бивалвни мекотели ставени во промет од овие области треба да ги исполнуваат здравствените стандарди за живи бивалвни мекотели утврдени во прописите за посебните барања за храна од животинско потекло. Земените примероци на живи бивалвни мекотели од овие области во 80% од собраните примероци во текот на периодот на испитување не треба да надминуваат 230 E. coli на 100 gr на ткиво и интравалвуларна течност. Остатокот од 20% на земени примероци не треба да надминуваат 700 E. coli на 100 gr на ткиво и интравалвуларна течност. При процена на резултатите од дефинираниот период на испитување за одржување на област од Класа А, надлежниот орган може, врз основа на процена на ризик направена на основа на испитување, да одлучи да не го почитува невообичаениот резултат кој го надминува нивото од 700 E. coli на 100 gr на ткиво и интравалвуларна течност.“ Во ставот (4) зборовите „Референтен метод за анализите од став (4) на овој член е со five-tube, trhree dilutions Most Probable Number (MPN) test специфициран во стандардот MAC EN ISO 16649-3. Алтернативни методи може да се користат доколку се валидирани наспроти овој референтен метод во согласност со стандардотMAC EN ISO 16140“ се бришат. Во ставот (5) зборовите „Референтен метод за анализите е со five-tube, trhree dilutions Most Probable Number (MPN) test специфициран во стандардотMAC EN ISO 16649-3. Алтернативни методи може да се користат доколку се валидирани наспроти овој референтен метод во согласност со стандардотMAC EN ISO 16140“ се бришат. Член 5 По членот 51 се додаваат два нови члена 51-а и 51-б кои гласат: „Член 51-а Вредности на лимитите за вкупен испарлив основен азот (TVB-N) за одредени категории на производи од риба и аналитички методи кои треба да се користат (1) Непреработените рибни производи се непогодни за исхрана на луѓето во случај кога врз основа на органолептичката проценка постои сомнеж за нивната свежина, а хемиските проверки откриваат дека следните TVB-N (TVB-N Total volatile basic nitrogen) лимити се надминати: Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 3 од 9 1) 25 mg на нитроген/100 gr на риба за видовите Sebastesspp., Helicolenus dactylopterus, Sebastichthys capensis; 2) 30 mg на нитроген/100 gr на риба за видовите кои припаќаат на фамилијата Pleuronectidae (со исклучок на риба-иверка: Hippoglossus spp.); 3) 35 mg на нитроген/100 gr на риба за видовитеalmo Salmo salar, видовите кои припаѓаат на фамилијата Merlucciidae, видови кои припаѓаат на фамилијата Gadidae и 4) 60 mg на нитроген/100 gr цели рибни производи кои директно се користат за подготовка на рибино масло за исхрана на луѓето од член 71(*2) од Правилникот за посебни барања за храната со животинско потекло. (2) Референтна метода што се користи за проверка на TVB-N лимитите вклучува дестилација на екстракт депротеинизиран со перхлорна киселина. (3) Рутински методи кои можат да се користат за проверка на TVB-N лимити се: 1) методот на микродифузија (опишан од страна на Конвеј и Брн (1933)), 2) метод на директна дестилација (опишан од Антонакополос (1968)) и 3) дестилација на екстракт од депротеинизирана трихлороцетна киселина (Кодексот Алиментариус Комитетот за риба и производи од риба (1968). (4) Примерокот за анализа треба да се состои од околу 100 gr месо, земено од најмалку три различни точки, помешано со мелење. (5) Oфицијалните лаборатории рутински, треба да го користат референтниот метод од став (2) на овој член. Ако резултатите се сомнителни или во случај на спор во врска со резултатите од анализата изведена со еден од рутинските методи од став (3) на овој член, само референтниот метод може да се користи за проверка на резултатите. Член 51-б Категории видови за кои TVB-N лимитите се фиксни Категориите видови за кои TVB-N лимитите се фиксни се: 1) видовите Sebastes spp., Helicolenus dactylopterus, Sebastichthys capensis. 2) видовите кои припаѓаат на фамилијата Pleuronectidae (со исклучок на риба-иверка: Hippoglossus spp.) и 3) Salmo Salar, видови кои припаѓаат на фамилијата Merlucciidae, видови кои припаѓаат на фамилијата Gadidae.“ Член 6 Прилогот 1 се заменува со нов Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 7 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 15-1174/5 Агенција за храна 23 август 2017 година и ветеринарство Скопје в.д. Директор, Зоран Атанасов, с.р. Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 4 од 9 Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 5 од 9 Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 6 од 9 Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 7 од 9 Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 8 од 9 Службен весник на РМ, бр. од 169 од 23.11.2017 година 9 од 9