Regulation amending the Regulation on the manner and procedure for import and transit and the manner and procedure for carrying out checks and inspection of shipments on pets (bird species) that are not intended for trade or transfer to others person
颁布于 2011-02-10 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за изменување и дополнување на Правилник за начинот и постапките за увоз и транзит и начинот и постапките за вршење на проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- birds, inspection, internal trade, international trade, hygiene/sanitary procedures, certification
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 18 од 14.2.2011 година 1 од 6 2011018422 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 92 став 4 од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКИТЕ ЗА УВОЗ И ТРАНЗИТ И НАЧИНОТ И ПОСТАПКИТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРОВЕРКИ И ПРЕГЛЕД НА ПРАТКИ ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ОД ВИДОВИТЕ ПТИЦИ КОИ НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ТРГОВИЈА ИЛИ ЗА ПРЕНОС НА ДРУГИ ЛИЦА И СЕ ПРИДРУЖЕНИ ОД СОПСТВЕНИКОТ ИЛИ ОДГОВОРНО ЛИЦЕ КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕРТИФИКАТ ИЛИ ДРУГ ДОКУМЕНТ ШТО ГИ ПРИДРУЖУВА(∗) Член 1 (1) Во Правилникот за начинот и постапките за увоз и транзит и начинот и постапките за вршење на проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице, како и формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ги придружува („Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/08 и 10/09), во членот 2 став (1) точка 2) подточката а. се менува и гласи: „биле во изолација 30 дена пред извозот на местото на поаѓање во земјата на испорака која е дадена во листата од Прилог VI Дел 1 или Прилог VI Дел 4 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/10, 86/10 и 144/10)*. (2) Подточката г. се менува и гласи: „биле во изолација најмалку десет дена пред извозот и најрано третиот ден од почетокот на изолацијата им бил земен примерок за спроведување тест за откривање на авијарна инфлуенца H5N1 антиген или геном како што е пропишано во Поглавјето за авијарна инфлуенца од Прирачникот за дијагностички тестови и вакцини кај копнени животни, согласно последната измена на ОИЕ”. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Одлуката на Комисијата (ЕУ) бр. 734/2010/ЕУ од 30 ноември 2010 година за изменување на Одлуките бр. 2005/692/ЕК, 2005/734/ЕК, 2006/415/ЕК, 2007/25/ЕК и 2009/494/ЕК во однос на авијарна инфлуенца (32010D0734). * Прилог VI Дел 1 и Прилог VI Дел 4 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2010, 86/2010 и 144/2010) е усогласен со Дел 1 и Дел 2 од Прилог I на Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 206/2010/ ЕУ за листа на трети земји, територии или делови од нив кои се одобрени за внес во Европската Унија на одделни видови животни и свежо месо и услови за ветеринарна сертификација (32010R0206). Службен весник на РМ, бр. 18 од 14.2.2011 година 2 од 6 Член 2 Прилогот 2 се заменува со нов Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Прилогот 3 се заменува со нов Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува до 30 јуни 2012 година. Бр. 11-115/3 10 февруари 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 18 од 14.2.2011 година 3 од 6 Службен весник на РМ, бр. 18 од 14.2.2011 година 4 од 6 Службен весник на РМ, бр. 18 од 14.2.2011 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 18 од 14.2.2011 година 6 од 6