Regulation amending the Regulation on the list of categorized by-products of animal origin
颁布于 2013-12-06 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Листа за изменување и дополнување на листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- classification/declassification, food safety and quality
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 9 од 16.01.2014 година 1 од 2 20140090161 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 9 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува ЛИСТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА КАТЕГОРИЗИРАНИ НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО(*) 1. Во Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“број 42/12) по точката 4 се додава нова точка 5 која гласи: „5. Деривати на нуспроизводи од животинско потекло се: 5.1. биодизел којшто ги исполнува следниве барања за депонирање и користење на преработени производи: 5.1.1 во случајот на биодизел и на резидуи од дестилација на биодизел, се употребуваат како гориво без ограничувања; 5.1.2 во случај на калиум сулфат, кој се користи за производство на произведени производи кои се применуваат на почва; 5.1.3 во случај на глицерин: — добиени од Категорија 1 или Категорија 2 материјал којшто се преработува во согласност со преработувачкиот метод 1 и се трансформира во биогас. — добиени од Категорија 3 материјал, што се користи за исхрана на животни. 5.2. преработена храна за домашни миленици којашто ги исполнува стандардите за преработка на храната за домашни миленици утврдени во член 4 од Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло. 5.3. кучешки грицкалици коишто ги исполнуваат стандардите за преработка за кучешки грицкалици утврдени во член 4 од Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло; 5.4. сурова кожа и кожа од копитари коишто ги исполнуваат посебните барања за крајната точка за следниве производи: 5.4.1 Сурова кожа и поткожје од копитари за кои операторот одлучил дека се наменети за други цели освен за исхрана на луѓето и кои се во согласност со барањата за суровини за желатин или колаген наменети за употреба во храна; 5.4.2 Следниве третирани кожи и поткожје: 5.4.2.1 сурова кожа и поткожје се подложени на комплетен процес на штавање; () Со оваа листа се врши усогласување со Регулативата на Комисијата бр. 142/2011од 25 Феврураи 2011 го дина за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдува ње на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на одредени примероци и предмети кои се ослободени од гранични ветеринарни проверки според истата директива, број 32011R0142. Службен весник на РМ, бр. 9 од 16.01.2014 година 2 од 2 5.4.2.2 „wet blue“ („влажно плаво штавени“); 5.4.2.3 „кисела кожа“; 5.5. волна и влакна коишто ги исполнуваат посебните барања за крајната точка за оние производи кои се третираат во регистрирани или одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство објекти за миење на волна и влакна со метод со кој се гарантира дека нема ризици за јавното здравје и здравјето на животните. 5.6. пердуви и долни пердуви коишто ги исполнуваат посебните барања за крајната точка за оние производи кои фабрички се измиени и третирани со топла пареа од 100 °C за најмалку 30 минути. 5.7. Крзна кои се сушени на температура од 100 °C за најмалку 30 минути. 5.8. Рибино масло за производство на медицински производи којшто се добиени од нуспроизводи од животинско потекло опфатени со точките 3.5, 3.6, 3.9 и 3.10 од Листата на категоризирани нуспроизводи од животинско потекло и ги исполнува посебните барања за крајната точка и кои биле откиселени со раствор на NaOH на температура од најмалку 80 °С а потоа биле прочистени со дестилација на температура од најмалку 200 °С. 5.9. Гас и горива коишто ги исполнуваат барањата за „multi-step catalytic process" за производство на обновливи извори на енергија и се добиени: 5.9.1 Според условите пропишани во Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост; 5.9.2 Во случај на користење на глина добиена од белење или талог добиен од пред третман процесите и се користат за горење/согорување во објектите за инценерација/коинценерација, се трансформираат во биогас или се компостираат или преработуваат во производи кои не се наменети за исхрана на фармски животни и кои не се употребуваат на почва од која се хранат фармските животни.“ 2. Точките 5 и 6 стануваат точки 6 и 7. 3. Оваа листа се објавува во „Службен весник на Република Македонија". Бр.02-4159/4 Министер за земјоделство, 6 декември 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.