Regulation amending the Regulation on standards and manner for determining the quality and manner of packaging and labelling of bee products
颁布于 2018-11-22 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- apiculture/sericulture, food safety and quality, packaging/labelling
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 225 од 10.12.2018 година 1 од 2 20182254123 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 114 став (5) и член 117 став (2) од Законот за квалитет на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИТЕ И НАЧИНОТ НА ОДРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ И НАЧИНОТ НА ПАКУВАЊЕ И ОЗНАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ПЧЕЛИ ПО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ (*) Член 1 Во Правилникот за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот (*1) („Службен весник на Република Македонија“ број 68/11) во членот 2 ставот (6) се менува и гласи: „Без да е во спротивност со член 3 став (1) точка б) алинеја 6 од овој правилник, од медот не може да се отстранат полен или било која друга состојка, доколку истото е неизбежно при отстранувањето на туѓи неоргански или органски материи.“. Член 2 (1) Во членот 14 ставот (7) се менува и гласи: „ На декларацијата треба да се наведат земјата или земјите на потекло од каде што медот бил собран.“. (2) По ставот (7) се додава нов став (8) кој гласи: „(8) Без оглед на став (7) од овој член, медот кој потекнува од повеќе од една земја, или од трета земја, означувањето на земјите на потекло треба да се замени со една од следниве ознаки: 1) „мешавина од мед која потекнува од Република Македонија и други земји “; 2) „мешавина од мед која потекнува од земји на ЕУ“; 3) „ мешавина од мед која потекнува од земји кои не се во ЕУ “ и 4) „ мешавина од мед која потекнува од земји на ЕУ и од земји кои не се во ЕУ“. (3) По ставот (8) кој стана став (9) се додава нов став (10) кој гласи: „(10) Поленот кој е природно составен дел на медот, нема да се смета дека е состојка во рамките на значењето на член 3 став (2) точка 5) од Правилникот за информации поврзани со храната (*2).“. Член 3 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-10982/3 Министер за земјоделство, 22 ноемрви 2018 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Николовски, с.р. () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 2014/63/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 15 мај 2014 година за надополнување на Директивата на Советот 2001/110/ЕЦ за мед (CELEX број 32014L0063). Службен весник на РМ, бр. 225 од 10.12.2018 година 2 од 2 (*1) Правилникот за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот е усогласен со Директивата на Советот 2001/110/ЕЦ од 20.12.2001 година за мед (CELEX број 32001L0110) и (*2) Членот 3 став (2) точка 5) од Правилникот за информации поврзани со храната е усогласен со точка ѓ) од член 2 став (2) од Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011 на Европскиот Парламент и на Советот од 25 октомври 2011 година за давање на прехранбени информации на потрошувачите, за изменување на Регулативите (ЕЗ) бр. 1924/2006 и (ЕЗ) бр. 1925/2006 на Европскиот парламент и на Советот и за укинување на Директива 87/250/EEЗ на Комисијата, Директива 90/496/EEЗ на Советот, Директива 1999/10/EЗ на Комисијата, Директива 2000/13/EЗ на Европскиот парламент и на Советот, Директивите 2002/67/EЗ и 2008/5/EЗ на Комисијата и Регулатива (ЕЗ) бр. 608/2004 на Комисијата (CELEX број 32011R1169).