跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation amending the Regulation on measures for the health protection of animals in relation to lumpy skin disease

颁布于 2018-05-09 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за изменување и дополнување на правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
cattle, animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, authorization/permit, vaccination

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 86 од 11.5.2018 година 20180861635 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МЕРКИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТА НА ЧВОРЕСТА КОЖА (*) Член 1 Во Правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/17 и 138/17), во членот 4 став (1) точка 1) потточката (а) се менува и гласи: „животните се вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот и доаѓаат од одгледувалиште на кое животните престојувале најмалку 28 дена. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката;“. Во точката 2) потточката (а) се менува и гласи: „животните се вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку три месеци пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката;“. Во точката 3) потточката (б) се менува и гласи: „животните биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот, доаѓаат од одгледувалиште на кое животните престојувале најмалку 28 дена. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката;“.  Со овој правилник се врши усогласување со Одлуката на Европската Комисија 2017/1460/ЕУ од 8 август 2017 година за измена на Од луката 2016/2008 за мерките на здравствената заштита во однос на болеста на чвореста кожа во Земјите членки, CELEX број 32017D1460. Службен весник на РМ, бр. 86 од 11.5.2018 година 2 од 4 Член 2 Во членот 5 став (1) точка 2) потточката 2) се менува и гласи гласи: „животните биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот, доаѓаат од одгледувалиште на кое животните престојувале најмалку 28 дена. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката;“. Член 3 Членот 6 се менува и гласи: „Посебни услови за движење на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво во областите наведени во Прилог 1 дел 2 на истата засегната земја (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 1) на овој правилник и доколку се исполнети условите од став (2) од овој член, може да се врши движење на пратки со живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од одгледувалишта кои се лоцирани во областите наведени во Прилог 1 Дел 2 на овој правилник до дестинација лоцирана во рамките на друг регион наведена во Прилог 1 дел 2 од овој правилник од истата засегната земја. (2) Исклучокот од став (1) на овој член се применува само на пратки со живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво доколку животните исполнуваат најмалку еден од следните услови: 1) животните биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот, доаѓаат од одгледувалиште на кое животните престојувале најмалку 28 дена. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката; 2) животните, без оглед на нивниот индивидуален вакцинален статус или вакцинацијата против болеста на чвореста кожа во нивното одгледувалиште на потекло, може да се движат на санитарно колење во кланица, доколку одгледувалиштето на потекло не е предмет на било која од забраните пропишани во член 55 од Законот за ветеринарно здравствоviii во однос на болеста на чвореста кожа со која се забранува таков вид на движење; 3) животните се невакциниран подмладок на возраст помала од шест месеци, а се добиени од мајки кои се вакцинирани најмалку 28 дена пред раѓањето и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот може да се движат во друго одгледувалиште или во кланица. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на Службен весник на РМ, бр. 86 од 11.5.2018 година 3 од 4 постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката и одгледувалиштето не е предмет на било која од забраните пропишани во член 55 од Законот за ветеринарно здравствоix во однос на болеста на чвореста кожа, со кои се забранува такво движење.“. Член 4 По членот 6 се додава нов член 6-а кој гласи: „Член 6-а Посебни услови за движење на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво во областите наведени во Прилог 1 дел 1 во области од Прилог 1 дел 1 и 2 на истата засегната земја (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 1) на овој правилник и доколку се исполнети условите од став (2) од овој член, може да се врши движење на пратки со живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од одгледувалишта кои се лоцирани во областите наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник до дестинација лоцирана во рамките на друг регион наведена во Прилог 1 дел 1 и 2 од овој правилник од истата засегната земја. (2) Исклучокот од став (1) на овој член се применува само на пратки со живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво доколку животните исполнуваат најмалку еден од следните услови: 1) животните биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот, доаѓаат од одгледувалиште на кое животните престојувале најмалку 28 дена. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката; 2) животните, без оглед на нивниот индивидуален вакцинален статус или вакцинацијата против болеста на чвореста кожа во нивното одгледувалиште на потекло, може да се движат на санитарно колење во кланица, доколку одгледувалиштето на потекло не е предмет на било која од забраните пропишани во член 55 од Законот за ветеринарно здравствоviii во однос на болеста на чвореста кожа со која се забранува таков вид на движење; 3) животните се невакциниран подмладок на возраст помала од шест месеци, а се добиени од мајки кои се вакцинирани најмалку 28 дена пред раѓањето и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот може да се движат во друго одгледувалиште или во кланица. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката и одгледувалиштето не е предмет на било која од забраните пропишани во член 55 од Законот за ветеринарно здравствоix во однос на болеста на чвореста кожа, со кои се забранува такво движење. Службен весник на РМ, бр. 86 од 11.5.2018 година 4 од 4 4) животните кои се внесени на одгледувалиштето во последните три месеци од земја членка на ЕУ или трета земја која не е под забрана заради болест на чвореста кожа или вакцинација против болест на чвореста кожа може да се движат во кланица. На одгледувалиштето на потекло сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и се во рамките на период на постигнат имунитет во согласност со упатството на производителот или се во рамките на период на постигнат имунитет здобиен со претходна вакцинација или стекнат од мајката и одгледувалиштето не е предмет на било која од забраните пропишани во член 55 од Законот за ветеринарно здравствоix во однос на болеста на чвореста кожа, со кои се забранува такво движење.“. Член 5 Во членот 12 во ставот (1) бројот „6“ се брише. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-945/3 Агенција за храна 9 мај 2018 година и ветеринарство Скопје Директор, Зоран Атанасов, с.р.