Regulation amending the Regulation on measures for the suppression and eradication of transmissible spongiform encephalopathies
颁布于 2018-04-24 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за изменување на Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, inspection
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 77 од 30.4.2018 година 20180771404 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12 и 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ТРАНСМИСИВНИ СПОНГИОФОРМНИ ЕНЦЕФАЛОПАТИИ(*) Член 1 Во Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Македонија” бр. 57/11 и 161/17) во Прилогот 2 Глава А став II. точката 8 се менува и гласи: „Генотипизација Генотипот на протеинот на прионот за кодоните 136, 154 и 171 треба да се одреди за секој позитивен случај на ТСЕ кај овци. ТСЕ случаевите кај овци со генотип кој кодира аланин на двата алели на кодон 136, аргинин на двата алели на кодон 154 и аргинин на двата алели на кодон 171 веднаш се пријавуваат до Агенцијата. Кога позитивниот случај на ТСЕ е случај на атипично скрепи, треба да се одреди, исто така, генотипот на протеинот на прионот за кодонот 141.“. Во Глава Б став I. А. точката 8 се менува и гласи: „Генотипот, и каде е можно расата, на секоја овца која е позитивна на TСЕ и од која е земен примерок согласно Глава A дел II точка 8 од овој прилог.“. Член 2 Во Прилогот 4 Глава В Дел 1 по точката 7 се додава нова точка 8 која гласи: „8. Во согласност со точка 1 од овој дел, земањето примероци и генотипизацијата на расплодните овни во стада кои не учествуваат во програмата за размножување, генотипот на протеинот на прионот за кодоните 136, 141, 154 и 171 се одредува на минималниот примерок кој е репрезентативен за целата популација на овци, или: (а) еднаш на секои три години на минимален примерок од најмалку 1560 овци или (б) во интервали и на примерок со големина кој се одредува врз основа на усогласеност со следните критериуми: во планот за земање примероци се земени во предвид релевантните епидемиолошки податоци земени при претходните истражувања, вклучувајќи ги и податоците за генотипот на протеинот на прионот за кодоните 136, 141, 154 и 171 по раса, регион, старост, пол и видот на стадото и со планот за земање примероци се овозможува најмалку да се открие промена од 5% во преваленцијата на генотипот во период од 3 години, при моќност на статистичкиот критериум од 80% и ниво на веројатност од 95%.“. ()Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (EК) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и Совет од 22 мај 2001 година, со која се пропишуваат правилата за спречување, контрола и искоренување на одредени трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (CELEX бр. 32001R0999), изменета и дополнета со Регулатива на Комисијата (EУ) 2017/894 од 24 мај 2017 година за изменување на Анексите III и VII од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот во врска со генотипизација на овци (CELEX бр. 32017R0894). Службен весник на РМ, бр. 77 од 30.4.2018 година 2 од 2 Член 3 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-1172/3 Агенција за храна 24 април 2018 година и ветеринарство Скопје Директор, Зоран Атанасов, с.р.