跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation amending the Regulation on measures for the suppression and eradication of transmissible spongiform encephalopathies

颁布于 2017-11-02 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за изменување на Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, inspection

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 161 од 10.11.2017 година 20171613105 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12 и 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МЕРКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ТРАНСМИСИВНИ СПОНГИОФОРМНИ ЕНЦЕФАЛОПАТИИ (*) Член 1 Во Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/11) во член 4 ставот (2) се менува и гласи: „(2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) “ТСЕ” се сите трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии, со исклучок на оние кои се појавуваат кај луѓето; () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (EК) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и Совет од 22 мај 2001 година, со која се пропишуваат правилата за спречување, контрола и искоренување на одредени трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии, број 32001R0999 изменета и дополнета со: -, Регу латива на Комисијата (ЕУ) бр. 189/2011 од 25 февруари 2011 за изменување на Анексите VII и IX од Регула тивата (ЕЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот која ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, број 32011R0189; Регула тива на Комисијата (ЕУ) бр. 1064/2012 од 13 ноември 2012 година за изменување на Анекс X од Регулатива та (ЕЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот во врска со листата на брзи тестови, број 32012R1064; Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 56/2013 од 16 јануари 2013 за изменување на Анексите I и IV од Регулативата (ЕЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот која ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, број 32013R0056; Регулатива на Советот (ЕУ) бр. 517/2013 од 13 Мај 2013 година за усвојување на одредени Регу лативи и Одлуки во областа на слободно движење на стоки, слобода на движење за лица, Законот за тргов ски друштва, политиката на конкуренција, земјоделството, безбедноста на храната, ветеринарната и фитоса нитарната политика, транспорт политика, енергетика, оданочувањето, статистиката, транс-европските мрежи, судството и основните права, правда, слобода и безбедност, животната средина, царинска унија, над ворешни односи, надворешна, безбедносна и одбранбена политика и институции, поради пристапување на Република Хрватска, број 32013R0517; Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 630/2013 од 28 јуни 2013 за изме нување на Анексите од Регулативата (ЕЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот која ги пропи шува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефало патии, број 32013R0630; Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 1148/2014 од 28 октомври 2014 за изменување на Анексите II, VII, VIII, IX и X од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот ко ја ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, број 32014R1148; Регулатива на Комисијата (EУ) 2015/728 од 6 мај 2015 за изменување на дефиницијата за специфичен ризичен материјал од Анекс V од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европски от парламент и на Советот која ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, број 32014R0728; Регулатива на Комисијата (EУ) 2015/1162 од 15 јули 2015 за изменување на Анекс V од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот која ги пропишува правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, број 32015R1162; Регулатива на Комисијата (EУ) 2016/27 oд 13 јануари 2016 за изменување на Анексите III и IV од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Сове тот во која се пропишани правилата за контрола, сузбивање и ерадикација на одредени трансмисивни спонги оформни енцефалопатии, број 32016R0027; Регулатива на Комисијата (EУ) 2016/1396 oд 18 август 2016 за из менување на одредени Анекси од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот во која се пропишани правила за превенција, сузбивање и искоренување на одредени трансмисивни спонгифор мни енцефалопатии, број 32016R1396; Регулатива на Комисијата (EУ) 2017/110 oд 23 јануари 2017 за измену вање на Анексите IV и X од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот во која се пропишани правилата за превенција, контрола и ерадикација на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, број 32017R0110; Регулатива на Комисијата за спроведување (EУ) 2017/736 од 26 април 2017 за изменување на Анекс VIII од Регулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот во врска со одобрување на националниот програм за контрола на класично скрепи на Словенија, број 32017R0736; Регулатива на Комисијата (EУ) 2017/893 од 24 мај 2017 за изменување на Анексите I и IV од Ре гулативата (EЗ) бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот и на Анексите X, XIV и XV од Регулати вата на Комисијата (EУ) бр. 142/2011 во врска со одредбите за преработени животински протеини, број 32017R0893. Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 2 од 59 2) “ставање во промет” е секоја активност која има за цел продажба на живи животни или производи од животинско потекло опфатени со овој правилник на трета страна, или друга форма на снабдување со надомест или без надомест на третата страна или складирање за снабдување на третата страна; 3) “производи од животинско потекло” е секој производ добиен од или кој содржи производ добиен од животни опфатени со одредбите на Правилникот за условите за ставање во промет за одделни видови на животни, нивната намена и производи од животинско потекло како и начинот и постапката за вршење на официјални контроли при промет на живи животни и производи од животинско потекло(*1); 4) “суровински материјал” е секоја суровина или производ од животинско потекло од кои, или со чија помош, се произведени производите наведени во член 3 точки (a) и (б) од овој правилник; 5) “категорија” е една од класифицираните категории наведени во Прилог 1 Глава В кој е составен дел од овој правилник; 6) “специфично ризичен материјал” се ткивата наведени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Доколку не е поинаку наведено, во специфично ризичен материјал не се вклучени производи кои содржат или се добиени од тие ткива; 7) “животни сомнителни на инфекција со ТСЕ” се живи, заклани или угинати животни, кои покажуваат или покажале невролошки пореметувања, пореметување во однесувањето или прогресивно влошување на општата здравствена состојба поради оштетување на централниот нервен систем за кои податоците добиени врз основа на клиничките испитувања, реакција на лечењето, post-mortem испитувања или ante или post-mortem лабораториските анализи, не овозможуваат утврдување на алтернативна дијагноза. Сомнителни на спонгиоформни енцефалопати кај говеда (во понатамошниот текст СЕГ) се и говеда кои дале позитивна реакција на брзите тестови за детекција на СЕГ; 8) “одгледувалиште” е секое место во кое животните опфатени со овој правилник се држат, чуваат, размножуваат, се постапува или прикажуваат на јавноста; 9) ”земање на примероци” е земање на примероци, со статистички правилна застапеност од животни, средината во која живеат или од производи од животинско потекло со цел утврдување на дијагноза на одредена болест, утврдување на крвно сродство, надзор на здравствениот статус или за мониторинг на отсуство на микробиолошки агенси или одредени материјали во производите од животинско потекло; 10) “ѓубрива” е секоја субстанца која содржи производи од животинско потекло кои се користат за подобрување на растот на вегетацијата во почвата; под ѓубриво може да се подразбираат и остатоци од дигестија од производство на биогас или компостирање; 11) “брз тест” е метод на проверка наведен во Прилог 7,кој е составен дел на овој правилник за кој резултатите се познати во рок од 24 часа; 12) “алтернативен тест” е тест наведен во член 10 став (2) од овој правилник врз основа на кој може да се пристапи кон повлекување на специфично ризичен материјал; 13) “механички одвоено месо или ‘MОM’ ” е производ добиен со одстранување на месото од коски по предходно извршено обескостување со употреба на механички средства што резултира со губење или модификација на структурата на мускулното влакно; 14) “пасивен надзор” е пријавување на сите животни сомнителни на инфекција на ТСЕ. Доколку ТСЕ не може се исклучи со клиничкото испитување, пасивниот надзор подразбира и лабораториско тестирање на тие животни; 15) “активен надзор” е тестирање на животни кои не се пријавени како сомнителни на инфекција со ТСЕ како на пример принудно заклани животни, животни со наоди при ante mortem испитување, угинати животни, здрави заклани животни и убиени животни поврзани со случај на ТСЕ, со цел утврдување на проширеноста и преваленцата на ТСЕ во земјата или нејзин регион. Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 3 од 59 16) “Референтна лабораторија на Заедницата” е референтна лабораторија за ТСЕ на Европската унија која е именувана и одобрена од страна на Европската унија(*2); 17) “Земја членка” е Земја членка на Европската Унија; 18) ‘изворен случај на СЕГ’ е случај на појава на спонгиоформна енцефалопатија кај говеда за која не е точно утврдено дека инфекцијата настанала пред увозот како живо животно.; 19) ‘околно сврзно ткиво’ е масно ткиво одвоено за време на постапката на колење и расекување, посебно свежо масно ткиво од срцето, оментумот и бубрезите на говеда и масното ткиво добиено при постапките во просториите за расекување.; 20) ‘запат’ е група на говеда која вклучува: (а) говеда родени во исто стадо со заболеното говедо и 12 месеци пред или по раѓањето на заболеното говедо; и (б) животни кои во кое било време од првата година на животот биле одгледувани заедно со заболеното говедо за време на неговата прва година од животот; 21) ‘прв случај’ е првото животно на одгледувалиште или во епидемиолошки дефинирана група кај кое ТСЕ е потврдена; 22) ‘TСЕ кај мали преживари’ е случај на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии утврден кај овци или кози со тест за потврдување на абнормален PrP протеин; 23) ‘случај на скрепи’ е потврден случај на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии кај овци и кози кога при поставувањето на дијагноза е исклучена СЕГ согласно критериумите утврдени во Техничкиот прирачник за карактеризација на ТСЕ соеви кај мали преживаари на Реферантната лабораторија на Европската Унија; 24) ‘случај на класичен скрепи’ е потврден случај на скрепи класифициран како класичен согласно критриумите утврдени во Техничкиот прирачник за карактеризација на ТСЕ соеви кај мали преживари на Референтната лабораторија на Европската Унија; 25) ‘случај на атипичен скрепи’ е потврден случај на скрепи кој се разликува од класичнo скрепи согласно критериумите утврдени во Техничкиот прирачник за карактеризација на ТСЕ соеви кај мали преживари на Реферантната лабораторија на Европската Унија; 26) ‘принудно колење’ е секое колење наредено од страна на ветеринар по несреќа или сериозни физички или функционални пореметувања; Принудното колење може да се изврши надвор од кланица кога ветеринарот утврдил дека транспортот на животното е невозможен или ќе предизвика непотребно страдање кај животното; 27) ‘генотип на протеинот на прионот’ кај овците е комбинација на два алели на начин опишан во Прилог 8 Дел 1 точка 1 од овој правилник; 28) ‘случај на СЕГ’ е случај на СЕГ потврден во националната референтна лабораторија врз основа на методите и протоколите наведени во Прилог 7 Глава Б точка 3.1 подточки (а) и (б) од овој правилник; 29) ‘случај на класична СЕГ’ е случај на СЕГ класифициран како класична во согласност со критериумите наведени во Метод за класификација на говедски ТСЕ изолати на референтната лабораторија на Европската Унија; 30) ‘случај на атипична СЕГ’ е случај на СЕГ кој не може да се класифициран како случај на класична СЕГ во согласност со критериумите наведени во Метод за класификација на говедски ТСЕ изолати на референтната лабораторија на Европската Унија; 31) ‘овци и кози постари од 18 месеци’ се овци и кози: (а) чија старост е потврдена со регистри или документи за движење наведени во член 8 став (1) точки 3), 4) и 5) од Законот за идентификација и регистрација на животните(*3) или Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 4 од 59 (б) кои имаат повеќе од два изникнати постојани секачи; 32) ‘фармски одгледувани инсекти’ се фармски животни од видовите инсекти кои се користат за преработени животински протеини во согласност со член 2 став (1) точка 4) од Правилникот за посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и други преработени производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и технички објекти и посебните технички услови за храната за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот(*4); 33) ‘произведувачи за сопствена употреба’ се одгледувачи на животни кои ја мешаат храната за животни за употреба исклучиво во сопствениот објект.“. Член 2 Прилогот 1 се заменува со нов Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Прилогот 2 се заменува со нов Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Прилогот 3 се заменува со нов Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Прилогот 4 се заменува со нов Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Прилогот 5 се заменува со нов Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. Член 7 Прилогот 6 се заменува со нов Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник. Член 8 Прилогот 7 се заменува со нов Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник. Член 9 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-3017/3 Агенција за храна 2 ноември 2017 година и ветеринарство Скопје в.д. Директор, Зоран Атанасов, с.р. Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 5 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 6 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 7 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 8 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 9 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 10 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 11 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 12 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 13 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 14 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 15 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 16 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 17 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 18 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 19 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 20 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 21 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 22 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 23 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 24 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 25 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 26 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 27 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 28 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 29 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 30 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 31 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 32 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 33 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 34 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 35 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 36 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 37 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 38 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 39 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 40 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 41 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 42 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 43 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 44 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 45 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 46 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 47 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 48 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 49 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 50 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 51 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 52 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 53 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 54 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 55 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 56 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 57 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 58 од 59 Службен весник на РМ, бр. од 161 од 10.11.2017 година 59 од 59

Regulation amending the Regulation on measures for the suppression and eradication of transmissible spongiform encephalopathies · Nelum