跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation amending the Regulation on conditions for placing on the market of aquaculture, its purpose, and manner of official controls in marketing of aquaculture

颁布于 2014-08-25 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за изменување и дополнување на правилникот за условите за ставање во промет на аквакултура, нејзината намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на аквакултура.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Fisheries and aquaculture
关键词
aquaculture, internal trade, international trade
类别
*

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 1 од 19 20141324201 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА АКВАКУЛТУРА, НЕЈЗИНАТА НАМЕНА, КАКО И НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ ПРИ СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА АКВАКУЛТУРА (*) Член 1 Во Правилникот за условите за ставање во промет на аквакултура, нејзината намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ број 85/13), во членот 2 ставот (2) се менува и гласи: „(2) Одредбите од овој правилник не се применуваат на: 1) аквакултура и производи од аквакултура кои се наменети за ставање во промет за научни цели. Ставањето во промет за научни цели не треба да го загрозува здравствениот статус на аквакултурата на дестинацијата или на локациите на транзит во однос на болестите наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) и се врши по претходно известување на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), 2) Украсни водни животни кои се одгледуваат во некомерцијални аквариуми, 3) Диви водни животни кои се уловени и наменети за исхрана на луѓето и 4) Водни животни уловени и наменети за производство на рибина смеска, добиточна храна од риба, рибино масло и слични производи.“ Член 2 Во членот 3 став (2) по точката 1) се додаваат осумнаесет нови точки 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13), 14) 15), 16), 17), 18) и 19) кои гласат: „ 2) „животни од аквакултура“ се водни животни од сите старосни категории, вклучително и икра и семе/гамети, одгледувани на одгледувалиште вклучително и било кои водни животни од природата наменети за одгледување во одгледувалиште; 3) „дејност за производство на аквакултура“ е извршување на активности поврзани со одгледување, чување или култивација на животни од аквакултурата од јавно или приватно претпријатие, со профитабилна или непрофитабилна цел; () Со овој правилник се врши усогласување со поглевје 7 и Анекс 5 од ДИРЕКТИВАТА НА СОВЕТОТ 2006/88/ЕЗ од 24 октомври 2006 за здравствените барања за аквакултурата и производи од аквакултура, и за спречување и контрола на одредени болести кај водни животни, Целекс број 32006L0088; со последната измена со Директива на Комисијата 2008/53/EЗ, целекс број 32008L0053 и Дел 1 од прилогот на Одлуката на Советот 2001/183/ЕЗ од 23 Фебруари 2001 година која пропишува планови за надзор и дијагностички методи за откривање и потврда на одредени болести кај рибите, и ја повлекува одлуката 92/532/ЕЕЦ, целекс број 32001D0183. Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 2 од 19 4) „одгледувач на аквакултура“ е физичко или правно лице одговорно да обезбеди дека дејностите за производство на аквакултура, кои се под нивна контрола, ги исполнуваат во согласност со условите од овој правилник; 5) „водно животно“ подразбира: а) риби кои припаѓаат на супер класата Agnatha и класите Chondrichthyes и Osteichthyes, б) мекотели кои припаѓаат на фамилија Phylum Mollusca и в) ракови кои припаѓаат на подфамилијата Subphylum Crustacea; 6) „одгледувалиште за аквакултура“ подразбира објект, просторија, затворен/ограден регион или простор или инсталација во кој се врши дејност за производство на аквакултура и каде животни од аквакултурата се одгледуваат со цел да се пласираат на пазарот, со исклучок на оние каде диви водни животни кои се уловени или фатени за целите на човекова исхрана, привремено се чуваат за обработка без да се хранат; 7) „одгледување на аквакултура“ е чување на животни од аквакултурата во одгледувалишта или во дел каде се одгледуваат мекотели; 8) „украсни водни животни“се водни животни кои се чуваат, одгледуваат или се пласираат на пазарот единствено за украсни цели; 9) „рибници за рекреативен риболов“ се езера и други инсталации каде популацијата се одржува единствено за рекреативно риболовство преку обновување на животните од аквакултура; 10) „болест“ подразбира состојба на инфекција со еден или повеќе етиолошки причинители кај водните животни изразена со или без клиничка манифестација; 11) „зони или оддели слободни од болести“ се зони или оддели кои се прогласени дека немаат болести во согласност со членовите 16-а или 16-б од овој правилник; 12) „епидемиолошка единица“ е група на водни животни на одредена локација која дели приближно ист ризик на изложеност на причинители на болеста. Овој ризик може да постои поради тоа што делат заедничка водна средина, или поради тоа што врз основа на практиките за управување со водните животни постои веројатност дека причинителот на болеста во/од една група на животни брзо ќе се рашири на друга група на животни; 13) „зголемена смртност“ е необјаснета смртност значително над нивото на она што се смета за нормално за едно одгледувалиште или дел каде се одгледуваат мекотелите под услови кои преовладуваат. Што ќе се смета за зголемена смртност ќе биде решено меѓу одгледувачот и официјалниот ветеринар; 14) „инфекција кај водни животни“ е присуство на причинители на болести кои се размножуваат, се латентни или се шират на друг начин, во или на домаќинот; 15) „заразена зона или оддел“ е зона или оддел каде е познато дека се појавила инфекција кај водните животни; 16) „карантин“ е одржување на група на водни животни во изолација без директен или индиректен контакт со други водни животни, со цел да се изврши опсервација во одреден временски период и доколку е потребно тестирање и третман на водните животни, вклучувајќи и соодветен третман на отпадните води; 17) „приемчиви видови“ се сите видови на водни животни кои подлежат на инфекција со причинител на болест по природен пат или преку експерименти кои се спроведени како инфекцијата да е добиена по природен пат; 18) „вектор“е вид на животно кој не е подложно на болест, но кој може да ја рашири болеста преку пренос на патогени причинители на болеста од еден домаќин на друг; 19) „зона“ е јасно дефинирана географска област со хомоген хидролошки систем кој се состои од дел од водниот слив од изворот/ите до природна или вештачка бариера која го Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 3 од 19 спречува мигрирањето на водни животни од пониските делови на водниот тек нагоре, цел воден сливен тек од извор (и) до сливот, или повеќе од едно сливен тек, вклучувајќи ги и неговите притоки, врз основа на епидемиолошката врска меѓу притоките до сливот;“ Точките 2) и 3) стануваат 20) и 21). Член 3 Во членот 9 ставот (3) се менува и гласи: „(3) Препораките за фрекфенцијата на шемите за надзор на здравствената состојба, во зависност од здравствениот статус на зоната или одделот, се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Овој надзор се применува без да е во спротивност со земањето примероци и надзорот кои се вршат во согласност со членовите 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, и 19 од Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни(*6) или членовите 16-а, став (3), 16-б, став (2) и 16-г од овој правилник“. Член 4 Во членот 12 ставот (1) се менува и гласи: „(1) При ставање во промет, во случај кога животните се внесуваат во земја, зона или оддел кој е слободен од болести во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник или подлежи на надзор или програма за искоренување болести во согласност со Законот за ветеринарно здравство(*4), аквакултурата треба да биде придружена со ветеринарно здравствен сертификат за: 1) одгледување и порибување, или 2) понатамошна обработка пред да се стават во промет за исхрана на луѓе, освен кога: (а) рибите, пред испраќање се убиваат, колат и евисцерираат; (б) мекотелите и раковите се испраќаат како непреработени или преработени производи.“ Член 5 Во членот 13 ставот (6) се менува и гласи: „(6) Агенцијата може да одлучи аквакултурата да доаѓа од земја, зона или оддел кои се слободни од болест во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник.“ Член 6 Во членот 14 ставот (1) се менува и гласи: „(1) При внес на аквакултура за одгледување или за порибување во земја, зона или оддел кои се слободни од болест во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник, видовите на аквакултура кои се приемчиви на таа болест треба да потекнуваат од земја, зона или оддел кои се исто така слободни од таа болест.“ Член 7 Во членот 15 ставот (1) се менува и гласи: „(1) Доколку податоците од научните истражувања или искуството од пракса покажуваат дека видовите аквакултура, кои не се наведени во Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1), можат да бидат вектори на одредена болест, треба да се обезбеди дека при нивното внесување во земја, Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 4 од 19 зона или оддел слободни од таа болест во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник, заради одгледување или порибување: 1) потекнуваат од земја, зона или оддел кои се слободни од таа болест, или 2) се чуваат во карантин во вода во која, во соодветен временски период, не е присутен причинителот на болеста за која станува збор, што се докажува со податоците од научните истражувања или искуството од пракса, дека е доволно за да се намали ризикот, до прифатливо ниво, за да се спречи преносот на болеста.” Член 8 Членот 16 се менува и гласи: „(1) Аквакултурата која е приемчива на една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат (*1), и производите од аквакултурата, може да се стави во промет за понатамошна преработка во земја, зона или оддел кои се слободни од болести во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник, доколку се во согласност со еден од следните услови: 1) доаѓаат од земја, зона или оддел слободни од болеста, 2) се преработени во одобрен објект во услови со кои се спречува ширење болести, 3) рибите, се убиваат, колат и евисцерираат пред испраќање, или 4) мекотелите и раковите, се испраќаат како непреработени или преработени производи. (2) При ставање во промет за понатамошна преработка на жива аквакултура од видови кои се приемчиви на една или повеќе не-егзотични болести од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1) во земја, зона или оддел кој е слободен од тие болести во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник може привремено да се складираат на местото на преработка доколку: 1) доаѓаат од земја, зона или оддел кој е слободен од таа болест, или 2) привремено се чуваат во центри за испорака, пречистителни центри или слично кои поседуваат систем за третман на отпадни води со кој се уништува причинителот на болеста, или каде отпадната вода подлежи на други видови третмани со кои, до прифатливо ниво, се намалува ризикот од пренесување на болестите во природните води. Член 9 По членот 16 се додаваат пет нови члена 16-а, 16-б, 16-в, 16-г и 16-д кои гласат: „Член 16-а Прогласување на статус на земја слободна од болест (1) Земја може да се прогласи за слободна на една или повеќе не-егзотични болести согласно болести од листата дадена во Прилог 1, Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат доколку се усогласени условите од став (2) на овој член и: 1) ниту еден од видовите приемчиви на болеста не се присутни на територијата на земјата; или Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 5 од 19 2) не постојат податоци со кои може да се потврди опстанок на патогениот причинител во водите на земјата; или 3) се исполнети условите пропишани во Прилог 5, Дел I кој е составен дел на овој правилник. (2) Земјата треба да воспостави соодветен заштитен појас на своја територија доколку соседната земја или сливното подрачје кое е заедничко со соседната земја не се прогласено за слободно на болест. Поставувањето на заштитниот појас треба да овозможи заштита на слободниот статус на земјата од пасивно внесување на болеста. (3) Директорот согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство може да пропише правила за спроведување на надзор, земање на мостри и методи за лабораториска дијагностика за прогласување на статус на земја слободна од болест. Член 16-б Прогласување на статус на зона или оддел слободни од болест (1) Земја може да прогласи зона или оддел на својата територија за слободни на една или повеќе не-егзотични болести дадени во Прилог 1, Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат доколку: 1) ниту еден од видовите приемчиви на болеста не се присутни во зоната или одделот или водениот извор; или 2) не постојат податоци со кои може да се потврди опстанок на патогениот причинител во водите во зоната, одделот или друг воден извор, или 3) зоната или одделот ги исполнуваат условите во од Прилог 5, Дел II кој е составен дел на овој правилник. (2) Директорот согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство може да пропише правила за спроведување на надзор, земање на мостри и методи за лабораториска дијагностика за да се прогласување на статус на слободна од болест зона или оддел на својата територија. Член 16-в Листа на зони и оддели прогласени за слободни Агенцијата воспоставува/ води и одржува листа на зони и оддели кои имаат прогласен статус за слободни од болест. Листа на зони и оддели кои се прогласени за слободни се објавува на веб страната на Агенцијата. Член 16-г Одржување на статус слободни од болест (1) Земјата која има прогласен статус слободна на една или повеќе не-егзотични болести дадени во Прилог 1, Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат може да го прекине спроведувањето на таргетиран надзор и Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 6 од 19 да го одржува стекнатиот статус на слободна од болест, доколку спроведува клинички преглед, и се применуваат одредби од овој правилник и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни. (2) Зоната(ите) или одделот(ите) кои имаат прогласен статус за слободни од болест а се наоѓаат во земја која нема прогласен статус на слободна од болест и во сите случаи каде што клиничкиот надзор/преглед не е спроведен за потврда на отсуство на одредена болест, таргетиран надзор продолжува да се применува согласно методите од член 16-а став (3) и член 16-б став (2) од овој правилник, на ниво пропорционално со степенот на ризик. Член 16-д Повлекување и повторно обновување на статус слободни од болест (1) Доколку во земјата која има прогласен статус на слободна од болест постои основано сомнение дека некои од условите за одржување на овој статус во земјата, зоната или одделот се нарушени, земјата треба веднаш да го забрани извозот на приемчиви или векторски видови во земји, зони или оддели кои имаат повисок здравствен статус за релевантна болест согласно член 5, 6, 7, 14 и 15 и Прилог 1 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни. (2) Доколку со епидемиолошката истрага согласно член 6 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на одредени болести кај водните животни се потврди дека нема основа за сомнеж за нарушување на статусот на земја. зона или оддел слободни од болест, истиот повторно им се доделува. (3) Доколку со епидемиолошката истага од став (2) на овој член се потврди присуство на инфекција, тогаш статусот на земја. зона или оддел слободни од болест се повлекува и за повторно стекнување на статус слободни од болест ќе се применуваат условите пропишани во Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник.“ Член 10 Во членот 18 ставот (1) се менува и гласи: „(1) Диви водни животни од видови кои се приемчиви на една или повеќе од болестите од Прилог 1 Дел Б од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат(*1), кои се заловени во земја,зона или оддел кои не се слободни од болести во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник, треба да се ставаат во карантин во соодветни објекти и да бидат под надзор на Агенцијата за период кој е доволен да се намали ризикот од пренос на болеста до прифатливо ниво, пред да можат да се пуштат во фарма или дел каде се одгледуваат мекотели во земја, зона или оддел кои се слободни од таа болест во согласност со членовите 16-а и 16-б од овој правилник“. Член 11 Во членот 26 се додава нов став (2) кој гласи: „(2) Официјалните контроли на пастрмките заради откривање и потврдување на вирусна хеморагична септикемија (ВХС) и инфективна хематопоетска некроза (ИХН) се вршат со посета на објектите за производство на аквакултура, преглед и земање на мостри на начин даден во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник“. Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 7 од 19 Член 12 Прилогот 2 се заменува со нов Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 13 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.1672/4 Директор на Агенција 25 август 2014 година за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 8 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 9 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 10 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 11 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 12 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 13 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 14 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 15 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 16 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 17 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 18 од 19 Службен весник на РМ, бр. 132 од 05.09.2014 година 19 од 19

Regulation amending the Regulation on conditions for placing on the market of aquaculture, its purpose, and manner of official controls in marketing of aquaculture · Nelum