跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Publication amending and supplementing the Programme for suppression and eradication of brucellosis in sheep and goats for the period from 2016 to 2020

颁布于 2019-01-08 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Програма за изменување и дополнување на Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овците и козите за период од 2016 до 2020 година.
语言
Macedonian
类型
其他
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal health, sheep/goats, monitoring, policy/planning, inspection, pests/diseases, animal production, grazing, transport/storage

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 1 од 4 20190050080 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 57 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 8.1.2019 година, донесе ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БРУЦЕЛОЗА КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 2016 ДО 2020 ГОДИНА Член 1 Во Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овците и козите за период од 2016 до 2020 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 48/16) во членот 3 став (1) точка 2 алинеја 2 зборовите „на возраст до шест месеци“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Одгледувалиштата од став (1) точка 1 на овој член се наоѓаат во општините кои се дадени во Прилог 2 дел А кој е составен дел на оваа програма, додека одгледувалиштата од став (1) точка 2 на овој член се наоѓаат во општините кои се дадени во Прилог 2 дел Б.“ Член 2 Во членот 4 се додава нов став (2) кој гласи: „(2) За сомнителни животни на бруцелоза, покрај став (1) од овој член, ќе бидат прогласени и: 1. животните кои на лабораториско тестирање реагирале позитивно согласно член 6 на оваа програма, а потекнуваат од одгледувалишта во кои немало потврдено присуство на болеста бруцелоза во последните две години и доколку бројот на животни во одгледувалиштето кои при лабораториско испитување дале позитивен резултат на бруцелоза е помал од 1% од вкупниот број на испитани животни во одгледувалиштето, или 2. животните кај кои при примена на дијагностичките тестови од Прилог 1 став (1) на оваа програма е добиен позитивен резултат со тестот ELISA и доколку: ниту едно од тестираните животни не дало позитивен резултат на тестот РВК и не постои потврдена епидемиолошка врска со потврден извор на инфекција.” Член 3 Во членот 5 во став (2) точката 3 се менува и гласи: „спроведување на епидемиолошко испитување со цел утврдување на изворот, времето и начинот на инфекција и можните патишта за понатамошно ширење на инфекцијата.” По точката 5 се додава нова точка 6 која гласи: “6. еутаназија или колење на сомнителните животни заради земање на мостри (органи и крвни проби) за потврда на присуство на болеста бруцелоза согласно тестовите од член 6 односно од Прилог 1 став (2) или отфрлање на сомнежот.” Во став (3) зборовите „не се утврди“ се заменуваат со зборовите „се отфрли“. Член 4 Во членот 7 став (1) точка 9 по зборот „еутаназираат“ се додаваат зборовите „при што се врши нештетно отстранување на еутаназираните животни;“. Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 2 од 4 Член 5 Во членот 8 во ставот (3) по зборовите “член 3 став (1) точка 2” запирката се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. По ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи: “(4) Само животните од одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 1 од оваа програма може да се движат кон добиточни пазари.” Член 6 Членот 9 се менува и гласи: “Во одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 2 од оваа програма може да се внесуваат животни од видот овци и кози само доколку: 1. животните потекнуваат од одгледувалишта со ист здравствен статус во однос на бруцелозата; 2. животните потекнуваат од одгледувалишта од член 3 став (1) точка 1 од оваа програма; 3. животните се индивидуално обележани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните; и 4. животните потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци.“ Член 7 Членот 10 се менува и гласи: „(1) Движењето на животните од член 3 став (1) на оваа програма е можно во случаите утврдени во членовите 8 и 9 на оваа програма. (2) Животните од став (1) треба да се движат исклучиво со сертификат за здравствена состојба на животните.”. Член 8 Прилозите 1 и 2 се заменуваат со нови Прилози 1 и 2 кои се составен дел на оваа програма. Член 9 Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 44-11344/1-18 Претседател на Владата 8 јануари 2019 година на Република Македонија, Скопје Зоран Заев, с.р. Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 5 од 11.1.2019 година 4 од 4