Programme for suppression and eradication of brucellosis in sheep and goats for the period from 2016 to 2020
颁布于 2016-03-08 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Програма за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овците и козите за период од 2016 до 2020 година.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 其他
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal health, sheep/goats, monitoring, policy/planning, inspection, pests/diseases, animal production, grazing, transport/storage
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 1 од 13 20160481253 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 57 став (2) од Закон за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр.113/07, 24/11, 136/11, 123/12 и 154/15), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 8.3.2016 година, донесе ПРОГРАМА ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БРУЦЕЛОЗА КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 2016 ДО 2020 ГОДИНА Член 1 Предмет (1) Со оваа програма се пропишуваат мерки за заштита на здравјето на луѓето и животните, обезбедување основни предуслови за ставање во промет и извоз на живи овци и кози и нивни производи за период од 2016 до 2020 година. (2) Мерките за контрола и сузбивање на бруцелозата се применуваат во сите одгледувалишта за овци и кози (во натамошниот текст: одгледувалишта) на територијата на Република Македонија. Член 2 Цел Целта на оваа програма е постигнување и одржување на статусот на одгледувалиштата за овци и кози како „официјално слободни” од болеста бруцелоза кај овците и козите (во понатамошниот текст: бруцелоза). Член 3 Поделба на одгледувалиштата на овци и кози во однос на статусот на бруцелозата (1) Во зависност на преваленцата на бруцелоза кај овците и козите како и ризикот за ширење на болеста, одгледувалиштата во Република Македонија се делат на: 1. одгледувалишта каде преваленцата на бруцелозата на ниво на одгледувалиште е од 0 до 1% и во кои се спроведува серолошко испитување на сите животни постари од шест месеци еднаш годишно со дијагностичките тестови утврдени во Прилог 1 кој е составен дел на оваа програма, и 2. одгледувалишта каде преваленцата на бруцелозата на ниво на одгледувалиште е поголема од 1% или каде ризикот за ширење на болеста е висок. Во овие одгледувалишта се спроведуваат следните мерки: превентивна вакцинација против бруцелоза на сите животни наменети за одгледување на возраст од три до шест месеци со Rev 1 вакцина аплицирана конјуктивално при што вакцинацијата треба да се изврши што е можно порано запазувајќи ја старосната граница дадена во оваа точка. Животни постари од шест месеци не смеат да се вакцинираат и сите невакцинирани животни и животни кои биле вакцинирани на возраст до шест месеци и се постари од 18 месеци се испитуваат со серолошки тестови утврдени во Прилог 1 на оваа програма. (2) По исклучок од став (1) точка 2 на овој член, во одгледувалиштата, населените места и општините каде е извршена масовна вакцинација на овците и козите утврдени во Прилог 2 дел 1 кој е составен дел на оваа програма не се врши редовно дијагностичко Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 2 од 13 испитување освен во одгледувалиштата кои се наоѓаат во епизоотиолошките единици дадени во Прилог 2 дел 2 на оваа програма каде се спроведува дијагностичко испитување со серолошки тестови утврдени во Прилог 1 на оваа програма. (3) Вакцинираните животни се обележуваат со ушни маркици согласно прописите од областа на идентификацијата и регистрацијата на животните, а во Информациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство во понатамошниот текст (ИСАХВ) се внесува датумот на извршена вакцинација на животното. (4) Прометот со вакцинирани животни не смее да се врши еден месец по вакцинацијата. (5) Вакцинираните животни не смее да се колат еден месец по вакцинацијата но доколку се колат таквите животните треба да се заколат одвоено од другите животни како животни кои се позитивни на бруцелоза и задолжително се прегледуваат пред колењето. При колењето на ваквите животни треба да се преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените. Од страна на надлежниот официјален ветеринар за контрола во кланица за несоодветни за човечка исхрана се прогласуваат гениталниот тракт и крвта кои нештетно се отстрануваат. Исто така тој врши оценка на исправноста на месото за исхрана за луѓето и постапката со месото согласно прописите за безбедност на храна. Доколку при пост морталниот преглед од страна на надлежниот официјален ветеринар за контрола во кланица се откриени промени кои укажуваат на акутна инфекција, трупот и месото ги прогласува за несоодветен за човечка исхрана. Член 4 Сомнеж на присуство на бруцелоза кај овци и кози Секое животно од видовите овци и кози кое покажало знаци за можно присуство на бруцелоза или за кое постои потврдена епизоотиолошка врска со потврден извор на инфекција, а за што немало официјално испитување кое го потврдува или отфрла присуството на болеста се прогласува како сомнителен случај. Член 5 Мерки во случај на сомнеж на присуство на бруцелоза кај овци и кози (1) Секој сомнителен случај треба задолжително да биде пријавен на официјалниот ветеринар. (2) По добиената пријава, официјален ветеринар веднаш презема официјална истрага и веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа со решение го задолжува одгледувачот и надлежното ветеринарно друштво за преземање на следните мерки: 1. ставање на одгледувалиштето под официјален надзор; 2. изолација на сомнителните животни на самото одгледувалиште; 3. тестирање на животните во одгледувалиштето; 4. забрана за внесување и изнесување на животни во и од одгледувалиштето освен за овци кози од одгледувалиштето кои се тестирани со негативен резултат доколку се испраќаат на колење директно во кланица. Во таков случај, официјалниот ветеринар согласно член 58 став (1) точка 4 од Законот за ветеринарно здравство издава документ за испраќање на животни во кланица под службен надзор во кој е наведена кланицата во која ќе биде извршено колењето на животните. Животните се испраќаат на колење по претходно добиена согласност за прием на животните од страна на надлежниот официјален ветеринар за наведената кланица. Животните треба да се заколат одвоено од другите животни. При колењето на ваквите животни треба да се преземат сите неопходни Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 3 од 13 мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените согласно прописите од областа на ветеринарното јавно здравство. Генителниот тракт и крвта се прогласуваат за несоодветни за човечка исхрана и треба нештетно да се отстранат. Доколку при пост-морталниот преглед се откриени промени кои укажуваат на акутна инфекција, трупот и месото се прогласува за несоодветен за исхрана на луѓето; и 5. забрана за користење на млекото од сомнителните животни за исхрана на луѓето и негово нештетно отстранување. Млекото од животните кои дале негативен резултат може да се користи за исхрана на луѓето по претходно термичко третирање согласно одредбите од областа на ветеринарното здравство и безбедноста на храната. (3) Доколку со превземените мерки од став (2) од овој член не се утврди сомнежот за присуство на болеста, официјалниот ветеринар со решение ги повлекува наредените мерки. Член 6 Потврден случај на бруцелоза (1) Секоја овца или коза кај кои со тестот на реакција на врзување на комплемет (РВК) е утврдено дека серумот содржи повеќе од 20 ICFT единици во ml се смета за позитивна на бруцелоза . (2) Доколку во одгледувалиштето на овци и кози кумулативно во текот на една година се потврди бруцелоза кај повеќе од 20% од животните, комисија формирана од Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата) ја проценува епизоотиолошката состојба и може да донесе заклучок за понатамошните мерки кои можат да вклучат и депопулација на одгледувалиштето за сите приемчиви животни на бруцелоза. Член 7 Мерки кои се применуваат при потврден случај на присуство на бруцелоза кај овци и кози (1) По официјалното потврдување на бруцелозата во заразеното одгледувалиште официјалниот ветеринар веднаш презема официјална истрага и веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа со решение го задолжува одгледувачот и надлежното ветеринарно друштво за преземање на следните мерки: 1. ставање на одгледувалиштето под официјален надзор; 2. забрана за внесување и изнесување на сите приемчиви животни во и од одгледувалиштето; 3. животните кај кои болеста е официјално потврдена се изолираат од стадото; 4. спроведување на епизоотиолошко испитување со цел одредување на изворот, времето и начинот на инфекцијата и претходното и понатамошното ширење на инфекцијата; 5. забрана за користење на млекото од позитивните животни за исхрана на луѓето и негово нештетно отстранување; 6. млекото од животните кои дале негативен резултат може да се користи за исхрана на луѓето по претходно термичко третирање согласно одредбите од ветеринарното здравство и безбедноста на храната; 7. нештетно отстранување на абортирани фетуси, мртво родени јагниња и јариња и плаценти; Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 4 од 13 8. секојдневно собирање на ѓубрето и простирка и нивно соодветно закопување или дезинфицирање. Ѓубрето и простирката не се изнесуваат од одгледувалиштето најмалку три недели од нивното собирање; 9. животните кај кои болеста е официјално потврдена треба во што е можно пократок временски рок, а најдоцна за 30 дена од денот на кој одгледувачот е известен за присуството на болеста да се заколат под официјален надзор. Во исклучителни случаи по одобрување од страна на официјалниот ветеринар животните може да се еутаназираат; 10. доколку е изводливо други предмети и храна за животни кои биле во контакт со позитивните животни, фетуси или плацента се закопуваат со претходно натопување со дезинфициенс; 11. објектите и просторот во кој престојувале животните треба темелно да се исчистат и потоа да се дезинфицираат со средство кое е одобрено од страна на Агенцијата. Концентрацијата на дезинфициенсот треба да биде соодветна за површините кои се дезинфицираат; 12. чистење и дезинфекција на одгледувалиштето се врши на начин утврден од страна на официјалниот ветеринар; 13. во случај на целосна депопулација на одгледувалиштето, повторното населување може да се изврши по изминати четири недели по извршената дезинфекција; 14. повторно тестирање на животните во рок од 15 до 30 дена по изнесувањето на заболените животни и извршената дезинфекција. Доколку животните дадат негативен резултат, истите се испитуваат уште два пати, при што првото испитување се врши по изминат еден месец од последниот негативен резултат, а второто испитување се врши по изминати три месеци од вториот негативен резултат. (2) Останатите животни од одгледувалиштето до целосното повлекување на мерките може да се движат единствено на колење директно во кланица. Во таков случај надлежниот официјален ветеринар треба да издаде документ за испраќање на колење на животни од одгледувалишта под официјален надзор, во кој се наведува кланицата во која ќе биде извршено колењето на животните. Животните се праќаат на колење по претходно добиена потврда за прием на животните од страна на официјалниот ветеринар на наведената кланица. Животните треба да се заколат одвоено од другите животни. При колењето на ваквите животни треба да се преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените согласно прописите од областа на ветеринарното јавно здравство. Гениталниот тракт и крвта се прогласуваат за негодни за човечка исхрана и треба нештетно да се отстранат. Доколку при пост-морталниот преглед се откриени промени кои укажуваат на акутна инфекција, трупот и месото се прогласува за негоден за исхрана на луѓето. Член 8 Движење на животни во и од одгледувалишта од член 3 став (1) точка 1 од оваа програма (1) Во одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 1 од оваа програма може да се внесуваат животни од видот овци и кози само доколку: 1. животните потекнуваат од одгледувалишта со ист здравствен статус во однос на бруцелозата; 2. сите животни редовно се тестирани со дијагностички тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма и дале негативен резултат; 3. животните се индивидуално обележани согласно важечките прописи од областа на ветеринарното здравство; Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 5 од 13 4. потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B. melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци; (2) Животни од одгледувалишта каде се врши вакцинација на животните не може да се внесат во одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 1 од оваа програма. (3) Животните од одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 1 од оваа програма може да се движат кон одгледувалишта со ист здравствен статус во однос на бруцелозата, како и кон одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 2, освен во одгледувалиштата од Прилог 2 дел 1 и дел 2 на оваа програма. Член 9 Движење на животни во и од одгледувалишта од член 3 став (1) точка 2 од оваа програма (1) Во одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 2 од оваа програма може да се внесуваат животни од видот овци и кози само доколку: 1. животните потекнуваат од одгледувалиштата со ист здравствен статус во однос на бруцелозата; 2. животните се индивидуално обележани согласно важечките прописи од областа на ветеринарното здравство; 3. потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци; и 4. во одгледувалиштата од Прилог 2, дел 1 на оваа програма, може да се внесуваат само вакцинирани животни против бруцелоза согласно член 3 став (4) од оваа програма. (2) При движење на животни од одгледувалишта од Прилог 2, дел 1 на оваа програма во одгледувалиштата од член 3 став (1) точка 2 од оваа програма кои не се со ист статус во однос на бруцелозата, животните треба да се изолираат под официјален надзор на одгледувалиштето од кое потекнуваат и да се тестираат двапати согласно протоколот и дијагностичките тестови од Прилог 1 на оваа програма во временски интервал од најмалку шест недели, при што движењето е дозволено само доколку сите животни дадат негативен резултат на двете тестирања. Трошоците за дијагностичко испитување се на товар на одгледувачот на животните. Земањето на крвните проби задолжително се врши во присуство на надлежниот официјален ветеринар. Во случај на позитивен наод се постапува согласно член 7 на оваа програма, а понатамошните ретестирања се на товар на Буџетот на Република Македонија. Член 10 Движење на животни на летна и зимска испаша Движењето на животни од одгледувалиштата од Прилог 2, дел 1 на оваа програма на летна или зимска испаша е дозволено доколку истите не доаѓаат во контакт со животни од одгледувалишта со различен статус. Животните треба да бидат придружени со сертификат за здравствена состојба на животните. Член 11 Прогласување на статус официјално слободни од бруцелоза кај овци и кози (1) Одгледувалиште официјално слободно од бруцелоза кај овци и кози е: 1. Одгледувалиште на овци и кози кое ги исполнува следните барања: Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 6 од 13 сите приемчиви животни на бруцелоза во одгледувалиштето не покажуваат клинички или други знаци на болеста најмалку 12 месеци, во одгледувалиштето нема овци или кози кои се вакцинирани против бруцелоза, освен овци и кози кои се вакцинирани пред повеќе од две години со Rev 1 вакцина, животните кои во моментот на тестирање се постари од шест месеци биле двократно тестирани со дијагностичките тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма изведени во период не пократок од шест месеци со негативен резултат, и одгледувалишта во кои по тестирањето на животните согласно алинејата 3 од оваа точка нема други животни освен оние кои биле присутни во времето на тестирање. Доколку во одгледувалиштето биле внесени други овци и кози тие треба да потекнуваат од одгледувалишта за овци и кози кои се официјално слободни од бруцелоза или од одгледувалишта слободни од бруцелоза согласно одредбите на член 14 на оваа програма, 2. Одгледувалиште кое се наоѓа во „регион официјално слободен од Бруцелоза кај овци и кози“ прогласено согласно одредбите од член 15 на оваа програма. (2) По добиениот статус, одгледувалиштето од став (1) од овој член треба да ги исполнува одредбите пропишани за одржување на статусот на одгледувалиште официјално слободно од бруцелоза кај овци и кози пропишани во член 12 на оваа програма. Член 12 Одржување на статусот одгледувалиште за овци и кози официјално слободни од Бруцелоза кај овци и кози (1) Доколку одгледувалиште кое добило статус како официјално слободно од бруцелоза кај овци и кози се наоѓа во регион кој не е со статус официјално слободен од бруцелоза кај овци и кози и во кое после добивањето на статусот се внесени животни согласно одредбите од член 14 на оваа програма, на годишно ниво се тестира репрезентативен број на животни кои се постари од шест месеци. Одгледувалиштето го задржува статусот доколку резултатите од тестирањето се негативни. Репрезентативниот број на животни кои треба да се тестираат годишно треба да ги вклучува следниве групи на животни: сите машки животни постари од шест месеци; сите ново внесени животни после последниот извршен тест и 25% од женските животни кои достигнале полова зрелост или кои се молзат при што најмалку 50 женски животни треба да бидат тестирани по одгледувалиште, а во случај на одгледувалишта со помалку од 50 такви женски животни, сите женски животни треба да бидат тестирани. (2) Во региони кои не се официјално слободни од бруцелоза кај овци и кози каде повеќе од 99% од одгледувалиштата за овци и кози се прогласени како официјално слободни од Бруцелоза кај овци и кози, фреквенцијата на тестирање на официјално слободните одгледувалишта може да се постави на три години, доколку одгледувалиштата кои не се официјално слободни, се под официјален надзор и во нив се спроведуваат мерки за сузбивање на болеста. Член 13 Сомнителни и/или потврдени случаи на бруцелоза во одгледувалишта кои се официјално слободни од бруцелоза (1) Доколку во одгледувалиште кое е официјално слободно од бруцелоза кај овци и кози: Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 7 од 13 една или повеќе овци или кози се сомнителни на присуство на бруцелоза статусот на одгледувалиштето се повлекува. Статусот може да биде привремено повлечен доколку животните се веднаш уништени или изолирани до добивањето на официјалната потврда или отфрлање на болеста, бруцелозата кај овците и козите е потврдена, статусот на одгледувалиштето не мора да биде повлечено само доколку сите инфицирани животни или сите животни од приемчивите видови се заклани и кај кои биле извршени две тестирања со дијагностичките тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма во интервал од повеќе од три месеци на сите животни постари од шест месеци со негативен резултат. (2) Во случаите од став (1) од овој член, Агенцијата по претходно спроведена проценка покрај позитивните животни може да нареди колење на сите сомнителни животни на одгледувалиштето. (3) Официјалниот ветеринар спроведува епизоотиолошка истрага со цел идентификација на одгледувалиштата кои имале епизоотиолошка врска со позитивното одгледувалиште. Во епизоотиолошко поврзаните одгледувалишта се спроведуваат дијагностички тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма. (4) Доколку по извршената епизоотиолошка истрага од став (3) на овој член се потврди жариште на бруцелоза, Агенцијата врши проценка на условите во кои се појавило жариштето на болеста и може да го повлече статусот на одгледувалиштето во регионот. Доколку статусот е повлечен, повторното прогласување на одгледувалиштето се спроведува согласно член 11 на оваа програма. Член 14 Внесување на животни во одгледувалишта официјално слободни од бруцелоза (1) Во одгледувалиште кое е официјално слободно од бруцелоза кај овци и кози може да се внесат овци и кози само доколку: 1. животните доаѓаат од одгледувалишта официјално слободни од бруцелоза кај овци и кози, или 2. животните ги исполнуваат следните барања: доаѓаат од одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози, индивидуално се обележани и престојувале во одгледувалиштето од кое потекнуваат во период од најмалку 30 дена односно од раѓањето доколку се помлади од 30 дена, не се вакцинирани против бруцелоза кај овци и кози, а доколку се вакцинирани поминало повеќе од две години од вакцинацијата. Доколку женските животни постари од две години се вакцинирани пред да наполнат седум месеци, истите може да бидат внесени во одгледувалиштето, и животните биле изолирани под официјален надзор на одгледувалиштето од кое потекнуваат за кое време се извршени два одвоени теста со дијагностички тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма со негативен резултат во интервал од најмалку шест недели. Член 15 Дефинирање на територијата на Република Македонија или дефиниран регион од неа како официјално слободен од бруцелоза (1) Територијата на Република Македонија или нејзин регион се прогласуваат како официјално слободни од бруцелоза кај овците и козите доколку: i. најмалку 99,8% од одгледувалиштата се прогласени како официјално слободни од бруцелоза кај овци и кози, или Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 8 од 13 ii. исполнети се следните барања: бруцелозата кај овците и козите е болест која задолжително се пријавува најмалку во последните пет години, немало ниту еден официјално потврден случај на бруцелоза кај овци и кози во последните пет години, и вакцинацијата е забранета најмалку три години. (2) За задржување на статусот на територијата на Република Македонија или нејзин дефиниран регион како официјално слободен од бруцелоза кај овци и кози, покрај барањата од став (1) на овој член треба да се исполнети и следните дополнителни барања: во првата година по прогласувањето на територијата на Република Македонија или нејзин дефиниран регион како официјално слободни од бруцелоза кај овци и кози на одгледувалиштата или во кланиците се вршат проверки по случаен избор со кои со сигурност од 99% може да се потврди дека помалку од 0,2% од одгледувалиштата се инфицирани со бруцелоза кај овците и козите или дека со проверката се испитани најмалку 10% од овците и козите постари од шест месеци со дијагностичките тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма со негативен резултат, од втората година по прогласувањето на територијата на Република Македонија или нејзин дефиниран регион како официјално слободни од бруцелоза кај овците и козите на годишно ниво на одгледувалиштата или во кланиците се вршат проверки по случаен избор со кои со сигурност од 95% може да се потврди дека помалку од 0,2% од одгледувалиштата се инфицирани со Бруцелоза кај овци и кози или дека со проверката се испитани најмалку 5% од овците и козите постари од шест месеци со дијагностичките тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма со негативен резултат. Член 16 Прогласување на статус на одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози (1) Одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози е одгледувалиште кај кое: 1. сите приемчиви животни на Бруцелоза кај овци и кози на одгледувалиштето не покажуваат клинички или други знаци на болеста најмалку 12 месеци, 2. сите или дел од животните во одгледувалиштето се вакцинирани со Rev 1 вакцина пред да наполнат седум месеци, 3. вакцинираните животни кои во моментот на првото тестирање се постари од 18 месеци се двократно тестирани со дијагностички тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма изведени во период не пократок од шест месеци со негативен резултат, 4. сите невакцинирани животни кои во моментот на тестирање се постари од шест месеци биле двократно тестирани со дијагностички тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма изведени во период не пократок од шест месеци со негативен резултат, и 5. по изведувањето на дијагностичките тестови од точките 3 и 4 од овој став во одгледувалиштето нема други животни освен оние кои биле присутни во времето на тестирањето. Доколку во одгледувалиштето биле внесени други животни тие треба да потекнуваат од одгледувалишта за овци и кози официјално слободни од бруцелоза или од одгледувалишта слободни од бруцелоза кај овци и кози согласно одредбите на член 19 на оваа програма. (2) По прогласување на статусот на одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози, истото ги исполнува одредбите за одржување на статусот на одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози согласно член 17 од оваа програма. Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 9 од 13 Член 17 Одржување на статусот одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози За одржување на статусот на одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози потребно е на годишно ниво да се тестира репрезентативен број на животни на секое одгледувалиште. Одгледувалиштето го задржува статусот доколку резултатите од тестирањето се негативни. Репрезентативниот број на животни кои треба да се тестираат годишно треба да ги вклучува следниве групи на животни: сите некастрирани и невакцинирани машки животни постари од шест месеци; сите некастрирани и вакцинирани машки животни постари од 18 месеци; сите ново внесени животни после последниот извршен тест; 25% од женските животни кои достигнале полова зрелост или кои се молзат при што најмалку 50 женски животни треба да бидат тестирани по одгледувалиштето, а во случај на одгледувалишта со помалку од 50 такви женски животни, сите женски животни треба да бидат тестирани. Член 18 Сомнителни и потврдени случаи на бруцелоза кај овците и козите во одгледувалишта слободни од бруцелоза кај овци и кози (1) Во случај кога во одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози една или повеќе овци или кози се сомнителни на присуство на бруцелоза, статусот на одгледувалиштето се повлекува. Статусот може да биде само привремено повлечен доколку животните веднаш се уништени или изолирани до добивањето на официјалната потврда или отфрлање на сомнежот за присуство на болеста. (2) Доколку бруцелозата е потврдена, статусот на одгледувалиштето не мора да биде повлечен само доколку сите инфицирани животни или сите животни од приемчивите видови се заклани и нештетно отстранети и се извршиле две тестирања со негативен резултат со дијагностичките тестови дадени во Прилог 1 на оваа програма направени во период од повеќе од три месеци на следниве животни: сите вакцинирани животни постари од 18 месеци и сите невакцинирани животни постари од шест месеци со негативен резултат. Член 19 Внесување на животни во одгледувалишта слободни од бруцелоза кај овци и кози (1) Во одгледувалиште кое е прогласено како слободно од бруцелоза кај овци и кози може да се внесат само животни кои доаѓаат од одгледувалишта официјално слободни или слободни од бруцелоза кај овци и кози. (2) Доколку животните не потекнуваат од одгледувалишта наведени во став (1) од овој член до прогласување на статус слободно од бруцелоза овците и козите треба да се: индивидуално обележани, животните да потекнуваат од одгледувалишта каде овците и козите или животните од други приемчиви видови на бруцелоза кај овци и кози не покажале клинички знаци на бруцелоза кај овците и козите во последните 12 месеци и животните да не се вакцинирани во претходните две години, да се изолирани под официјален надзор на одгледувалиштето од кое потекнуваат за кое време се извршени два одвоени дијагностички тестови во согласност со Прилог 1 на оваа програма со негативен резултат во период од најмалку шест недели или биле вакцинирани со Rev 1 вакцина пред да наполнат седум месеци и пред повеќе од 15 дена пред влезот на одгледувалиштето. Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 10 од 13 Член 20 Промена на статусот на одгледувалишта слободни од бруцелоза кај овци и кози Одгледувалиште кое е со статус на одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози може да се прогласи за одгледувалиште официјално слободно од Бруцелоза кај овци и кози после изминати две години од добивањето на статусот одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози и доколку: 1. Во одгледувалиштето нема овци и кози кои се вакцинирани против бруцелоза кај овци и кози во текот на најмалку две години; 2. Барањата утврдени во член 11 на оваа програма се исполнети во текот на периодот од точка 1 од овој член; 3. На истекот на втората година од добивањето на статусот одгледувалиште слободно од бруцелоза кај овци и кози, сите животни постари од шест месеци се тестирани со дијагностички тестови од Прилог 1 на оваа програма со негативен резултат во секој поединечен случај. Член 21 Спроведување на одредбите од програмата (1) Покрај контролите извршени од страна на надлежните официјалните ветеринари Агенцијата ќе спроведува засилени контроли на извршените активности од страна на овластените ветеринарни друштва. (2) Земањето на примероци за дијагностичкото тестирање за проценка на имуноста на вакцинираните овци и кози го врши ветеринарното друштво по претходно добиена задача преку информациониот систем на Агенцијата и под директен надзор и присуство на надлежниот официјален ветеринар. (3) Земањето на примероци за ретестирање во позитивните и сомнителните одгледувалишта на бруцелоза кај овци и кози задолжително треба да се врши во присуство на надлежниот официјален ветеринар. (4) Сите случаи на хумана бруцелоза треба да бидат испитани особено доколку се утврди дека заболените лица поседуваат животни приемчиви на бруцелоза. Член 22 Влегување во сила Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 42-1772/1 Заменик на претседателот 8 март 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р. Прилог 1 Дијагностички тестови (1) Дијагностичкото испитување на Бруцелоза кај овците и козите се врши со серолошко испитување со примена на тестот брза аглутинација-Розе бенгал тест (РБТ). Доколку сите животни на одгледувалиштето дадат негативен резултат на овој тест, негативниот резултат се смета како конечен. Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 11 од 13 Доколку со серолошкото испитување на крвта на животните (РБТ) се добие позитивен резултат кај помалку од 5% од животните во одгледувалиштето, позитивните проби се испитуваат со тестот на врзување на комплемент (РВК). Доколку со (РВК) тестот се потврди позитивен резултат, во тој случај сите животни од одгледувалиштето треба да бидат испитани со истиот тест. Доколку со серолошкото испитување на крвта на животните со (РБТ) се добие позитивен резултат кај повеќе од 5% од животните во одгледувалиштето, во тој случај крвта од сите животни од одгледувалиштето треба да се испита со тестот (РВК). Доколку при тестирањето со (РВК) тестот, испитуваниот серум покаже антикомплементарна активност, тогаш како метода за серолошка дијагностика ќе се употреби дијагностичката метода (ELISA) и резултатот од овој тест ќе се смета за конечен. (2) На барање на Агенцијата, а со цел одредување на изворот, времето и начинот на инфекцијата за претходното или понатамошното ширење на инфекцијата во стада/региони, при колење од одземените животни во рамките на оваа програма или при спроведена еутаназија на лице место можат да се земат соодветни мостри (органи или др.) за докажување и типизација на причинителот на бруцелоза со употреба на некој од следните дијагностичките методи: изолација, верижна реакција со полимераза (PCR) и анализа на варијабилен број на тандемски повторувања во повеќе локуси (MLVA). (3) Антигенот кој се употребува треба да биде стандардизиран согласно меѓународниот стандарден серум на Светската организација за здравствена заштита на животните-OIE (OIEISS). Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 12 од 13 Службен весник на РМ, бр. 48 од 11.3.2016 година 13 од 13 Дел 2 План за серолошки надзор во епизоотиолошки единици Карбинци и Радовиш (1) Во епизоотиоолошките единици Карбинци и Радовиш ќе се спроведе серолошки надзор за присуство на бруцелоза согласно оваа програма на сите животни од видовите овци и кози. Животни кои се вакцинирани на возраст до шест месеци истите треба да се постари од 18 месеци на денот на земањето на примероците. (2) Земањето на крвни примероци ќе се врши од страна на овластените ветеринарни друштва кои имаат склучено договор со Агенцијата соглано член 41 од Законот за ветеринарно здравство за епизоотиолошките единици Карбинци и Радовиш. Внесот и доставата на примероците ќе се врши на начин согласно методологијата на информациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство (ИСАХВ) со употреба на баркодови. Дијагностичките испитувања на мострите се вршат во Националната референтна лабораторија. Резултатите добиени со дијагностичкото испитување на мострите се пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство, надлежниот официјален ветеринар и овластените ветеринарните друштва. (3) Доколку со серолошкото испитување со дијагностички тестови дадени во Прилог 1 на оваа програмата се утврдат позитивни резултати, тогаш повторно се спроведува тестирање (ре-тест) на сите животни од одгледувалиштето согласно член 7 од оваа програмата. Позитивните животни се одземаат и се упатуваат на колење во назначена кланица.