跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Programme for passing the professional exam for acquiring the title of expert for assessment of the impact of projects on the environment

颁布于 2016-02-25 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Програма за полагање на стручен испит за стекнување на звање експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина.
语言
Macedonian
类型
其他
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
education, environmental impact assessment (EIA)

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 1 од 10 20160421108 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 85- в став (2) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 192/15), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРОГРАМА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТИ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. Со оваа програма се пропишуваат градивото, прописите и литературата според кои се полага испит за стекнување со звање експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина. 2. Програмата за полагање на испитот за експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина се состои од следните области: Животна средина; Природа; Води; Просторно планирање и Воздух. 3. Прописите и литературата во кои се содржани областите за полагање на испитот за експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина се следните: Животна средина Закони: Закон за животна средина. Наредби и ограничувања: Наредба за престанок на важење на наредбата за забрана на внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг; Наредба за забрана на увоз на употребувани фрижидери, замрзнувачи или други уреди за ладење или замрзнување и увоз на супстанци што ја осиромашуваат озонската обвивка и Наредба за забрана на производство, промет и употреба на детергенти за машинско перење на текстилни производи со содржина на фосфор во органска или неорганска форма со над 0,5 % тежински. Упатства: Упатство за поблиски податоци потребни за издавање на дозвола на стоки кои се извезуваат-увезуваат под ознака Д4. Правилници: Правилникот за начинот, постапката и роковите за утврдување, пресметување, уплатување на надоместоците;начинот и постапката за водење, одржување и чување на евиденцијата за пресметаниот и уплатениот надоместок; за содржината, начинот и роковите за воспоставување, одржување и водење на евиденцијата на обврзниците, како и начинот на доставување на податоците за водење на евиденцијата; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 2 од 10 Правилник за поблиските услови за начинот и постапката за утврдување, пресметување и уплатување на надоместокот за производство на енегија од фосилни горива; Правилник за условите, начинот и постапката за враќање на надоместокот за производство на тутунски производи, нафтени деривати и пластични производи и амбалажа од пластични маси; Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствената евиденција за спроведената едукација; Правилник за содржината, формата и начинот на донесување на планот за вршење на инспекциски надзор; Правилник за содржината на годишниот извештај за извршениот инспекциски надзор како и начинот и рокот на негово доставување; Правилник за трошоците за работите извршени надвор од управната постапка, побарање на странката; Правилник за образецот, формата и содржината како и начинот и постапката за издавање и за одземање на легитимацијата на државниот инспектор за животна средина, инспекторот за заштита на природата и овластениот инспектор за животна средина; Правилник за критериумите кои што треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за туристичко сместување; Правилник за критериумите кои што треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови; Правилник за формата и содржината на еколошката ознака, начинот, условите и постапката за нејзино доделување и користење, како и составот и начинот на формирање на работа на комисијата за еколошка ознака; Правилник за начинот и постапката на обезбедување пристап до информациите во врска со животата средина; Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое се дава согласност или се одбива барањето за спроведување на проектот; Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое се одобрува или со кое не се одобрува елаборатот; Правилник за видовите и висината на трошоците за спроведување на постапката за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, кој ги надоместува инвеститорот; Правилник за формата и содржината на елаборатот за заштита на животната средина, постапката за нивно одобрување, како и начинот на водење на регистарот за одобрени елаборати; Правилник за содржината на извештајот за состојбата на животната средина; Правилник за информациите што треба да ги содржи известувањето за намерата за изведување на проектот и постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина; Правилник за содржината на барањата што треба да ги исполнува студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина; Правилник за формата, содржината, постапката и начинот за изработка на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на проектот врз животната средина, како и постапката за овластување на лицата од листата на експерти за оцена на влијанието врз животната средина, кои ќе го изготват извештајот; Правилник за содржината на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и на решението со кое се дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начинот на консултирање на јавноста; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 3 од 10 Правилник за висината на трошоците за спроведување на постапката за оцена на влијанието на проектот врз животната средина кој ги надоместува инвеститорот; Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение со кое се издава Б – интегрирана еколошка дозвола, односно решение со кое се одбива барањето за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола; Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение со кое се издава А – интегрирана еколошка дозвола, односно решени со кое се одбива барањето за издавање на А – интегрирана еколошка дозвола; Правилник за супстанциите за кои задолжително се пропишуваат гранични вредности на емисија во А -интегрираната еколошка дозвола; Правилник за опасните супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасните супстанции и критериумите или својствата според кои супстанцијата се класифицира како опасна; Правилник за содржината на внатрешните и надворешните планови за вонредни состојби, како и начинот на нивното одобрување; Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнат членовите на научно техничката комисија за најдобри достапни техники; Правилник за постапката за издавање дозвола за усогласување со оперативен план; Правилник за постапката за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола; Правилник за постапката за добивање А-интегрирана еколошка дозвола, Правилник за опасните супстанции, граничните вредности (прагови) за присуство на опасните супстанции и критериумите или својствата според кои супстанцијата се класифицира како опасна; Правилник за содржината на внатрешните и надворешните планови за вонредни состојби, како и начинот на нивното одобрување; Правилник за формата и содржината на поканата за наплата на глобата во мандатна постапка и Правилник за начинот на водење на единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки во прекршочна постапка, како и начинот на пристапот до информации кои се содржани во евиденцијата. Одлуки: Одлука за определување на видот на материјалот од кој се изработени пакувањата за кои се пресметува надоместок за пластичните производи и пакувањата од пластични маси, начинот на пресметувањето на надоместокот и неговото прикажување, видовите на производи кои се спакувани во пакувања и видовите на вреќи и кеси за кои се пресметува надоместок; Одлука за определување на производите за кои се плаќа надоместок при промет, увоз/извоз и Одлука за објавување на листа на субјекти кои поседуваат или за кои се поседуваат информациии за животната средина. Уредби: Уредба за методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива; Уредба за видот и обемот на инсталациите кои произведуваат енергија произведена од согорување на фосилни горива; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 4 од 10 Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина; Уредба за стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето; Уредба за содржината на извештајот за стратегиската оцена на животната средина; Уредба за критериумите врз основа на кои се донесуваат одлуките дали определени плански документи би можеле да имаат значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето; Уредба за изменување и дополнување на уредбата за определување на проектите и критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанието врз животната средина; Уредба за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина; Уредба за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на Градот Скопје и градоначалникот на општините во Градот Скопје; Уредба за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина; Уредба за висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за А-интегрирана еколошка дозвола; Уредба за изменување и дополнување на уредбата за висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за Б-интегрирана еколошка дозвола; Уредба за висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за Б-интегрирана еколошка дозвола; Уредба за висината на надоместокот кој го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за кои се издава дозола за усогласување со оперативен план и Уредба за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план. Заштита на природата Закони: Закон за заштита на природата; Закон за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата; Закон за прогласување на локалитетот Куклица за споменик на природата; Закон за прогласување на дел од планината Пелистер за национален парк; Закон за прогласување на локалитетот „Маркови кули“ за споменик на природата; Закон за прогласување на локалитетот „Смоларски водопад” за споменик на природата; Закон за прогласување на оринтолошкиот локалитет „Тиквеш“ во клисурата на Црна Река, за строг природен резерват; Закон за прогласување на оринтолошкиот локалитет „Езерани“ на Преспанското Езеро, за строг природен резерват; Закон за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 5 од 10 Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за национален парк и Закон за прогласување на локалитетот „Плоче-Литотелми“, за строг природен резерват. Подзаконски акти: Одлуки: Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на интегрална целина Раткова Скала, на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата; Одлука за прифатливост на предлогот за повторно прогласување на кањонот Матка за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата; Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на лиокалитетот Моноспитовско блато за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата; Одлука за прифатливоста на предлогот за повторно прогласување на Дојранското езеро за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата; Одлука за прифатливоста на предлогот за повторно прогласување; Одлука за прифатливоста на предлогот за повторно прогласување на локалитетот плоче-литотелми за заштитено подрачје во категоријата строг природен резерват; Одлука за давање согласност на статутарната одлука за изменување и дополнување на статутот на јавната установа Национален парк Пелистер, Битола, Република Македонија; Одлука за прифатливоста на предлог за повторно прогласување на дел од планината Пелистер за заштитено подрачје во категоријата нацоионален парк; Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Куклица за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата; Одлука за давање согласност на статутот на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – Скопје; Одлука за давање согласност на ценовникот на готови шумски производи, дрва на пењушка на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – Скопје; Одлука за давање согласност на ценовникот за одстрел на дивеч и услуги во ловиштата на ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Јасен“ – Скопје; Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот „Слатински извор“ за споменик на природата; Одлука за прифатливоста на предлог за повторно прогласување на локалитетот „Слатинскии извор“ за споменик на природата; Одлука за давање согласност на статутот на јавната установа НП Галичица, Охрид; Одлука за давање на согласност за статутот на јавната установа НП „Пелистер”, Битола; Одлука за давање на согласност за статутот на јавната установа национален парк Маврово; Одлука за основање на јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Маврово“; Одлука за основање на јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Пелистер“; Одлука за основање на јавна установа за управување и заштита на НП „Пелистер“; Одлука за основање на јавна установа за управување и заштита на НП „Галичица“; Одлука за основање на јавна установа за управување и заштита на НП „Маврово“; Одлука за прифатливоста на предлог за повторно прогласување на локалитетот „Смоларски водопад“ за споменик на природата; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 6 од 10 Одлука за прифатливоста на предлогот за повторно прогласување на локалитетот „Маркови кули“ за споменик на природата; Одлука за основање на јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Јасен“ – Скопје и Одлука за прогласување на шумските предели на Шар Планина за шумски резерват и ловиште. Програми: Програма за поддршка на одржливиот развој на локалните заедници на НП Пелистер и Програма за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Правилници: Правилник за содржината на плановите за управување со заштитени подрачја и содржината на годишните програми за заштита на природата; Правилник за спроведување на мерките за заштита на строгиот природен резерват Тиквеш во клисурата на Црна Река; Правилник за спроведување на мерките за заштита на строгиот природен резерват „Езерани“ на Преспанското Езеро; Правилник за издавање дозвола за спроведување на научно истражување во природата; Правилник за издавање дозвола за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивните делови. Решенија: Решение за формирање на национален совет за заштита на природата; Решение за овластување на организација за заштита, унапредување и одржување на споменикот на природата Преспанско Езеро; Решение за овластување на организација за вршење стручни работи за заштита на крајбрежниот појас на строгиот природен резерват Езерани на Преспанското Езеро; Решение за определување организација за заштита, управување и одржување на строгиот природен резерват Тиквеш во клисурата на Црна Река и Решение за определување организација за заштита, унапредување и одржување на строгиот природен резерват Езерани, на Преспанското Езеро. Наредби и ограничувања: Наредба за изменување и дополнување на наредбата за забрана за собирање заради користење и трговија на автрохтони самоникни габи-смрчки од родовите morchella, verpa и pitchoverpa; Наредба за забрана за собирање заради користење и трговија на автрохтони самоникни габи-смрчки од родовите morchella, verpa и pitchoverpa и Наредба за забрана за собирање заради користење и трговија на растителните видови на gentiana lutea и gentiana punctata. Води Закони: Закон за водите. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 7 од 10 Подзаконски акти: Уредби: Уредба за класификација на водите и Уредба за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води. Одлуки: Одлука за определување на границите на подрачјата на речните сливови; Одлука за формирање на национален совет за води и Одлука за ставање на нацрт за изменување и дополнување на водостопанската основа на Република Македонија на стручна расправа. Правилници: Правилник за содржината и начинот на подготвување на плановите за управување со речните сливови; Правилник за методологијата за проценката на речните сливови; Правилник за содржината и начинот на подготвување на програмата на мерки; Правилник за содржината и начинот на подготвување на информациите на картографските прикази за активностите за мониторинг на водите; Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое барањето за водостопанска согласност се прифаќа или се одбива; Правилник за методологијата за содржината, начинот и постапката, ревидирањето на водостопанската основа на РМ; Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое барањето за водостопанска согласност се прифаќа или се одбива; Правилник за методологијата за содржината, начинот и постапката, ревидирањето на водостопанската основа на РМ; Правилник за критериумите за утврдување на зоните чувствителни на испуштањето на урбани отпадни води (*); Правилник за условите, начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на нивно пресметување, имајќи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитените зони(*); Правилник за поблиските услови, начинот и максимално дозволените вредности и концентрации на параметрите на прочистени отпадни води за нивно повторно користење; Правилник за поблиските услови за собирање, одведување и прочистување, начинот и условите за проектирање, изградба и експлоатација на системите и станици за прочистување на урбаните отпадни води, како и техничките стандарди, параметрите, стандарди на емисијата и нормите за квалитет на предтретман, отстранување и прочистување на отпадни води, имајќи го во предвид оптоварувањето и методот за прочистување на урбаните отпадни води коишто се испуштаат во подрачјата чувствителни на испуштање на урбани отпадни води; Правилник за начинот и постапката за користење на тињата, максималните вредности на концентрациите на тешки метали во почвата во која се користи тињата, вредности на концентрациите на тешки метали во тињата, согласно со нејзината намена и максималните годишни количини на тешки метали што може да се внесат во почвата; Правилник за опасните и штетните материи и супстанции и нивните емисиони стандарди што можат да се испуштат во канализација или во систем за одводнување, во површински или подземни водни тела, како и во крајбрежни земјишта и водни живеалишта (*); Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 8 од 10 Правилник за условите, начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на нивно пресметување, имајќи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитените зони (*); Правилник за начинот на пренос на информациите од мониторингот на испуштените отпадни води, како и формата и содржината на образецот со кој се доставуваат податоците; Правилник за методологијата, референтните мерни методи, начинот параметрите на мониторинг на отпадните води, вклучувајќи ја и тињата од пречистувањето на урбаните отпадни води; Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствената евиденција за спроведената едукација ; Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата за користење на водата, односно дозвола за вадење песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела; Правилник за пропишување на критериумите за определување на зоните чувствителни на нитрати и Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за испуштање. Просторно планирање Закони: Закон за просторно и урбанистичко планирање и Закон за спроведување на Просторниот план на Република Македонија. Подзаконски акти: Просторни планови: Просторен план на Охридско – Преспанскиот регион 2005-2020; Просторен план на регионот на сливот на реката Треска; Просторен план на Република Македонија и Просторен план на регионот на заштитните зони на изворот Рашче. Правилници: Правилник за изменување на правилникот за постапката, начинот на изготвување, содржинатана извештаите за состојбите и промените во просторот и рокови за нивно доставување. Одлуки: Одлука за донесување на просторен план на регионот на акумулацијата Козјак; Одлука за донесување план за просторно уредување на НП „Маврово“ Одлука за донесување план за просторно уредување на НП „Пелистер“ и Одлука за донесување план за просторно уредување на НП „Галичица“. Програма: Програма за изменување и дополнување на програмата за изготвување и донесување просторен план на Република Македонија и Програма за изготвување и донесување просторен план на Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 9 од 10 Воздух Закони: Закон за квалитетот на амбиентниот воздух и Закон за заштита од бучава во животната средина. Подзаконски акти: Мерења на штетни материи: Правилник за начинот и роковите за мерење, контрола и евиденција на мерењата на испуштените штетни материи во воздухот од објекти, постројки и уреди што можат да го загадат воздухот над максимално дозволените концентрации; Правилник за начинот и роковите за доставување на извештаите за извршените мерења, контрола и евиденција од испуштените штетни материи во воздухот; Правилник за потребните стручни кадри, опрема, инструменти и простории што мораат да ги имаат организациите на здружен труд, определени да вршат контрола на загаденоста на воздухот и мерења на испуштените штетни материи во воздухот и Правилник за начинот и условите за известување на надлежните органи за извршеното систематско набљудување и испитување на загаденоста на воздухот на територијата на републиката. Мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух: Правилник за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори; УПАТСТВО за примена на Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори; Правилник за изменување на Правилникот за количините на горните граници плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекциите за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво; Правилник за формата и содржината на обрасците на доставување на податоците од емисиите во амбиентниот воздух од стационарни извори, начинот и временскиот период на доставување согласно капацитетот на инсталацијата, содржината и начинот на водење на дневникот на емисии во амбиентниот воздух; Правилник за поблиските услови за вршење на определени видови стручни работи, во поглед на опремата, уредите, инструментите и соодветните деловни простории кои треба да ги исполнуваат субјектите кои вршат определени стручни работи за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух; Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво; Правилник за содржината и начинот на преносот на податоците и информациите за состојбите во управувањето со квалитетот на амбиентниот воздух; Правилник за методологијата за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и Правилник за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 10 од 10 Максимално дозволени емисии: Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот; УПАТСТВО за примена на Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори; Правилник за методологијата за инвентаризација и утврдување на нивото на емисии на загадувачките супстанции во атмосферата во тони годишно за сите видови дејности, како и други податоци за доставување на Програмата за мониторинг на воздухот на Европа (ЕМЕП); Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целн вредности и долгорочни цели; УПАТСТВО за примена на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки суостанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели – пдф-126 кб и Правилник за максимално дозволените концентрации и количества и за други штетни материи што можат да се испуштаат во воздухот од одделни извори на загадување. Следење на штетните материи: Правилник за методологијата за следење и утврдување на штетните материи во воздухот. Класификација на објекти и зони што го загадуваат воздухот: Листа на зони и агломерации за квалитет на амбиентниот воздух и Правилник за класификација на објектите што со испуштање на штетни материи можат да го загадат воздухот во населените места и формирање на зани за санитарна заштита. Планови и програми: Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на програмата за намалување на загадувањето подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух; Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на акциониот план за заштита на амбиентниот воздух и Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на националниот план за заштита на амбиентниот воздух. Мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и изворите на емисии од определени поединечни стационарни извори: Уредба за определување на согорувачките капацитети кои треба да преземат мерки за заштита на амбиентниот воздух од загадување. 4. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 12-67/4 Министер за животна средина 25 февруари 2016 година и просторно планирање, Скопје Нурхан Изаири, с.р.