Programme for passing the professional exam for acquiring the title of expert for strategic environmental assessment
颁布于 2016-02-25 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Програма за полагање на стручен испит за стекнување на звање експерт за стратегиска оцена на животната средина.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- education, environmental impact assessment (EIA)
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 1 од 5 20160421109 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 85-в став (2) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРОГРАМА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. Со оваа програма се пропишуваат градивото, прописите и литературата според кои се полага испит за стекнување со звање експерт за стратегиска оцена на животната средина. 2. Програмата за полагање на испитот за експерт стратегиска оцена на животната средина се состои од : Просторно планирање и урбанистичко планирање и Области и медиуми на животна средина. 3. Прописите и литературата во кои се содржани областите за полагање на испитот за експерт стратегиска оцена на животната средина се следните: I. Просторно планирање и урбанистичко планирање Закон за просторно и урбанистичко планирање; Закон за спроведување на Просторниот план на Република Македонија и Просторен план на Република Македонија. II. Области и медиуми на животна средина 1. Животна средина: Закон за животната средина; Закон за ратификација на Конвенцијата за оценување на влијанијата врз животната средина во прекуграничен контекст; Закон за ратификација на Мултилатералниот договор меѓу земјите на Југоисточна Европа за спроведување на Конвенцијата за оценување на влијанијата врз животната средина во прекуграничен контекст; Закон за ратификација на Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавност во одлучувањето и пристап до правата за прашањата поврзани со животната средина и Закон за ратфикација на Протоколот за стратешка оцена на влијанието врз животната средина кон Конвенцијата за оценување на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст. 2. Подзаконски акти за спроведување на постапката за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина: Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина; Уредба за стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето; Уредба за содржината на извештајот за стратегиската оцена на животната средина; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 2 од 5 Уредба за критериумите врз основа на кои се донесуваат одлуките дали определени плански документи би можеле да имаат значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето; Правилник за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и Правилник за начинот на спроведување на прекугранични консултации. 3. Заштита на природата: Закон за заштита на природата 4. Води: Закон за водите 5. Подзаконски акти: а) Уредби: Уредба за класификација на водите и Уредба за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води. б) Одлуки: Одлука за определување на границите на подрачјата на речните сливови; Одлука за формирање на национален совет за води и Одлука за ставање на нацрт за изменување и дополнување на водостопанската основа на Република Македонија на стручна расправа. в) Правилници: Правилник за содржината и начинот на подготвување на плановите за управување со речните сливови; Правилник за методологијата за проценката на речните сливови; Правилник за содржината и начинот на подготвување на програмата на мерки; Правилник за содржината и начинот на подготвување на информациите на картографските прикази за активностите за мониторинг на водите; Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое барањето за водостопанска согласност се прифаќа или се одбива; Правилник за методологијата за содржината, начинот и постапката, ревидирањето на водостопанската основа на РМ; Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое барањето за водостопанска согласност се прифаќа или се одбива; Правилник за методологијата за содржината, начинот и постапката, ревидирањето на водостопанската основа на РМ; Правилник за критериумите за утврдување на зоните чувствителни на испуштањето на урбани отпадни води (*); Правилник за условите, начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на нивно пресметување, имајќи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитените зони(*); Правилник за поблиските услови, начинот и максимално дозволените вредности и концентрации на параметрите на прочистени отпадни води за нивно повторно користење; Правилник за поблиските услови за собирање, одведување и прочистување, начинот и условите за проектирање, изградба и експлоатација на системите и станици за прочистување на урбаните отпадни води, како и техничките стандарди, параметрите, стандарди на емисијата и нормите за квалитет на предтретман, отстранување и прочистување на отпадни води, имајќи го во предвид оптоварувањето и методот за прочистување на урбаните отпадни води коишто се испуштаат во подрачјата чувствителни на испуштање на урбани отпадни води; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 3 од 5 Правилник за начинот и постапката за користење на тињата, максималните вредности на концентрациите на тешки метали во почвата во која се користи тињата, вредности на концентрациите на тешки метали во тињата, согласно со нејзината намена и максималните годишни количини на тешки метали што може да се внесат во почвата; Правилник за опасните и штетните материи и супстанции и нивните емисиони стандарди што можат да се испуштат во канализација или во систем за одводнување, во површински или подземни водни тела, како и во крајбрежни земјишта и водни живеалишта (*); Правилник за условите, начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на нивно пресметување, имајќи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитените зони(*); Правилник за начинот на пренос на информациите од мониторингот на испуштените отпадни води, како и формата и содржината на образецот со кој се доставуваат податоците; Правилник за методологијата, референтните мерни методи, начинот параметрите на мониторинг на отпадните води, вклучувајќи ја и тињата од пречистувањето на урбаните отпадни води; Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствената евиденција за спроведената едукација; Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата за користење на водата, односно дозвола за вадење песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела; Правилник за пропишување на критериумите за определување на зоните чувствителни на нитрати и Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за испуштање. 6. Воздух: Закон за квалитетот на амбиентниот воздух и Закон за заштита од бучава во животната средина. 7. Мерења на штетни материи Правилник за начинот и роковите за мерење, контрола и евиденција на мерењата на испуштените штетни материи во воздухот од објекти, постројки и уреди што можат да го загадат воздухот над максимално дозволените концентрации; Правилник за начинот и роковите за доставување на извештаите за извршените мерења, контрола и евиденција од испуштените штетни материи во воздухот; Правилник за потребните стручни кадри, опрема, инструменти и простории што мораат да ги имаат организациите на здружен труд, определени да вршат контрола на загаденоста на воздухот и мерења на испуштените штетни материи во воздухот и Правилник за начинот и условите за известување на надлежните органи за извршеното систематско набљудување и испитување на загаденоста на воздухот на територијата на Републиката. 8. Мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух: Правилник за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 4 од 5 УПАТСТВО за примена на Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори; Правилник за изменување на Правилникот за количините на горните граници плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекциите за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво; Правилник за формата и содржината на обрасците на доставување на податоците од емисиите во амбиентниот воздух од стационарни извори, начинот и временскиот период на доставување согласно капацитетот на инсталацијата, содржината и начинот на водење на дневникот на емисии во амбиентниот воздух; Правилник за поблиските услови за вршење на определени видови стручни работи, во поглед на опремата, уредите, инструментите и соодветните деловни простории кои треба да ги исполнуваат субјектите кои вршат определени стручни работи за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух; Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво; Правилник за содржината и начинот на преносот на податоците и информациите за состојбите во управувањето со квалитетот на амбиентниот воздух; Правилник за методологијата за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и Правилник за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух. 9. Максимално дозволени емисии: Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот; УПАТСТВО за примена на Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори; Правилник за методологијата за инвентаризација и утврдување на нивото на емисии на загадувачките супстанции во атмосферата во тони годишно за сите видови дејности, како и други податоци за доставување на Програмата за мониторинг на воздухот на Европа (ЕМЕП); Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целн вредности и долгорочни цели; УПАТСТВО за примена на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки суостанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели – пдф-126 кб и Правилник за максимално дозволените концентрации и количества и за други штетни материи што можат да се испуштаат во воздухот од одделни извори на загадување. 10. Следење на штетните материи: Правилник за методологијата за следење и утврдување на штетните материи во воздухот. 11. Класификација на објекти и зони што го загадуваат воздухот: Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 5 од 5 Листа на зони и агломерации за квалитет на амбиентниот воздух и Правилник за класификација на објектите што со испуштање на штетни материи можат да го загадат воздухот во населените места и формирање на зани за санитарна заштита. 12. Планови и програми: Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на програмата за намалување на загадувањето подобрувањето на квалитетот на амбиентниот воздух; Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на акциониот план за заштита на амбиентниот воздух и Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на националниот план за заштита на амбиентниот воздух. 13. Мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и изворите на емисии од определени поединечни стационарни извори и Уредба за определување на согорувачките капацитети кои треба да преземат мерки за заштита на амбиентниот воздух од загадување. 4. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 12-519/2 Министер за животна средина 25 февруари 2016 година и просторно планирање, Скопје Нурхан Изаири, с.р.