Order on the implementation of the international standard for the use of integrated measures for systemic approach in managing the risk of harmful organisms n. 14
颁布于 2013-09-18 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за употреба на интегрирани мерки за системски пристап при управување со ризикот од штетни организми бр. 14.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- hygiene/sanitary procedures, integrated pest management-IPM/pest management strategies, pests/diseases, plant protection, risk assessment/management, standards
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11 и 69/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА УПОТРЕБА НА ИНТЕГРИРАНИ МЕРКИ ЗА СИСТЕМСКИ ПРИСТАП ПРИ УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ОД ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ БР. 14 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за употреба на интегрирани мерки за системски пристап при управување со ризикот од штетни организми бр.4. Член 2 Во постапката за употреба на интегрирани мерки за системски пристап при управување со ризикот од штетни организми може да се примени меѓународниот стандард за употреба на интегрирани мерки за системски пристап при управување со ризикот од штетни организми бр.14, кој е даден во Прилогот и е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-246/4 Министер за земјоделство, 18 септември 2015 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог А). УПОТРЕБА НА ИНТЕГРИРАНИ МЕРКИ ЗА СИСТЕМСКИ ПРИСТАП ПРИ УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ОД ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ Фитосанитарна мерка бр. 14 (2002) ОДОБРЕНО Овој стандард беше усвоен во март 2002 год. на четвртата седница на времената Комисија за фитосанитарни мерки. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги пропишува насоките за развој и оценување на интегрираните мерки во системскиот пристап како начин за управување со ризикот од штетни организми според соодветните меѓународни стандарди за анализа на ризик од штетни организми, во натамошниот текст РКА, пропишани за да ги исполнуваат фитосанитарните услови за увоз на растенија, растителни производи и други објекти и предмети. ЛИТЕРАТУРА Кодекс алиментариус 2005, Анализа на опсаностите и контрола на критичните точки (НАССР) систем и упатства за нивна употреба. Анекс на САС/ВСР 1 - 1969 (Главни принципи за хигиена на храна). (Ревидирано 4 - 2003). Рим, Кодекс алиментариус, ФАО. СОФАМЕ. 1998. (пеатѓепко5 рага ип 5ѓоќета (пкедгадо де теЧјаа5 рага тШдастоп де! Пездо Че ргада5 (?2системски пристап?) (Насоки за интегриран систем од мерки за намалување на ризикот од штетни организми (“системски пристап"). Е5капдаг Кедѓопа! еп Ргосесстоп ЕКозапкапа 5.13, ч. 1.2. Азипстоп, Рагадиау, Сотќке де 5апјдад Уедеќа! де! Сопо иг. Меѓународна конвенција за заштита на растенијата, 1997. |!РРС, Фао, Рим. Фитосанитарни принципи за заштита на растенијата и примената на фитосанитарните мерки во меѓународната трговија, 2006. Г5РМ бр.1, Фао, Рим. Упатство за анализа на ризик на штетни организми, 2007. Г5РМ бр. 2, Фао, Рим. Услови за воспоставување подрачја слободни од штетни организми, 1995. ГОоРМ бр. 4, Фао, Рим. Поимник на фитосанитарни термини, Г5РМ бр. 5, Фао, Рим. Анализа на ризик на карантински штетни организми вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и живи модифицирани организми, 2004. Г5РМ бр. 11, !1РРС, Фао, Рим. Анализа на ризик од штетни организми за регулирани некарантински штетни организми, 2004. Г5РМ бр.21, !РРС, Фао, Рим. Спогодба за аплицирање на санитарни и фитосанитарни мерки, 1994. Светска Трговска Организација, Женева ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарните термини користени во овој стандард можат да се најдат во 5РМ бр. 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ (РМ бр. 2 од 2007 година, ГФРМ бр. 11 од 2004 година и !ФРМ бр. 21 од 2004 година пропишуваат општо упатство за мерките за управување со ризик од штетни организми. Системските пристапи кои на дефиниран начин интегрираат мерки за управување со ризик од штетни организми, обезбедуваат алтернатива за поединечните мерки да го постигнат соодветниот степен на фитосанитарна заштита на земјата увозник. Тие треба да се применат во случаи во кои немаме на располагање друга мерка. Системскиот пристап бара интеграција на различни мерки од кои најмалку две дејствуваат независно, со кумулативен ефект. Системските пристапи имаат голем опсег на комплексност. Примената на методот на критични контролни точки во системскиот пристап е корисна за идентификување и оценување на точките во патеката каде одредени ризици од штетни организми може да се намалат и следат. При примената и оценувањето на системскиот пристап може да се користат квантитативни или квалитативни методи. Земјите извозници и земјите увозници треба да се консултираат и соработуваат за примената и имплементацијата на системскиот пристап. Одлуката во врска со прифатливоста на системскиот пристап ја донесува земјата увозник, а предмет на разгледување се техничката оправданост, минималното влијание, транспарентноста, недискриминацијата, еднаквоста и оперативната исплатливост. Системскиот пристап е создаден како опција која е еквивалентна, но помалку рестриктивна од другите мерки. УСЛОВИ 1. Цел на системските пристапи Голем дел од елементите и поединечните компоненти од управувањето со ризик од штетни организми се опишани во |5РМ бр. 2 од 2007 година, Г5РМ бр. 11 од 2004 година и Г5РМ бр. 21 од 2004 година. Сите фитосанитарни мерки треба да се технички оправдани во согласност со член М!.2а од Меѓународната конвенција за заштита на растенијата ПРРО). Системскиот пристап ги интегрира мерките за да се исполнат фитосанитарните услови за увоз. Каде е соодветно, системските пристапи дозволуваат соодветна алтернатива на постапките за заштита на растенијата или замена со порестриктивни мерки, како што е забраната. Ова се постигнува со разгледување на комбинираниот ефект од различните услови и постапки. Системските пристапи даваат можност да се земат во предвид и постапките пред и после бербата, кои би можеле да придонесат кон ефикасно управување со ризикот од штетни организми. Важно е меѓу опциите за управување со ризик од штетни организми да се земат предвид системските пристапи, затоа што интеграцијата на мерките може да е помалку ограничувачка од другите опции за управување со ризик (посебно онаму каде алтернативата значи забрана). 2. Карактеристики на системските пристапи За системските пристапи потребни се две или повеќе мерки кои се независни една од друга, а можат да вклучат и различен број мерки кои се зависни една од друга. Предноста на системскиот пристап е неговата способност за решавање на варијабилноста и несигурноста со менување на бројот и јачината на мерките за исполнување на фитосанитарните услови за увоз. Мерките кои се употребуваат во системскиот пристап треба да се применат пред или после берба, секогаш кога Националните организации за заштита на растенијата (МРРО) имаат можност да извршат контрола и да обезбедат усогласеност со фитосанитарните постапки. Затоа системскиот пристап опфаќа мерки кои се применуваат на место на производство, за време на постбербениот период, во складишта или за време на испорака и дистрибуција на производите. Искуствата со растителните култури, заштитата на растенијата, постбербената дезинфекција, инспекцијата и други постапки може да бидат интегрирани во системскиот пристап. Мерките за управување со ризик кои се наменети за спречување на зараза или повторна појава, главно се вклучени во системскиот пристап (одржување на целокупноста на лотовите, пакување отпорно на штетни организми, простор за проверка на пакувањето и сл.). Исто така, постапките како што се надзор над штетните организми, нивно изолирање, како и земањето на примероци можат да бидат компоненти на системскиот пристап. Мерките кои не ги уништуваат штетните организми или не ја намалуваат нивната распространетост, а го намалуваат нивниот потенцијал за внесување или населување (мерки на сигурност) можат да бидат вклучени во системскиот пристап. Примерите вклучуваат назначени периоди за берба или испорака, ограничувања на зрелоста, бојата, тврдината или други состојби на производот, користење на отпорни домаќини и ограничена дистрибуција или ограничена употреба на самото место. 5. Поврзаност со процената на ризикот од штетни органими (РВА) и расположливите опции за управување со ризик од штетни организми Заклучоците од процена на ризик од штетни организми (Фаза 2 од РВА) се употребуваат за да се одлучи дали е потребно управување со ризик од штетни организми и колкав треба да биде интензитетот на употребените мерки. Управувањето со ризикот од штетни организми (Фаза 5 од РКА) е процес на откривање на начини на кои може да се реагира на предвидениот ризик, оценувањето на нивната ефикасност и препорачувањето на најсоодветни опции. Комбинацијата на фитосанитарни мерки во системскиот пристап е една од опциите кои може да се одберат како основа на фитосанитарните услови за увоз. При развојот на сите мерки за управување со ризикот од штетни организми треба да се земе предвид и неизвесноста на ризикот. (5РМ бр. 11 од 2004 година). Системските пристапи треба да се состојат од комбинација на фитосанитарните мерки кои треба да се имплементираат во земјата извозник. Сепак, во ситуација каде земјата извозник предлага мерки кои треба да се имплементираат на територијата на земјата увозник, а земјата увозник се согласува, мерките во рамките на земјата увозник може да се комбинираат со системски пристап. а). Преглед на услови, кои вообичаено се употребуваат Пред садење: здрав саден материјал; отпорни или толерантни сорти; подрачја ослободени од штетни организми, места за производство или производни погони слободни од штетни организми и регистрирање и обука на производителот. Пред берба: сертифицирани насади/управувани (преглед, предбербено третирање, пестициди, биолошка контрола и сл.); заштитени услови (стакленик, ставање на овошјето во торбички и сл.); спречување на размножувањето на штетните организми; контрола на културите (заштита/ контрола на плевел); мала распространетост на штетните организми (постојано или во одредени периоди) и преглед. Берба: берба на растенијата во определена фенофаза или период од годината; отстранување на заразените плодови, контрола за одбирање; фаза на зреење/зрелост; лечење (отстранување на загадувачите, „ убре“) и техника на берба. Постбербен третман и постапки: третман за уништување, стерилизација или отстранување на штетни организми (фумигација, зрачење, разладување, контролирана атмосфера, миење, четкање, полирање со восок, потопување, загревање и сл.); проверка и класифицирање (вклучувајќи одбирање од одредени фази на зрелост); лечење (вклучувајќи отстранување на делови од растението домаќин); овластување на објектите за пакување; земање на примероци; испитување; начин на пакување и контрола на местата за пакување. Транспорт и дистрибуција: третман или припрема во текот на транспортот; третман или обработка при пристигнувањето; ограничување на крајниот корисник, дистрибуцијата и местата на увоз; ограничувања на периодот на увоз како резултат на разликата во годишните времиња помеѓу земјата на потекло и крајната дестинација; начин на пакување; карантин после увоз; преглед и/или испитување; брзина и вид на транспорти лечење (отстранување на загадувањето од превозното средство). 4. Независни и зависни мерки Системскиот пристап може да се состои од независни и зависни мерки. По дефиниција, системскиот пристап треба да има најмалку две независни мерки. Една независна мерка може да се состои од неколку зависни мерки. Кај зависните мерки веројатноста од неуспех е приближно збирна вредност. За ефикасност на системот потребни се сите зависни мерки. Пример: Стакленик слободен од штетни организми на кој треба да се провери дуплата врата и сите негови отвори, ни претставува пример каде зависните мерки се комбинираат за да формираат независна мерка. Во случај кога веројатноста на проверката нема да успееие0О1,а веројатноста дека дуплите врати ќе попуштат и е О,, тогаш веројатноста дека стакленикот ќе биде заразен е приближна на збирот од двете вредности. Затоа, веројатноста дека најмалку една од мерките нема да успее е збирот од двете веројатности минус веројатноста дека и двете нема да успеат истовремено. Во овој пример веројатноста е 019 (01 -- 0,1 - 0,01), бидејќи и двете мерки може да не успеат истовремено. Кога мерките се независни една од друга и двете мерки мораат да не успеат за системот да не успее. Кај независните мерки, веројатноста од неуспех е производот од сите независни мерки. Пример: Ако проверката на пратката има 0,05 веројатност од неуспех и ограничувањето на движењето до одредени подрачја има 0,05 веројатност од неуспех, тогаш веројатноста за неуспех на системот треба да биде 0,0025 (0,05 ? 0,05). 5. Услови за употреба Системските пристапи можат да се земат во предвид кога ќе се појават еден или повеќе од следните услови: а). поединечните мерки: не се соодветни за исполнување на фитосанитарните услови за увоз; не се на располагање (или кај кои постои веројатност да станат недостапни); се штетни (за производите, здравјето на луѓето и животната средина); не се економични; значително ја ограничуваат трговијата и не се применливи. 6). добро е познат соодносот меѓу штетниот организам и домаќинот; в). системскиот пристап резултирал "ефикасно во слична ситуација - штетен организам/производ; г). постои можност да се процени ефикасноста на поединечните мерки квалитативно или квантитативно; д). добро се познати и стандардизирани процесите на растење, берба, пакување, транспорт и дистрибуција; ѓ). поединечните мерки можат да се следат и корегираат; е). распространетоста на штетниот /те организам/и е позната и може да се следии ж). системскиот пристап е економичен (земајќи ја предвид вредноста и/или обемот на производот). 6. Видови системски пристапи Системските пристапи се движат со комплексност и прецизност, од системи кои едноставно ги комбинираат независните мерки, за кои се знае дека се ефикасни, кон покомплексни и прецизни системи како што се системите на критична контролна точка (Прилог Б). Како ефикасни можат да се сметаат и другите системи, засновани на комбинација од мерки кои не ги исполнуваат условите за систем на критична контролна точка. Примената на концептот на критична контролна точка, генерално може да е корисен за развој на другите системски пристапи. Програмите за сертификација кои не се фитосанитарни треба да имаат елементи кои се корисни за управување со ризик од штетни организми и да се вклучат во системскиот пристап, доколку фитосанитарните елементи од процесот се задолжителни, а можат да се следат и контролираат од страна на Нациналната организација за заштита на растенијата. Минималните услови, за да мерката биде потребната компонента за системискиот пристап, се: јасно дефинирани; ефикасни; службено побарани (задолжителни) и да може да се следат и контролираат од страна на Нациналната организација за заштита на растенијата. 7. Ефикасност на мерките Системските пристапи можат да се оформат или оценат на квантитативен, квалитативен начин или со комбинација од двата начини. Квантитативниот пристап е посоодветен кога има на располагање соодветни податоци, кои вообичаено се поврзани со мерење на ефикасноста на третманите. Квалитативниот пристап е посоодветен кога ефикасноста се проценува со стручна проценка. Ефикасноста на независните мерки кои треба да се употребат за намалување на застапеноста на штетните организми можат да се изразат на различни начини (смртност, намалување на застапеноста, осетливост на домаќинот). Вкупната ефикасност на системскиот пристап се заснова на комбинацијата од ефикасност на потребните независни мерки. По можност, ова треба да се изрази квантитативно со степен на веројатност (ефикасноста за одредена ситуација може биде проценета дека не е поголема од пет заразени овошки од вкупната популација од еден милион овошки со веројатност од 9590). Кога не се можни или не се направени пресметки, ефикасноста може да се изрази во квалитативна смисла како што е висока, средна и ниска. 8. Изработка на системските пристапи Изработката на системскиот пристап може да се реализира од страна на земјата увозник или од страна на земјата извозник или најдобро преку соработка на двете земји. Процесот на изработка на системските пристапи треба да опфати консултации со производството, научната заедница и трговските партнери. Националната организација за заштита на растенијата на земјата увозник одлучува за соодветноста на системскиот пристап во однос на исполнување на услови, предмет на разгледување на техничката оправданост, минимално влијание, транспарентност, недискриминација, еднаквост и оперативна исплатливост. Системскиот пристап вклучува мерки кои се додадени или зајакнати за да се компензира несигурноста, како резултат на недостаток на податоци, варијабилност или недостатокот од искуство при примена на постапките. Степенот на надоместокот вклучен во системскиот пристап треба да е пропорционален со степенот на несигурноста. Искуството и дополнително обезбедените информации даваат основа за повторно разгледување на бројот и интензитетот на мерките за соодветна промена на системскиот пристап. Изработката на системскиот пристап вклучува: идентификување на штетниот организам од РВА и опис на неговата патека; идентификување каде и кога треба да се користат мерките за управување, односно истите можат да се применат (контролни точки); разграничување помеѓу мерките кои се основни за системот и другите фактори или услови; идентификување на независните и зависните мерки и опциите за надомест на несигурноста; проценка на поединечната и интегрираната ефикасност на мерките кои се основни за системот; проценка на изводливоста и трговските ограничувања; консултации; спроведување со документирање и поднесување на извештај и контрола и промена по потреба. 9. Оценување на системските пристапи. Во оценувањето на системските пристапи за исполнување на фитосанитарните услови за увоз, дали истите се исполнети или не, треба да се земе во предвид следното: а). релевантноста на дадените системски пристапи за сличен или ист штетен/и организам/и на друг производ; 6). релевантноста на системските пристапи за друг штетен/и организам/и на истиот производ; в). оценувањето на дадените информации за: ефикасност на мерките; надзор и следење, податоци од земените примероци (појава на штетни организми); однос на штетен организам - домаќин; практики при управување со култури; постапки за проверка и трговски влијанија и трошоци, вклучувајќи го и временскиот фактор. г). податоците земени во предвид во однос на посакуваното ниво на доверба и земањето во предвид на опции како компензација за несигурноста, онаму каде е потребно. 9.1. Можни резултати од оценувањето Системскиот пристап може да биде: а). прифатлив и 6). неприфатлив: ефикасен, но неизводлив; недоволно ефикасен (постои потреба од зголемување на бројот или интензитетот на мерките); непотребно ограничувачки (постои потреба од намалување на бројот или интензитетот на мерките) и неможност за оценување, како резултат на недоволна количина на податоци или неприфатливо висока неизвесност. Кога системскиот пристап се смета за неприфатлив, причината за оваа одлука треба да се опише детално и истата да биде достапна за трговските партнери, со цел да се олесни идентификацијата за можни подобрувања. 10. Одговорности Земјите имаат заедничка обврска да го следат начелото на еднаквост, земајќи ги во предвид алтернативните решенија за управување со ризик од штетни организми, кои би ја олесниле слободната трговија. Системските пристапи даваат значителни можности за развој на нови и алтернативни стратегии за управување со ризик од штетни организми, а нивната изработка и примена бара консултација и соработка. Во зависност од бројот и природата на мерките кои се вклучени во системскиот пристап, може да е потребна значителна количина на податоци. Земјите извозници и земјите увозници треба да соработуваат во обезбедувањето на доволно податоци и навремена размена на соодветни информации од сите аспекти на развојот и примената на мерките за управување со ризик од штетни организми, вклучени во системските пристапи. 10... Одговорности на земјата увозник Земјата увозник треба да обезбеди конкретни информации во врска со нејзините услови. Ова вклучува спецификација на информации и услови кои се потребни за системот: идентификување на штетните организми кои се од интерес; прецизирање на фитосанитарните услови за увоз; опис на видовите и степенот на сигурност (сертификација) и идентификување на контролните точки. Кога постојат можности за избор, земјите увозници, во соработка со земјата извозник, треба да изберат најмалку ограничувачки трговски мерки. Останати одговорности на земјата увозник опфаќаат: предлагање на мерки за подобрување или алтернативни начини; ревизија (предвидено оценување и контрола на системскиот пристап); одредување на постапки при неусогласеност и контрола и давање на повратна информација. Кога земјите увозници се согласуваат со примената на одредени мерки на нивните територии, истите се одговорни и за нивна имплементација. Договорените фитосанитарни мерки треба да се објават (член У!.26, !РРС, 1997). 10.2. Одговорности на земјата извозник Земјата извозник треба да обезбеди доволно информации како поддршка на оценувањето и прифатливоста на системскиот пристап. Ова треба да вклучи: производ, место на производство, очекувана количина и динамика на испораките; дадено производство, берба, пакување/ракување и детали за транспорт; однос меѓу штетниот организам и домаќинот; мерки за управување со штетни организми предложени за системски пристап и соодветни податоци за ефикасност и релевантни препораки. Останати одговорности на земјата извозник вклучуваат: следење/контрола и давање на извештај за ефикасноста на системите; преземање на соодветни корективни мерки; водење на соодветна евиденција и давање на фитосанитарен сертификат во согласност со условите на системот. Б). СИСТЕМ НА КРИТИЧНИ КОНТРОЛНИ ТОЧКИ (Овој анекс е пропишан дел од стандардот) Системот на критични контролни точки ги опфаќа следните постапки: 1. Утврдување на опасностите и целите на мерките во рамките на дефиниран систем. 2. Идентификување на независните постапки кои можат да се следат и контролираат. 5. Воспоставување на критериуми или ограничувања за прифаќање/неуспех на секоја независна постапка. 4, Примена на системот со следење како услов на посакуваниот степен на сигурност. 5. Преземање на корективни мерки кога резултатите од мониторингот укажуваат дека критериумите не се исполнети. 6. Контрола или испитување за проверка на ефикасноста и сигурност на системот. 7. Чување на соодветна евиденција и документација. Пример за ваков тип на систем се практикува во безбедноста на храната и се именува како систем за Анализа на опасност и критични контролни точки (НАССР). Примената на системот за Анализа на опасност и критични контролни точки за фитосанитарни цели може да е корисна за идентификација и оценување на опасности, како и точките во патеката каде може да се намалат и следат ризиците и да се направат прилагодувања онаму каде е потребно. Употребата на системот на критична контролна точка, за фитосанитарни цели, не наметнува или пропишува задолжителна примена на контрола на сите контролни точки. Системите за критична контролна точка единствено се потпираат на посебни независни постапки познати како контролни точки. Тие произлегуваат од постапките за управување со ризик, чиј придонес кон ефикасноста на системот може да се измери и контролира. Системските пристапи за фитосанитарни цели можат да вклучат компоненти кои не мораат целосно да се доследни со концептот на критична контролна точка, бидејќи тие се сметаат за значајни елементи во системскиот пристап за фитосанитарните цели (одредени мерки или услови постојат или се вклучени како надоместок за неизвесноста). Тие може да не бидат следени како независни постапки (сортирање на местото за пакување) или може да се следат, но не и да се контролираат (наклонетост на домаќинот / преосетливост).