Order on the implementation of international standard for the design and operation of quarantine stations for imported plants no. 34
颁布于 2012-08 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за проектирање и функционирање на карантинските станици за увезените растенија бр. 34.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- plant protection, inspection, international trade, pests/diseases, quarantine, standards, transport/storage
- 类别
- *, agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/1017/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КАРАНТИНСКИТЕ СТАНИЦИ ЗА УВЕЗЕНИТЕ РАСТЕНИЈА БР. 34 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за проектирање и функционирање на карантински станици за увезените растенија бр. 54. Член 2 Во постапката за проектирање и функционирање на карантински станици за увезените растенија, може да се примени меѓународниот стандард за проектирање и функционирање на карантински станици за увезените растенија бр. 54 кој е даден во Прилог и е составен дел на оваа наредба . Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17- 72/6 Министер за земјоделство, август 2012 година " шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог ПРОЕКТИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КАРАНТИНСКИ СТАНИЦИ ЗА УВЕЗЕНИТЕ РАСТЕНИЈА Фитосанитарна мерка бр. 34 (2010) ОДОБРЕНО Овој стандард беше усвоен во март 2010 год. од страна на Комисијата за Фитосанитарни мерки. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги опишува општите упатства за проектирање и функционирање на карантински станици за чување на увезените пратки со растенија (ро5кепќкгу чиагапНпе - РЕО) во понатамошниот текст „Карантинска станица (РЕО)“, кои содржат растенија наменети за садење/сеење, кои се изолирани, со цел да се потврди дали кај нив постои зараза со карантински штетни организми. ЛИТЕРАТУРА Фитосанитарни принципи за заштита на растенијата и примена на фитосанитарни мерки во меѓународна трговија Рим, |5РМ 1. 2006. |!РРС, ФАО. Рамка за анализа на ризик од штетни организми. Рим, |5РМ 2. 2007. |!РРС, ФАО. Поимник на фитосанитарни термини. Рим, !5РМ 5. 2010. !РРС, ФАО. Анализа на ризик од штетни организми за карантински штетни организми вклучувајќи анализа на ризицик за животна средини и живите модифицирани организми. Рим, !65РМ 11. 2004. |РРС, ФАО. ДЕФИНИЦИИ Дефиниции на фитосанитарните термини користени во овој стандард можат да се најдат во !5РМ 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ За да се утврдат фитосанитарните мерки за одредени растителни пратки, треба да се изврши анализа на ризик од штетен организам (РВА-Ре5Е П5К апаѓуој5). За одредени пратки МРРО (Маќнопа! Рѓапк Ргоѓфесноп Огдапганоп - Национална организација за заштита на растенијата) на земјата увозник (во Република Македонија е Фитосанитарната управа) одлучува дали е потребен карантин после увозот, за да се справи со ризиците од штетни организми, кои се идентификувани при анализата на ризик (РВА). Изолирањето на растителната пратка во карантинска станица (РЕО) треба да се користи како фитосанитарна мерка во следните случаи: кога е тешко да се открие карантинскиот штетен организам; кога е потребно време за да се појави првиот знак или симптом и каде што е потребно тестирање или третирање. За успешно функционирање на карантинската станица (РЕО), формата и начинот на управување, пред се да обезбеди дека било кои карантински штетни организми поврзани со растителните пратки се соодветно изолирани, односно не се подвижни или пак се во состојба да избегаат од неа. Карантинската станица (РЕО) треба да обезбеди чување на растителните пратки на таков начин кој најдобро овозможува: наблудување; истражување; понатамошен преглед; тестирање или третирање на растенијата. Карантинските станици (РЕО) можат да бидат составени од: обработлива земјоделска површина, заштитен објект; стакленик и/или лабораторија. Составните делови на карантинските станици кои ќе се користат зависат од видот на увезените растенија и карантинските штетни организми кои можат да бидат поврзани со нив. Карантинската станица (РЕО), треба да биде соодветно лоцирана и усогласена со физичките и оперативните услови засновани на биологијата на растенијата и на карантинските штетни организми, кои може да бидат потенцијално поврзани со растенијата. Исто така треба да се земе во предвид и влијанието на таквите штетни организми. Оперативните услови за карантинската станица (РЕО) вклучуваат прописи и политики кои се однесуваат на условите за вработените, техничките и оперативните процедури и чувањето на податоците. Карантинската станица (РЕО) треба да има системи за откривање и идентификација на карантински штетни организми, како и за третирање, отстранување или уништување на заразен растителен материјал и други материјали кои можат да ги засолнуваат овие штетни организми. Карантинската станица треба редовно да е контролирана од страна на Фитосанитарната управа. Растенијата можат да ја напуштат карантинската станица (РЕО) по завршување на периодот за карантин само ако се утврди дека се слободни од штетни организми. ПРЕГЛЕД Увезените растенија се потенцијал за да се внесат карантински штетни организми. Кога се разгледуваат фитосанитарните мерки за такви пратки, Фитосанитарната инспекција треба да примени мерки засновани на начинот на управување со ризик (РМ 1/2006). Со цел да се процени дали постои ризик од штетен организам и да се одредат соодветни фитосанитарни мерки за одредени насоки, треба да се врши анализа на ризик од штетен организам. За повеќето пратки со кои ќе се тргува на меѓународниот пазар, Националната организација за заштита на растенијата на земјата увозник треба да ги идентификува мерките за управување со ризик, со кои би го намалиле ризикот од штетни организми, како не би имало потреба да се применува карантин после увоз. Од таа причина, за дадени пратки, особено кои содржат растенија за садење, Фитосанитарната управа може да утврди дека е потребен одреден период во карантин. Во случаи поради неможноста да се потврди присуството на карантински штетни организми во пратката при увоз, Фитосанитарната управа треба да одлучи дали е потребен период во карантин за одредена пратка. Со ова се овозможува тестирање за присуството на штетни организми, време за појавување на знаци или симптоми и доколку е неопходно да се обезбеди соодветен третман. Изолирањето во карантинската станица (РЕО) е со цел да се спречи бегството на штетните организми кои се заедно со растенијата. Откако ќе завршат потребните активности за преглед, тестирање, третирање и потврдување, пратката може: да ја напушти карантинската станица (РЕО); да биде уништена или да биде задржана како референтен материјал. Предвидените упатства опишани во овој стандард треба да се земат како релевантни за задржување и на други организми во карантин (карантински штетни организми, корисни организми, агенси за биолошка контрола), за кои треба да бидат исполнети други специфични услови. УТВРДУВАЊЕ НА ПОТРЕБАТА ОД КАРАНТИН ПО УВОЗ НА РАСТЕНИЈАТА КАКО ФИТОСАНИТАРНА МЕРКА Процена на ризик на штетни организми треба да се врши со цел да се утврдат фитосанитарните мерки за одредени растителни пратки кои содржат растенија за садење или други растенија согласно со (5РМ 2/2007 и 15РМ 11/2004. Процена на ризик на штетни организми го утврдува ризикот од штетни организми поврзан со растенијата и ги идентификува фитосанитарните мерки, при што може да примени карантин после увоз за одреден период, за управување со ризикот. Физичките и оперативни карактеристики на карантинската станица (РЕО), го одредуваат степенот на изолираност кој го обезбедува карантинска станица (РЕО) и нејзината способност да соодветно изолира одредени видови на карантински штетни организми. Откако ќе биде утврдена мерката за карантин по увоз на растенијата од страна на Фитосанитарната управа, треба да утврди дали оваа мерка може да биде извршена од страна на некоја од наведените Карантински станици (РЕО): постоечката (со изолирани земјоделски површини) без измени; постоечката со измена на структурните или оперативните услови; проектирање и конструирање на нова и користење на карантин во друга област или држава. УСЛОВИ 1. Општи услови за карантинската станица (РЕО) Условите на карантинските станици (РЕО) за растителните пратки треба да ги имаат во предвид: биологијата на растенијата, биологијата на карантинските штетни организми и биологијата на векторите кои можат да бидат потенцијални преносители, а особено нивната распостранетост и начинот на нивното ширење. Успешното изолирање во карантин на растителните пратки подразбира: спречување од бегство на било кои поврзани карантински штетни организми; спречување штетни организми кои се наоѓаат во подрчјето надвор од карантинската станица (РЕО) да влезат во неа и спречување на изнесување преку вектори на карантински штетни организми надвор од карантинската станица (РЕО). 2. Посебни услови за карантинска станица (РЕО) Карантинската станица (РЕО) може да се состои од еден или повеќе компоненти: обработлива земјоделска површина, изолиран (безбеден) објект, стакленик и/или лабораторија. Објектите од карантинските станици (РЕО) кои ќе се користат, треба да бидат во согласност со видот на увезените растенија и карантинските штетни организми кои се поврзани со нив. При утврдување на условите за карантинска станица (РЕО), Фитосанитарната управа треба да ги земе во предвид сите соодветни околности (местоположбата, физичките и оперативните услови, објектите за преработка на отпад како и достапноста на соодветните системи за откривање, дијагностицирање и третирање на карантинските штетни организми). Фитосанитарната управа треба да гарантира дека е задржано потребното ниво на изолација со редовни прегледи и ревизии. 2.1 Местоположба При утврдување на местоположбата на карантинска станица (РЕО), треба да се разгледа следното: ризиците од случајното бегство на карантинските штетни организми; можноста за рано откривање при нивното бегство и можноста од примена на ефикасни мерки за справување во случај на бегство. Карантинската станица (РЕО) треба да обезбеди соодветна изолација и стабилност (да биде минимална изложеноста на екстремни климатски или почвени услови). Треба да се земе во предвид соодветна изолираност од осетливите растенија и сродни растителни видови (локација подалеку од земјоделско или хортикултурно производство, шуми или области со висок биодиверзитет). 2.2 Физички услови Физичкиот изглед на карантинската станица (РЕО) треба да ги има во предвид условите за развој на растенијата, биологијата на карантинските штетни организми кои се потенцијално поврзани со пратката, начинот на работење во истата и предвиди услови при итни случаи (во случај на недостиг на електрична енергија или водоснабдување). Административните објекти и придружната инфраструктура според потребата да е достапна и да бидат соодветно изолирана од растенијата кои се наоѓаат во карантинската станица (РЕО). Физичките услови вклучуваат: оградување на карантинската станица (РЕО); изолација на обработливата земјоделска површина; поделба на внатрешниот пристап во зоните со различни степени на изолираност; градежни делови (5идови, подови, покрив, врати, мрежи и прозорци); соодветна големина на карантинската станица (РЕО) (поефективна работа на карантинската станица (РЕО) и придружните постапки); прегради за внатрешно раздвојување на растителните пратки; „пристап до карантинската станица (РЕО) како и во нејзината внатрешност (како би се мизбегнало движењето во области каде се одгледуваат карантинските растенија); проектирање на начин на отварање (врати, прозорци, отвори за воздух, канализација и други можности); системи за третирање (воздух, вода, цврст и течен отпад); опрема (специјализирани биолошки безбедни шкафови, автоклави); приклучок до вода и електрична енергија, вклучително и помошни генератори; дезинфекција на нозе при влез; просторија за деконтаминација на вработените и облеката; употреба на знаци; безбедносни мерки и пристап до објектите за управување со отпад. 2.3 Оперативни услови Карантинската станица (РЕО) треба да биде управувана или да биде овластена и контролирана од страна на Националната организација за заштита на растенијата на земјата увозник. При работата на карантинската станица (РЕО) ќе бидат потребни посебни мерки за управување со идентификуваните ризици кои се поврзани со растителните пратки во карантинската станица (РЕО). Прирачникот за постапки треба да е одобрен од страна на Фитосанитарната управа и истиот детално да ги пропишува постапките по кои карантинската станица (РЕО) ќе ги исполнува нејзините цели. Оперативните услови вклучуваат соодветни политики и прописи, кои се однесуваат на управување на прегледот, редовна контрола, обука на вработените, општа работа на карантинската станица (РЕО), водење на евиденција за следење на движењето на растенијата, планирање при вонредни ситуации, здравје, безбедност и документација. 2.3.1 Критериуми за кадарот Критериумите вклучуваат: соодветно квалификуван менаџер, кој има целосна одговорност за оддржувањето "на карантинската станица (РЕО) како и за сите нејзини активности; квалификуван кадар со овластување за оддржување на карантинската станица (РЕО) и придружните активности и соодветно квалификуван научен кадар за научна поддршка или брз пристап до него. 2.3.2 Технички и оперативни процедури Техничките и оперативните услови на карантинските станици треба да бидат документирани во Прирачникот за постапки, кој вклучува: ограничување на бројот на растенијата кои ќе бидат задржани во карантинската станица (РЕО), со што во ниту еден случај нема да се надмине капацитетот на карантинската станица (РЕО), оневозможувајќи преглед односно загрозувајќи го карантинот; обезбедување на соодветно просторно одделување на различни пратки односно лотови (делови од пратки), во рамките на карантинската станица (РЕО); 2.3.3 одредба за дезинфицирање на карантинската станица (РЕО) пред префрлување на растенијата или во случај на појава на штетен организам; манипулации и санитарни постапки кои спречуваат ширење на штетни организми преку рацете, алатот за резидба, обувките и облеката, како и постапките за дезинфекција на површините во карантинската станица (РЕО); опис на постапките за постапување со растенијата, земање на примероци и нивно транспортирање во дијагностички лаборатории за испитување и тестирање на карантинските штетни организми; по потреба, користење на специјална опрема за изолација (биолошки безбедни садови, кафези); одредба за процена и контрола на опремата (автоклави и биолошки безбедни простории), со нејзиното одржување и калибрирање; користење на специјална или заштитна опрема за еднократна лична употреба; одредба за следење при појава на штетен организам во карантинската станица (РЕО) и нејзината околина (користење на стапици); соодветен преглед и/или тестирање за откривање на карантински штетни организми; ефикасни планови во случаи на нарушувања или пропусти со карантинот (пожари, случајно ослободување на растенијата или штетните организми од карантинската станица (РЕО), прекин на електрична енергија или други итни случаи); постапка за справување при пропусти, вклучувајќи соодветно третирање или уништување на растителниот материјал заразен со карантински штетни организми и зачувување на примероци доколку е потребно; систем кој ќе овозможи целосно следење на пратките низ карантинската станица (РЕО) (системот за следење треба да користи единствен идентификатор од пристигнувањето на пратката со растенијата за време на ракување, третирање и тестирање, до ослободувањето или уништувањето на заразената пратка); критериуми за утврдување на нарушувањето на карантинот и системот за известување, со цел да се обезбеди навремено пријавување до Фитосанитарната управа на било какви нарушувања и усвоените мерки; постапки кои опишуваат како се: ревидираат, дополнуваат и контролираат документите; распоред на внатрешните и надворешните контроли, со цел да се провери дали карантинската станица (РЕО) ги исполнува условите (структурниот интегритет и хигиенските услови); одредби за отстранување и деактивирање на заразените пратки; постапки за деконтаминирање и отстранување на отпадот, вклучувајќи ја амбалажата како и супстратите за одгледување; ограничување на контактот на вработените со растенијата кои можат да претставуваат ризик надвор од карантинската станица (РЕО); начин на контрола на влегувањето на овластениот кадар или посетителите (придружба на посетители, ограничувања на пристапот, систем на снимање на посетителите) и постапка за утврдување дали целиот кадар е соодветно квалификуван, по потреба се вклучува обука и тестирањето за компетентост. Водење на евиденција во карантинската станица Евиденцијата која ја води карантинската станица траба да ги содржи следните податоци: план на местоположбата на карантинската станица (РЕО) означувајќи ја нејзината поставеност како и сите влезови и точки за пристап до истата; мжевиденција на сите активности спроведени во карантинската станица (РЕО) (активности на вработените, прегледите, откривањето на штетни организми, нивната идентификација, тестирањето, третирањето, отстранувањето или ослободувањето на растителните пратки од карантин); евиденција на сите растителни пратки во карантинската станица (РЕО) и нивното место од каде потекнуваат; мжевиденција на опремата; список на вработените лица во карантинската станица (РЕО) како и на лицата кои се овластени да влегуваат во неа (или во одредени делови на карантинска станица (РЕО)); евиденција на обуки и вештини кои ги поседува кадарот и евиденција на посетителите. 2.4 Дијагноза и отстранување на карантинските штетни организми или вектори Карантинската станица (РЕО) треба да поседува систем за следење на појава на штетните организми во истата како и во нејзината близина, со цел да се откријат и идентификуваат карантинските штетни организми или нивните потенцијални вектори. Неопходно е карантинската станица (РЕО) да има влијание на дијагностичката експертиза од вработените или на друг начин. Во секој случај, конечната дијагностичка одлука останува на Фитосанитарната управа. Карантинските станици (РЕО) треба да имаат пристап до експертиза и објекти или опрема за третирање, отстранување или уништување на заразениот растителен материјал во најкраток можен рок кој е откриен во истата. 2.5 Ревизија на карантинската станица (РЕО) Фитосанитарната управа треба да гарантира дека карантинската станица (РЕО) е службено ревидирана по нормативна основа, за да се потврди дека истата ги исполнува физичките и оперативните услови. 3. Завршување на процесот во карантинската станица (РЕО) Растителните пратки треба да бидат ослободени од карантинската станица (РЕО) само доколку се утврди дека се слободни од карантински штетни организми. Растенијата за кои ќе се утврди дека се заразени со карантински штетни организми треба да бидат третирани за да се отстрани заразата или да бидат уништени. Уништувањето треба да се врши на начин со кој ќе се отстрани секоја можност од бегство на штетниот организам од карантинската станица (РЕО) (хемиско уништување, спалување, автоклавирање). Во посебни околности заразените или потенцијално заразените растенија можат да бидат: испратени во друга карантинска станица (РЕО), на понатамошно испитување, тестирање или третирање; вратени во земјата на потекло или испратени во друга земја под безбедни услови кои се во согласност со фитосанитарните услови за увоз на земјата увозник или во согласност на соодветната Национална организација за заштита на растенијата и чувани како референтен материјал за техничка или научно истражувачка работа во услови на карантин. При такви услови, било каков ризик од штетните организми поврзан со движењето на растенијата треба да биде целосно надминат. Завршувањето на карантинот во карантинската станица (РЕО) треба да биде документиран од страна на Фитосанитарната управа. УСЛОВИ ЗА КАРАНТИНСКА СТАНИЦА ЗА УВЕЗЕНИ РАСТЕНИЈА (РЕО - розкепѓгу адиагапипе) Условите за карантинска станица за увезените растенија се усвоени од страна на Комисијата за Фитосанитарни мерки во март 2010. Овој прилог е за референтни цели и не е нормативен дел од стандардот. Карантинската станица (РЕО) за растителни пратки, од страна на Националната организација за заштита на растенијата може да ги земе во предвид дадениве услови. Условите се базираат на биологијата на карантинските штетни организми кои се потенцијално поврзани со растенијата. Покрај дадените услови, можат да бидат потребни и други услови за справување со ризик од одредени штетни организми. Општи услови за карантинска станица за увезените растенија (РЕО) ге Физичко одвојување на растенијата од другите подрачја, вклучително и канцелариите кои ги користи кадарот; г- Соодветни заштитни мерки, кои гарантираат дека на растенијата не може да им се пристапи или да бидат остранети од карантинската станица (РЕО) без соодветно овластување; г Одгледување на растенијата на супстрат ослободен од штетни организми (стерилизирана саксиска мешавина или почвен супстрат); г- Одгледување на растенијата на работни маси; г. Обезбедување на соодветни услови за одгледување на увезените растенија (температура, светлина, влажност); г Обезбедување на погодни услови за испровоцирање кај растенијата на знаци односно симптоми на штетните организми; | Контрола на локалните штетни организми (глодари, белокрилки, мравки) и заклучување од карантинската станица за увезени растенија со пломбирање на сите места на влез, вклучително електрични и водоводни канали (освен обработливи земјоделски површини); г Системот и средствата за стерилизација, деконтаминација или уништување на отпадот (вклучувајќи заразени растенија) и опремата (за резидба), пред да се отстрани од карантинската станица (РЕО); . Соодветен систем за наводнување, за да се спречи пренесувањето на штетните организми; г Кај стаклениците и заштитните објекти: површините да бидат достапни и направени од мазен и отпорен материјал за лесно чистење и ефикасна деконтаминација; г Кај стаклениците и заштитните објекти: таваните и зидовите треба да бидат направени од материјал отпорен на распаѓање и од напад на инсекти како и останати членконоги; г Носење на заштитна облека (специјален лабораториски мантил и обувки или заштитни навлаки за чевли, ракавици за еднократна употреба) од страна на сите вработени и посетителите, која ќе биде отстранета на излез од карантинската станица (РЕО) и г Деконтаминација на вработените по излегувањето од карантинската станица (РЕО), во подрачјата во неа кои содржат ризичен материјал. Биолошки карактеристики (на карантинските штетни организми) Услови на Карантинската станица за увезените растенија Штетни организми кои се пренесуваат исклучиво со пресадување (одредени вируси или фитоплазми, каде се знае дека се отсутни векторите) е Капацитетите на објектот на карантинската станица (РЕО) можат да се состојат од обработлива земјоделска површина, заштитен објект, стакленик или лабораторија; ге Добро оградена карантинската станица (РЕО); е" Соодветна изолација од потенцијалните домаќини и ге Ограничување на количини на материјал на домаќинот, односно само во количини за потребите на карантинската станица (РЕО). Штетни организми кои се шират единствено преку почва, вода или пак со помош на вектори кои исто така се шират преку почвата и водата (цистични нематоди и неповируси) е Објектите на карантинска станица (РЕО) можат да се состојат од заштитни објекти, тунел или стакленик; г Затворени прозорци и врати кога не се во употреба, а кога се отворени прозорците да се заштитени со мрежа; г Базени за дезинфекција на нозе; ге Непропустлив под; г Соодветен третман на отпад и вода (кои влегуваат и излегуваат од карантинската станица (РЕО)); г Елиминирање на карантински штетни организми; | Соодветно одделување на растенија од почва: е Спречување на отпадната вода да дојде во контакт до изворите на вода, кои се користат за наводнување на растенијата домаќини и г Стапици во почвата поставени во каналите. Штетните организми или нивните вектори кои се пренесуваат преку воздух или се подвижни и се поголеми од 0.2 мм (лисни вошки) е Објектите на карантинската станица (РЕО) можат да се состојат од заштитни објекти, стакленик или лабораторија; г двтоматски (самозатварачки) и херметички врати, со соодветни дихтунзи и бришачи; ге Влез низ две врати кои се одделени со претсобје или трем; е Мијалник, каде рацете се мијат без допир на славината, сместено во ходник; е Ходник со инсектицидно прскање; ге Мрежи со отвор помал од 0.2 мм (сито 70) (за заштитините објекти и за отворите) за да се спречи влез или бегство на штетни организми или вектори; г Алтернативниот материјал-домаќин за „штетен организам не треба да биде на достапно растојание на ширење на штетниот организам или вектор, од Карантинската станица за увезени растенија (од било кој правец); е Програма за мониторинг на штетен организам, која вклучува употреба на лепливи стапици, светлечки стапици или други уреди за следење на инсекти; г Треба да се обезбеди внатрешен насочен проток на воздух за греење, вентилација и на системот за климатизација; ге Систем за резервно напојување со електрична енергија за системите за вентилација и другата опрема и . Стерилизација или деконтаминација на отпад и опрема (за спроведување на резидба) пред нивното отстранување од Карантинската станица за увезени растенија. Штетни организми кои се многу подвижни или лесно се шират (габи предизвикувачи на "рѓавост и аеробни бактерии) г Објектите на карантинската станица (РЕО) можат да се состојат од стакленик направен од отпорно некршливо стакло, дупли зидови од поликарбонат или лабораторија; е Дезинфекција на нозете во дезинфициенс; г Автоматски (самозатварачки) и добро прилегнати херметички врати, со соодветни дихтунзи и бришачи; . Влез преку две врати кои се одделени со претсобје или трем: | Мијалник, каде рацете се мијат без допир на славината, сместен во ходник; г Алтернативниот материјал-домаќин за штетен организам не треба да биде на достапно растојание на ширењето на штетниот организам или вектор, од карантинската станица (РЕО) (од било кој правец); г Треба да се обезбеди внатрешен насочен проток на воздух за греење, вентилација и на системот за климатизација; г Систем за резервно напојување со електрична енергија за системите за "климатизација, за одржување на негативен воздушен притисок и за другата опрема; г Да нема директен пристап во карантинската станица (РЕО) од областа околу неа; г Автоматика за затварање на вратите во предсобјето, така да може да биде отворена само едната врата во исто време; г Високо ефикасно филтрирање на честичките во воздухот (Нап-етсепсу ражсиаѓе аг НЕРА), со Хепа-филтри или нивни еквиваленти, за да бидат задржани 99.97 9 од честичките со 0.3 микрони дијаметар; е Целиот излезен воздух да биде филтриран низ ХЕПА-филтри; г Стерилизација и деконтаминација на цврст и течен отпад и опрема ( за спроведување на резидба) пред нивно отстранување од карантинската станица (РЕО); е Оперативен систем за влез и излез на воздух за да се обезбеди постојан проток на воздух насочен кон внатрешноста; г Инсталирање на безбедносен алармен систем; г Туш кабина (потребна за вработените пред напуштање на карантинската станица (РЕО)) и г Систем за следење на оперативните процеси, како што се разликите во притисокот и третманот на отпадни води, како би се спречиле несаканите последици.