Order on the implementation of international standard for determining conditions for determining areas free from harmful organisms no. 4
颁布于 2014-07-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за утврдување на услови за определување на подрачја слободни од штетни организми бр. 4.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- certification, international trade, pests/diseases, plant protection, risk assessment/management, hygiene/sanitary procedures, standards
- 类别
- *, agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/15 и 45/14), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА УТВРДУВАЊЕ НА УСЛОВИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОДРАЧЈА СЛОБОДНИ ОД ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ БР. 4 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за утврдување на услови за определување на подрачја слободни од штетни организми бр.4. Член 2 Во постапката за утврдување на услови за определување на подрачја слободни од штетни организми, може да се примени меѓународниот стандард за утврдување на услови за определување на подрачја слободни од штетни организми бр. 4 кој е даден во Прилоги е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-79/4 Министер за земјоделство, 7 јули 2014 година шумарство и водостопанство, Скопје мр Михаил Цветков, ср. Прилог УТВРДУВАЊЕ НА УСЛОВИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОДРАЧЈА СЛОБОДНИ ОД ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ Фитосанитарна мерка бр.4 (1995) ОДОБРЕНО Овој стандард беше усвоен на 28-та седница на конференцијата на ФАО во ноември 1995 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги пропишува условите за определување на подрачја слободни од штетни организми (РЕА5) и нивната примена како начин за управување со ризик од штетни организми за фитосанитарна сертификација на растенија, растителни производи и други регулирани производи извезени од подрачјето слободно од штетни организми. Исто така стандардот обезбедува научна поткрепа за преземените фитосанитарни мерки од страна на земјата - увозник, а со цел да се заштити загрозеното подрачје кое е слободно од штетни организми. ЛИТЕРАТУРА Спогодбата за примена на санитарни и фитосанитарни мерки, 1994 година, Женева, Светска трговска организација. ФАО Поимникот на фитосанитарни термини, ФАО Билтен за заштита на растенија 38(1), 1990: 5-23. Упатството за анализа на ризик од штетни организми, |5РМ бр. 2, 1996 година, ФАО, Рим. Упатството за спроведување на општ надзор, !5РМ бр. 6, 1998 година, ФАО, Рим. Меѓународната конвенција за заштита на растенијата, 1992 година, ФАО, Рим. Принципите на растителен карантин поврзани со меѓународната трговија, |5РМ бр.1, 1995 година, ФАО, Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарните термини употребени во овој стандард можат да се најдат во меѓународниот стандард !5РМ бр. 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ Подрачје слободно од штетни организми претставува подрачје во кое одреден штетен организам не се појавува, кое е научно докажано, а состојбата официјално е одржувана. Кога одредени услови се исполнети, определувањето на подрачјето слободно од штетни организми и неговото управување од страна на Националната организација за заштита на растенијата овозможува извозот на растенија, растителни производи и други објекти и предмети од земјата во која се наоѓа ова подрачје (земја - извозник) во друга земја (земја - увозник) да се одвива без примена на дополнителни фитосанитарни мерки. Статусот на подрачјето „ слободно од штетни организми“ треба да се користи како основа за издавање на фитосанитарен сертификат за растенија, растителни производи и други објекти и предмети, при тоа земајќи ја во предвид состојбата со штетните организми. Како елемент при процена на ризик од штетни организми, статусот на подрачјето обезбедува дополнителна научна потврда за отсуството на одредени штетни организми. Подрачје слободно од штетни организми претставува еден елемент за оправданост за преземање фитосанитарни мерки, од стана на земјата увозник, за заштитата на потенцијално загрозеното подрачје. Иако терминот „ подрачје слободно од штетни организми“ опфаќа повеќе величини (од држава чија цела територија е слободна од штетни организми па се до мало подрачје слободно од штетни организми, но сместено во рамките на државата каде тој штетен организам е присутен) констатирано е дека најдобро е условите за нивно утврдување да се поделат преку дефинирање на три големини на подрачја слободни од штетни организми: една држава како целина; еден незаразен дел од државата во кој се наоѓа дефинирано заразено подрачје и еден незаразен дел од државата кој се наоѓа во недефинирано заразено подрачје. Во секој од овие случаи, подрачјето слободно од штетни организми може да се однесува на цели или на делови од одредени држави. При утврдување и континуирано одржување на подрачјето слободно од штетни оранизми се земаат во предвид следните три главни компоненти или фази: системи за утврдување на отсуство на штетни организми; фитосанитарни мерки за одржување на отсуството на штетни организми и прегледи како потврда дека отсуството на штетни организми се одржува. Природата на овие компоненти ќе варира во зависност од: биологијата на штетниот организам, видот и карактеристиките на подрачјето слободно од штетни организми, како и од потребниот степен на фитосанитарни безбедносни услови базирани на анализата на ризик од штетен организам. Методите кои се користат за да се добијат овие компоненти вклучуваат: збир на податоци; посебни надзори (разграничување, откривање, следење); регулирани контроли; проверка (преглед и оценување) и документирање (извштаи, работни планови). 1. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПОДРАЧЈАТА СЛОБОДНИ ОД ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ 1.4. Определување на подрачјата слободни од штетни организми При демаркацијата (разграничувањето) на подрачјето слободно од штетни организми, треба да се земе во предвид биологијата на релевантниот штетен организам, која што влијае на степенот до кој може да се дефинира подрачјето слободно од штетни организми и видовите на граници со кои може истото да се разграничи. Разграничувањето на подрачјето слободно од штетни организми треба да се базира на појавата на одреден штетен организам. Во пракса овие подрачја обично се разграничени со лесно препознатливи граници за кои се смета дека се во согласност со биолошки прифатливите граници на штетниот организам. Тие може да бидат административни (држава, регион или општина), географски (река, море, планински венец, патишта) или имотни граници, јасно дефинирани на сите страни. Од практични причини, подрачјето слободно од штетни организми може да се да се утврди во рамките на подрачје за кое е утврдено дека е слободно од штетни организми, а со тоа да се одбегне потребата за точно дефинирање на неговите граници. 1.2. Утврдување и определување на подрачје слободно од штетни организми Постојат три главни компоненти за утвдување и одржувањето на подрачје слободно од штетни организми: системи за утврдување на отсуство на штетен организам; фитосанитарни мерки за одржување на отсуството на штетен организам и прегледи како потврда дека отсуството на штетен организам е одржано. Природата на овие компоненти ќе варира во согласност со: биологијата на штетниот организам, земајќи го во обзир неговиот: . потенцијал за опстанок; . степен на репродукција; . начини на ширење; . достапноста на растенија домаќини и др. значајни карактеристики на подрачјето слободно од штетни организми: |. големина; . степен на изолираност; . еколошки услови; . хомогеност и др. потребен степен на фитосанитарна безбедност, поврзана со степенот на ризик проценет при спроведената анализа на ризик од штетни организми. Меѓународните стандарди за фитосанитарни мерки: Упатства за надзор и Упатства за анализа на ризик од штетни организми обезбедуваат понатамошни детали за условите за општ и посебен надзор. 1.2.1. Системи за утврдување на отсуство на штетен организам Вообичаено се применуваат два типа на системи за обезбедување на податоци и тоа од: општ надзори посебен надзор. Општ надзор Општиот надзор користи податоци од соодветни извори, како што се: Националните организации за заштита на растенијата, останати Национални и Владини агенции, истражувачки институции, универзитети, научни институции, производители, консултанти, природно-научни музеи и пошироката јавност. Информациите може да се добијат и од: научни и комерцијални списанија; необјавени податоци од минатото и современи истражувања. Посебен надзор Посебниот надзор може да претставува надзор за откривање или надзор за демаркација (разграничување). Тие се службени надзори и треба да се спроведуваат според планот кој е одобрен од страна на засегнатата Национална организација за заштита на растенијата. 1.2.2. Фитосанитарни мерки за одржување на отсуството на штетни организми Со цел да се спречи внесувањето и ширењето на штетниот организам треба да се применат посебни мерки, кои вклучуваат: тековни активности, со вклучено: е. запишување на штетниот организам во Листата на карантински штетни организми; . определување на условите за увоз во земјата или подрачјето и . ограничување на движењето на одредени производи во рамките на подрачјата на државата/те вклучувајќи и тампон зони; редовен мониторинги . општи совети за производителите. 1.2.3. Прегледи кои потврдуваат дека отсуството на штетни организми се одржува По утврдувањето на подрачје слободно од штетни организми и по примената на фитосанитарните мерки за одржување, постоечкиот статус „ слободен од штетни организми“ треба да се провери, со цел да се потврди, како и внатрешно да се управува. Интензитетот на применетите системи за преглед зависат од потребната фитосанитарна безбедност. Овие прегледи се состојат од: . ненајавен (вонреден) преглед на пратката наменета за извоз; известување од истражувачите, експертите или инспекторите до Националната организација за заштита на растенијата за било каква појава на штетен организам и . мониторинг контроли. 1.3. Документирање и преглед Воспоставувањето и одржувањето на подрачјето слободно од штетни организми треба соодветно да се документира и периодично да се прегледува. Документирањето треба да биде на располагање независно од видот на подрачјето слободно од штетни организми и при тоа треба да се земат во предвид: . собраните податоци за утврдување на подрачјето слободно од штетни организми; разните административни мерки преземени за поддршка на подрачјето слободно од штетни организми; . демаркацијата (разграничувањето) на подрачјето слободно од штетни организми; . применетите фитосанитарни прописи и . техничките детали за општиот и посебниот надзор, како и за користените мониторинг системи. Се препорачува, Националните организации за заштита на растенијата да ја доставуваат документацијата за подрачјето слободно од штетни организми заедно со сите релевантни детали до централните информативни сервиси (ФАО или Регионалната организација за заштита на растенијата), со цел истите да може да се достават до сите засегнати Национални организации за заштита на растенијата, по нивно барање. Кога условите за утврдување и одржување на подрачје слободно од штетни организми бараат примена на комплексот мерки со кои се овозможува висок степен на фитосанитарна безбедност, потребен е акционен план базиран на билатерален договор. Во акциониот план треба да се предвидени специфичните детали за активностите кои се потребни при управување со подрачјето слободно од штетни организми, како и за улогата и одговорностите на производителите и дистрибутерите од земјата каде што е лоцирано ова подрачје. Активностите треба редовно да се проверуваат и оценуваат, а резултатите треба да бидат дел од самиот план. 2. ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ПОДРАЧЈА СЛОБОДНИ ОД ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ Терминот „ подрачја слободни од штетни организми“ ги опфаќа сите видови на такви подрачја. Условите за подрачја слободни од штетни организми се предмет на класификација во три произволни видови и тоа на: една држава како целина; еден незаразен дел од државата во кој се наоѓа дефинирано заразено подрачје и еден незаразен дел од државата кој се наоѓа во недефинирано заразено подрачје. Во секој од овие случаи, подрачјето спободно од штетни организми може да се однесува на цела или на делови од држави. Посебните услови за трите видови на подрачја слободни од штетни организми се опишани подолу. 2.1. Цела држава Во ваков случај, отсуството на одреден штетен организам од целата држава значи негово отсуство од политичката целина за која е надлежна Националната организација за заштита на растенијата. Условите вклучуваат: 2.1.1. Системи за утврдување на отсуство на штетен организам Податоците добиени од општиот и посебниот надзор се прифатливи и истите се разликуваат по тоа што може да обезбедат различен вид или степен на фитосанитарна безбедност. 2.1.2. Фитосанитарни мерки за задржување на отсуство на штетен организам Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.2.2. 2.1.3. Прегледи како потврда дека отсуството се одржува Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.2.3. 2.1.4. Документирање и ревизија Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.3. 2.2. Незаразен дел од државата во кој се наоѓа дефинирано заразено подрачје Во ваков случај, распространетоста на штетниот организам е ограничена во делови од државата утврдени од страна на Националната организација за заштита на растенијата. За да се опфати целата популација на штетни организми се применуваат службени контроли. Подрачјето слободно од штетни организми може да опфаќа цело или дел од незаразеното подрачје. Условите вклучуваат: 2.2.1. Системи за утврдување на отсуство на штетни организми Статусот на подрачјето слободно од штетни организми се определува врз основа на потврдата од посебниот надзор. За да се утврди степенот на заразата треба да се примени службен надзор за демаркација (разграничување). Како надополнување може да се примени и службен надзор за откривање, со кој ќе се потврди отсуството на штетниот организам во незаразената област. Општиот надзор (види 2.1.1.) треба да се примени и за незаразениот дел од државата во кој се наоѓа ограничено заразено подрачје. 2.2.2. Фитосанитарни мерки за одржување на отсуство на штетни организми Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.2.2. За ваквиот вид на подрачје спободно од штетни организми потребна е примена на фитосанитарното законодавство, кое го пропишува движењето на пратките од заразената во незаразената област, со цел да се спречи ширењето на штетниот организам (наведено во делот 1.2.2.). 2.2.3. Прегледи како потврда дека отсуството на штетни организми се одржува Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.2.3.. Позначајни се мониторинг контролите за ваквиот вид на подрачје слободно од штетни организми од мониторингот кој се однесува на целата држава. 2.2.4. Документирање и ревизија Документирањето вклучува дополнителна евиденција за официјалните контроли како што се: резултати од надзорот, фитосанитарно законодавство и информации за Националната организација (наведено во делот 1.3.). 2.3. Незаразен дел од државата кој се наоѓа во недефинирано заразено подрачје Ваквиот вид на подрачје слободно од штетни организми, а се наоѓа во рамките на целосно заразено подрачје и истото е воспоставено како слободно од одреден штетен организам. Одржувањето на отсуството на штетниот организам во ваквиот вид на подрачје е статус кој земјата извозник може да го искористи како основа за фитосанитарна сертификација на растенијата и/или растителните производи. Во одредени случаи, подрачје слободно од штетни организми може да се утврди и во рамките на подрачје чиј статус на заразеност не се базира на резултатите од посебниот надзор. Подрачје слободно од штетни организми соодветно треба да се изолира во согласност со биологијата на штетниот организам. Условите вклучуваат: 2.3.1. Системи за утврдување на отсуство на штетен организам За ваквиот вид на подрачје слободно од штетни организми потребни се надзор за откривање и демаркација (разграничување). 2.3.2. Фитосанитарни мерки за одржување на отсуството на штетен организам Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.2.2. За ваквиот вид на подрачје слободно од штетни организми потребна е да се користи фитосанитарното законодавство кое го пропишува движењето на материјалот домаќин од заразеното до незаразеното подрачје, а со цел да се спречи ширењето на штетниот организам (наведено во делот 1.2 .2.). 2.3.3. Прегледи како потврда дека отсуството на штетен организам се одржува Треба да се земат во предвид мерките наведени во делот 1.2.3. Потенцијален услов за ваквиот вид на подрачје слободно од штетен организам е тековниот мониторинг надзор. 2.3.4. Документирање и ревизија Документирањето вклучува дополнителна евиденција за опис на службените контроли, како што се: резултати од надзорот, фитосанитарното законодавство и информациите за Националната организација за заштита на растенијата (наведено во делот 1.3.). Ваквиот вид на подрачје слободно од штетен организам го охрабрува склучувањето на договори помеѓу трговските партнери, а неговата имплементација треба да се ревидира и оцени од страна на Националната организација за заштита на растенијата на земјата - увозник.