跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Order on the implementation of international standard for shipments in transit no. 25

颁布于 2012-10-19 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за пратките во транзит бр. 25.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
plant protection, hygiene/sanitary procedures, international trade, pests/diseases, risk assessment/management, standards, transport/storage
类别
*, agriculture

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/10,17/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ПРАТКИТЕ ВО ТРАНЗИТ БР. 25 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за пратките во транзит бр. 25. Член 2 Во постапката за спроведување на идентификацијата, процената и управувањето со фитосанитарни ризици поврзани со пратките во транзит, може да се примени меѓународниот стандард за пратките во транзит бр. 25 кој е даден во Прилог и е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-615/4 Министер за земјоделство, 19 октомври 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупч о Димовски, ср. Прилог ПРАТКИ ВО ТРАНЗИТ Фитосанитарна мерка бр. 25 (2006) ОДОБРЕНО Овој стандард беше одобрен од страна на привремената Комисијата за фитосанитарни мерки во април 2006 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги опишува постапките за идентификација, процена и управување со фитосанитарните ризици поврзани со пратките од контролираните производи, кои поминуваат низ некоја земја без да бидат увезени. На тој начин сите фитосанитарни мерки кои се применети во земјата на транзит ќе бидат технички оправдани и потребни за да се спречи внесувањето и/или ширењето на штетните организми во таа земја. ЛИТЕРАТУРА Поимник на фитосанитарни термини 2006. Г5РМ бр. 5. ФАО, Рим Упатство за фитосанитарен регулаторен систем за увоз !5РМ бр. 20, ФАО, Рим Упатство за преглед, 2005. Г5РМ бр. 25. фАО, Рим Упатство за анализа на ризик од штетни организми, 1996. !5РМ бр. 2. ФАО, Рим. Упатство за фитосанитарна сертификација, 2001. ОРМ бр. 12, ФАО, Рим Упатство за известување при неусогласени и итни постапки, 2001. ОРМ бр.15, ФАО, Рим. Меѓународната конвенција за заштита на растенијата, 1997. ФАО, Рим. Известување за штетните организми, 2002. Г5РМ бр. 17, ФАО, Рим. Анализа на ризик за карантински штетни организми вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и генетски модифицираните организми, 2004. ГоРМ бр.11, ФАО, Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефинициите за фитосанитарните термини употребени во овој стандард може да се најдат во |Г5РМ бр. 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ Меѓународната трговија го опфаќа и движењето на пратките од контролираните производи кои поминуваат низ некоја земја без да бидат увезени, минувајќи преку Царинската контрола “. Ваквите движења може да претставуваат фитосанитарен ризик за земјата на транзит. Договорните страни на !ГРРС можат да применат мерки за пратките во транзит во рамки на нивните територии (членови УИДс апа У!.29 од ГРРС1997 година), под услов тие мерки да бидат технички оправдани и потребни за да се спречи внесување и/или ширење на штетни организми (Член МИА од !РРС1997 година). “ Царинските техники кои ги опфаќаат сите аспекти на царинското законодавство, вклучувајќи го и Анекс Е1 во врска со царински транзит и Анекс Е2 во врска со претоварањето, се усогласени со „Меѓународната конвенција за поедноставување и усогласување на царинските постапки“, позната и како Конвенцијата од Кјото, 1973 година. Овој стандард предвидува упатства, со кои Националната организација за заштита на растенијата (во натамошниот текст МРРО) на земјата на транзит, може да одлучи кои движења на пратки налагаат интервенција од МРРО и се предмет на примена на фитосанитарните мерки, исто така да одлучи и за видот на фитосанитарните мерки кои треба да се применат. Во вакви случаи се опишани одговорностите и компонентите на транзитниот систем, заедно со потребата за комуникација и соработка, недискриминација, преглед и документација. ИСТОРИЈАТ Пратките во транзит и нивните превозни средства се дадени во членот М|| и членот | во рамките на ГРРС. Член УИЈс наведува: „Со цел да го спречи внесувањето и/или ширењето на регулираните штетни организми на своите територии, договорните страни имаат суверено право да регулираат... . и, за таа цел, можат..... да го забранат или ограничат движењето на регулирани штетни организми на нивните територии.“ Член М!.4 наведува: „Договорните страни може да ги применат мерките наведени во овој член за пратките кои се транзитираат преку нивните територии, само кога мерките се теханички оправдани и се неопходни за да се спречи внесувањето и/или ширењето на штетните организми“. Член |.4 наведува: „Договорните страни треба да сметаат дека одредбите од оваа Конвенција, освен растенијата и растителните производи, ги опфаќаат и локациите за складирање, пакување, превозните средства, контејнерите, почвата и сите останати организми, предмети или материјали кои можат да бидат носители на штетни организми, особено ако е застапено и меѓународно транспортирање.“ Транзитот го вклучува движењето на пратките со контролирани производи кои поминуваат низ некоја земја (во натамошниот текст - земја на транзит) без да бидат увезени. Пратките во транзит претставуваат потенцијал за внесување и/или ширење на штетни организми во земјата на транзит. Пратките во транзит може да поминат низ земјата на транзит и притоа доколку е потребно, да останат затворени и запечатени, без да се раздвојат или комбинираат со други пратки и тоа без промени на пакувањето. Под вакви услови, движењето на пратките не претставува фитосанитарен ризик и за истите нема потреба од фитосанитарни мерки, особено ако истите се транспортираат во запечатени контејнери 2. Во вакви услови, може да се предвидат планови за непредвидени околности, за справување со непредвидени ситуации, како што е несреќа при транзит. Пратките и нивните превозни средства кои поминуваат низ некоја земја, се случува да бидат транспортирани или ракувани на начин што ќе претставува фитосанитарен ризик за таа земја. Ова се случува само кога пратките се транспортираат повеќе отворени отколку затворени или кога тие не поминуваат директно низ земјата, туку се складираат, се раздвојуваат, се комбинираат или повторно се пакуваат или пак кога се менуваат средствата за транспорт (од брод на вагон). Во вакви случаи, треба да се применат фитосанитарните мерки за земјата на транзит, кои ефикасно би спречиле внесувањето на штетни организми и/или нивното ширење во таа земја. Треба да се потенцира дека терминот „транзит“ не се користи само за фитосанитарни цели, туку е прифатен како термин за редовната постапка за движење на пратки преку Царинска контрола. Царинската контрола може да вклучи проверка на документ, следење (електронска фома), запечатување, контрола на превозникот и контрола на увоз/извоз. Царинската контрола не е поставена за да го обезбеди фитосанитарниот интегритет и безбедноста на пратките и со тоа не се обезбедува заштита против внесувањето и/или ширењето на штетните организми. Претоварањето е посебна фаза на транспортот на пратки помеѓу земјите. При тоа се однесува на преносот на пратките од едно превозно средство во друго превозно средство (истовар на брод од пристаниште), во текот на транспортот. Обично, претоварањето се одвива во рамките на подрачјето, кое е под Царинска контрола и истото го определува Царината. Претоварањето може да се врши во земјата на транзит и тој начин да биде опфатен со овој стандард. УСЛОВИ 1. Анализа на ризик во земјата на транзит Анализа на ризик се олеснува со размена на значајните податоци од анализата на ризик од штетните организми (РВА), кои се добиени и/или унапредени од договорните Национални организации за заштита на растенијата, на земјата - увозник и земјата - извозник. 11 Идентификација на ризик Со цел да се идентификуваат потенцијалните фитосанитарни ризици поврзани со пратките во транзит, Националната организација за заштита на растенијата на земјата на транзит треба да ги собере и преработи важните информации. Информациите ги содржат следните компоненти: постапки применети од Царината и од другите релевантни институции; 2 Стандардно, целосно затворени во безбедени контејнери, најчесто се користат при прекуокеанскиот транс- порт. класа на производи или контролирани производи во транзит и земјата на потекло; средства и методи за транспорт на пратките во транзит; регулирани штетни организми поврзани со пратките во транзит; распространетост на домаќинот во земјата на транзит; одредување на маршута на движење во земјата на транзит; можност на штетните организми да излезат од пратките; постоење на фитосанитарни мерки за пратките од производи во транзит; видови на пакување и услови при транспортот (ладење, изменета атмосфераи т.н.) Националната организација за заштита на растенијата може да одлучи пратките во транзит, кои не претставуваат потенцијален фитосанитарен ризик, да се претоварат или да продолжат со движењето без фитосанитарни постапки. Ова е во случаи кога нема регулирани штетни организми, поврзани со пратките во транзит. Националната организација за заштита на растенијата може да одлучи дали пратките во транзит претставуваат незначителен фитосанитарен ризик и да продолжат да се движат без фитосанитарни постапки. Предвидено во случаи кога превозните средства или пакувањата се целосно затворени, запечатени и безбедни или кога штетните организми се контролирани од страна на земјата на транзит и не постои веројатност да излезат од пратката во транзит, таквите можат да продолжат да се движат без фитосанитарни постапки. Ако се идентификуваат потенцијалните фитосанитарни ризици, потребна е процена на ризик за одредени штетни организми или производите во транзит, со цел да се идентификува потребата и техничката оправданост на фитосанитарната мерка. Треба да се земат во предвид при разгледување само оние фитосанитарни ризици кои се однесуваат на регулирани штетни организми во земјата на транзит или за штетните организми кои се под итна постапка во таа земја. 1.2 Процена на ризик Процената на фитосанитарен ризик кој се однесува на маршутата на транзитирање, треба да се фокусира само на проценување на веројатноста од внесување или ширење на штетните организми кај пратките во транзит. Потенцијалните економски последици треба да бидат претходно проценети во случај на постоечки регулиран штетен организам и затоа не треба да се повторуваат. Насоката за процена на веројатноста од внесување и ширење на одреден штетен организам е предвидена во |5РМ бр.1 (2004, Анализа на ризик за карантински штетни организми, вклучувајќи и анализа на ризици на животната средина и генетски модифицираните организми), особено поглавјето 2.2. За пратките во транзит важни се следните информации: начините за внесување и/или ширење на регулирани штетни организми преку пратките во транзит; механизмот за ширење и подвижност на одредени штетни организми; превозните средства (камион, воз, авион, брод и др.); фитосанитарната безбедност на превозното средство (затворено, запечатено и др.); пакување и видот на пакувањето; промени во составот на пратката (комбиниран, раздвоен, препакуван); времетраење на транзитот или складирањето и условите за складирање; маршута на пратката, претходно и во самата земја на транзит и зачестеност, обем и период на транзит. Во случаи кога Националната организација за заштита на растенијата преку процената на ризик ќе ги идентификува фитосанитарните ризици, треба да се земе во предвид начинот за управување со ризик од штетни организми. 1.5 Управување со ризик Врз основа на процената на ризик, пратките во транзит може се класифицираат од страна на Националната организација за заштита на растенијата во две широки категории на управување со ризик: транзит за кој не се потребни дополнителни фитосанитарни мерки или транзит за кој се потребни дополнителни фитосанитарни мерки. Повеќе детали за управувањето со ризик се наведени во Г5РМ бр. 11 (2004, Анализа на ризик за карантински штетни организми вклучувајќи и анализа на ризици на животната средина и генетските модифицирани организми). 1.3. Транзит за кој не се потребни дополнителни фитосанитарни мерки Националната организација за заштита на растенијата преку процената на фитосанитарен ризик, може да одлучи дека е доволна само Царинската контрола. Затоа, во таков случај, Националната организација за заштита на растенијата не треба да примени ниту една фитосанитарна мерка, освен Царинската контрола. 1.5.2 Транзит за кој се потребни дополнителни фитосанитарни мерки Процената на ризик за пратките во транзит треба да потврди дали се потребни одредени фитосанитарни мерки. Овие мерки се однесуваат на: проверка на идентитетот и интегритетот на пратката (повеќе детали се наведени во 5РМ бр. 23: Насоки за преглед); фитосанитарен документ за движење (дозвола за транзит); фитосанитарни сертификати (со барањата за транзит); определување места на влез и излез; проверка при излезот на пратката; начин на транспорт и определување на транзитни маршути; утврдување на промените во составот на пратката (комбиниран, раздвоен, препакуван); користење на опрема или објекти кои се пропишани од Националната организација за заштита на растенијата; царински објекти прифатени од Националната организација за заштита на растенијата; фитосанитарни третмани (пред товарање, третмани кога содржината на пратката е сомнителна); следење на пратката додека е во тразнит; физички услови (ладење, пакување безбедно од штетни организми и/или превозно средство кое спречува нивно излегување); употреба на посебни печати од Националната организација за заштита на растенијата, за превозните средства или пратката; посебни планови на превозникот за управување при итни случаи; време на транзит или сезонски ограничувања; документација покрај онаа која се бара од Царината: преглед на пратките од страна на Националната организација за заштита на растенијата; пакување и отстранување на отпадот. Ваквите фитосанитарни мерки треба се применуваат за регулирани штетни организми во земјата на транзит или за оние штетни организми кои се под итна постапка во таа земја. 1.3.3 Други фитосанитарни мерки Доколку фитосанитарните мерки за пратките во транзит не се достапни или е невозможно да се применат, Националната организација за заштита на растенијата треба да побара ваквите пратки да бидат подложени на истите услови како увозните, што може да ја вклучи и забраната. Доколку пратките во транзит се чуваат или се препакуваат на начин на кој би претставувал фитосанитарен ризик, Националната организација за заштита на растенијата одлучува дали овие пратки треба да ги исполнуваат условите за увоз или да се подложат на други фитосанитарни мерки. 2. Воспоставување на транзитен систем Договорната страна може да обезбеди транзитен систем за фитосанитарна контрола на пратките во транзит преку Националната организација за заштита на растенијата, Царината како и преку други релевантни институции од нивната земја. Целта на ваквиот транзитен систем е да се спречи во земјата на транзит внесувањето и/или ширењето на регулираните штетни организми кои се поврзани со пратките во транзит и нивните превозни средства. Транзитните системи се засновани на регулаторна рамка од фитосанитарното законодавство, регулативи и постапки. Транзитниот систем е под надлежност на Националната организација за заштита на растенијата, Царината и другите релевантни институции во соработка и истиот треба да обезбеди дека се применети пропишаните фитосанитарни мерки. Националната организација за заштита на растенијата е орган кој е одговорен за фитосанитарните начини на транзитниот систем и ги воспоставува и спроведува фитосанитарните мерки кои се потребни за управување со фитосанитарен ризик, земјаќи ги во предвид и процедурите на Царината за транзит. 5. Мерки при неусогласеност и итни случаи Во транзитниот систем се вклучуваат мерките при неусогласеност и итни случаи кои се воспоставуваат од Националната организација за заштита на растенијата, (инциденти во земјата на транзит кои можат да доведат до неочекувано излегување на регулираниот штетен организам од пратката која се движи во транзит). ГОРМ бр. 15 (Упатство за известување на неусогласеност и итна постапка), содржи посебни упатства за земјата на транзит за издавање на известувања за неусогласеност на земјата-извозник и на земјата која е крајна дестинација. 4. Соработка и комуникација на своја територија Соработката меѓу Националната организација за заштита на растенијата, Царината и другите институции е од суштинско значење за да се воспостави и одржи ефикасен транзитен систем и да се идентификуваат пратките со регулирани производи кои се транзитираат. Затоа потребен е посебен договор со Царината, за да биде информирана Националната организација за заштита на растенијата, исто така треба да има и пристап до пратките кои се под царинска контрола. Националната организација за заштита на растенијата треба да воспостави соработка и да одржува комуникација со сите засегнати страни кои се вклучени во транзитот. 5. Недискриминација Пратките во транзит не треба да бидат предмет на построги фитосанитарни мерки од оние кои се применуваат за пратки со ист фитосанитарен статус, увезени во таа земја на транзит. 6. Преглед Националната организација за заштита на растенијата во соработка со надлежните институции и засегнатите страни, треба да го ревидира и прилагоди транзитниот систем, видовите на пратки во транзит и потенцијалните фитосанитарни ризици. 7. Документација Секој транзитен систем треба да биде соодветно опишан и документиран. Фитосанитарните услови, ограничувања и забрани за пратките во транзит, треба да се стават на располагање на договорните страни кои се директно засегнати од овие мерки.

Order on the implementation of international standard for shipments in transit no. 25 · Nelum